Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Баш тогаш кога немав верба во љубовта, кога мислев дека не постои, кога мислев дека јас никогаш нема да научам да сакам се појави ти. Ме погоди како гром од ведро небо... Тогаш дознав што значело некого да сакаш. Тогаш дознав што значи некој да ти недостига, да ти треба... Но ете дојде денот кога мојот сон заврши... И сега ветерот ги однесе сите моменти и години кои ги минавме...сега не остана ништо од нас.
    Боли кога го чувствувам кршењето на срцето. Таа болка ми предизвикува горчливи солзи. Посакувам толку силно да викнам, да ја исплашам болката и да ја испратам некаде далеку од мене. Секоја секунда, секоја минута знам дека потонувам во безизлезна ситуација. Тонам во длабочините на мојата душа. Се гушам од болката која си мисли дека е сопственикот на мојата душа, на мојот живот.
    И ова не е нашата судбина, ова е нашиот избор.
    Да, понекогаш животот знае да биде премногу суров. Знае да ни донесе лоши нешта баш во моменти кога чекаме да бидеме опиени од среќа, радост... И како за несреќа, Бог ни носи нешта кои не можеме да ги поднесеме... Баш тогаш кога силите ни се најпотребни, ние сме слаби. Солзите сами течат, срцето едвај чука, како да вели доволно е, повеќе не можам. А сепак, Бог не сака да ни го одземе животот... Морам да продолжам напред колку и да боли. И само се запрашувам - До кога вака? Оставам времето да ни покаже дали го избравме виститнскиот пат по кој продолживме да чекориме... Јас далеку од тебе, а ти уште подалеку од мене...
     
  2. sara.ivanova

    sara.ivanova Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Премногу ретки.А ни требаат

    Велат во животот ви е потребен некој кој ќе ве сослуша, кој ќе ве утеши, кој ако не знае што да каже барем ќе ви подари прегратка.Некој кој ќе биде дел од вас или подобро ќе биде другиот вие.Ќе ве знае подобро од сите и подобро од вас.Ќе знае дека нешто е променето кај вас дури и кога вие тоа не го приметувате.Да знае дека не сте среќни и тогаш кога се смеете громогласно.Да ги пронајде солзите скриени длабоко во вашите "насмеани" очи.Кога нема да може да ги пронјаде оние вистинските зборови само да ја најде вистинската чоколада и да ја сподели со вас, да ве погледне во очи, да се насмее и да рече "Со тебе сум, верувај се ќе биде добро".Да допре до внатрешноста на вашите рани и барем малку да ги залечи или да ги надополни со незаборавни моменти.Таа да биде вашата слаба точка, а и најскапоценото нешто во вашиот живот.Слободното време да го троши со вас, а додека е зафатен да мисли повторно на вас.Сегокаш ќе ви биде во пресрет за што и да се работи.И секогаш ќе се грижи за вас како што кучката се грижи за своите кученца, да не остане без нив.Ќе се радува за вас ко мајка на своте прво дете.
    Но, што мислите дали навистина постои таква личност?Или подобро кажано дали постои сето тоа во една личност.Како што знаеме животот не е совршен, па и во него ништо и никој не е идеален.Но, навистина ни треба по некој ваков во нашите животи.Не велам дека треба да ги поседува сите тие особини, но барем помалиот дел од нив.Ама многу ретки се тие.Премногу ретки.А ни требаат, ни недостигаат.
    "Не прави го она што не сакаш да ти го прават тебе".Па, доколу сакаме таква личност во нашиот живот и ние треба да бидеме господари барем на неколку особини од онаа царство.Всушност треба најпрво ние да се увериме дека ја имаме онаа љубов и грижа во нас за некој, а дури подоцна да ги осудуваме другите и да ја бараме вистинската личност.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. green-angel

    green-angel Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    ,,ИЗГУБЕНА МЕЃУ ЧУВСТВАТА``


