Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Чудовиштето од спалната соба

    На запад, кога сонцето заоѓа, нема поим каде сè ги пружа своите пипци-зраци и чии срца вшмукува во својот совршен вакуум позитивен организам. Мојата спална соба гледа некако чудно, бочно, кон Матка каде последните скопски зраци во денот заминуваат да дремнат и одморат, како и сите штрумфови во долината под крстот.

    Тогаш, со помош на магичната светлина и чудесната прав која минува низ една црна мрежа, се буди чудовиштето од спалната соба. Ги крева најпрвин ноџињата високо кон таванот, ги шири рацете како да сака да ги гушне сите оние невидливи идеи кои кружат наоколу и се насмевнува со одобрување за појадокот кој стои крај вратата. Залудно е да се бега, како со магнет таа насмевка ме одвлекува во креветот, јас сум појадокот, ме снемува залче по залче додека комплетно не исчезнам.

    Има ли рицар, има ли комита да го скроти и заузда ова чудовиште од мојата спална соба или јас да ја облечам повторно како секој ден престилката со срциња и да се борам под чаршавите до следното утро?
     
  2. martinagj

    martinagj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    И сега кога ќе се навратам на минатото , во очите чувствувам само солзи и ова чудно треперење на срцево како да се радува и тоа на тие минати времиња. Но, не ! Не сакам да се враќам назад, да се сретнам очи во очи со таа наивна девојка која веруваше во љубов и мир. Поточно,можеби и сакам да се вратам назад и да и мавнам една,две добри шлаканици да научи да не ги прави истите грешки по неколку пати. Да го заштеди достоинството и срцево кое сега е станато само една ледена падинка во која понекогаш знае да се прошета некоја емоција како долго изгубен патник.
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    4.205
    Пол:
    Женски
    Зошто неможеш да разбереш ? Зарем не го здогледуваш истото? Се одалечуваме... јас од тебе, ти од мене, ние од нас... Тишината не обзема.
    Ме облева чувство на ладнокрвност...незнам како да ти објаснам дека не сум среќна.
    Ми треба нешто ново,поинакво,возбудливо. Нешто од кое ќе добијам пеперутки во стомакот,од кое дланките ќе ми се испотат,од кое срцето ќе ми чука како да сум истрчала маратон.
    Потруди се ,изненади ме,измами насмевка на моето лице. Еден нов вид насмевка,искрена,топла , од срце.
    Остави го планираното, биди спонтан барем еднаш.Нека не мириса се на вештачко..тоа не ме грее,од тоа ми се гади.
    Направи да се чувствувам посебно,сакано,како да ме чуваш од овој суров свет, да знам дека ќе си со мене.
    Разбиј ја оваа монотонија! Истерај ја оваа навика која не обзема. Нека се претвори во исчекување, радост,љубов,возбуда од која ќе ни треперат очите.
    Чувствуваш ли?
    Не сме тоа што бевме, ова не сме ние.
    Кога последен пат си ми пишал порака за добра ноќ?
    Кога последен пат си се појавил така ненадејно,само за да ме видиш?
    Кога си ме почестил едно кафе со мерак? Онака џентлменски како што доликува на едно машко?
    Повиши тон на тој што ќе ме повреди, не дозволувај да се повтори.Облечи ги панталоните, биди машкото во оваа наша врска.
    Сакам да се изгубам во твојот мирис. Да си играш со мојата коса и да ми кажеш дека ме сакаш... Да ми докажеш дека уште ме чуваш во себе, на твој начин,со многу љубов.
    Да ме прегрнеш на клупа и да го поделиме чоколадото. Тоа чоколадо што си го купил зошто ме слушна кога реков дека ми е омилено.
    Да бидеш свој и само мој.
    Ете тоа го барам. Не ми требаат големи подароци, не треба да фрлаш пари на мене, фрли малце внимание, трошка заинтересираност и љубов.
    Ми требаат оние мали ситници кои ќе ми се врежат во срцево за навек.
    Знаеш дека сум до тебе,знаеш дека те сакам.
    Нека не завршува тука...
    Не ме зимај здраво за готово... те преколнувам...
     
