Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Слични по ликот. Ликот на човек. Човек од крв и месо. Но, нешто ти не разбираш. Ма не, ти си екстремно паметно човечко суштество. Само за себе си совршен. Другите не можат да го достигнат твоето ниво на разум.
    Слични сме на изглед, а јас ти се смеам. Секогаш знам дека има некој или нешто над мене кое може да ме згази како мала мрава. Те гледам и се смеам. Ме гледаш и се смееш. Две будали. Повлекуваш и други со тебе. Една спрема повеќе будали. Јас колку што знам колективното лудило е пострашно. Затоа и не припаѓам во толпата. И не им потклекнувам на оние кои се замислуваат големи. Секој се замислува така голем иако седи во сенка, само го чека сонцето да се сврти и сенката ќе се премести. Во толпата има големо другарство – те сакам се додека имам корист од тебе. Сакаш надвор од неа? Тргни по мене и види како ми е. Сеуште се сомневам дека не си шпион на толпата. Уствари, сите се. Гледај! Гледај пролиена крв, сиромаштија и смрт. Само за потребата на елитата на која ти му служиш. Само ова се крие од тебе. отвори го и третото око и чуди се. Ако си тука, не гледаш насилство. Нема ножеви и пушки, борбата е со умот. Не се плашам дека сум различна. Единственото нешто останато не можеш да го убиеш, но можеш да го паднеш. Не се грижи, добра рамнотежа имам. Твоите идеалистички мисли кај мене не успеваат. Добро дојде во реализмот.
    Поради тоа што се борам против твоите ,,правила“, викај ме анархист. Слободно. Нема да го срамам својот род и да се кријам меѓу редовите. Јас сум самопрогласен борец и анархист. И се борам против твојата толпа. Викај како сакаш. Од тоа исто не губам рамнотежа.
    А, сега многу знаеш. Не само за мене. За се. Морам да те убијам. Или јас или тие. Моето е побезболно. Бар така велат сите кои убиваат – дека нивното е побезболно. Не е решение да останеш со мене. Пак ќе умреш. Ќе те убие совеста зад предавството.
     
    На sara.ivanova, maravillosa, Anonymous996 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    На малата принцеза
    Мрак
    Црното платно повторно го покри синилото небесно
    Тивко е
    Само стрелките на часовникот ја прекинуваат тишината бесно
    сеќавам сакаат да ме спасат.

    Глуво доба е
    А моите спасителки почнаа да се откажуваат
    застанаа и се соединија на полноќ
    Останав да го барам сама гулабот во ужасната ноќ.

    Ми замина последната надеж.
    Ме преплави тишината.
    Црнилото отвори дупка, паднав,
    негде сум замината.

    Која сум, од каде сум, каде ќе одам,
    кога мракот во срцето го водам?
    остана се во заборав.

    Зајак ми влезе во душава
    ми го стресе телото.
    Поток се всели во очиве
    ми го навлажни лицево.

    Судбината е дволична
    наеднаш ми го сврте грбот
    а тркалото на животот
    ме собори од врвот.

    А јас го гледам утрешниот ден
    црн е и стега ко фустанов мој
    но секој што со прст поќажа кон мене
    некогаш ќе го види мојот крој.

    Јас пак ќе бидам онаа старата
    за светот ќе постанам теза
    пак ќе ја кренам гордо главата
    како секоја принцеза.
     
    На blueeparadise, De-lovely, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  3. sara.ivanova

    sara.ivanova Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    zagubenata lubov