    Се чувствувам чудно.
    Ко да сум од друг свет.
    Ко да не припаѓам овде.
    Насекаде околу мене луѓе.
    Среќни.Насмеани.
    Се грижат еден за друг.
    Како и не би биле среќни?
    Имаат се...
    Луѓе кои ги сакаат
    кои се секогаш тука за нив.
    А јас...
    Јас не сум една од нив.
    Се чувствувам многу осамено.
    Многу осамено.
    Околу мене има многу луѓе
    кои се секогаш тука за мене
    но, се чувствувам осамено.
    Осамена сум.
    Ми фали една личност.
    Личност која ме расположува.
    Која знае да ме насмее.
    Губам надеж.
    Немам самодоверба во себеси.
    Како ангел со скршени крилја сум.
    Лесно можат да ме повредат.
    Со насмевка болката ја покривам.
    Разочарана сум
    изморена од ваков живот.
    Разочарана од луѓето.
    Се што ми треба
    е само една личност
    една негова прегратка
    една негова насмевка.
    Да ме погледне во очи
    и да ми каже :
    Јас сум тука за тебе
    не грижи се
    ќе биде подобро
    тоа ми фали .
    Ме разочараа многу луѓе
    кои ги сметав за блиски
    на кои им верував.
    Тоа ме промени.
    Ме направи скептична.
    Да не верувам повеќе во љубовта.
    Да не верувам дека постои
    принц на бел коњ
    кој ќе направи се
    за да се почувствувам ко принцеза.
    Се откажав од тоа..
    Изгубена меѓу чувствата
    незнам што чувствувам
    љубов или омраза?
    Бес или тага ?
    Не, љубов не е!
    Повеќе сум бесна
    на самата себеси
    што повредив некој што ме сакаше
    и што дозволив
    друг мене да ме повреди!
     
  4. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Во ресторанот



    Влегов во ресторан поради глад. Само глупав човечки нагон за уште поглупавото преживување. За да се задоволи некој центар во умот, избираме храна која ни причинува лачење на хормони на среќа. Всушност, секоја храна е иста. Само активира различни центри на јазикот. Завршува исто.
    Келнерот со мрсна, лепливо залижана коса, безволно ми го тресна месото на масата. Месото беше жилаво, недопечено. Исто како мојот ум – сеуште во сирова состојба. Почнав да размислувам како ова месо може да се поврзе со мене. Некако, сфатив дека тоа може да е дел од друг човек. Можеби сласно се грицкам себе си. Само не приметувам дека ми фали дел од мене. Можеби и не треба да чувствувам дека нешто ми фали? Ум сирова состојба. Неисчукан. Неистолчен.
    Од прозорецот гледам двоножни суштества како се движат наоколу. Угоре-удолу. Каков вкус би имал било кој дел од нив? Мојот стомак не успеа да го свари месото во чинијата. Ниту мојот ум.
     
  5. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    437
    ***

    Уште ми ги притискаат градите
    спомените на едно блиско минато,
    наша маглива слика
    и твоите раце
    преплетени во моите кадрици.
    Очи полни искреност
    само кон распукнатото огледало
    во мојата соба,
    онаа истата која ја исполнуваат
    болни воздишки
    додека некој друг пробува да се наслика
    како тебе во моите погледи.
    И оној врисок во екстаза
    додека буквите на твоето име
    се распрснуваат во аглите на собата,
    додава само цртка
    во нотесот на недостиг.
    Ти ме помниш ли?
    Во априлските ноќи
    кога благо ми ги милуваше
    лузните од претходните љубови,
    и потем
    ги избриша со леден бакнеж
    и нив,
    и се` она што било пред тебе,
    за да си направиш место
    во раскошите на оваа празнина.
    А потоа замина.
    Онака како што дојде,
    со крвави усни развлечени во насмев.
    Циничност.
    Истата онаа која пробувам
    да ја имитирам на секого
    кој може да го има моето тело,
    а душата не.
    Впрочем,
    и нејзе ја изгубив некаде
    помеѓу твоето заминување
    и мојот обид за преболување.
     