    На Tori1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Убавиот мирис...

    Убавиот мирис на...
    на еден каранфил,
    мене ми дава сила.

    Убавиот мирис на...
    на една ружа,
    ме прави поубава.

    Убавиот мирис на...
    на едно лето,
    многу ме радува.

    Убавиот мирис на...
    на една липа,
    ме тера да танцувам!
    [​IMG]
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Далечина,сеќавања.

    Постојат далечини кои никогаш не се зближуваат
    ноќи кои никогаш не минуваат
    задржани солзи,празни улици
    сведоци на некое време
    кое можеби се случило
    во некоја,нема ноќ
    кога ние сме биле двајца,
    двајца странци кои
    не знаеле ништо еден за друг
    обични кукавици
    разделени улици
    погледи и допири
    врежани за навек
    запамети ме како
    нешто изгубено
    ќе се сеќавам и јас.

    Има два броја на календарот
    Уморен си-ти велам,од овие дождови
    поради мене ја вкуси болката
    затвори ги очите
    ништо не е реално.
     
    На hermosa, ana-girl, martinagj и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    161
    Љубовта е најсовршената уметност

    Беа уметници. Вистински уметници. Различни како денот и ноќта, а сепак не можеа еден без друг. Музиката беше неговиот живот. Компонираше деноноќно не можејќи да се соземе од инспиративната убавина на неговата муза. А, таа – неговата муза, ја црташе музиката што тој и ја подаруваше. Неуморно твореа, без да проговорат нешто. Немаше потреба од зборови. Тие се разбираа со погледот.
    Се исполнуваа еден со друг. Толку ист беше нивниот свет, толку розов и среќен, што несомнено не сакаа да излезат од него. Беа жедни еден за друг, толку многу што нивната жед сè повеќе и повеќе се разгоруваше кога беа еден покрај друг. Тие беа едно слевање заедно. Еден на друг си беа инспирација. Една огрома нежност. Заедно беа едно битие. Нераскинливо. Единствено. Уникатно. Таа беше неговата муза, а тој нејзиниот страстен композитор. Љубов?! Не, можеби и нешто поголемо. Нешто што го движи светот, вселената, универзумот. Никој на овој свет не е совршен. Не беше ни музата, ни композиторот. Сепак, музата и композиторот го градеа совршенството. Ноќта кога се сретнаа тие очи за прв пат, почувствуваа дека се случи нешто натприродно, неверојатно, магично... Ноќта кога за прв пат се сретнаа тие два генијални ума, веќе не постоеше нешто што можеше да ги раздели.
    Толку беспомошни беа еден без друг, а толку силни заедно. Го запрепастуваа светот. Се опиваа безрезервно давајќи си насмевки, погледи и допири. Ништо веќе не беше исто. Секој атом од оваа планета беше изменет од магијата. Држејќи се цврсто за раце, сродните души тргнаа на пат кон бесконечноста, а нотите на композицијата тивко одѕвонуваа велејќи им дека сè е во ред.
    :l: :l: :l: :l: :l:
     
    На Viki15 и martinagj им се допаѓа ова.
  7. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Езеро

    Во езероно вода,
    во водана рипче,
    под рипчето каменче,
    под каменчето нишчо особено. :wasntme:
     
  8. martinagj

    martinagj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Вистинската љубов е една цела вечност за срцево, еден подарок кој можеш или да го држиш затворен и цел живот да се прашуваш што се крие во него или едноставно да се препуштиш на животот и да уживаш или да се разочараш од сопствениот подарок. Но,најубавите подароци доаѓаат во мали кутивчиња и мораш да внимаваш да не ги изгубиш. И љубовта се крие во еден таков подарок, можеби со изгужвана хартија или завиткана во најфина хартија,но пакувањето не е важно. Важно е како срцето реагира на подарокот.Само тогаш,верувај можеш да бидеш среќен,ако не се плашиш од дождот ,ниту од сонцето и ја препушташ својата душа во тоа мало пакување кое ќе стигне на твојата адреса...
     