    Ветрот бесно дуваше. Лисјата ги напуштаа гранките и болно пагаа на земјата. Дождот капка по капка ги напусташе облаците, а од сонцето цел ден ни трага. Некако недостасуваше онаа сончева светлина а за топлината да не зборувам. Му фалеше па дури и сонцето да грееше и до камин да седеше. Но му фалеше таа нејзина топлина. Онаа јаката топлина. Знаеше да го загрее како цело шише коњак да испил. Да го стопли и на минус колку таму степени. Таа знаеше онака да го дрмне абе да го полуди. Таа му беше спасот, но глупаков наместо да го чува шишето џек даниелс кое вреди многу отиде за некои ефтини баделчиња. И сеа му фали онаа нејзина топлина и енергија. Е ке ти фали богами. Отиде со оние лесни фуфици и сега таа ти недостига. Аман бре. Демек таа била крива. А ти што секој ден ги провоцираше нејзините солзи? И на крај пак таа те прегрнуваше со насолзени очи. И пак ти е крива ? зошто бре? Отишла со друг. Па многу јасно. Додека ти ја расплачуваш има некој што ке ја усреки. Еве ти сега гледај ја само празната лулашка како се ниша.
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Мојата непрежалена


    Ја исцедив последната капка.
    Веќе немам во што да се удавам.
    Цела вода истекува.
    Се сушам.
    Бледилото ме прави тоа што и сум.
    Крвта бледнее.
    Немам веќе со што да ја топам маската.
    Крвта не е доволно силна.
    Водата одамна излезе од мене.
    Маската се суши.
    Паѓа.
    Бесповратно.
    Барем тука.
    Тука и сега.
    Засекогаш.
    И никогаш.
     
    На Ketrin.Moon, maravillosa, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    ...Животот е премиера, нема реприза. Тој е премногу краток, заминува в миг, затоа живеј го својот живот и бори се за своите цели. Животот нè учи на грешките, да не тагуваме по изгубеното, да не жалиме за спомените. Животот е еден и единствен. Понекогаш е суров и тежок, полн со предизвици и искушенија. Непредвидени ситуации во кои сме учесници, неми сведоци или обични смртници. Животот е како прочитан роман, но со голема разлика, во романот можеш да се вратиш на најубавата страница, а во животот не можеш да се вратиш на најубавиот ден.Животот нè учи да го сакаме она што го имаме, а не она по кое мечтаеме. Да живееме реално и вистинито, да ја откриеме смислата на животот низ среќа и радост... таа е целта на секој човек...
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Посветена.

    Ти го гледам изразот на лицето.
    Ти темнеат очите.
    Од бисерна зелена ти темнеат, налик темни маслинки.
    Те боли.Знам.
    Посегнувам по тебе.А ти по цигарите,ти ја гледам страста во очите .
    Очајна страст.
    Не се мрдаш.Стоиш.
    Тука до мене.
    Оставаш да ти ги испишам буквите од моето име.
    Да ги носиш навек.
    Некогаш постоела една јас тука.
    Палава срна со темни очи.

    Залудно.
     
    На De-lovely и Hipica им се допаѓа ова.
  7. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Терај напред,
    така било лесно,
    така не болело.
    Само напред,
    нон стоп нешто ново.

    Но никој не спомна како да не те гледам кога ќе ги заворам очите,
    никој не ми кажа како да те тргнам од мислите.
    Барам ново па ново, ама ново нема,
    одам, трчам напред, но не ми изгледа дека некаде ќе стигнам.
    Секој твој збор низ глава ми одекнува,
    баш оние што не ги слушнав сама,
    а по нив прашањето - како можеш?
    Нели еднаш бев јас таа, невината,
    таа што не грешаваше, можеби некогаш, ама поштено.
    Нели бевме ние тие, што се разбираа,
    нели бевме тие што се сакаа?
    Ама знаеш, од детски лаги не се бега,
    толку ретки а толку трајни.

    Јас одам само напред и наоѓам нешто ново,
    ти си повеќе по трчањето.
    Не боли што по различни патеки сме заминале,
    боли што не го знаеме патот за назад.
    Не се грижи ти за мене како што јас тебе те мислам,
    гледаш, веќе се имам.
    И онака.
     
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Наутро

    Наутро
    продавачот на весници
    ги издолжува рацете кон небото
    а можеби и кон некој од возачите
    што нервозно тресе пепел на семафори,
    бара вести од светот
    а не излегол подалеку од своите чевли.
    Има надеж таму горе
    кога крановите носат бетонска џунгла
    што ќе се заглави ко облак
    а не е облакодер
    децата плачат - "Не сакам во градинка"
    животот е пуштен во лер.
    Во трговските центри ги отклучуваат вратите
    и ексалаторите ем касите
    а ги заклучуваат душите и срцата
    оти се краде на големо.
    Се шмрка кафе со галони
    се трошат соништа на тони
    и никој за тоа не знае.