  6. sara.ivanova

    sara.ivanova Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Да не ги изгуби саканите

    Капеа и последните капки дожд од стреите, а по нејзиното лице се тркалаа солзите.Одеше по патот цела накисната од дождот.Не знаеше каде оди.Косата и се беше залепила за лицето, а облеката за телото.Доќдот беше престанал да и прави друштво во плачењето.Но, таа продолжи.Премногу и беше тешко.Повеќе не знаеше зошто живее.Не ја знаеше сопствената цел.Сакаше да ја снема да се оддалечи од се и од сите.Неможеше да продолжи со овој живот.Веќе предолго време се мачеше со се, но повеќе немашесила.Потона се во неа.Не знаеше дали некој во животот навистина јас ја сака и се грижи за неа.Не можеше повеќе така.Не сакаше секој денда го минува со солзи додекае сама, а пред другите да се смее.Едноставно сакаше на сите да може да им ја каже вистината.Всушност никој не ја знаеше вистината.Таа сакаше да ја зачува во себе.Но, не го направи тоа затоа што беше себична.Единствената причина поради која го стори тоа беше стравот.Се плашеше да не ги повреди луѓето кои ги сака.А најголемиот страв беше да не ги изгуби.Не сакаше никој да ја знае вистината за неа.Тие го гледаа она што таа го претставуваше.Но, сега не можеше повеќе.Тоа беше посилно од неа.Сега и дождот ја беше напуштил.Се вствуваше како месечар.Знае каде е, но не знае како дошол до овде.Многу би била среќна ако таа беше месечар, а тоа беше само сон.Ќе се разбудеше од овој кошмар и се ќе беше поинакво.Но, ова не беше кошмар, тоа беше суровата реалност.Сакаше да вреска, да си ја олесни болката.Не можеше повеќе да се крие зад завесата.Сакаше да ја прикаже нејзината вистинска животна драма.Нејзиниот вистински живот.Неможеше повеќе да се бори со солзите кои и станаа дел од секојдневието.Но, стравот да не ги изгуби оние кои и значеа и кои најмногу ги сакаше не и го дозволи тоа.Не и дозволи да се претстави вистинската таа.Ги сакаше премногу за да остане без нив.Тогаш ќе биде празна како пустина.
    Сонцето го осветли нејзиното лице и блескави очи полни со солзи.Таа набзо се прибра, ги избриша солзите и знаеше што понатаму.Ќе продолжи како и до сега.Ќе ја чува својата вистинска приказна во себе, а на оние кои ги сака ќе им ги прикажува сликите кои тие би сакале да ги гледаат.Тоа го правеше со една и единствена цел.Да не ги изгуби саканите.
     
  7. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Пародија

    Подари ми школки полни среќа,
    да се смеам,
    да не избледне последното детско во мене,
    како растеш, така те програмираат,
    по нивни софтвер,песимизам,
    кукумјавчење и болка.
    Трка за првото место на мизеријата.
    Живот- натпревар, праг на болка, издржливост.
    Површност и илузија, илузија на убавина,
    на интелегенција,
    нашминкани, скоцкани кукли од излог.
    Врзи ги зборовите со крпчето на заборавот.
    Не можам јас без живоста на очите.
    Мртволо, бледило и помодрени усни
    од ударите.
    Мајка ми ме удираше така како мала,
    ако кажев лош збор,
    а сега.....

    Сега за добриот ме шамарат.
     
    На psychic и lady.N им се допаѓа ова.
  8. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Ако немаш рамо за плачење, слободно потрпи се на сопствената рака таа нема никогаш да те изневери.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Се среќаваме.
    Доаѓаш знаеш дека не смееш.
    Доаѓам знам дека не смеам.

    Те чакам на клупата,се вртам, доаѓаш.
    Сакам илузии.
    Како си ?Како ти е во овој град?

    Би сакала да се ослободам од твоето лице.
    Верувај нема ништо погрешно од таа илузија.
    Оставаш бескрајна ноќ.

