Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Жал ми е. Само толку и можам да ти кажам. Немој да се грижиш за мене, нека остане се како што беше порано. Жал ми е за цело ова изгубено време. Тапкање во место.
    Прегазена од кочијата на животот, барав заштита. Барав пат до сопствената внатрешност за да најдам решение и лек за болката. Како одев подлабоко, беше се потемно и потемно. Патот се делеше на многу гранки. Со желба да најдам лек за себе, јас само се доразболев.
    На патот наоѓав различни луѓе кои го изминуваа патот. Некои само поминуваа покрај мене, некој беа добри и ми помагаа да преминам дел од препреките, само за на крај да ме турнат во длабока дупка. Како да им верувам сега? Убиства. И физички и ментални. Всушност, исто е. За кратко време по едното умира и другото. Лесно е да убиеш. За малата, безначајна мува имаш потреба да ја оттргнеш од живот, само поради тоа што е помала од тебе и ти смета. И не обрнуваш внимание. Една, па потоа уште една. Секогаш така. А, јас изгледа сум мала мува. Со посебна цврстина и способност да одлета пак кога ќе се свртиш. Ретко се враќам да те каснам. Ако веќе решам да го направам тоа, бегај. Иако и низ непостоечки мала точка ќе поминам и ќе засадам отров.
    Зуејќи, одлетувам натаму. Крилата ме служеа доволно. Иако баш и сега не сакав да се изронат. Паднав. Повторно оди и талкај.
    Видов златен клуч на патот. Долго време бев сама, не е можно на некого да му испаднал во блиското минато. Ќе се сретневме. Го зедов. Почна да ме гребе и низ вената на раката влезе во мене. Не знам каде навлезе, но знам дека почнав да се чувствувам се понемоќна и потажна. Богатството го зема данокот. Сепак, навикнато на онаа мрачна пропаст, срцето не можеше да се отвори од клучот. Поцврсто, златото го искрши на парчиња. И онака лепилото не беше доволно силно да ги залепи сите фрагменти од минатиот пат.
    Доста ми е од постојаното мислење дека само одреден човек ми го крши срцето. Зар не е очигледно – општеството го уби животот во мене. Ако имате поплочен пат, не значи и дека мојот е таков. Како што е трасирано. И сами сме виновни. Не знам како. Веќе и не ме интересира. Моето е завршено.
    Упс, не ја видов дупката. Презамислена бев во тоа деловите од срцето да не ми го изгребаат месото. Пропаѓав долго време. Не знам колку. Кога допрев на земјата, разбрав дека морам да најдам излез од тунелот, инаку ќе останам затвореник со сопствените ставови. Друго е да живеете со нив по мала соба, а друго во палата.
    Епа, кога ќе си дозволиш да пропаѓаш сам во себе, сега трчај си и барај светлина. Премногу е едноставно да е онаа светла точка онде. Понатаму ќе ја видам правата. Бар мислам. И продолжив. Е, тоа ви е кога ст глупаво човечко суштество и не го барате најлесниот пат. Мора се да искомплицирате. Барајќи друга светла точка, собирав делови. Не знам од што. Чувстував потреба да го направам тоа. Ене ја! Светлина. Истрчав најбрзо што можев. На самиот излез во светлината, стоеја двајца во црно. Силно ме турнаа назад и паднав. Ги испуштив парчињата и деловите. Тоа и им беше целта. Потоа ми ставија црна кеса над главата. Последно што памтам е дека се онесвестив. Немав воздух.
    Сонцето ме разбуди. Беше високо. Значи некаде е пладне, а јас лежам на оваа ливада и чекам мирисот на цвеќињата да ме заспие засекогаш. Мирисот е опоен и заспива повеќе. Не знам како се разбудив. Кој знае, можеби ова е само сон.
    Се сетив на кесата. Очигледно не требало да видам се. Излезот е за секого различен. И универзалниот не е достапен. Ма, ве молам, не се нервирајте, не сум јас Елитата. Од шаренилото внесов малку неподнослива позитивност и лутав. За една буква, ќе ја добиете тогашната состојба на мојот ум . Ајде, добро и онака не се разбира – летав.
    По некое неодредено време, се уморив. Онака изгубена, свртив сите можни комбинации и приказни за кесата над глава. И многу знаев. Ама не бев свесна. Само знаев дека морам да продолжам натаму.
    Открија дека имам многу претпоставки. Решија да ме убијат на еден од нивните најнеразјаснети методи. Паднав во црнило, се истопив како восокот на запалената свеќа. Постојано догорував. Свеќата се топи и завршува во садот во кој е. И пропаднува внатре. Ја нема веќе.
    Упс, уште една дупка. Паѓам. Полна со депресија. Црна. Темна. Полужива. Полумртва. Не ни сакам да удрам на земја. Вечно пропаѓам. Само пропаѓањето во себе е вечно пропаѓање.
     
    На Hinebrra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Досега никогаш не приметила светлината да ја следи нејзе.

    Одејќи по калдрмата на бесценетиот град таа го дишеше нивниот воздух. Не го позајмуваше туку им го крадеше. Знаеше дека не го заслужува исто како што го заслужуваат тие. Исто така сигурна беше дека таа е онаа која е тука по некоја чудна игра на судбината. Чудна и погрешна игра!
    Таа не се чувствуваше удобно покрај нив. Таа за нив пак беше егзотична. Убава а секогаш тажна. Тивка а претерано гласна. Таа беше како вулкан, мирна е кроз животот и кога ќе дојде моментот наеднаш ќе се распламти. Вжештено и топло ќе се истури врз оние кои се околу неа.

    Не и беше јасна целата таа бркотница од карактеристики кои ги носеше тој. Незнаеше да си го објасни сето тоа што тој го правеше. Се прашуваше дали секој машки примерок е таков. Неспокојно во главата ги премотуваше сите зборови, како и сите моменти за на крај повторно да остане пред неа еден голем прашалник. Беше навистина
    престрашена од неговата душа. Бидејќи знаеше дека секој човек што навидум е толку добар со луѓето, длабоко во срцето е немирен. Тоа го знаеше според сопствените опсервации. Таа беше различна од тоа.

