Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. dence

    dence Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    Ти си личноста за која постојам,ти си личноста поради која живеам-јас сум личноста која ќе биде секогаш тука за тебе.
    Кога во својот живот ќе имаш еден куп проблеми-знај дека ќе бидам со тебе заедно да се соочиме со нив.
    Кога ќе се чуствуваш беспомошен во овој свет исполнет со омраза-ќе ти ја подарам сета моја помош.
    Кога ќе бидеш вознемирен-ќе бидам таа која ќе те смирува.
    Кога ќе имаш скршено срце-ќе ти помогнам да го залепиме,и ќе бидам со тебе,да ти пружам љубов и да те сакам.
    Кога ќе почне да врне дожд од твоите очи,кога ветрови и бури ќе те нападнат и кога ќе тe опкружи студ-ќе бидам со тебе да ја собирам секоја капка роса од твоите очи и да ти пружам топлина.
    Кога ќе бидеш длабоко ранет и обесхрабрен-ќе бидам докторот кој ќе те охрабрува и ќе помогне ранате да зарасне само за миг.
    Кога овој свет од несвесни луѓе ќе те разочара-ќе ја пуштам нашата омилена песна и ќе те замолам за танц,барем да те развеселам за момент.
    Кога ќе бидеш изгубен во лавиринтот на тагата-ќе се потрудам да го пронадеме патот кон среќата.
    Кога твоето срце ќе биде опкружено со лед-ќе бидам таму да го скршам ледот.
    Кога некогаш ќе бидеш прогласен за виновен-ќе бидам со тебе и ќе пронајдам решение да те ослободам,а тогаш заедно ќе ја делиме слободата.
    Кога ќе се чустуваш грозно,ќе бидам со тебе да те исполнам со среќа.
    Кога ќе се чуствуваш немоќен,сета моја моќ ке ти ја пренесам тебе,бидејќи кога си моќен ти,јас сум безбедна покрај тебе.
    А кога деновите ќе ти минуваат во радост,кога ќе уживаш со насмевка на лицето,ќе бидам самовила која ќе се смее поради тебе.
    И свати дека секоја твоја солза-ме боли и мене,секоја твоја насмевка-ме насмевнува и мене.
    Ако плачеш ти-ќе плачам со тебе,ако се смееш ти-ќе се смеам со тебе.
    И ВО ДОБРО И ЗЛО,ЗНАЈ ДЕКА ЈАС СУМ СЕКОГАШ ТУКА ЗА ТЕБЕ.
     
  2. martinagj

    martinagj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Сакам да го вратам времето назад, да ги повратам сите оние зборови изговорени во стадиум на бес. Сакам да им кажам на сите колку ми значат, за прв пат да проодам под сјајното сонце без никаква маска на лицето и со целосна и отворена искреност. Не сакам повеќе да се кријам , сакам јас повторно да бидам јас.
    Но,ме нема. Ова не е реалноста , загубена сум во чудно искреиран сон. Сепак,знам дека не е сон. Го чувствувам тоа во срцево кое трепери, на мојата наежена кожа, во стравот што ми ги шири зениците , чувството на страв кое ме парализира и ми забранува да чекорам напред. Само што напред не постои.
     
  3. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Го сакам начинот на кој се движиш низ моите вени.
    Остани со мене оваа есен ,потоа ќе се разделиме.
    Подари ми разделба.
    Прифаќам.Неотворен подарок.На десната рака.
    Стојам зад твојата осаменост.
    Пушти ме.
    Одново тага.
    Грешиме заедно.
    Сиви соништа.

    Нови фотографии.
    Умор.
    Соништа.
    Реалност.
    Адреси.
    Денови.Минати.
    Црн плик.
    После 4 години.
    Прстен, во облик на бесконечност.
    Знам дека си ти.
     