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    O.O


    Си се бараме
    и во очите на другите
    (сите погледи лутаат)
    можеби лути
    можеби благи
    како пиперките за есенскиот ајвар
    па се топат
    се мешаат
    од нив може да се роди
    цела зимница
    сеќавања
    или заборавања.

    Кога ќе се видиш
    со некој што одамна не си се видел
    го имаш оној восклик, ширум затворен
    и прашање - Кај си, до кај стигна со животот
    има ли нешто ново
    жив ли си, свириш ли уште
    во влада си или на улица
    тропаш ли уште шеги
    се видовме,
    (или) се потсетуваме дека се заборавивме?

    .

    А од точка на набљудувач
    обичен воајер што си бира нацртан лик
    (низ клучалка, како демек да е лесно)
    Јас, си се барам
    низ патиштата
    што имаат насоки и лево и десно
    па не знам што да изберам
    одам право
    право
    право
    до твоето срце.
     
    На De-lovely и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  10. martinagj

    martinagj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Биди среќа,биди насмевка. Разбуди се со сонцето и не мисли на поспаноста,мисли на ова како уште еден убав ден. Не можеш да ја најдеш убавината !? Сонцето што те грее,не е доволно? Луѓето што те опкружуваат!? Сакај со сето срце, без разлика колку пати те повредиле, се во животот се враќа. Или барем верувај во тоа,не се затворај пред скршено срце или некој што некогаш те повредил. Прегргни го светот кога се оддалечува од тебе и погледни во сафирното сино небо кое е без ниедно облаче и заплови во своето најпријатно сеќавање. Но,насмеј се затоа што најубавите работи се случуваат на луѓе кои се позитивни и веруваат дека ја заслужуваат среќата.
     
  11. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Не жалам што си ми минато
    кога крајот почнува
    почетокот се раѓа
    живот
    разделени патишта
    приказни без крај
    ќе те чекам во градов
    мислејќи дека ќе се вратиш

    во туѓи тела нема утеха
    скриени болки
    место во умот
    бескорисно
    појужно од се
    замаглени души
    кренати слушалки
    и тишина


    од мојот прозорец
    се гледа есента
    спакувани куфери
    ден за заминување
    зад насмевките солзи
    зад солзите тага
    зад тагата рани

    откако заминав
    ти оставив писмо
    сувенир
    спомени.
     
    На Tori1 и Whitecloud95 им се допаѓа ова.
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Искинати парчиња...

    Делови,мисли летаат и лутаат во далечини
    нешто толку блиску,но разбери-е далеку!
    Некој црв влезе во душата,ме гризе,гризе...
    тагата се буди,а среќата се губи.
    Каде исчезнав во безграничните пустини,
    пустините во мојата глава?
    Чувствата се зачмаени,заковани некаде.
    Па излези таго,дојди среќо!
    Срцето се кине ли?
    Каде ли ќе одат искинатите парчиња?
    Во шума?Во планина?Каде?
    Седам така и само поставувам реторички прашања,
    пишам со очите во празните листови...
    погледите таму ги праќам,меморијата ја запишувам...
    Прави го нештото или не го прави,
    нема проба!
    Ајде,го можам тоа!
    Излегувам од провалијата,одам кон светлината на тунелот,
    болката и тагата ги фрлам како ѓубре,
    радоста и насмевката-вратите широко им ги отворам!
    Искинатите парчиња?Тие?Времето ќе ги сошие,врати...
     
    На Umbrella22 и Dog-lover им се допаѓа ова.
  13. martinagj

    martinagj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Ја сакам вистината,а не некоја сервирана лага. Сакам убави приказни, искрени насмевки, едни очи кои ме потсетуваат на слободата... Сакам љубов и мир, па колку и тоа да личи на една наивност. Сакам да можам да ги раширам крилјата без да се плашам дека можат да бидат пресечени, сакам благ октомвриски ветер, сончеви и оптимистички насмевки, тивко паѓање на дожд и некој со кој ќе го споделиш.Ја сакам и носталгијата по брановите на езерото, преплетените раце, разиграните срца на улицата распослана со жолто лисје, мирисот на ајвар, среќа, слобода ... Го сакам целиот свет во неговото најубаво светло, те сакам и тебе да се смееш како денеска. Сакам секој ден да биде исполнет со среќа. За мене,за тебе и за сите. И исполнети срца со љубов и оптизмизам. Сакам да го зграпчам целиот свет и да му кажам колку го сакам. А тебе, те сакам и во моите фантазии и во реалноста,врнежливите ноќи како се држиме за раце, како времето запира кога сме заедно. Најубавите приказни се случуваат кога најмалку очекуваш и можат да променат се. И од еден најобичен ден да ти направат еден совршен филм...
     