    Утрата и беа ужасни и брзоплето се будеше од сонот. Не си дозволуваше да се расони мирно и пријатно. Стануваше со некој немир. Немир кој ја водеше во текот на целиот ден. И секогаш истото нешто. Тоа беше секојдневно мачење.
    Таа живееше само како појава. Не гледаше ништо наоколу. Се помалку ја интересираа другите луѓе. Се помалку чувствуваше потреба да се грижи за нив. Не и беше важно дали дента успеала да се задоволи. Неважно и беше колку перфектно и минало времето. А времето за неа беше една константа која се движи линеарно и толку еднолично досадно. Таа не познаваше друг начин на пополнување на таа константа. Во главата имаше простор само за тоа. Вечното прашање за кое никако не наоѓаше одговор.

    Реши да отиде во големиот свет. Стигна таму и како за чудо се почувствува смирено. Ја виде блескавоста која се рефлектираше горе од небото точно во нејзините чевли. Лево од неа имаше еднорог, голем зелен еднорог. Си помисли од кај тој се нашол тука и како може да постои баш таков еднорог. Погледна накај десната страна и тука виде блага празнина. Убави, шарени бои, но празни.
     
    На Chica.Loca и vitomir им се допаѓа ова.
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Бран во душата
    Едно бранување и едни нежни треперења,
    тишината,заедно со мене спие...
    Чекорам тивко,немо и ги разурнувам мислите,
    ветерот ми ги разнесуваше воздишките,
    дождот сееше бисери по моето лице.

    Во песок барам испишани зборови,
    од заклетвата на вечната среќа.
    Се шетам,но не сама...
    со мене е и мојата совест.
    Заедно,се шетаме по дождот...
    Но,сепак имам чувство како да пропаѓам во јама!
    Судбино-јас сум глува:
    заурлај ја низ бранот болката,
    се изгубија и солзите росни
    што во тревата се губеа!

    Темна тишина,
    мир во ширина
    Се разигрува бран в душа,
    како да држам солза в рака,
    со шепот,со разговор-не вака!
     
    На hermosa и vitomir им се допаѓа ова.
  4. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Љубовници во тела на странци

    Се разминавме.
    Се разминавме со мисла ,,Можевме да бидеме повеќе''.
    Со погледи си кажавме дека осаменоста и недостигот се се поголеми.
    Во очите,сјајот ти се врати за миг.
    Зениците ти се зголемија.
    Усните ти се навлажнија.
    И ја почувствува потта на својот грб.
    А,јас во себе си ја смирував енергијата која растеше и ме полудуваше.
    Дланките ми се препотија.
    Срцата ни трчаа маратон.
    Гордоста победи.
    А,ние двајцата само се разминавме.
    Помисливме на минатото.
    Помисливме на иднината.
    Помисливме што можевме и што изгубивме.
    Којзнае дали некогаш бевме сродни.
    Се потсвртивме двајцата,кришум.
    Демек не се видовме.
    Горевме да бидеме заедно.
    Жалевме да бидеме заедно.
    Но,гордоста победи.
    Да,таа кучка не раздели.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  5. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    (текстот е пишуван од гледиште како на три лица) :lol:

    Со голем напор го кренав куферот и излегов. Изгубив некоја минута од животот во чекање и седнав на моето седиште. Имаше убав поглед.
    Што вреди погледот ако си слеп? Имаш очи, убаво се поврзани со мозокот, но се само за одржување во животна функција.
    Не знам што и беше. Не сакаше да замине. А потоа брзо го фати куферот и истрча. Со слаб и неискрен поздрав. Сакам да мисли дека сум глупав и не ја чувствувам нејзината лага. Сеедно ќе и е и да знае. Вака е посреќна – некого го лаже. Нешто чудно се случува со неа. Не јаде, ниту пие. Само за да изгледа почовечки, јаде сосила. Исто така и се смее. Заразно и лажно. Порано ми кажуваше се. Сега ме избегнува. Не знам зошто. Ја пратив на патувањето само со надеж дека ќе биде истата таа што беше порано.
    Помислив дека сега ќе бидам мирна – нема да слушам што треба да правам и каква сум. Далеку сум од совршена, имам свои мисли и светови, ставови и емоции. Не ме интересира веќе што ми вели. Се менувам ако сакам. Не, ако од мене тоа го направат проблемите. Грешка. Извинете.
    Никој не знаеше дека бурата се наближува. Таа секогаш изненадува. Те чека да поминеш без чадор и да те наврне. Да настинеш, опаднат имунитет. Други болести и лекови само за да се навлечат други. Тоа е денешното здравство и медицина, немам ништо со тоа. Други неизлечиви болести и конечно, над глава мермерна плочка со име и две далечни години.
    Се гледав во таа, статична замислена точка во мојот ум. Полека се движевме низ улици и згради, ниви и полиња. Необработени ниви, обработени селани. Не ме засегаа. И покрај сите звуци, се изгубив во потполна тишина. Моите обработени селани пробуваа да го изораат паметот. Одеше тешко, но сигурно. Потонав во мисли. Или мисла. Не знам.
    Баш ме интересира што прави таа. Ќе и ѕвонам на мобилен. Или не. Подобро не, можеби спие. Иако не го правеше тоа, сега е сменета. Не ја познавам добро.
    Која е оваа личност што кажува ,,мудри“ мисли овде? Некоја личност на постари години со младешки комплекси. Само претпоставка...
    Мислам на некого. Или некоја. Многу лица. Секакви трагични приказни. Мислам само на сиромашните. Богатите имаат свој свет. За нив не размислувам. Средна класа нема. Затоа државата паѓа. Зошто се откажа не разбирам... Го бараш побрзиот излез. Оној подостапниот. Немој. Се што е направено е простено. Не можев да те спасам на почетокот, а не ми даваше да пробам пак. Таа гробна тишина што беше тогаш нема да ја заборавам. Ниту можев да дишам за да не ја прекинам. Пробав по секоја цена да те заштитам од светот, но ти не можеше да ја издржиш слободата. Се откажа. Сеуште сонцето не може да ме згрее. Но, знаев дека ќе пропадне се. Дека ќе го бараш излезот. Полесниот. Мораше да ги избркаш твоите демони. Бев толку изгубена кога замина. Зошто? Зошто не јас пред тебе? Зошто се тргна наопаку и зошто јас во се ова?
    Што прави таа? Колку сати се поминати? А, не само пола час. Зошто не се јави?
    Е па, не сум јас личност со комплекси. Затоа сега не зборувам повеќе. И одам да земам јаже да се обесам. Пријатно свете....
    И паузата сум ја пропуштила занесена вака. Не знам. Цело тело ми е па...како да не е мое...погледи вперени во мене како пиштоли има насекаде...не сум свесна...не знам ништо...
    Не и ѕвони телефонот. Паметна е го исклучила. Чудна е. Мрачна. А има некои темни невообичаени очи. Кога ќе те погледне едноставно знаеш дека нешто крие. Нешто необично. Мрачната тајна секој ја крие. Дури и од себе. Ама оваа ги има отповеќе изгледа. Не е во мафија, анархист е, сама не може да е, но со никој не се поднесува. Ќе ме излуди.
    Никој не е сам. Ќе полуди. Сепак таа е човек. Нека е и мал дел од неа. На некого или на нешто му кажува се. Инаку ќе завршеше како мене. Ах, мудрости на обесен човек.
    Како да ја поразам? Секогаш имала подобри сојузници од мене. Поддржувачите на хм...се се посилни. А во таа борба сум сама со себе. Сама против природни и не-така природни сили. Што е ова? Се насобрале некои во бели мантили околу мене и ме туркаат и допираат нешто. Овој снопот на светлина в око ми смета. Не реагирам. Ќе помине. Мразам кога ме креваат. Се слуша некој иритирачки звук во клаустрофобично возило. Па и мртвите би ги разбудило. Не ги оставаат на мира да си лежат. Што се овие металните? Се е бело. Како очекуваат да се разбудам во вакво место? Пребело е.
    Каде е таа? Еве телефонот. Мртва е? Како?
    Наследник...не се убивале само оние кои немаат никого. Што ја знам, можеби и немала. Не ме интересира.
    Што се дере овај и мавка и чади? Сите па во црно...Уф, животна желба некаде сите во црно да се облечени. Ма, што им е на овие? Плачат како ненормални, некои коваат добри планови за иднината, вадете ме одовде! Овој фрла земја над мене а гледа дека сум жива. Е сега си готов. Скокнав и се скрши дрвената кутија. Толку пари дале на мене телото добро да биди долго време. Им се брза да иструлам. И го давев за вратот.
    Што и е на оваа? Мртва е или не? Едвај чекав да умре, па жал ми беше. Но, не и кажувам. Нека живее во заблуда дека се грижам за неа. Чекајте да го ослободам од неа. Тој ни е важен агент.
    Јас се обесив. Веќе не им сум поданик. Што ме гледате? Не можеш на мира на дрво да трулиш. Поглед од високо. Буквално.
    Мртов си. Е нема да го оживееш. Играта е откриена. Ајде бркајте ме. Пропаднав во дупката. Благодарам. Секогаш беше тука за мене.
    Еве има некого. Ја спаси. Ќе дојде се со времето...
    Здодевно нишање на гранка од ветрот.
    Кажав се. И што треба и не треба. Само ти разбираш дека ми е доста од борба и сакам да се одморам. Ме слушаше многу долго. Сите мои проклети мигови на очај пак ги кажував. Не разбирам зошто си дозволуваш да ме трпиш ваква? Депресивен паднат борец, пренатоварен ум и прикриена желба која не ја кажувам. Па сега не мора да знаеш што се мислам. Не се лути. Само остави ме в темница да плачам и толку. Бегај што подалеку, не сакам да ме слушнеш. Или само остави ме да плачам и биди до мене. Можда ќе биде и природно ако ме гушнеш.
    Во дупката е. Не излегува. Ако, ќе се појави. Ќе и треба рамо за плачење.
    Колку грешиш...не ја памтиш твојата судбинска карта – Обесениот човек. А, не ме слушаш. Таа има помоќна карта. Ќе те порази.
    Плачам. Овој пат избега. Не знам дали да се надевам на тоа што сакам.
    Помина долго време. Ја нема. Мртва е изгледа. Конечно. Нема кој да ги урива нашите куќи од карти.
    Картата. И само картата.
    Очите ги избистрив со солзи. Поубаво ми се гледа сега. И ружата ме смири. Не сум мртва. Не физички. Се гледаме. Или можда не. Јас ќе бидам ветерот кој ќе ја дувне куќичката од карти.
     