    телефоните праќаат мејлови
    службите ги бараат странките
    трчаат пензионери кон последниот грам сонце
    редици пред банките

    Автобусите влечат прикаски
    внатре уште мириса на вчерашниот умор
    аглите на улиците плачат за боја
    градот нема смисла за хумор


    Па си мислиш
    До каде стигнавме
    секое утро
    наместо да се будиме
    ние спиеме
    и итаме, скитаме, набрзина читаме
    набрзина јадеме
    од себеси крадеме
    и сето тоа
    почнува наутро.
     
    На blueeparadise, Domino, Babylon и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Би ти напишала тажна песна .
    За одново и одново да ме доживуваш.
    Пак ме сонуваше нели?
    Ние ќе завршиме.
    Запамети ме ваква.
    Зад секоја несоница има причина.
    Јас сум твојата.
    Ти мојата.
    Би го обвинила дождот.
    Би и го дала мојот најдраг прстен на некоја старица.

    Те гледам оддалеку.
    Свири некоја тажна песна.
    Слушам пијано.
    Претажни ноти за нас.
     
    На De-lovely, Dobie и psychic им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.084
    Пол:
    Женски
    Tемна соба,јас и спомени,
    ти -оддамна си далеку.
    Mоите очи гледаат во сенките кои го обвиваат мракот,
    надвор -само тишина.
    Jас и ти,ти или само јас...нема одговор,никаков глас.
    Oнаа љубов гори внатре ко жар што заруменува но силно распламтува.
    Oдам јас напред,а сепак чекорам назад,тивко кон иднината,
    чекорам бавно и полека ,чекорам тивко и насмеана .Kого ли залажувам јас,кој ли ќе убедам ,
    дека во моите очи не гори сјај за тебе дека живеам само за себе.
    Kо стари предмети што се фрлаат ,а јас фрлив зад себе за да најдам пред себе...
    Tрагично ,но недофатливо,толку сум твоја колку што и не сум.
    Xрабра и најсилна ,а кршлива ко гранче,
    таква ме запозна ти,таква ќе сум до крај,за тебе чука срцето мое знај.
    Чекајќи судбина,наидов на темнина-
    но душата ми е осветлена се додека постоиме ние,
    пред сите осамени а во душата споени.
     
  11. Skrshena.jas

    Skrshena.jas Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Би сакала да дадете било какво мислење во врска со мојот текст што го напишав :/

    На само 16 години талкајки, барајќи го она вистинското... Она кое повеќето го нарекуваат Љубов, полека но сигурно... запаѓам во длабока дупка... преголема за мене, полна со тага, болка, разочарување, не вистини... премногу е ова за мене! Живеење во заблуда! Полна со лажна надеж, мислејќи дека има некого на овој свет кој ќе ми се посвети само мене, некој што би можел да ме направи среќна барем за момент, да го чувствувам блиску до мене и кога не е, да ја почувствувам неговата топлина... Сето ова време, барав малку блискост, малку внимание, почит, малку љубов. Но се залудно. Сега скршена, згазена на земја, не можејќи да одам подолу, запрепастена од секој ладен бран кој ме обвивал мислејќи дека тоа е малку топлина, мал жар на вистинска љубов.
     
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Дојди вечерва

    Дојди вечерва и насмевни се
    твојата насмевка е моето разбудување од сон
    и мое апче за спиење


    Дојди вечерва но не ме мрази
    животот е тежок,и секој грешник се кае за своите гревови
    а се каам што те изгубив

    кога ми рече те мразам
    заплакав и се околу мене стана бледа слика
    која е фотографија на твојата омраза кон мене
    Таа вечер пролеав солзи колку еден монсун
    беф фуриозен и кршев се пред себе
    создадов бура која ја пролеа болката кон тебе


    Зашто ме затвори?
    Овој сокол сака да лета слободно
    А не да седи во овој љубовен кафез
    кој само ти можеш да го отклучиш
    ослободи ме љубов
    и остај ме да летам слободно кон небесниот шир


    Дојди вечерва иако е за последен пат
    не сакам да ја заборавам твојата насмевка,
    твоите очи беа моите ѕвезди
    Каде си сега заводничке
    кој го заведуваш во твојата подла игра?