    На Monroe и psychic им се допаѓа ова.
  4. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Ми студи. Ладна пот тече по мене. Не ги чувствувам рацете и нозете. Во главата имам рингишпил. Имам грутка која не ми дава да дишам. Потоа не знам. Не паметам повеќе.
    Кој знае кој е крив што сум ваква? Можеби ,,воспитување“ или ,,нормално“ општество? Можеби трите наречници. Колку само ја мразам едната – кога и велам да ја пресече нишката на животот, таа не сака. Доста ми е од животот. Не можам повеќе да живеам во страв и исчекување. Не е спас во зачмајување во мртва темница и размислување. Само повеќе се гризам себе.
    Во темнината сфатив дека го прекршив мојот збор. Зборот положен на заклетва пред умот и разумот. А, сепак доволно сум уште свесна да знам што ми е. Сронив мал непостоечки одблесок. Зошто само разислувам? Не сакам. Така е кога ќе ја доживееш одмаздата на умот поради скршена заклетва. Доволно сум силна сеуште лажно да се смеам. Пред другите, но најмногу пред себе. Ми треба само трпение. Се поминува. Не можам да го забрзам времето. Некогаш се ќе биде во ред. Некогаш. Не сега.
    Лутам низ темни улици како скитник само обидувајќи се да се доведам во еден правец. Бегам подалеку од онаа гужва. Зошто ќе ми е? Само повеќе се губам кога тие се пронаоѓаат. Постоеше едно време кога не знаев што реално мислам. Како натаму. И подобро беше. Сега ми е јасно. Јасно ми е дека немам трпение.
    Можеш да ми простиш? Само не сакам чудовиштето од мене, како последната сила на смртно ранет воин желен за одмазда, да го видиш. Но, тоа е само омраза. Чиста како солза, која врие и татни со години. Не, не е кон тебе. Реков дека сум изгубена. Се губам во секој збор и секоја реченица. Стануваат како да немаат значење веќе. Влечам и други во своето пропаѓање. Направив тоа што ме натера ,,умот“ да го исполнам. Жал ми е за пребледеното, болно бледо лице и гледањето во темнина за да ги прикријам залепените водени трепки. Погледот во небото секогаш е тука. Од него ние не градиме ништо, но тоа има составено се. Ѕидар со секакви замени за нашите добропознати летви и бетон. Не знам што излезе во оние неколку секунди. Само се грижам да не излезе болката.
    Свесна сум дека пред времето не можам да стигнам. Всушност, само разумот го сфаќа тоа. Срцето реши да го брка и да испокине се што ќе му се најде на патот во трката да го победи времето. Да го удри и да не погледнува назад. Така и направи, единствената препрека лежеше на подот во темница. Изгубена во себе.

    Потоа, се отпочеток.
     
    На martinagj и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  5. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Слушнав тажна приказна.
    Љубовна
    И за нас ќе раскажуваат.
    А други ќе слушаат.

    И ќе ме прашаш зошто повторно
    повторно пишувам тажни приказни
    И никогаш нема да ти одговорам
    а секогаш ќе знаеш.

    Кога си тука тагата е реална
    Кога не си ,исто.

    Имам слаби соништа.
    Избледени.
    Дефинирај ме како опсесивна тага.

    Не, не си виновен ти.
    Судбината е.
     
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.784
    Допаѓања:
    169.650
    Пол:
    Женски
    Неперфектната јас: Спомени.
    Mирисот на морските бранови, солениот вкус на водата и оформените песочни замоци враќаат назад од каде што сме почнале. Одам по меката песок, се наоѓа и по некое мало, кристално камче кое застанува меѓу прстите и тогаш седнувам долу и го држам. Личи на тоа малото, исто сосема исто кое ми го извади од водата ми ме праша дали е убаво. Беше прекраасно. Сега легнав на песокта и почнав да разгледувам на околу. Кај тоа дрво беше мојот прв бакнеж. Сигурно сеуште седи резбата од нашите имиња. Брзо станав и се втрчав. Беше таму, малку оштетена од сите временски непогоди кои ги начекале, но сепак пишеше со јасни и големи букви „Изабела ♥ Оливер“. Погледнав кон забрануваното море. Се сетив на таа година кога заедно скокавме низ брановите и се смеевме. Беше најубавото лето во мојот живот.
    Често лежам на креветот и гледам во сликите кои ги имам сечено, горено и лепено во мојот дневник. Секоја слика за себе има спомен. За некој тоа е само една слика залепена и по малку оштетена на страниците, но за мене … кога ќе ја видам – ја гледам целата историја.
    Мирисот на свежно печено кафе е мирисот кој ме враќа во детството кога ќе застанев покрај него и само ќе напирисав додека чекав мама да купи. Бев среќно дете кое го обожуваше тој мирис. Кога врвевме низ гратскиот пазар со мојата мајка и само го осетев мирисот на кафето прашував дали ќе купиме и мама одговараше позитивно. И таа го сакаше тој мирис.
    Велат немојте да гледате назад туку гледајте само напред, но ако не знаеме од каде потекнува, ќе знаеме ли каде одиме? Спомените се најспакоценото нешто кое го поседуваме и тоа се тие што не прават свои, посебни, а не само една ДНК која определува кои сме или отпечатокот на прстите. Спомените се тие кое не прават да се вратиме во деновите кога сме се чувствувале најсреќни.
    Секогаш го помниме првиот пат од било која работа која сме ја направиле зошто била прва, била специјална, била необична, барем за прв пат, чувствуваш како да е необична, но како што врви времето сфаќаш дека едноставно работата е сосем нормална, но таа возбуда која си ја почувствувал првиот пат е таа која не се забрава и го гради споменот.
    Првото братче/сестриче, првото запче, првиот збор, првиот чекор, првиот роденден, првиот ден на училиште, првиот пријател, првата симпатија, првата љубов, првиот бакнеж, првиот ден средно, првата екскурзија, првото водење љубов, првото работно искуство, првото дете и истите спомени за себе – сега за со сосема ново доживување.
    Моите моментални чувства можеби се сменале кон одредени индивидуи, но спомените кон нив ни малку.
    Се сеќавте ли на вашиот најдобар поранешен пријател? Се сеќавате ли на сите тие прекрасни мига поминати заедно? Се сеќавате на моментот кога ве предаде и напушти? Кога направи да се чувстувате полошо и победно од самите нив? Се сеќавате ли кога дознавте дека цело време ви работел зад грб и дека ве предал? А се сеќавате ли кога ги престанавте сите контакти само за се` да се расчисти? …. Се сеќавате ли кога повторно го/ ја видовте после речиси неколку години?
    Се сеќавате ли на вашиот прв партнер? Се сеќавате ли на вашите спомени со него/неа? Прекрасни спомени, моменти кои никогаш не сакавте за заминат, но сега ги нема. А се сеќавате ли како сето тоа заврши? Како сето тоа се сруши … како сето тоа пропадна … ? Како се` се распадна и никогаш веќе не се поправи? Се сеќавате ли на болката која ја почувствувате?
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  7. martinagj