    На vitomir и dragocena им се допаѓа ова.
  6. dragocena

    dragocena Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Запре времето мило мое
    Кога судбината застана на нашиот пат.
    Ни остана само да размислуваме за нас
    На овој пеколен асфалт.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  7. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Живот. Постоење. Тоа го прави човекот. Што се подразбира и под едно и под друго за да можам да се објаснам себе? Мислам дека живеам, одржувам какви-такви минорни животни функции, а за постоење не знам.
    Во почетокот и живеев и постоев. Понекогаш се раѓаат грешки на природата. Не сум грешка со физичката градба, освен што, хм, малку сум отповеќе пополнета. И преку тоа се поминува, но што е со она менталното? Со еден збор, чудак.
    Од уште мали и неразвиени делови за одење и движење, сум се довлечкувала до темнина. Светлината само ме исцрпувала. Големиот број на детски глави, раце и нозе, всушност нивно присуство во голем број ме успорувало. Никогаш не бев делот од социјалната слагалица во општеството. Секош бев она парче направено од друг материјал или различна големина.
    Баш како слагалица. За се состави мора да се растури и измеша. И пак така во круг. Се додека еден ден не ја научиш таа постапка на памет и цел тој процес забрзува. На крај, ќе ти здодее. Оправдано. И ако сеуште ја сакаш, ќе се трудиш да ја оставиш наредена и уредно оставена. Но, колку и да се трудиш некој дел ќе се измести. А кој денес се труди да ја остави здодевната слагалица наредена? Најчесто или зачмајува во некој ќош или му прави друштво на хартијата во распаѓање или пластиката за рециклирање. Дури и екологија свртив. Е, браво. Личен живот и природа? Чекај, а човекот не е дел од природата?
    Извини. Распарчени емоции и мисли. Понекогаш ми треба она бегство од реалноста. Во мртва темница, само јас како живо суштество кое живее, а не постои. Можеби има и други нешта кои не живеат ама сепак постојат. Добро и тивко друштво. Друга приказна.
    Не сум доволно здрава за да бидам болна. Не сум доволно тажна да сум среќна. Тука не знам, можеби и премногу тажна сум за да ја сфатам суштината на среќата. Не мразам доволно за да сакам. Не сеуште.
    Кога еден ден во темница ќе ги дофатам сите причини, можеби нема да бидам овој чудак. Најверојатно ќе видам се.
    Многу убаво ќе видам кога само во темници седам. А, што друго ми останува? Се што може да биде некаква шанса за мала, неразбрана среќа, јас ја пропуштив или ја згрешив. Не дека немав шанси, но не знам дали ми е срам или страв да зборнам тоа што сакам. А не знам, зошто тогаш толку минути и часови поминувам во мислење како да постапам? И онака знам дека ќе уништам се. Проклета надеж. Само ми го троши времето. Проклет и срам и се. Оние со најмала корисност на умот се среќни, оние злобните исто, а мене кој ми е крив што не сум таква? Ќе си останам со теминиците, сама. И така ќе се лекувам себе. Прав санаториум. И онака со овие проклети визии таква и делувам. Ма да, јас сум депресивна лудакиња која мисли дека ги има видено предците, а се прави паметна со читање и пишување. Типично лудило. Сакаш да сум тотално искрена?
    Еве, признавам - се мразам себе. Бескорисна личност. Само ужасно мачно живеење. Не знам дали ќе разбереш, но ако мразам толку, значи и дека сум способна да сакам? Да способна сум. Омразата кон себе отвори простор. Но, што и ако сакам. Неспособна сум да излезам од кругот на срам и страв. Едноставно не реагирам како што треба. Избрзувам или не регистрирам. Не е ни важно. На било кого би му било подобро да не знае за моите емоции. Ако знае, ќе има тема на која да се смее. Човечки се емоциите, но се сеќаваш, јас само живеам, не постојам.
    Заборави ме дека постојам. Сега за брзо и така заминувам, пропаѓам во дупка, не сум никој кој треба да се памти. Раната е предлабока овој пат за да зарасне. На слагалицата и се изгубени некои важни делови. Таа слагалица го имаше мојот лик. Недостигаа деловите од срцето.
    Заборави ме. Не сум вредна. Колку и јас да сакам, се ќе упропастам. Неспособна да го изразам и кажам својот збор. Можеби некој некогаш ќе разбере. Можеби и не. Јас реков, јас сум депресивна лудакиња што пишува за да состави барем дел од слагалицата со непостоечки парчиња.
     
    На Whitecloud95, Miss3 и vitomir им се допаѓа ова.
  8. stefiy

    stefiy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Најдрагоценото нешто


    Кога ќе паднев и
    од коленото ке ми течеше крв;
    Кога навечер се
    будев од кошмари;
    Кога имав проблеми
    со домашната работа;
    Кога ќе бев
    од нешто разочарана;
    Кога немав сила
    за ништо;
    Кога нешто ми фалеше
    а незнаев што...
    И кога ништо
    немаше вредност,
    тогаш ти беше покрај мене
    како сенка во ноќта,
    ми беше потребна
    како вода на растенијата
    за да не овенат,
    како се на тој
    што нема ништо,
    со еден збор
    ти беше, си, и ќе бидеш
    моето најдрагоцено нешто
    а тоа е
    МОЈАТА МАЈКА!
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Го гледав како доаѓа, тивко без глас да го земе она што му припаѓа. Ги побара сите спомени назад, сите прегратки и средби,ми зеде се' и ми остави само да го сонувам. Знаев дека го повредувам но оставив тоа да трае за да дојде и да побара назад се' што оставил некогаш кај мене. Одеднаш сето она што го чував доби значење и не сакав да ми биде одземено, но беше прекасно за поправање на старите грешки. Го гледав како решително заминува и сеуште нејасно се прашував каде ја најде таа сила за се' да ми одземе толку брзо, одеднаш. Испуштив се', а тогаш најмногу сакав да ми остане нешто што ќе потсетува на него. Длабоко во мислите бев онаму каде што го запознав, за да ја зачувам секоја негова насмевка, секој некое негово мистериозно движење и да го задржам што подолго погледот кој беше само за мене. Мислите беа таму, кај него гледајќи само како ме напушта како ме остава сама, копнеејќи за него,да биде повторно мој, но залудно, се' беше залудно. Мојот силен копнеж, моето срце кое беше скршено на милион делови молеше за него, молеше и копнееше да се врати, барем за миг да го почувствувам блиску до мене, но тоа беше само желба, неотстварлива желба. Не го ценев додека беше тука, не ни можев да барам да се врати кога одлучи да замине. А мојата проклета гордост, попрво би се преколнувала што сум била наивна, отколку да му кажам колку многу ми значи. Можеби мисли дека сум среќна и смирена кога тој е далеку од мене, но само моето срце скршено на милион делови знае како е. Понекогаш ќе се сетам, ќе пуштам некоја солза, но пробувам да останам иста и да продолжам. Се смеам најгласно, за да ја сокријам тагата, копнежот, но залудно. Кога ќе го чујам неговото име се првам дека ми е сеедно, но во мене цел свет се руши, плачам без глас, се распаѓам полека, како кула од карти. Понекогаш ќе те сретнам на сон, како полека и тивко доаѓаш, како се враќаш кај мене, за да ми ја вратиш насмевката на лицето, да бидеш повторно тука, да си само мој. И уште повеќе копнеам и нестрпливо те чекам, те гледам како полека ми се приближуваш, како повторно ќе ме бакнеш и ќе ме прегрнеш исто како некогаш. Во твојата топла прегратка повторно ми ги кажуваш сите тие најслатки нешта, но во еден миг нешто ме буди, нешто толку проклето пак те одзема од моите сништа, пак те краде и повторно и повторно ми го крши срцето. Те одзема толку безмилосно и дури тогаш ќе сфатам дека ни на сон неможеш да си повторно мој. Горчливо додека ги голтам солзите ќе пробам да се утешам, тоа е само сон... Но одвнатре почнувам да се распаѓам повторно како кула од карти.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  10. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Циркус