    Дојди сакана моја
    иако љубовта е еден стар орман полн со прашина
    најди го дневникот во кои се запишани
    сите моменти поминати со тебе
    исчисти го
    и пронајди го моето проклето срце
    закопано и магепсано од твоите раце
    во еден храм кадешто ја нудиш
    мојата душа на боговите
    како жртва за умрената љубов
    што замре како згасната ѕвезда


    Дојди вечерва..
    Но не ми ја барај душата
    таа е проколната од тебе
    дојди..
    но не потонувај во поплавата
    од леење солзи
    Сонце мое згаснато
    љубовта не е ништо
    освен цвеќе што не е дораснато
    нека моиве зборови се твоја среќа
    зашто утре ќе се смееш
    кога ти беше во моите
    прегратки се топеше како свеќа
    [​IMG]
     
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Верувај ми
    Ноќ, по ноќ... Се лизгаат низ прстиве.
    Година по година. И секоја за себе, нова приказна.
    А оваа сегашната?
    Долгометражен филм. Хорор, драма, мистерија и романса.
    Испреплетени низ боите на мојата коса.
    Темно кафеави- за загубените пријателства и барањето на моето ЈАС.
    Па жолто-портокалови за забавите и експериментирањето.
    И црвени... Јаки, чисти црвени нијанси.
    За љубовта. За тебе и за мене.
    За она што мислев дека не го можам.
    А сум го можела, и тоа како.
    Знам тешко е ова време.
    Знам сме имале свое минато.
    Но, зарем е важно она што поминало?

    Верувај ми.
    Зошто понекогаш не верувам самата во себе
    колку во тебе...
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Рамнотежа

    Можеби сиот космос
    лежи врз смислата
    на сите наши изгубени лабела,
    клучеви од дома
    пенкала под тркалцата на канцелариските столчиња
    изедени чорапи од машината за перење
    штипки што паѓаат на настрешницата
    па кај комшијата на балкон
    сите погрешни отварања на пакувањата
    кај што пишува
    Оpen here
    а ти никогаш не отвараш таму
    а често и не бива.

    Можеби сиот космос
    тежи врз мислата
    дека сите кутии во кои чуваме стари фотографии
    се со натпис fragile
    а не знаеме дека таму сме чувале
    и ранета ластовичка
    изгубено маче
    и повредено кутре
    се надеж за нашата душа и ѓоамити мир на оној свет
    или почисто утре.