  14. RandJ

    RandJ Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Тука си. Чувствувам. Сепак се врати. Се врати, а не ме побара? Се врати со спомени од таму некаде.. Дали ти таму некоја те чекаше? Дали и таму некоја страсно те љубеше? Не, не ми кажувај. Не сакам да дознаам. Не сакам самата да се повредам. Се прашував дали ти недостигав. Дали успеав да завземам дел од твоите мисли дури милуваше некоја.. Или можеби не си. Но, не верувам. Тоа не си ти. Роден вечно да љубиш и освојуваш. Освојуваш со погледот, пленуваш со таа насмевка. Насмевка која буди желба за грев. А најголем грев си ми токму ти. Ти и таа моја судбина. Ова веќе наликува на агонија. Агонија чија причина си ти, агонија чиј излез си ти.
     
  15. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Моите желби

    Изминаа толку многу години исполнети со тага и среќа.А,јас сеуште се плашам да си замислам,а камоли да си исполнам некоја желба.Животот го живеам исполнувајќи туѓи соништа,а моите ги нема.
    Да,ги изгубив пред нецели осумнаесет години.Моите соништа се изгубиле како меур од сапуница.
    Си мислев сум заборавила,но се сетив на се.
    Кога ги видов насолзените очи на седумдесетгодишната старица,како да се видов себеси.И таа немала свои желби.Немала свое ЈАС.Живеела за другите,живеела со страв од кавги,расправии,на сметка на својата загубена самодоверба.
    Не,за неа нема време.
    Но,а мене има.Да пронајдам малку срќа,да пронајдам длабоко во мене некоја желба и да живеам исполнувајќи ја.
    А,старицата ја утешив.
    Ја сакам таа старица која едвај чека да ме види.И нудам јас неа спокојство ,и ја смирувам душата и ја разбирам.
    Моите желби сум ги изгубила,но изобилство од љубов имам во срцево мое закоравено.
     
    На Sarcastic-Potato му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.784
    Допаѓања:
    169.651
    Пол:
    Женски
    Утринската мачнина ми натежнува на градите стегајќи силно, речиси безкрајно боли. Не престанува. Чувствувам како да престанало срцето да бие. Во рамки на срцевата слабост мислев, ете, почна светот да умира пред моите очи … Или можеби тоа сум само јас … ?
    Не знам … Збунета сум … Чудно е како ги гледам сите тие среќни лица. Зар е можно да помислиш дека нивните срца се кршат на илјада кристални, крвави парчиња кои ја рефлектираат светлината? Очите полни со солзи. Врели, солени солзи.
    Сега ме има, утре не. Никој не знае. Често се прашувам, зошто постојам јас? Зошто дишам? Зошто правам работи против своја волја? Која сум јас?
    Толку лошо и безизлезно … Толку тажно и мизерно … Ги отварам насолзените очи, а рацете ми се крвави, држејќи го кристалното чисто срце, обидувајќи се да му вдахнам уште малку живот. Во тој момент глушам глас кој ми вели „Не си сама“ …
    [​IMG]
     