    Заминува циркусот. Таму некаде каде не се знае кој е домаќинот, а кој гостинот. Малите деца ја гледаат прашината која се крева. Циркусот се смалува во дождливата ноќ. Повеќе и не го гледаат.
    Во циркусот е се за пари. Смеа, забава само за корист. Само се оставаат малите деца да пробуваат да изведат некоја точка од настапот. Забава за пари. Само ефтини трикови. Или не? Можеби таа маска крие некоја длабока болка, некој друг лик?
    Циркусот замина. Така е најдобро за сите. Претставата е завршена. Кој разбра – разбра. Толпата лесно ќе најди други кловнови и поттрчковци. Нова забава.
     
    На hermosa и Chica.Loca им се допаѓа ова.
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Ко низ магла: мали ноџиња се пентарат по столчето на тераса. Љубопитни очи гледаат во зградата отспротива, еден кат погоре. Прозорот со зелени завеси на чичко Герман. Секогаш ме дочекуваше, секогаш го поздравував. Бил многу храбар човек, така ми кажа дедо. А јас го почитував секој ден, викендите дури и порано од вообичаено. Сега е малку поинаку. Не ми треба столче, а поздравите ги чувам за на гробишта. Му раскажувам приказни и нему и на дедо, не се далеку.

    Ми кажаа дека сум пораснала, дедо. Знаеш, јас не им верувам. Или ти ме спремаше за предобар свет. Не знам. Само знам дека не требаше вака да биде, вака без тебе, ко соголен живец. Боли бе дедо. И јас станувам гомно, и малку се плашам.

    Некое време, наместо да зјапам во прозорецот на чичко Герман, гледав надолу. Онаму, кај светилката ко Месечина, кај што ме дочекуваше тој. И си приплакував малку во себе, особено овој јули, важен е. Знам дека нема да дојде, па што ми е гајле. И знам дека нема да ми каже, исто ко јас што не кажувам. „Другар ми е бе“. И така за сите.

    Ух, каков гнев ми се собира годиниве дедо, само да знаеш. Кај ми се полјаните, кај ми е Чаир Планина и тркале-валето во трева? Па и него не го запозна, не виде што и направи на внука ти. Матер и еба. Камо да беше тука, сигурно ќе му рокнеше една наопачки, за да не му текне пак. Две години.

    Не можам да кажам дека ми недостига столчето и погледот што го имав тогаш. Сега сум малку тажна, дека порасната. Така ми викаат. А јас уште си го чекам тоа што ми го кажа. И дур не го дочекам, ќе ти се фалам за други работи кога доаѓам да те видам, тебе и чичко Герман.

    Не е исто, те нема тебе дедо, а и чичко Герман веќе го нема.
     