    Поледен пат ,вети ми.
    Последен ветуваш.

    Лажеш.
     
    На Whitecloud95, Someonespecial, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. sara.ivanova

    sara.ivanova Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    копнежот

    Маглата се закануваше дека ќе го покрие целото небо.Полека, но сигурно го заземаше.Улицата беше празна, осевен некој жолт лист по патот.Чекореше онака стуткан во својот капут.Се што гледаше беше заматеното небо и чадот од цигарата.Но, во неговата глава ја гледаше неа.Онаа која секојдневно му ги одзема мислите и му го плени срцето.Онаа која засекогаш ќе остане втисната длабоко во неговите спомени.Онаа за која и животот би го дал.Онаа вистинската.Со неа го доживеа повторно детството, најубавиот дел од животот.Сфати дека вреди да се бори за неа и дека вреди да се живее.Со неа го запозна животот на најубав начин.Едноставно таа му беше се.Неговата среќа,неговата надеж, неговото срце, неговите очи.Неговиот живот.
    Но, ја изгуби надежта, ја изгуби среќата.Остана само копнежот по неа.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Те барав, те барав и те пронајдов. Токму тогаш се погледнав во огледалото кое толку наликува на мојот лик. Ти толку многу наликуваше на мене. Кога ми шепна на увото не успеав да те слушнам зашто ти ми шепна на срцето. Кога ми ги бакна усните, тогаш ми го бакна срцето. Беше единствениот...

    И остана...

    Тие беа двајца млади кои ги имаа сите предуслови за да бидат среќни. Таа го обожаваше, а изгледаше дека и тој нејзе. Скромноста им беше доблест а љубовта споделување на нежности. Но тој секогаш сакаше повеќе... Често сонуваше за автомобили, дури одеше толку далеку во сонувањето, возење јахти, коктели на плажа а таа имаше толку многу а толку многу за него- ја имаше целата љубов за да ја сподели за него. И кога таа сонуваше за семејство, деца во градината тој својот прстен и го подари на друга. Поминаа само единствено две недели од нивното последно гледање кога тој едноставно, колку само лесно и кажа - Ти немаш што да ми понудиш во животот, јас немам што да ти дадам зарем вака ќе ги осудиме нашите деца? И замина. После две недели се слушна музика во нивната куќа. Беше многу убав младоженец. Таа само помина покрај неговата куќа. Беше тажно, Можеби немаше да биде толку ,,скапа,, невеста но сигурно поубава. Не издржа до карј да не заплаче. Одеше по тесните сокачиња, сакаше да вриска на глас, но можеби и немаше глас. Беше сосема нема, глува сакаше да не постои. Но рече - уништи еден сон кој не завршил, сега е можеби на ред тој. Одмаздата растеше во нејзе се повеќе и повеќе. Веќе ништо не беше убаво за нејзе. Уживаше кога неговото новопечено семејство доживеа банкрот, уживаше кога неговата жена доби спонтан абортус, уживаше кога повторно ја побара кога таа стана вистинска дама. Да но овој пат таа имаше свое семејство, исполнети идеали имаше се без него, единствено го немаше него во нејзиниот живот. И тој повторно и повторно ја побара, тогаш кога го немаше оној надмен поглед, кога нивните заеднички пријатели ги гледаше од високо. Тогаш тој работеше како возач во една млекара во предградието. Но Таа го погледна и само му рече - Погледни ја оваа убава градина! - Да, убава е рече тој. Таа е направена од љубов. И тука престана мојата одмазда. Престанав да барам начин за да те видам несреќен. Знаеш зошто? Зашто твојата најголема одмазда е тоа што ти ќе останеш несреќен.
     