    martinagj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Отсутно гледав низ отворениот прозорец кон езерото во близина , немарно држејќи ја белата шолја со кафе во десната рака. Сонцето изгреваше, небото ја имаше таа неодоливо румена боја. Играта на светлината се преточуваше во повремените бранови на езерото кои ги чувствував како свои. Се напив една голтка од кафето кое ми се чинеше погорко од кога и да е и покрај двете лажички шеќер. Можеби едноставно ,таков е вкусот на поразот !?
    Го оставив филџанот на дрвената маса до прозорецот и се вратив на таа игра на светлина и чувството на празнина. Се прашував дали и тој ја гледа оваа величествена бура од бои ,дали е восхитен или станал рамнодушен. Се сеќавам на оној ден кога заедно го гледавме изгрејсонцето седнати на балконот, јас во неговата прегратка прекриена со ќебе. И тогаш на неговото лице ја гледав таа восхитеност и најубава насмевка. Иако не помина многу оттогаш мене ми се чини дека тоа се случило во некој друг живот. А сепак, сеуште ги гледам истите бои, го чувствувам тоа наивно треперење и тој благ поглед кој некогаш го обожавав. Мирисот на цимет кои се шири од некаде во близина дополнително ме потсетува на него, на неговата омиелна штрудла со јаболка и цимет која често ја делевме. За миг ги затворам очите, опиена од моќта на бои која се шири во езерото, од мирисот на љубовта , од сите спомени кои сфаќам дека секогаш биле тука покрај мене колку и да се обидувам да ги негирам.
     
  8. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Уште едно утро. Полека избирам една од маските кои висат на ѕидот. Најчесто ја избирам онаа дванесеттата.
    Нов ден, нова монотонија. Еден лик. Општеството е сурово. Судија кој те осудува на доживотна робија без помилување по нестандарден закон. Оди каде сакаш, но од социјалниот чекан на правдата не се бега.
    Истата перика, ист лик. Секогаш. Веќе ми е сеедно дали ќе ме чукаат врз глава. Пред мене е руинирано, а зад мене опустошено. И подот чекам да се сруши. Кога – тогаш. Или тој ќе се сруши или јас ќе висам над него. Подобар поглед. Друг избор нема. Само таванот да не ми се сруши во тој момент.
    Гени? Не.
    Не ја избрав оваа судбина. Кој знае дали таа ме направи вака или некаков заплет од ,,случајности“. Како и да е, немам одговор. Јас сум нејзин роб. И роб на судиите. И најважно, роб на сопствената психа. Но, робот е најсуров господар.
    Ноќта паѓа. Полека паѓа и маската. Во црната темнина останува внатрешноста, онаква каква што и всушност е. Решив полека да ја извадам. Морам полека. Не сакам да се скрши. Сепак, со нејзино присилно вадење во денот таа се уништува. Веќе е напукната. А, не, немам повеќе сила да раѓам нова. Ја кршиш – докрши ја. Докрши ме.
    Можеби и јас сум крива. Многу ја истопив. Не можеби, туку сигурно.
    Застанав пред огледалото. Полека ја извадов маската. Малата пукнатина се прошири. Невидливо малку. Но, се чувствува. Бар јас ја чувствувам. Сеедно ми е. Нема да ми треба уште многу долго. Погледот се сретна со огледалото. Нема одраз. Само карбонатен скелет. Суви и пожолтени коски. Полека ја навлекувам црната наметка. Во последно време ми е некако и широка. Го зедов долгиот стап со остар, заоблен крај. Одмаздата почнува. Ден за ден. Еден по еден. Пак сум добра. Сечам во сон. Никогаш не бев комплетен роб за да бидам толку сурова.

    Ништо не постои. Ништо не е реално. Сеедно е. Се е исто на крај.
     
    На theowndemon и martinagj им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.784
    Допаѓања:
    169.650
    Пол:
    Женски
    Само момент.
    Имаше моменти кога се плашев и од сопствената сенка,
    моменти кога неможев да совладам ни една скала
    зошто надежта ми се претураше како грст пченка,
    но што можев кога бев толку мала?
    Никогаш не бев способна да направам ни еден, најмал чекор
    зошто ме пратеше сенката на неизвесноста и секој искажан прекор.
    Кој би рекол дека за успех ти треба само среќа
    кога наградата е сосема празна, испразнета вреќа.