    На LaraSolare, Ketrin.Moon, Trnche и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Пред некоја минута мислеше дека сум уште едно од залутаните девојчиња кои без промисленост ќе направат нешто кое е во твоја корист, дека се’ ќе заборавам, сите моменти, сеќавања, сета непромислена болка, сите длабоки и болни рани така одеднаш и ќе продолжам да живеам како ништо да не било, како ништо воопшто да не се случило..
    Но само погледни ме,погледни ме барем еднаш, погледни ги моите очи како лутаат низ бурното, бујно, нескротливо минато. Сети се на секој минат ден, кога плачејки те чекав додека ти беше во прегратките на друга, сети се на болката која ми ја зададе, на повредите и раните кои ми ги врежа, на сите залудно потрошени солзи, на моиве очи кои болно молеа за тебе. Сети се барем малку на периодот кога со денови те немав видено а мојот копнеж потебе раснеше и дури болеше... Сети се колку ми одзеде, колку ми ги продлабочи раните со самата забрана да те видам.. Сети се на деновите кога те немаше да ми вратиш нити на пораките кои ги пратив, на сите повици во доцните ноќни часови, кога плачев и молев со надеж и желба дека ќе вратиш барем една точка од проклетите копчиња а уште помалку пак на срцето кое ти го нудев цело исполнето со љубов, проклета силна љубов. Сети се кога ми ја погази гордоста,да, да таа проклета моја гордост без која неможам да живеам. Сети се на сите мои пролеани солзи, кои ствараа огромни океани и нежните, лажни допири на лицето само за да не ги погледнеш. Сети се на се’ што правев за тебе без да размислам на последиците само за да ти биде удобно во сето ова ние што го имаме, што не личи ниту на нормална врска благодарејќи на тебе.. Сети се колку пати само потонав, колку пати се распаднав и тонев мислејќи во океанот на осаменоста само поради твоите грешки кои оставија толку болни траги врз мене, толку многу рани кои никогаш нема да заздрават.. Сети се колку многу те сакав, колку многу те чував во себе .. тоа беше нешто кое немаше граница.. нешто кое не беше зацртано со црвена линија се додека ти сам не ја постави, сети се колку многу направив, колку многу се потрудив, колку многу болка претрпев, а колку ми врати, колку ми врати..
    Се сети? Зар сега не сфаќаш што ти направи од мене? Зар не сфаќаш што ми направи, колку проклето ме уништи ? Дали сфаќаш дека останав толку сама и растргната на половина пат? Ме научи да живеам без чувства, без никакви чувства Да живеам празен живот баш и не е така лесно.. се чувствувам исто како некој предмет, обичен предмет. Предмет кој е празен одвнатре... Како лимена кутија. Како да ми испаднало срцето некаде додека лутав барајќите, а ти сурово си го изгазил, онака сакајќи или не.. со промисленост или без.. со омраза или без... Но помина тоа, сета таа болка, помина се`. Моите очи повеќе не сјаат кога ќе помислам на тебе, кога ќе ти го чујам гласот, не треперам повеќе. Моето срце нечука забрзано кога ќе ме погледнеш, зошто веќе го нема, ти го уништи, го изгази. иронично е тоа што нема во кој друг да ја бараш вината освен во себе. Ти дадов толку многу шанси, толку многу љубов, се` што ќе посакаш, ама баш се`. А ти што направи, сети се што направи со се` тоа, што направи со мене ? уништи се`, без малку срам, без малку сожалување... Си викав, не плачи него не го болат солзите, се тешев... Се прекорував, се преурував за таа проклета љубов, за таа грешка. Се прекорував себе си и размислував како сум можела мојата чиста љубов да му ја подарам безрерзно на некој кој не заслужува ни трошка од мојот миг, од мојата среќа.Се` што остана од мене беше мојата проклета распарчена годрост, која ја зашив поцврсто. И сега се обидувам да продолжам така сама, празна без чувства, без срце, со сите сили онаму каде што паднав, каде што ме уби, каде што ме распарчи. Но знај дека секогаш ќе те следи мојот поглед, мојот поглед кој молеше за тебе, во кој имаше толку болка, ќе те следи засекогаш... Мислам дека доволно ќе научиш од мојот поглед, зошто нема да те остави на мир. Ќе бидам твојот кошмар, твојата сенка, твоето проклетство. Ќе те уништам, ќе те погазам безмилосно,ќе те распарчам, ќе те следам секогаш и никогаш нема да те оставам на мир, никогаш нема да дозволам да си среќен додека јас умирам полека секој ден.Хах, а мислеше дека сум една од непромислените мали слатки 'девојчиња' кај кои лесно ќе поминеш.
    [​IMG]
     
  13. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Ја знаеш само таа што сакам да бидам,
    таква сум ти доволно добра.
    Не мора ни да бркам ни да скитам,
    веќе се влечкам и питам,
    љубов барам, е тоа,
    те барам тебе во секој што го гледам.
    И мене не ме интересира ништо за мене,
    така да си знаеш,
    а на пробано и не боли многу
    и онака од тоа веќе се не плашам.

    Ме гледаш од едно ќоше
    дали од око, дали од срце
    ама најверојатно нешто те заинтересира
    па се ѕвериш како мал ѕверко.
    И јас те гледам
    колку да ти ги видам намерите
    и стоиме тука како немци
    и двајцата преглупи за се друго.

    И си заминав,
    само така,
    да има за што да плачам.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    Сенки на сопствениот пат

    Не плаши тој еден поглед,
    не боли таа една рана
    дека ќе се свртиме
    и не ќе го видиме она
    што безгранично го посакуваме..

    А. животот ?
    Тој не гази, иронично си игра со нас,
    саркастично ни се смее,
    секојдневно ни дава шах-мат,
    службено ни ја зема утакмицата.

    А таа ?
    Таа буди очај во градите,
    чудо кое се надеваме не заспало,
    илјада бури кои не ќе го замолчат
    тој звук што не тера да затрепериме.

    И секој од нас е патник,
    не допираат спомените,
    го слушаме нивниот шепот,
    не носат низ времето,
    не гушат во сопствените грешки.