  12. sara.ivanova

    sara.ivanova Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    САМА

    Месечината беше блеснала силно, додека ја опкружуваа ѕвездите.Таа седеше сама и размислуваше.Додека ја гледаше вака месечината размислуваше за осаменоста.Се прашуваше дали е таа осамена или само така се чувствува.
    Седеше на терасата во доцните часови и го слушаше цимолењето на листовите од ветрот.Улицата беше празна.Се фокусираше на осаменоста.Се фрли во морето од размислувања.Се запраша каков е навистина нејзиниот живот.Зошто се чувствува толку сама?Сакаше да има некој покрај неа што ќе го подели времето со неа.Навистина и недостасуваше некој кој ќе се грижи за неа.Мислам и недостасуваше некој кој ќе се грижи за неа со дела, а не со зборови.Сакаше да биде среќна како и што изгледаше.По таа мисла некако се сепна.Беше лво заблуда.Дали навистина беше среќна?Дали беше она среќно девојче како што другите мислеа? Одеднаш свати дека и фали внимание.И треба некој посебен во нејзиниот бесцелен живот.Сите проблеми беше принудена да ги решава сама, но очајно и требаше некој со кој барем ќе може да ги сподели.Сакаше да има некој до себе со кој ќе може да разговара за се.Сакаше некој кој ќе го знае нејзиното минато, а нема да ја остави.Некој кој и покрај нејзините лоши навики ќе ја сака.Едноставно и трбаше личност што ќе ја пополни нејзината празнина.И требаше некој да пополни барем неколку страници со убави спомени во нејзината животна книга.Некој кој ќе и посвети внимание.Можеби премногу барам?'се запраша.Но,зар немаше право да има навистина некој кој и треба.Зар не и требаше совет или утеха од некого?доставно и беше потрено и не бараше премногу.Само сакаше некој кој ќе ја врати нејзината цел во животот. И требаше нејзината светлина во целата оваа темнина.Само и беше потребна помош од вистинската личност.Вистинската личност која ќе ја насочи на прав пат.Но, за жал таа личност ја немаше во нејзиниот живот.Едноставно беше сама.Можеби опколена со многу луѓе, но сепак сама.Баш како месечината.Опколена со илјадници ѕвезди, а сама.Единственото нешто што можеше да го направи веше да се помири.Требаше да се помири со тоа што го нема тоа што најмногу и требаше.Требаше да продолжи баш како и до сега, САМА.
     
  13. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Возовите заминуваа и без мое оддобрение.


    Те испратив на железничката станица.
    Мораше ,знаеш? ,Молчи ,знам дека знаеш,знам и јас .
    Знаат и сите околу нас.
    Перон 9.
    Оди.
    Те гушнав.
    Збунет си и тажен.
    Ми оставаш траги.
    Тажни се приказните на кои однапред им се знае крајот.
    Нашата застанала во тој ред.


    Последен пат.
    Никогаш повеќе -мислиш.
    Никогаш-знам.
     
    На Д.Чобанова, WarriorAngel, Dobie и 6 други им се допаѓа ова.
  14. sara.ivanova

    sara.ivanova Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    неговата срека

    Уличната светилка беше единствената светлина која го осветлуваше тесниот и мрачен сокак. Месечината се беше задкрила зад налутеното небо. Чекор по чекор стигна на тоа место. Иако беше темница и не се гледаше бројот на куката, знаеше дека таа е неговата дестинација. Застана пред вратата држејки ги прекрасните лилјани. Иако беше мрак тие повторно блескаа. Срцето го забрза ритамот, крвта отиде надолу, а рацете решија да се нишаат. Држејки го букетот со двете раце, едната се отпушти и се упати кон ѕвоното. Но, токму кога стигна таму се вкочани. Целиот се вкочани. Така стоеше две минути а најпосле раката го завлече ѕвоното. Адреналинот се покачи, а надежта уште повеке. По неколку секунди вратата се отвори. Црната долга коса што ја разниша ветрот и витка става се појави на вратата. Океанските очи најпрво се вџашија. Подоцна се исполнија со омраза. Тој не можеше да и рече ниту здраво ниту пак извини за тоа што го стори. Единствено нешто што го стори, ја подаде раката со лилјаните. Од очите и излегуваа искри, а најпосле се насолзија. Се сврте и ја затвори вратата. А лилјаните се најдоа на земјата, на прагот. Во тој момент се затвори вратата на неговата срека. А моралот и надежта останаа на прагот.
     