  17. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Јас сум едно ништожно суштество. Човечко. Од женски пол. Пречувствително. Маската на среќа е минлива. И секако, само маска е.
    Можев да бидам нормална. Иста, како цело општество. И среќна. Не знам дали јас сум крива што сум ваква. Со право ме осудуваат. Бескорисна сум. Тотално.
    Изолација и темница. Музика и привиден мир. Спокој пред големата битка.
    Не се борам за животот повеќе. Немам ни цел ни причина. Не знам зошто се борам за нас. Дали и тоа има причина или е уште една од моите идеологии и надежи за разбирање и сигурност?
    Јас сум готова. Одамна. Ја гледам неа. Последната надеж.
    Јас сум млада девојка. Последен самосвесен дел од претходно една голема целина за која сум целокупно несвесна. Не е тоа битно. Не знам дека постои. Сега гледам една работа од многу места. Рефлекторите се вперени во една точка. Од толку светлина, таа е матна. Не можам да исклучам макар еден рефлектор. Силната светлина не ме остава да спијам. Храната е само човечки нагон за преживување. Се би дала да го немам.
    Живеам во јама. Не знам што сакам. Сакам некој и да ми подаде рака ама и да ме остави да копам подлабоко.

    Не сум сигурна во себе. Нозете ми се тресат. Вреќата на грбот е тешка иако е невидлива. Онаа напред за рамнотежа скоро и да ја нема. А трчам. Бегам и од тебе, а не можам да не трчам кон тебе. Се се нулифицира, стојам во место.
    Не сум сигурна во себе. Не си ни ти сам во себе. Необјасниво, а со тебе сум сигурна. Колку и да не си веруваш во себе, јас верувам дека со тебе не ме јадат демоните. Внатрешните и надворешните. Сите ужасно жедни за крв. Мојата крв.
    Не сум сигурна во себе. До тебе, а толку далеку. Не знам за допир, немам почувствувано. Еднаш, а потонав. Толку сум голема и силна. Борбена анархистичка крв. А, тогаш, толку малечка, завиткана како нежна ружа. Без желба да се отворам. Не примети. А ти реков дека ми е доста од борба.
    Не сум сигурна во себе. Затоа и не реагирам правилно. Извини. Искуството во психологија не ме прави поспособна. Не можам да делувам на себе. Ти велам, бескорисна сум.
    Не сум сигурна во себе. Ни во тебе. Не ги знам твоите емоции. Нејасен си. Двосмислен. Не знам дали воопшто се трудиш. Збунета сум.
    Во едно сум сигурна. Дека ништо од ова не знаеш и не можеш да почувствуваш. Бескорисно зборувам. Ти реков, бескорисна сум.

    Тој дел од мене постои. Можеби и патетично кажано, те сака. Јас не. Немам сила. А, таа е единствениот дел кој преостана од мене.
     
  18. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Цитати од мојот состав за Пеколот,то ест мојата верзија на Пеколот(домашно по македонски де)каде што вметнав една строфа и еве ќе цитирам и неколку делови од составот...
    На почетокот пред брзата река
    во чамецот собрани беа
    ги водеше еден...
    но реката не знаеше да чека
    па залутав и јас во чамецот-сега вреден..

    Непромисленоста и погрешниот од на разумот некогаш втеруваат во борба.Додека не почувствуваш-не знаеш ништо.Можат ли очите да залажат?А срцето да згреши?
    Интересно е девојче да се видат насмеани лица,тажни не сакам да гледам.Па зар сакаш да ти е досадно?Не,досадата е пустош за душата
    Сега,пред да заминам,дете последниот куфер ќе те однесе во мрачно и страхотно патување...понекогаш,сега можеби е често,на добриот му се случува лошо,а на лошиот му оди се’ на подобро...Душата на човекот е најголемото чудо на светот...
    Сега се’ ти е јасно,,можеби и не,но знај оној што вика гласно,некогаш среќен и бил со добри особини и поглед мил...
    Нивната судбина била со мозокот да имаат мака,на некои никогаш не им било подадено рака...
    Како што Нестор рече-Сврти ги своите коњи и во шаторот врати се.
     
  19. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Јас сакав да прашам за една песна нели во Велес има Рацинови средби. Па мојата внука напишала песна па сакав да ја погледнете и вие дали е доволно добра за натпревар или пак ако имате некој предлог слободно кажете еве ја песната :

    Поема за Кочо Рацин
    Во Велес
    Една легенда се роди
    чија песна низ светот се води
    ,,Денови'' ах тиe тешки аргатски денови
    низ ,,Бели Мугри'' минат
    низ светот со слава
    брзо се шират.