    Да, дишеме, но не чувствуваме
    сенки на сопствениот пат,
    ни се лизгаат од раце нештата важни,
    зборовите кои никогаш не ги кажавме
    а некому беа наменети.
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  15. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Ова е само сон. Не се гушам. Не се борам за воздух. Не е реално. Ќе откријам за неколку секунди.
    Зошто се родив? Зошто не некоја единка која би имала посреќна судбина? Кога излегов од најбезбедното место за еден развиен и не така иструлен фетус, заплакав. Како и сите. Од тага дека излегов во ова инферно. Јас имам и некаква причина. Никогаш не сфатив зошто зошто богатите би плачеле. Ме ставија на индиго крпа, прошарана со сетилото за вид во дводимензионална форма.
    Глупаво и неспособно бебе. Затоа измиј му го умот и стави му траума. Крши го и затворај го в темнина. Каде се плаши. Стравот е глупаво чувство. Многу те спречува да живееш. Научи да живееш со него. А, темнината. Таа е спас. Во неа не го гледаш неизгаснатиот оган на пеколот.
    Ме фрлија во слаткиот мрак на ладниот под. Со полуизгаснати атоми на сила, мрднав. Тресокот на вратата во затворање ќе ме одвееше. Не знам како се довлечкав до креветот. “Еј ти!“ Нема никого. Кој зборува? Која си ти? Млада жена со црвени образи и згаснато плави очи долета до мене. Долета? Чекај, сега уште шизофренија не ми треба.
    Колку огледала – толку личности. Една за секоја емоција. И сите тие во едно тело. Еден ум. Секоја со своја потреба. Нивна диктатура врз личностите. Ама доста ми е. Огледалото се распрсна. Испукаа и тие. Една по една. Огледалото долго време паѓаше врз мене и ме сечеше по рацете. И тој пад имаше некаков крај. Избегав од твојот систем на мирнотија после хемиски супстанции што ги немаме во телото. Замина и никогаш не се враќај. Носи се со себе. Ураган. После бурата секогаш е мирно. Се дури не се создадат услови за нова. Но, секоја е се послаба и послаба.
    Ќе се разбудам некогаш? Оставете ме. Искршив маската и огледалото. /не играм на вашите шаховски полиња. Бел пион на црно поле. Се за кралот и кралицата. Не ме интересираат твоите долетани совети. Не сакам да ја знам иднината. Не, не сакам ни преку знаци. Сурова е. Пресурово е пропаѓањето во себе. Таму нема никого да ти подаде рака. Паѓањето во јама е единственото решение. Бар така изгледа.
    Зошто си ти во мојата јама? Што бараш тука? Да се запознаеме – јас сум бегалка од системот, се убивам себе, а тие требаше да ме убијат мене. Јас сум чудак, со чудни способности и самопрогласен анархист. Диктатурата никогаш не носи убаво. Некако и ја намалуваш желбата да се закопам. Се гледаме утре. Само не останувај предолго кај мене в јама. Не би сакала да имаме компатибилни искршени делови. Затоа и бегам до утре.
    Колку побрзо ќе завршев да не беше во јамата. Колку ги сакам овие разговори во утробата на земјата. Најбезбедното место. Најди го тоа што го сакаш и дозволи му да те убие. Кога мислиш дека се ќе се заврши со последната реченица од цртаните на Дизни, судбината меша прсти. Во последните денови ја одолговлекува нишката на животот. Тотална агонија. Човечка будала која е опуштена во јамата. Па, кога еднаш конечно ќе се опуштам и оладам таму? Не ги слушај моите мисли од депресивната глава. Се е готово. Деловите од твоја точка не се совпаѓаат. Мојата не е битна. Сеуште ми вриска низ глава човечкиот вресок и растечената крв. Знам. Видов се. Не сум во системот, но ја знам играта. Картите се постелени. Избери ја страната – или ќе ги гледаш или ќе ги свртиш. Крај. Бегам. Веќе ништо нема смисла. Сеедно ми е. И онака крвта ќе е пролеана, а конецот ќе се тегни.
    Дали толку боли? Дали мора толку да боли? Без животот, смртта нема смисла. Не се издржува агонијата повеќе. Да престанат да ме јадат човечките, повеќе корист од мене имаат правите црви. Никогаш нема да ја исполнам желбата да ме видиш кај што се давам во сопствените солзи. Нема повеќе од каде да течат. Се што требаше истече и дехидрира. Не ме удави со твојата зготвена супа, сега е прекасно.
    Сега, одете си сите. Оди си и ти. Никогаш повеќе да не те видам во јама. Сега таа мене ми е потребна. Знам, себично е. Но, побезболно. Зборовите само го растргнуваат срцето повеќе како глутница гладни животни. И онака веќе пребрзо чука. Телото се бори за воздух, а јас го бркам.
    Таа ме подигна од подот. Иако бев бледа како мртовец, таа не дозволи да го пресечат конецот. Чекам да се заврши се. Потоа заминувам. Сега ми е јасно. Постојат личности кои се тука за да ги решаваат туѓите маки. Да даваат решение. А, решението за сопствените проблеми да го имаат изгубено одамна.
    Што да правам, индиго крпа.
     
    На green-angel и Hinebrra им се допаѓа ова.
  16. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ,,И кога дождот ќе ja мие прашината на твоите прозорци,
    кога ќе те прска на нозете како ние во летото со шишињата в раце,
    помисли на моментите кои ми рече дека никогаш нема да ги заборавиш.
    Сети се на нив,колку и да се болни.
    Сети се кога бевме двајцата камен пијани,
    кога крадевме цреши од соседниот двор,
    кога ги поминувавме дождливите викенди со кафе и цигари,
    кога го поплавивме цел стан играјќи си со пења од сјај за садови,
    кога се бркавме по снегот,
    кога се будалевме во два саат наутро на Илинденска,јас со штиклите во раце,ти со кондурите да ми правиш друштво,
    на писменцата кои си ги праќавме кога бевме лути,
    на журката со Пеперминт и на незаборавната http://www.youtube.com/watch?v=tGkl2cY9GI8,
    на тортата која ја правевме за Нова година,
    на утакмиците на кои навивавме ко луди,
    на бакнежите кои ми се врежаа на психава,
    на прегратките во кои се чувствував само твоја и заштитена,
    на комплиментите со кои ме возвишуваше,
    на смешните слики … на среќата во која уживавме.
    Немој да тагуваш по нив.
    Само потсети се на тоа,како да се однесуваш уште подобро со некоја друга,мили.
    Оддади и еден почит на таа љубов по која копнеат други.

    Само тоа,мили..
    Само тоа…”
    :doh:
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  17. misperfekt

    misperfekt Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    31
    Тоа си ти

    Почнав да ти пишувам... После цел ден фрустрација и бес го завршив своето писмо. Но наеднаш се сетив која сум, наеднаш изрипа разумот, наеднаш дојде ледената. Ах, колку ја мразам, ме уништи, ме натера да се вратам во реалноста. Ти, ти стана мал, се вратив јас, ледена, прибрана, разумна. Тебе те снема, дојдоа заклетвите што ги дадов пред многу години, дојде желбата за одмазда. Се слушнаа нечии тешки чекори, и повторно се прибрав. Ко да немаше знак од мојот испад, не се ни познаваше дека бев на работ на лудилото, дека играв со секој зрак од лудилото. Се сетив, лед, прибраност и безчуствителност. Тоа те сочинува тебе ледена кралице. Стани, биди храбра и не дозволувај некој да ги забележи твоите емоции.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    OCD-Нил Хилборн
    ,,Првиот пат кога ја видов неа …
    Во мојата глава настапи тишина.
    Сите проблеми,сите слики кои ми се појавуваа во главата само исчезнаа.
    Кога имаш Опсесивно-компузивно пореметување,најчесто немаш тивки моменти.
    Дури и во кревет,јас размислував.
    Дали ги заклучив вратите?Да.
    Дали ги измив дланките?Да.
    Дали ги заклучив вратите?Да.
    Дали ги измив дланките?Да.

