1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    ^^ Преубаво, леле колку убави пишуваш :clap: Јас си ги прибирам твоите песни драга Шилеа, ако недај боже некој малоумник не го цени твојот талент и не ти издаде збирка, ги принтам и те наоѓам да ми ги потпишеш. ;) Ако? :)
     
  2. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Site zvezdi svetat,samo edna nas ne cuva
    taa za nas pravi cuda,nie ja gledame nejzinata ruba
    taa e bela,meka,drugarka e so neboto sino,od niv se budi utroto milno

    Kazi, kazi zvezdo nasa,zosto sega prestana da svetis
    zarem sakas da baras nova ljubov,tugja biblija a solzite na majka
    da stanat izvor ,vo skamenetata bajka.
    ti si nasata spasitelka ,ti pravis cudo
    ne dozvoluvaj vo nas da, da zavladee ludilo. Polena.
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Хаха, слободно.
    Инаку, во преговори сум со издавачка куќа, само да помине летово, па здравје боже, на промоцијата секако ќе дојдеш:)

    Мене ме радува што допира до вас мојата поезија, најголема сатисфакција е тоа за мене.
    Поздрав Трендафилка :*
     
    На missperfect му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Не само што допира,мислам секој ден ми е поубав кога ги читам твоите везилки од зборови...
    Огромно браво! :clap:
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Не знам зошто пишувам

    Не знам зошто пишувам
    кога, она што го давам
    пред вас
    е краткотраен улов
    на миговноста.
    Се прашувам
    дали менува
    нешто, оваа позиција
    на жена во боксерици од бившиот
    со шолја горко кафе
    седната на работ
    од Универзумот.
    Мислејќи се
    како дојдов до оваа станица
    кај што само првата мисла наутро
    ми е страница
    на животот, ужасно досаден и предвидлив.
    Во шаблони и модели заглавен.

    Не знам зошто пишувам
    ниту за скршените делови од себе
    кога, знам
    ќе си кажам, кој го ебе.
    Барем движам некаде.

    Растењето не го може секој
    (освен физички)
    па се прашувам како Малиот Принц
    дали розата ќе остане жива
    и слонот е шапка
    а змијата е само илузија.
    и сфаќам.

    Не знам зошто пишувам.
    Имам преголема дифузија.
     
    На linuska му/ѝ се допаѓа ова.
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
  7. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    So neguvanje na ubavata Misla, se dostignuva vrvot. Polena.
     
  8. blonde.lavender

    blonde.lavender Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Крофни за појадок

    Најтопли и највкусни крофни ми се соништата.
    Преферирам ванила.
    Ти си преливот кој ми го засладува животот.

    Блазе мене - шеќерниот прав ми ја покрива реалноста.
    Овде ми е убаво.
    Постоиме само јас и ти, и овие крофни.

    Иако набрзо ќе ја изедам и последната.
    Кутијата ќе заврши в корпа, како и соништата

    - Ех, кога би знаел, само кога би знаел..
    Дека си мојот Dan Humphrey*.
    Mojoт Yang од Yin.
    Мојот совршен спој.

    ( тогаш најверојатно не би не споредувала со крофни, иако со задоволство би те изела за појадок ;] )



    *Dan Humphrey, карактер од серијата Gossip Girl, my favorite.
     
  9. blonde.lavender

    blonde.lavender Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    И да се надоврзам на пофалбите, секоја чест Shelea :clap: :D
     
  10. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Po smrtta na covestvoto, parite ke se druzat so smrtta,tie ne se vredni vo niv nema verba.
     
  11. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Ubavinata na dusata ,vo dela e stavena i sekoj sto ja ceni ke mu bide podarena. Polena.
     
  12. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Ноемвриска ноќ (напишано на 23 ноември 2009, со посвета)