    Бездна на лаги.
    Тешко е зошто треба да се осмелам да судам,
    тоа е што ми велат дека треба да правам,
    јас никако од тој сон не се будам,
    триумф над обичните луѓе славам.
    Не сум веќе таа невина слатка мала,
    сега на животот му пристапувам како на шала.
    Уште некој чекор и ќе паднам во бездната на лагите
    - местото на кое ќе ми се губат трагите.
     
    На psychic и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Беше премногу млада. Чиста како планинска роса. Се смееше, блескаше, но не знаеше за љубовта. Не знаеше да љуби додека не се појави тој. Тој и го украде срцето со својот шарм. Беше навикнат тој на флертување, стари финти. И кажуваше убави работи, ја засмејуваше и страсно ја љубеше, како и секоја друга, но таа го сакаше. Тој не. Му беше играчка. Нежно цветче на кое му треба заштита. Му даваше нежности и го љубеше таа, на свој начин, наивен. Му го даде најсветото нешто за една девојка, нејзината невиност.
    Од тогаш се се промени. Тој веќе не беше истиот со старите финти. Ја навреди, таа му прости. Тој го стори тоа повторно и повторно. Беше уморна. Замина без збор, со само една длабока воздишка. И беше тешко. Пишуваше, патуваше и се обидуваше да живее без него. И беше тешко, но се навикна. Беше посилна од порано
    и не дозволи некој да ја повреди како што му дозволи нему. А, тој. Секоја вечер заспиваше со нејзиниот лик, му одѕвонуваше нејзиниот мил глас, нејзините нежни насмевки се повеќе му недостасуваа. Ги немаше повеќе нејзините детски желби и фантазирања. Се покаја. И тој ја сакаше, но не знаеше како да се носи со тоа, бидејќи тој имаше гордост. Гордост која не му дозволи да и каже колку ја сака. Затоа ја изгуби.
    И беше проколнат. Во секоја ја гледаше неа, нејзините очи. Се излажа бидејќи мислеше дека не ја сака и дозволи да ја изгуби затоа сега се носеше со својот грев.
    [​IMG]
     
    На Tori1 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Во преполна 22ка

    Недела навечер
    замира Скопје
    облекува некоја луда ноќница
    и си ги скрива соништата
    Во чекањето автобус
    има нешто неодредено,
    незадоволство што доцнат
    радост што ќе може да се испуши барем една цигара.
    Еве ја доаѓа.
    (а јас се враќам од работа
    и што ако е недела
    Бог не ти дава дневница)
    Влегувам, како сардина
    сплескувам нечии лакти
    задници и грбови
    се движам како да ме нема
    и набљудувам.
    Студенти, уморни и морни
    а во очите, надежи и дијалекти
    торби преку глава
    преполни јазици и мечти
    кутии со "да се најде"
    ќесиња со ајвар и спакувани сништа.
    Гледам, некој си ја понел и гитарата
    да може и во овој град да сонува.
    Лап топ во навезена торба
    ранци со животна чорба.
    Се гмечиме, сите
    оти недела е оној миг на збиранка
    кога Македонија се збива
    во една површина
    Во преполн автобус.
    22ка

    Колку возраста можеби
    на сите тие студенти
    иднината
    на оваа зезната држава.
     