    Но,кога ја видов неа,единственото нешто на кое можев да можев да помислам беше нејзината крива линија на усните.
    Или трепката која и беше падната на нејзиниот образ.
    Трепката на нејзиниот образ…
    Трепката на нејзиниот образ…
    Трепката на нејзиниот образ…
    Знаев дека требаше да разговарам со неа.
    Ја прашав да излеземе шест пати во триесет секунди.
    Таа рече да после третиот пат,но ниту едно ,,да” не го почувствував добро,па морав да продолжам да ја прашувам.
    На нашиот прв состанок,поминав повеќе време на организирање на мојот оброк по боја отколку што го јадев,или отколку што разговарав со неа…
    Но,тоа и се допаѓаше на неа.
    И се допаѓаше тоа што морав да ја бакнам 16 или 24 пати во различно време на денот како догледање.
    И се допаѓаше таа ,,бесконечна” прошетка до дома бидејќи имаше премногу препреки на тротоарот.
    Кога почнавме заедно да живееме,таа рече дека се почувствувала заштитено,како никој не ќе може да не ограби бидејќи јас дефинитивно ја заклучив вратата осумнаесет пати.
    Секогаш ги гледав нејзините усни додека таа зборуваше.
    Додека зборуваше…
    Додека зборуваше…
    Додека зборуваше…
    кога рече дека ме сака,рабовите на нејзините усни се закривија.

    Во текот на ноќта,таа ќе лежеше во креветот и ќе ме гледаше како ги исклучував светлата … И вклучував,и исклучував,и вклучував,и исклучував,и вклучував,и исклучував,и вклучував,и исклучував,и вклучував,и исклучував.Таа ќе ги затвореше своите очи и ќе ги замислеше деновите и ноќите кои поминуваа покрај неа.
    Но тогаш … Таа рече дека јас и одземав премногу од нејзиното време.
    Дека неможев да ја бакнам за догледање бидејќи таа доцнеше на работа…
    Кога ми велеше дека ме сака,нејзината уста имаше права линија..
    Кога ќе се обидував да ги преминам пречките на тротоарот,таа ќе продолжеше да оди…
    И последната недела,таа почна да спие во нејзиниот дом.
    Ми говореше дека не требало да се навикнам на неа,дека не требало да се затрескам,дека сето ова било една грешка,но …
    Како можеше да биде грешка кога откако ќе ја допрев,јас не ги миев дланките?
    Љубовта не е грешка,и ме убива тоа дека таа побегна од сето ова,а јас неможам.
    Неможам да излезам и да најдам нова личност бидејќи секогаш мислам на неа.
    Обично,кога ќе ги преувеличувам нештата,ги гледам бактериите како се движат во мојата кожа.
    Се гледам себе си затрескан кон мојот незавршлив неуспех…
    И дека таа беше првото убаво нешто на кое заглавив.
    Сакам да се будам секое утро мислејќи на начиниот на кој го држи воланот …
    Како ги врти рачките од тушот,како да отвара сеф.
    Како ги дува свеќите …
    ги дува свеќите …
    ги дува свеќите …
    ги дува свеќите …
    ги дува …

    Сега,мислам на тоа кој друг ја бакнува неа.
    Не можам да дишам бидејќи тој ќе ја бакне само еднаш и нема да му биди грижа дали е совршено!
    Ми треба!
    Ми треба толку лошо …
    Ја оставив вратата не заклучена.
    Ги оставив светлата вклучени.”

    Моргана*
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Збогум.
    Ќе помине се.
    Еден ден јас ќе дојдам во твојот град.Недалеку оттука.
    На радиото ќе свири тажна песна.Мелодијата ќе ми оддекнува во ушите.
    Ќе дојдам сама.
    Нема да знаеш,а сепак ќе дојдам.
    Ќе бидам уморна од времето,од патот ,од животот.
    Од тебе.
    Ќе чекорам низ твојот град.
    Ќе сакам да те видам.
    И нема да те видам,и нема да знаеш.
    Ќе забораваш.
    И онака моите желби немаше да се остварат.
    Бидејќи знаеш дека не смееше.Дека не смеев.
    Дека ќе беше реална војна.
    Секој грев остава лузна.
    Темнината на моите очи и пркоси на светлината во твоите.
    Срцето твое мене ме знае.
    Ќе ме вдишуваш но напразно.
    Бесцелно.
    Безвредно.
    Само сеќавања.
    Некогаш оддамна.
    Збогум.
     
    На Dog-lover, Butterfly14, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Разбуди се,разбуди се од бескрајните соништа
    сега е доцна,премногу доцна
    силата на мојата душа
    силата на оваа болка
    повеќе ја нема...
    Ке помине ли уште еден ден ?
    Без тебе сум во парчина
    сосема сам,
    оваа љубов беше пристаништето во кое се засолнав.
    Дали болката престанува со чекање
    не постои лек за да се биде без тебе
    додека таа љубовна болка крвари од ден на ден
    таа ме распрскува, ме уништува.
    Те молам погледни во срцето уште еднаш ахххх
    ЈАС СУМ ТАМУ.
    :$ :tmi:
     
    На hermosa, Divinebutterfly и richgirl998 им се допаѓа ова.