    ,,Ко на вратот ѓердани...''
    минат тешките денови
    тешки денови тешки
    аргатски маки жешки.

    Кога сите око ќе склопат
    Кочо со свеќи бледи,
    ќе чита, ќе учи
    песни за ,,Селска мака'' ќе реди

    Луѓе од сите страни чујте
    ,,На Струга дуќан да имам''
    златен занает да си имам,
    Езеро, убавини рој да видам

    Рака да им пружиме ние,
    на ,,Tутуноберачите
    и ,,Копачите'' помогнете им и вие,
    чија пот,солена, од испеченото лице
    ко вода везден се лие.
    За ,,Ленка'' да сошие кошула тенка,
    тенка, бела, ленена...

    Во ,,Бели Мугри''
    поетска љубов се твори
    за секој Македонце со гордост
    за Рацин да збори.

    Секоја критика е добредојдена ;)
     
  20. SwiFtiE-7330

    SwiFtiE-7330 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Тој, мојата најголема желба.

    Ноќ. Тишина. Сама сум во својата соба. Наоколу тивко, но моите мисли се многу гласни. Секогаш се гласни, тие никогаш не спијаат. Премногу размислувам, премногу сонувам кога сум будна. Да, сонувач сум. Но, ги знам границите на реалноста. Знам кога треба да останам со нозете на земја, а кога да одлетам со главата в облаци. Помеѓу тие работи треба да се има баланс. Седам така, со сјај во очите, со главата потпрена на раката. Образите ми се црвени. Однатре ме обзема некое чудно чувство. Тоа е она чувство на љубов. Помислувам на него. Се издишувам. Издишувањето проследено со треперење во душата. Срцето ми се забрзува, дишењето станува поинтензивно. Очите ми се навлажнуваат а температурата внатре чувствувам како ми расте. Надвор ладно. Од далеку се слушаат лаежи на кучиња. Од време на време дувнува некој ветер. Погледнувам во ѕвездите, прекрасни се. Како сјаат во темнина. Многу обожавам да ги гледам. Ме потсетуваат на него. Како сакам тој да биде со мене, да ги гледаме заедно. Тој кој се вселил во моево срце и толку добро се раскомотил, мислејќи дека се наоѓа дома. Но, ако. Тој е посакуван гостин тука. Боже, колку го сакам. Колку ми е мил. Почнувам да си замислувам. Колку сакам да е мој, а јас да сум негова. Да ја ставам мојата глава на неговите гради и да го слушам неговото срцебиење. Да го почувствувам неговиот здив на мојата коса. Неговиот бакнеж на моето чело. Неговата топлина на моето тело. Да го бакнам и да му кажам колку го сакам. Само ти се молам Боже тебе, ова е мојата најголема желба. Ништо нема да ме направи посреќна од него. Да правиме долги прошетки во студените зимски ноќи, белиот здив извивајќи се во воздухот. Да го прегрнам кога ми е тешко, да ми биди утеха исто како и јас нему. Да сме заедно засекогаш. Кога тој би ме сакал мене колку што сега јас го сакам него, нема сила која би не разделила. Така задлабочена во моите мисли и фантазии, загледана во она во кое го наоѓам мојот мир, во ѕвездите, наеднаш, се сепнувам. Тој не знае за тоа. Не знае за мојата љубов кон него. Како би знаел, кога не ги искажувам чувствата. Сакам, но не можам. Но можеби еден ден. Надежта ми е најголема потпора. Каква и да е ситуацијата, надеж мора да се има. Дотогаш ќе продолжам да го гледам од далечина, мојот поглед не сака да се тргне од него. Сега ми недостига тој. Така, со блага насмевка и мала воздишка го затворам прозорецот. Си легнувам, неговата слика секако до мене. Ја бакнувам. Така ме потсеќа на она што најмногу го сакам. Неговиот лик е последното нешто што го гледам пред да заспијам и да потонам во соништата и прво нешто кога ќе се разбудам спремна за нов ден. Така, мојот живот си тече....