    На blueeparadise, Hipica, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Во далечни простори
    Мислата е како пеперутка,
    доаѓа и заминува...
    Сонцето го испушта последниот поглед
    и заминува на далечен пат...
    Зошто плачот во душава
    не ми дава мир?
    Да,ветрот ми ја разнесе бушавата коса
    низ воздухот...
    Тагата пееше заедно со тишината
    во далечината ми шетаа мислите...
    [​IMG]
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.784
    Допаѓања:
    169.650
    Пол:
    Женски
    Секое дете има свој сон, мечтае за секој нов момент, за секој нов чекор. Секоја работа е толку нова, толку магична околу него. Се обидува да направи чекори, магични чекори кон бездната на вистината во вистинско време и на вистинско место. Толку невино и наивно детство, толку магично …
    Имаше деца кои сонуваа да бидат доктори, сообраќајци па дури и … ѓубреџии. Имаше деца кои сонуваа за како брзо ќе се возат во колата, а други кои се бореа за првата најневина љубов во нивниот живот. Ах таа прва љубов, толку невина, толку наивна и убава. Уживав во секој момент од неа. Сеуште се сеќавам на тие локни, на тие очи. Ме опиваа, за првиот пат во мојот живот го имав тоа чувство, толку прекрасно, толку магично. Чувство на тотална рамнотежа, благосостојба и хармоничност. Беше прекрасно, беше дел од животот кој не би сакал да го заборавам ни за илјада години. Првата љубов, првата играчка, првото запче, првото братче, што има поубаво од тоа да си дете? Да ги имаш сите тие спомени кои вријат низ твојата крв и низ твојата меморија? Што има поубаво од тоа да си најневиното суштество на кое сите ќе се восхитуваат сите и велат „Ах какво момче ќе биди ова. Ах види ја таа убавина.“.
    Потоа полека растев, полека го гледав оној свет во кој сакав да влезам на моите најмали години. Тогаш сакав да пораснам и да ја видам убавината на поголемиот свет, но што видов? Поголеми хоризонти и проблеми, ништо повеќе, апсолутно ништо. Празнина, темнина, свет кој треба да го креирам сам, па и почнав.
    Нова љубов, прв бакнеж, прва девојка … повисока оценка, повеќе знаење. Растев и бев се` подобар и подобар во мојата работа, бев она што сакав да бидам уште од оние најмали години, од оние најмали нозе, но сепак тука е таа голема искра која вели „Сакам пак да сум дете“, најневината и најнаивната работа на целиот свет, па кој не би сакал? :$
    *Овој текст е нарачка, во случајов за мој пријател. :inlove:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Ние сме двајца
    седнати во различни возови
    малку по малку се оддалечуваме
    разделени
    додека дишеме
    се губиме
    ја сакаш ноќта
    јас месечината
    се надополнуваме
    дозволи ми да избледам
    и конечно запамети ме
    раскажи некому
    за мене
    во некоја темна ноќ
    да знае и некој друг
    освен оваа доцна есен.
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Сте заборавиле дека некогаш сте биле среќни....
    Деновите се долги и топли, а јас не го штедам времето сакам што пробзо да помине, да дојде крајот за да мрзеливо стасам дома и во расфраланиот кревет да лежам и да се препуштам на мечтите. Ова мое секојдневно однесување ме обзема се повеќе, речиси друго и ништо не правам само се препуштам на мечтите додека да ме совлада благиот умор за да можам да заспијам. А ноќите се тажни и ладни, само ладниот ветер ми прави друштво, а потоа заспивам и се надевам дека наредното утро ќе биде подобро. А утрата, утрата се тешки и напорни, зошто ме чека уште еден ден на борба со најголемиот непријател јас моето големо его јас. И така минувајќи овие монотони денови јас заборавив дека некогаш бев среќна, дека трчав слободно до секое место, се радував на новиот ден, го вдишував утринскиот ладен воздух како најубава арома, ги прифаќав предизвиците како најхрабар воин, го живеев животот најдобро што можев. А сега се прашувам кој ми ги украде радостите на животот, но одговорот ми е повеќе од јасен, јас само јас си ги украдов и ги закопав длабоко во мене, зошто дозволив да ме облее монотонијата на црно белиот живот, живот без бои и радост.
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.784
    Допаѓања:
    169.650
    Пол:
    Женски
    „Мала и безгрижна, како и секое дете. Обожував свет во илјада бои, свет во кој се` беше прекрасно, безпрекорно убаво и чисто и без трага на предавство, без трага на неверство. Свет во кој не се знаеше дека постои зло, туку свет во кој се знаеше само она најбитното – љубовта. Љубовта кон работите, кон пријателите, кон фамилијата. Секогаш сакав да бидам некој и нешто. Сакав да бидам позната и препознаена на улица. Бев малата балерина на мама, принцезата на тато. Бев нивно единствено дете па да, одев на балет, на часови по глума и пиано. Учев во приватно училиште. Немав многу пријатели и многу често единствен пријател кој ќе го имав беше мојата кукла од детството и ќерката на куќната помошничка. Немав време за повеќе. Секој ден гледав да се усовршам повеќе и повеќе и се надевав дека еден ден ќе бидам некој и нешто.
    Господинот Вотсон, млад и отмен. Кратка, средена црна коса и блескави црни очи. Доста блед, но со црвено носе. Тоа беше мојот професор по драма. Ми кажа дека сум талентирана и дека сака да ме земи за неколку драми кои ќе се играат во гратскиот театар. Јас ги имав главните улоги. Беше фантастично. Уште од самото излегување од театарот, сите ме препознаваа, сите знаеа која сум. Сите покажуваа кон мене и потоа доаѓаа да ми кажат колку добро сум извела.“

    - Нина Понд.
    „Нина Понд беше навистина талентирано девојче. Секогаш се воодушевував на нејзиниот талент. Како директор на театарот, од господинот Вотсон постојано барав Нина да дојди во некоја нова претстава. Ме прашуваа каде е, дали ќе дојди тоа мало девојче од претставата која беше одиграна пред една седмица. Ја освои публиката.“

    - Господинот Џонсон.