  15. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Залив
    Некогаш во мрачното минато мое,
    како да трепери ѕвезда во моето срце
    не знам дали е тоа болка
    или само вистина во животот мој.
    Сонот е реалноста, во која постојано трагам
    по вечната, недопрена љубов,
    по заливот на кој денес го колнам,
    по мрачното минато мое.
    Бев жедна за него, но копнежот
    ја уништи и последната капка надеж
    која постоеше во недопрената душа.
    Знаев дека никогаш нема да се врати
    љубовта во мојот живот, светлината и болката.
    Изморена, талкам по вечниот мир, гледам
    но не можам да го видам заливот,
    на кој се скрши душата на една жена.
    Зборот во мене уништи се што постоеше,
    скрши една гранка од дрвото на кое стоев.


    Далечина

    Ти што постоиш во моите мисли
    не постоиш во мојата близина.
    Ти, кој толку многу те љубев
    ме остави и замина.
    Зарем не се скрши срцево мое
    кога го зачекори прагот од нашиот дом.
    Вечно трае споменот врел,
    кој го остави на усниве мои.
    Само печат на срцево добив
    и само солзи сронав.
    Остарев чекајќи те тебе.
    Помина време а тебе те нема.
    Гласот нем ти станал, а
    јас безнадежно те чекам.
    Љубовта наша беше црвена роза,
    која ми ја подари.
    Но, трнот ме боцна мене
    и длабока рана ми остави.
    Твојот поглед ја скрши душава,
    ме остави без зборови и замина.
     
  16. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Дожд паѓаше онаа вечер.

    Ти реков мора.
    Морам.
    Мораш.
    Што и да посакаш не може.
    И но е забрането.

    Можеби еден ден ден ќе ти недостигам ,како и денес.
    Можеби.И нема да бидам таму и нема да бидеш тука.
    Ќе те болам.
    Првата девојка која ја сакаше.
    Шепни и го моето име на тишината.
    Кажи му го на ветрот.

    Ќе знам.

    Би ги запишала своите најтажни мисли тука.
    Но безвредно е .
     

    Прикачени фајлови:

    На Divinebutterfly, psychic, Anonymous996 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. sara.ivanova

    sara.ivanova Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    toj i temninata

    Темнината го убиваше, па запали една свеќа.Црвеното шише вино чаша по чаша се намалуваше.Чадот од цигарата се ширеше низ мрачната соба.
    Беше сам во тој мрак. Отвори ново шише вино. Веќе беше пијан, но не престана да пие. Трепереше цел. Срцето упорно забрзуваше.Солзите се намножија.Пред него на масата стоеше празна рамка.Сликата ја немаше.Чадот од цигарите почна да го гуши, па ја остави во пепеларата.Се струполи на креветот.Долго така гледаше во таванот.Најпосле ја зеде сликата која беше под перницата.Беше искината. Ја стави пред очите и само ја гледаше. Потоа од џебот извади некој парфем, го стави на носот. Цело време длабоко го вдишуваше мирисот. По неколку минути го фрли силно шишето парфем.Удри во ѕидот, падна и се што остана беа парчиња стакло и разлеан парфем.
    Се издигна на нозе, го здогледа ножот кој стоеше на масата. И него го фрли.Пред креветот, подот беше облеан во крв.Свеќата полека, но сигурно се топеше и гаснеше. Отиде во кујната, која исто така беше мрачна. По него го следеа капките крв кои капеа од неговите распарчени вени. Сите садови од масата ги струполи на подот. Повторно се врати во дневната и отвори ново шише вино.Петтото црвено шише.Петтото, а и последното. Веќе одвај гледаше, но продолжи да ја полни чашата. Цигарата пак го распространи чадот.
    Не ја ни чуствуваше болката од исечените вени, ниту пак солзите кои беа толку упорни што ни за миг не запреа. Падна на црвениот под, воздивна и ги затвори очите.Свеќата повеќе немаше сила, па и таа згасна.
    На масата се што остана беа празните шишиња, празните кутии од цигарите, стопениот восок од свеќата и празната чаша.
    А во собата останаа тој и темнината.
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    По долините на срцето