    Сета рамнотежа лежи
    во погледот на двајца кои знаат кои се
    еден на друг
    и еден со друг
    во нивните мозочни вијуги
    и срцеви комори
    таму, се’ е точно наведено и наредено
    во концепт за да бидеш раат
    и да можеш
    да си правиш перформанси
    за кој космосот
    те наградува со аплауз.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Понекогаш си седам така, а понекогаш седам и размислувам зошто нема што да правам. Но, при сето мое размислување си мислам зошто толку многу мислам на непотребни нешта. И баш ќе искрсне нешто во мојава глава, некоја мрачна и непотребна случка, што нема смисла да се осветувам на неа, а не па да се каам што сум ја направила. Па било и поминало. Не жалам за тоа што се случило, па живот иде даље. Нема по кој да тагувам и да жалам, освен за тато и мама. Зарем кога ќе ме нема некој ќе жали по мене освен моите родители? Хм, не мислам баш така. Се видело кој те сака а кој не. Се' излегува на површина, секое мрачно чувство кое го чувствуваме еден ден ќе се претвори во ламја, која ќе не' проголта сите. Кога знаеме дека еден ден ќе не' нема на овој свет, зошто себе си се исполнуваме со омраза, гнев и љубомора? Дали до крај ќе ја трпиме таа болка и ќе успееме тоа чувство да го носиме со себе? Дали е потребно да се навредуваме и да правиме разлика меѓу мене и тебе, меѓу црнци и белци, меѓу богати и сиромашни..Бог не' создал да уживаме во она што го поседуваме, но некогаш ѓаволот знае да навлезе поткожно и да ги "јаде" нашите мисли и чувства. Не, ние не сме сиромашни за леб, туку за љубов. Од љубомората произлегуваат убиствата, омразата и сета нечовечност на овој свет. Колку сме само несовесни и знаеме да го повредиме оној што многу ни значи. Па зошто тогаш се каеме? Која е целта да се извинуваш и да ја поправиш грешката, кога еднаш си ја направил и не можеш повеќе да се оправдаш? Зошто не размислуваме за нашите постапки и да изброиме до 10 пред нешто да кажеме или да направиме. Сето зло од земјата е собрано во оној кој мисли дека одмаздата е правото нешто кое треба да го направи во оној момент на кој треба да се одмазди. Без размислување луѓето убиваат, навредуваат а ни самите не се свесни колку е тоа болно. Секој го има почувствувано на своја кожа тоа гадно чувство, кое не' тера да се закопаме во земја..Некој ќе рече: "човек учи од сопствените грешки", а јас ќе речам дека оној кој во својата глава си има зацртано правење неправди никогаш нема да научи што токму значи да бидеш повреден, па дури и тоа да го има почувствувано на своја кожа. Во животот сме актери, на кој Бог ни дал одредена улога да ја играме. Ако не знаеме како да се поставиме никогаш нема да научиме што точно треба да одглумиме.
     
    На psychic и unforgettable.u им се допаѓа ова.
  16. unforgettable.u

    unforgettable.u Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    11
    Трета година по ред се наоѓаше на раскрсница- да му пише прва или не?
    Трета година, посебно на овој ден... како би реагирал? Дали со задоволство ќе ја види пораката, или пак само ќе ја игнорира,но со чувство на инфериорност дека, ете, ни по толку време таа не го заборавила? Напиша...и избриша... никако не се решаваше да кликне на send… „Дали имам право да му се мешам,после се? Можеби е среќен..мора да е среќен.“ Долго време помина, со неа е. Само неколку пати ја побара..тогаш... но јасно му даде до знаење дека не сака никогаш повеќе да го види. Иако не беше така. Се заштити сама себеси. Не веруваше во неговите чувства... дури и да веруваше, не веруваше дека тој може да се справи и да се бори за нив. Лесно потпаѓаше под туѓи влијанија....
    Стои сама во соба. Телефонот во рака. Да му пише... дури за момент и сама помисли дека треба да го погази еднаш своето его,па што сака нека биде. И така секогаш чита во романи и гледа на филмови дека гордоста е најлоша за една љубов. Можеби ја сака,а и тој е горд? И цел живот нема да дознаат колку се сакале. Нема да најдат некој со кој ќе го имаат сето она што тие го имаја. А имаја многу... ама ова не беше роман. Не беше ни филм. Беше реалност.
    Се освести кога се сети на најтешкиот период во животот. Каде беше тогаш тој? Зошто не и се јави? Тогаш осети некако дека на него му е полесно што ја нема, што седи дома меѓу четири ѕида, за он да може малку мирно да шета, без страв дека ќе се сретнат. Се плашеше од нејзината реакција. Ја сметаше за импулсивна. Таква и беше... ама само кога беше повредена. А тој често ја повредуваше. Почувствува гнев. Не можеше да се помири со фактот дека додека таа венееше,тој барем пред сите уживаше. Не можеше. Не после се што стори за него. Кога тој се бореше со своите стравови и демони,таа му беше најголема поддршка. А тој неа ја остави на цедило. Сигурно мисли и дека го мрази. Нека мисли. Никој не ја знае вистината, не мора ни тој да ја дознае. Ќе прејде преку тоа. Или ќе научи да живи со тоа...не е лесно. Ни малку лесно.
    Запали цигара, пивна од оладеното црно кафе. И се стркала солза низ образот.
    НЕ, нема да пишам... можеби догодина.... иако од се срце се надеваше дека наредната година нема ни да го запримети тој датум, длабоко во себе знаеше дека вечно ќе го памти. Ако е вистина дека вистинска љубов чувствуваш само еднаш во животот, тогаш знаеше дека нејзината дојде.. и ја испушти. :u:

    http://www.youtube.com/watch?v=0hKpILmzlW4
     
  17. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Некој како тебе.