    Тоа беше само уште еден есенски ден, доцна есен. Лисјата речиси цели испопаѓале на подот на водените, празни улици во Лондон. Секој внимателно го носеше својот чадор зошто никогаш не се знаеше кога облаците ќе заплачат над овој темен град. Колите беа сеуште водени од дождот од претходниот ден, а сега беше веќе ново утро. Сонцето речиси и не се гледаше. Кога ќе поминеше некој врз темниот асвалт можеше да почувствува како водата шлапка под неговите нозе. Немаше каде да оди.
    Беше сеуште рано за некој да прави нешто, но тука беше Нина која брзаше кон театарот. Одеше и мислеше зошто Господин Џонсон ја повика толку рано на утро. Можеби некоја нова претстава, но не … тоа беше невозможно, јасно му нагласи дека нема да можи зошто сега е сезоната на тестовите. Иташе кон театарот и со цела сила ги повлече тешките врати навнатре и трчајќи по скалите нагоре се лизна, но се задржа на оградата. „Внимавај девојче, водено е.“ рече некоја господин, а Нина брзо возврати „Во ред е, не грижете се.“. Беше многу културна и оддаваше многу почит особено кон старите и немоќни лица.
    Да одеше на некое друго место ќе брзаше, но пред врата би се одморила внатре само за да не изгледа лошо, но Господин Џонсон беше речиси нејзин пријател. Ја знаеше во било кое светло. Брзо влезе низ вратата, без да тропни, а внатре имаше непознати лица. „Извинете … Извинете ако попре…“ беше прекината, а низ секој збор правеше пауза.
    „Воопшто не попречувате госпоѓице Понд.“ се насмевна Господин Џонсон. Беше очигледно дека мора да ги држат формалностите пред тие луѓе, кои и да беа тие луѓе. „Ве молам седнете и одморете се`“ покажа тој кон празната фотелја и Нина брзо седна на неа.
    И` требаше малку време за да се соземи „И се извинувам што доцнам.“ рече кратко. Знаеше дека господинот Џонсон не сака долги објаснувања. Тој само климна со главата. Беше целосна тишина. Многу очигледно тој сакаше таа да почни да прашува што се случува. „Се извинувам, а за што ме повикавте?“ праша збунето.
    Двата мажи беа високи, добро градени, а едниот беше поситен и носеше свечено одело. „Обезбедувањето и господинот“ помисли Нина.
    „Зар не и` кажавте?“ господинот со прилично побелена коса праша насмевнувајќи се кон Господин Џонсон.
    Господин Џонсон се насмевна исто така кон Господинот нервозно местејќи ја вратоврската. „Сакав да биди изненадување.“
    „Ако смеам да ја имам честа јас да и` соопштам на младата госпоѓица.“
    „Се разбира“
    Нина само збунето гледаше, де во едниот де во другиот. Што ли се случуваше?
    Господинот благо се накашла и се сврти кон Нина. „Јас сум Метју Смит, режисер.“ рече смирено „Имаме мини-филм од пола час и ни требаат талентирани актери. Како вреден предлог ве добивме вас и се надеваме дека ќе ја прифатите нашата понуда.“
    Затрепка пред него. „Вие сакате да бидам во вашиот мини-филм?“ запраша збунето.
    „Ве молам не испуштајте ја оваа понуда.“
    Подоцна Нина разговараше и со Господин Џонсон. Тој добро и` објасни дека оваа понуда не е за пропуштање и дека учењето мора да почека, исто така и балетот и пианото. Постојано и` спомнуваше дека после тој мини филм ќе добива повеќе понуди, дека ќе стани актерка, дека ќе биди некој и нешто, она за што Нина постојано сонуваше.

    Дојде и денот за снимањето. Нина ги имаше првите неколку сцени од филмот. Таа сметаше дека тоа е мала улога, но сепак вредна за нејзината иднина. Сепак милиони луѓе ќе го гледаа тоа видео, а во него, на самиот почеток ја имаше Нина.
    Кога влезе во салата наиде на соба, со излупени и испукани ѕидови. Да, тоа најверојатно беше за нејзиниот дел од улогата. Ја облече белата ноќница и седна во самиот ќош на двата ѕида. Во рацете држеше мало, темно кафено мече на кое петлицата од левото око висеше надолу, а десното уво му беше каснато. Подот беше шаховски, а пред неа имаше балерина која се вртеше во круг и произведуваше чуден звук. Таа требаше да гледа во таа балерина.

    „Веќе почна да се снима, а јас не знаев … Не бев свесна што се случува, зошто ова морам да го правам. Каква улога беше ова, но морав да постапам како професионалец и да ја вршам мојата работа. Велев дека тоа е најдобриот ден во мојот живот.“

    - Нина Понд.
    Полека почна да се слуша слаб звук на нишалки кои крцкаа. Звукот стануваше по интензивен и поинтензивен, а Нина гледаше бездушно во балерината и со едната рака полека го галеше мечето. Додека го галеше, полека го тргна скоро изваденото петличе од левото око на мечето и го фрли пред неа.
    Забележува дека има огледало и оди кон него. Во него гледа, а тоа не рефлектира назад, со раката допира во него и паѓа на земја.

    „Постојано се прашував зошто кога ми дадоа да гледам како изгледа, мојот лик не се појавуваше на огледалото. Кога снимав, таму беше, но сега, кога го уредуваа, мојот отсјај – го тргнаа. Просто неможев да знаам зошто, зошто … ?!“