    Треперам, се плашам,
    како птицата в кафез
    ја сака слободата,
    го притискам срцето,
    а чиниш во секој миг
    ќе распукне,
    ќе се пролие врела,
    жар црвена крв.
    По долините на срцето,
    ги слушам мелодиите
    за знак на живот,
    ги слушам познатите песни,
    ги гледам познатите моменти.
    Не сакав срцето да се скрши,
    да се изгубат чувствата,
    моментите,
    деновите кои сеуште
    се наоѓаат во пазувите мои.
    Длабоко,
    длабоко и доста далеку,
    ги сокрив спомените,
    единственото богатство
    што остана за мене.
    И кога проклетата солза,
    морничава,
    тажна,
    која не знаеше за болка,
    се растркала низ образот,
    дојде до долините на срцето,
    ја зачува...
    Ја зачува да се потсеќам,
    да боли,
    да не можам да ја видам
    светлината,
    зракот,
    да не можам да го видам
    споменот...
    споменот кој полека се губи
    и да заборавам
    на тоа што беше човек
    кој искрено љуби.
     
    На psychic и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  19. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Лежам. Тука и сега во овој клаустрофобично мрачен простор. Но, се чувствувам сигурно по толку време.
    Чувствувам како очните јаболка ми се доста суви( не знам како се исушија толку брзо), кожата се собира, се испушта некој мирис на труло. Не е ништо,само мускулите на мене се распаѓаат.
    Тие што сакаа да ме стават во дрвен сандук за да ми се одмаздат им посакувам да знаат колку е убаво овде. Ни сонце те пече ни вода те поплавува. Само е малку загушливо. Неможејќи да ја носам вреќата на грбот, посакав да полетам од земјата. Морав од повисоко за поголем лет. Конечната слобода.
    Се што е убаво кратко трае.
    Нешто лази по мене. Полека и незабележливо сласно грицка делови од мене. Како може да јаде нешто толку смрдено не знам. Се чудам, зошто сите смрдиме кога ќе умреме? Зар не треба оние злобните да смрдат повеќе? Не е фер. Нигде нема правда. Ниту продавница за парфеми за мртовци. Барем сите сме рамноправни еднаш во ,,животот“.
    Грицкај и грицкај. Сласно и можеби понекаде масно. Јас сум среќна затоа што се чувствувам сигурно, знаејќи дека наскоро од мене ќе остане прашина, а тие се среќни затоа што ме нема да се борам повеќе.
    Овие црви што ме грицкаат сигурно ме обожаваат. Исто како и луѓето кои физички грицкаат што им се допаѓа. Но, луѓето знаат да бидат ментални црви. Да те лазат се додека не се одлучат каде да навлезат во тебе и споро да те уништуваат. А, не се чувствуваш безбедно. Баш напротив – сакаш слобода. Бараш слобода кај другите црви. Оние правите. Но, се е релативно. Кои се правите црви?
    Тие што отсекогаш те прателе и чекале. Тие се оние најдрагите црви. Кај што ја имаш слободата и си сигурен. Затоа летнав од високо – кој високо лета, ниско паѓа. За подалеку да сум од вас проклети лажни црви - од вас што подалеку.
    Не се труди да оставаш ружи над мене. Нивниот мирис не ми значи ништо. Трулиот мирис на леш не се покрива лесно. Не доаѓај повеќе. Не биди оној човечки црв што добронамерно ќе ме изгризе веќе оладена однадвор.
     
    На Hipica и Jule.Sk им се допаѓа ова.
  20. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Очекувам нешто попозитивно од тебе :* Инаку и ова е преубаво,има силна содржина :)
    п.с ќе продолжам да те читам :hug:
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.