    Некој кој чекори по исчезнати улуци.
    Ништо повеќе од тоа.
    И сонував.
    А и ти можеби.
    Безизлезност.
    И доаѓаш.Понекогаш доаѓаш.
    И јас .
    Ме чувствуваш нели.
    На чекор од тебе ,ти дишам во вратот.
    Би ти ги шепнала своите тајни.
    Би знаел само ти и ветрот.
    Далечина.
    Есен е.
    Ќе врне ноќва знаеш?
    Некој како тебе
    долги прсти
    светли очи
    тага, страст,желби,неостарливи,тага,грев,занес.

    Немав никој како тебе.Те немав тебе.
    Никој никогаш не дојде.И нема.Никогаш.
     
    На ohana, Agawa, Dobie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Меко на допир

    Доаѓа време кога
    ќе се гушнам со перницата
    и ќе замислам дека си Ти
    а меѓу нас има возови, авионски летови,
    перони, скитници, патници
    карти од светот, од градот
    има скриени солзи солени
    крокодилски
    како да не сум плачела ниеднаш.
    Доаѓа време кога
    ќе се гушнеш со перницата
    и ќе замислиш дека сум Јас,
    а меѓу мене и тебе
    има само еден обичен час
    60 минути развиен филм
    со фотографии што се движат
    "don't grow to soon"
    Приказни залепени на бротчето од хартија
    -визенрежимстресиронија-
    Ќе ја прескокнам и оваа пречка
    ќе паднам во перницата
    меко е на допир кога знам
    знам
    доаѓа време
    за Нас, Засекогаш.
     
    На Domino, Hayley и lady.N им се допаѓа ова.
  19. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Tе сонував ,тоа не беше само некој што личи на тебе.
    Tоа беше ти,би те препознала и со превез на очите.
    И во темнина.
    Mе разбираш нели,тишината не повредува.
    Kолку години минаа?До денес четири.
    Слушнав си се оженил.
    Имаш ќерка.
    И го знам името.
    Знам дека понекогаш одиш на нашето место,стоиш, вдишуваш.
    Замнуваш ти .Tе менувам јас.
    Зборував со твоето отсуство.
    Со тебе не можев ниту да останам ниту да заминам.
    Надополнета тага.
    Сонцето за нас е различно ,иако сме под исто небо.
    Се потпишувам,со само една буква.
    И солзи.
     
    На Anonymous996, Monroe и Agawa им се допаѓа ова.
  20. dence

    dence Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    Таа си создаваше болка,се повредуваше себе и го уништуваше своето срце-но никогаш не се откажа. Беше силна,храбра и верна пријателка.Имаше многу падови,газеше на трња и игли,ги помина сите бури и пак не се откажа.Понекогаш беше уморна од сето тоа,сакаше да биде среќна,но кога стануваше збор за него,нејзиниот лав во оваа проклета џунгла,таа беше спремна и последната капка крв да ја даде само за него,тогаш ќе умреше среќно,знаејќи дека тој е среќен.
    Го следеше секој негов чекор,ја следеше неговата сенка,знаеше дека тој болно и силно сака друга,но таа не се откажа.После секој негов чекор со неа,таа добиваше по еден куршум во нејзиното мало срце,и кога срцето и беше распарчено,и во последниот миг кога немаше сили да продолжи,таа пронајде мал дел нa сила и продолжи да го следи,таа не се откажа.И знаејќи дека тој сака друга,таа се надева дека некогаш и негде таа ќе биде среќна покрај него...бидејќи таа е девојката која никогаш нема да се откаже.