    - Нина Понд.
    Додека е на подот, мистериозно момче со златна маска и темна наметка врз него, ја влечка низ подот и надвор од сцената. Толку. Сите аплаудираат и Нина е задоволна од својот успех. Полека се повлекува и шета зад сцената.
    Брзо низ шаховскиот ходник, разгледува и се обидува да најди огледало за да ја поправи шминката. Мораше да е тука некаде, го виде кога влегуваше. Го најде. На црно белиот ѕид на кои боите беа наредени една врз друга, а подот беше шаховски, се наоѓаше едно големо огледало.
    Застана пред огледалото и почна да ја место својата шминка. Почна да слуша чудни звуци и се прашуваше од каде, но по извесен период почна да ги игнорира и продолжи да ја поправа својата шминка. Во еден момент се слушна голем удар и таа се наоѓаше на подот прекриена во срчи.
    Повторно се буди во болничкиот кревет. До неа седи момчето кое ја носеше златната маска во мини филмот. Тој ја држи раката. Господин Смит седи пред вратата од надвор и слуша крик. „Работата е готова.“ тивко мрмори и заминува.
    На следната работа што Нина се сеќава е болка и темнина. Толку длабока и сурова болка. Како смееше? Како смееше? Ова не беше животот за кој таа сонуваше. Седи на болничкиот кревет, отсутно гледа во ѕидот пред неа. Болничката облека е облеана во крв, а момчето и` дава русокоса кукла без лево око која Нина ја гушка без да воопшто ја види. Над нејзиниот кревет стои глава од бафало, а до неа седи истата балерина од сцената и го произведува истиот звук како и во мини филмот. Гледаше како на некое продолжение на тој мини филм, но тоа беше суровата реалност која Нина ја проживауваше. Нејзината кукла со руса коса е исто така крвата поради самата Нина.
    Мистериозното момче со влажно марамче ги бриши првавите прсти од десната рака. Се упатува кон вратата и ја гасни стујата. Собата е во потполна темница. Излегува од собата, а Нина останува сосема сама во апсолутна темница.

    „Ова не беше животот кој го сакав, но не смеам да зборувам за него. Не смеам да зборувам за тој ѕвер. Ова не беше животот кој го сакав, ова не беше животот кој го сакав … “

    - Нина Понд.

    ^Кратка приказна е, не како текстовите порано што ги имам поставено тука. ;)
     
  17. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Некогаш луѓето премногу се надеваат, но на крај сето тоа резултира со неверност, затоа што премногу биле убедени дека еден ден ќе се оствари она по што мечтаат. За мене сите мислат дека сум човек-песимист, кој нема никаква надеж за иднината, кој не знае да ги цени убавините на животот, но тие луѓе никогаш не сватиле дека кога премногу се надеваш,премногу очекуваш на крај премногу ќе се разочараш. Јас сум само човек кој ја гледа реалноста на животот, кој знае да мечтае но во границите на реалноста и она што може да се оствари. Не сум песимист, не сум ни оптимист, јас сум само зрнце во песок кое знае дека над мене има поголеми вредности кои можеби еден ден ќе ме погазат. Реалист сум и знам дека песокот не може да биде карпа. Значи не може човек да биде она што не може да биде. Некогаш многу луѓе ме гледаат чудно и се однесуваат кон мене како да сум личност кој не знае да ужива во животот, кој не се дружи со другите, не знае да се забавува и не знае да ги искористи убавите моменти кои ми ги пружи животот. Јас едноставно се грижам за својата иднина, понекогаш знам и да се дистанцирам од сегашноста и гледам инфериорност. И да, тогаш се задлабочувам со моите мисли во иднината за која не очекувам да биде многу сјајна, колку што сум сјајна и самата јас. Ете, пак гледам во реалноста, пак сум во допир со земјата, а не летам во облаците. Знам да бидам многу строга кон себе кога е во прашање мојот живот, слободното време, излегувањето во кафулина..Луѓето знаат некогаш да бидат сурови спрема другите, не се задоволни со тоа што го имаат и посакуваат да биде како на филмовите, но никогаш не се запрашале како им е на оние кои немаат пари да купат леб за да ги нахранат гладните души, оние кои немаат што да облечат, оние кои се тресат во некој мрачен сокак, немајќи каде да се сокријат. Зошто барем еднаш не помислат дека НАВИСТИНА постојат такви луѓе, кои освен љубов немаат ништо друго? А ние, пак, кои имаме се’ немаме ни трошка љубов да подариме некому, немаме однос, ни култура, ниту пак се сакаме себе си. Ние сме тие суровите на овој свет, кои не знаеме како да ги потрошиме парите и на што, додека некој поради тие пари јаде трошки. Зошто луѓето не помислат дека Бог не’ создал сите да живееме во заедница, да бидеме едно, а не да се преценуваме себе си зошто мислиме дека сме најубави и најпаметни. Зошто секој тинејџер, па и секој постар човек на фејсбук објавува слики како јаде во ресторан, како пие кафе, каква облека носи, каква козметика има, каков имиџ има..Зар е тоа важно, кога нема ни малку љубов во таквите? Зар е важно тоа што имаат се’ освен љубов не? Зар забораваме што е тоа среќа, и дека на некој тоа му фали? Зарем воопшто тоа не се размислува..
     