    Уличните светла таа ноќ изразито ги полнеа испразнатите простори меѓу гранките на дрвјата. Северниот ветар не беше воопшто милозлив да ги остави гранките полни со живот...Од сите страни како фурија напаѓаше и ги соголуваше дрвјата, а со секој одвеан лист тие стануваа се поосамени и потажни. Нивното време истекуваше, нивниот животен веќе беше веќе дојден до жолтата боја, бојата на доцната есен. Небото се почесто се расплакуваше, ги потопуваше изумрените лисја кои го прекриваа патот...Таа ноемвриска ноќ беше толку осамена и празна...Никакви чекори не ја веселеа улицата, само колите кои цело време поминуваа ја одржуваа таа есенска тага. И зад себе ги одвејуваа куповите лисја, кои залутале на патот..
    ...На едно дрво осамено висеше еден лист. Се нишаше силно без престан, можеби беше посилен и од ветрот, кој го помагаше неговото нишање. Беше тоа голем лист, само еден останат на една од многуте гранки на дрвото. Под него, како мртви војници, кои ја изгубиле својата борба, лежеа исушените лисја, кои некогаш пораснаа на тоа дрво..Беше јасно-осамениот лист не можеше повеќе да се бори со самотијата и тивко го молеше ветрот да го откине за да им се придружи...Шумењето на неговото нишање како да го молеше ветрот побрзо да го одвее за да биде поблиску до неговите браќа...Како во тој есенски молк да се слушаше неговото тивко одѕвонување, плачење и неговата молитва.
    Најпосле, ветрот се сожали. Го откина листот и тој како со воздишки падна долу и се придружи на останатите лисја..
    Сигурно беше среќен што не беше повеќе така осамен. Дрвото остана целосно соголено, празно...
    Северниот ветар го собра својот силен здив и исчезна...Заврна силен дожд и ги наводена сите лисја...Неговите капки се тркалаа и остануваа на гранките на дрвјата, кои како солзи што печат во душата се вденуваа во нивната дебела кора.... А листот веќе беше безживотен. Кафеав и исушен, како и другите лисја лежеше помеѓу нив на земјата...Но сепак беше среќен- не беше повеќе осамен...

    ....А ТИ, ТИ ми фалиш како на листот што му фалеа останатите листови..Во оваа ноемвриска ноќ, додека небото расплакано ја ткае приказната за тажниот лист, помислувам на тоа колку си далеку од мене и колку многу ми фалиш...Да бев лист ќе го молев ветрот да ме одвее поблиску до тебе...Но не сум...
     
  13. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Vo mene sakate da se vselite ,od nego da me razdelite
    dusata da mi ja farbate,srceto da mi go lakirate
    na racete gips karton da mi vgradite,robot da me napravite
    na usnite nasmefka nema da ima,od ocite solza nema da blika
    a ovaa strofa moze koj kako saka da ja vika. Polena.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Мала песна

    За добредојде
    како во домаќинска куќа
    (телото ми е слатко од смокви
    а душата небаре вода).

    Ти давам миг
    за ум
    да ја пронајдеш улицата
    на својата вистина.

    И да се изгубиш, знаеш каде сум јас
    (во водата ќе ставам мраз).
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ^^
    морам да ти кажам, затоа што ти ги имам прошитано песните. ме остави без зборови!! Секоја песна, секоја стих, просто прекрасно. Имаш огромен талент. :clap: :clap:
     
  16. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Femina vasiot pat e kako zitoto sto se see
    vo dusata moja ubaviot pisan zbor me gree
    Vi blagodaram za dobrinata,vi blagodaram za vistinata.












































































    v
     
  17. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Морам да признаам дека често ја отворам оваа тема само за да ги читам стиховите на Шилеа, тоа е нешто што смирува, а воедно и бара да погледнеш подлабоко во зборовите за да ја сфатиш суштината! драга Шилеа, кога ќе ја издадеш книгата ќе се обидам да ти напишам критички забелешки! :) Сакаш?
    ПС не заборавај да не поканиш на промоција!
     
    На zbuneta2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    На мојата среќа ќе и нема крај, кога ќе издадам книга поезија. А, ти Ози, можеш уште сега да ми даваш критички забелешки, предобра идеја е тоа! :)

    Ви благодарам што ме читате, јас пишувам од вас, за вас.
    А кога ќе бидне промоција, сите ќе бидете поканети.
    Да не бегам надвор од темава, ставајте ваши творби, тие се ете, сечија утеха, радост, помош..
    Секое добро, девојки.
    Ве гушка Шилејка.
     
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Еве ви една тазе, пред малку ја напишав.

    Атмосферска

    Прва средба
    со тебе.
    Ладно е, а велиш, носот ми тече
    кога среќавам згодни девојки.
    Можеби сме странци
    во овој простор што се шие
    од некои чудни вредности.
    Но знам дека
    во твоите очи
    имаше половина Месечина.

    Не, не останав без сон.
    Само сакам да бидеш храбар
    и кога си на далечина.

    Убавите нешта, секогаш се опасни
    кога ноќта ги владее.
    Оди фати ја клупата со наслонувач
    ме болат веќе нозете.
    Прошетката е наша.
    Се` друго, ни земаат Другите.
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Секоја чест Шилеа! :clap:
    Колку само ти се восхитувам што успеваш мислите и чувствата да ги преточиш во стихови!
    *Mojoт говор е заробен во чувствата* - затоа во некој твој стих си се пронаоѓам и ми ослеснува :)