    На Tori1 и psychic им се допаѓа ова.
  18. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    (пишувана со посвета, по фибоначиева низа) :D

    Љубов.
    Две крајности.
    Две исти личности.
    Долга игра во бескрајно време.
    Среќа и тага, живот и смрт, нов крај.
    И мракот е најголем (не)пријател.
    Игра на очекување.
    Лажна надеж.
    Пад.
    Длабока јама.
    Повторно циклусно повторување.
    Надеж за негирање на прекогницијата.
    Секој ден добивам и губам желба за продолжеток.
    Благодарам за внатрешното слатко убиство.
    Да те мразам.
    Последна желба.
    Невозможно.
    Твоја марионета.
    Свесна, а пијана.
    Послабиот тука ги трга конците.
    Смрт и погреб, кревање и живот, две крајности.
    Тркалото и животот се вртат.
    Залог до крај.
    Можеби бесконечна желба.
    Проклета силна емоција.
    Константно исчекување.
    Константна депресија.
    Конечна смрт.
    Грижа.
    Пак не разбираш.
    Сигурна несигурност.
    12 секунди ужасно безбедна агонија.
    Или бар тоа јас го почувстував, оптичка илузија.
    Преголема интелегенција, премала реална среќа.
    Закон – обратна пропорционалност.
    Сакам, а се уништувам себе.
    Нема смисла.
    Бесцелност.
    Безизлезен гроб.
    Сеуште ќе чекам.
    Сеуште мислам дека ќе се надевам.
    Ти, ти ништо не знаеш.
    Никогаш и нема.
    Ќе пропаѓам.
    Бар засега.
    Се е исто.
    Се завршува исто.
    Те сакам.
    Смрт.
     
    На hellowooorld, martinagj, Oki777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    ...

    Ќе ти напишам зборови ноќва
    рани од тага
    рани од песна
    од далечина се умира
    од љубов исто
    треба да одам
    овој пат сосема
    на оваа љубов
    и препишав безброј имиња
    ниедно ,среќа
    јас и ти сме ликови
    и одново странци
    кои се губат и наоѓаат
    во некои чудни ноќи
    мирисам на тага
    и на некои идни времиња
    кои ќе дојдат
    за нас немаше
    вистинско време
    тука и таму по некоја насмевка
    но и тоа е погрешно
    пред разделување
    има само тага
    остануваш во мене
    јас и ти.
    се болиме со постоење.
     
    На martinagj, Anonymous996 и psychic им се допаѓа ова.
  20. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Нема тишина

    Таа сеуште неможе или несака да го заборави. Секој ден е преполн со спомени, секој ден тежи се повеќе и повеќе, како снегот на виснатата гранка, како мракот над заспаниот град. Зарем нејзината љубов всушност е дело на сеќавањето? Како би можела да го заборави, што друго да памети? Дури и кога се би застанало, и тогаш кога нема да чука нејзиното срце, кога нејзиниот глас нема да одѕвонува и тогаш нејзиното чувство кон него нема да се промени и ќе остане вечно како да е живо, како да е овде. Споменот е тука, таа тоа најдобро го знае. Таа дури заборава да мисли на себе, мислејќи на него. Па тогаш кога ќе го заборави него, ќе мора да се присети на себе. Но заборави ли дека тогаш кога мисли на себе, мисли и на него? Не, таа тоа го знае.Го сака само него затоа што се што е нејзино му припага нему и само нему. Но што е таа? Таа е само еден скромен раскажувач кој ги следи неговите чекори како сенка, публика која ракоплеска на главниот актер, што е таа? Таа е само едно тело, земја и пепел! Нејзината љубов полека ја изеде, остана само нејзиното нежно шепотење... те сакам! Нема одговор се е толку тивко, статично... никој не ја слуша!



    Никогаш повеќе таа нема да му се обрати со ‘мој’, затоа што многу добро знае дека Тој тоа никогаш не е ни бил. Таа сега е тешко казнета, па нели таа помисла дека е ‘нејзин’, некогаш беше мелем за нејзината душа. Тој и понатаму останува нејзин, но сепак само како нејзин измамник, убиец, гроб на нејзината младост...Сеуште го чувствува како свој, но сега тоа нека биде негова казна, негова клетва. Тој може да бега каде сака, таа ќе остане негова, може да љуби други колку сака, таа е негова. Тој се обиде да измами една млада девојка, да го уништи нејзиниот сон којшто го чуваше во себе уште од мала. Поради тоа Тој стана се за неа па така, таа се казнува и единствено среќа ќе најде во тоа да биде негова робинка, или можеби тој да остане заробен во нејзиното срце засекогаш! Таа се почесто се запрашува, дали не остана повеќе ни малку надеж? Таа знае дека Тој ја сакаше, но не може да каже зошто е толку уверена во тоа. Дали неговата љубов, веќе никогаш нема да се разбуди од тој сон, што нејзе и се чини дека трае цела вечност. Таа ќе чека, дури и ако времето можеби ќе биде долго. Ќе чека, се додека Тој не се измори да сака други, бидејќи таа е спремна да ја чека неговата љубов кон неа, да воскресне од својот гроб, и тогаш се ќе биде како некогаш. Но ако неговото студенило без љубов кон неа, е неговото вистинско битие, ако неговата некогашна вљубеност беше само една голема лага, тогаш дали Тој е истиот човек? Таа го моли да има трпение со нејзината љубов која што е обвиткана со чиста искреност, да и прости што сеуште го сака, затоа што станува свесна дека нејзината љубов му е голем товар. Но сепак таа се надева дека ќе дојде времето кога Тој ќе и се врати. Се надева...