Форумџика на годината

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Книга

    Извитоперени мисли,
    завидливи песнопојки,
    врутоци на желби и
    искривени перцепции.

    Го прошета ли тоа зрно во твојата глава денес?
    И не, не мислам на чист воздух,
    врз паднатите лисја од дрвјата.
    Мислам на неоткриените светови,
    авантурите,
    грдите змејови,
    бестрашните херои
    и по некоја очајна дама.

    Лесно е да го прошириш видиците на тоа ситно
    квадратче во кое живееш.
    Само треба да сакаш.
     
  2. vampire15

    vampire15 Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    ....

    Веќе е полноќ
    а јас уште будна седам,
    мислам на тебе
    и ѕвездите ги гледам.

    Сакам да заспијам,
    да потонам во длабок сон
    бидејќи само сонот не ме разочарува,
    се друго ме повредува.

    Соновите никогаш не ги заборавам
    никому не ги раскажувам.
    Бидејќи само таму
    ти и јас сме среќни заедно. :inlove:
     
  3. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Несакам да се чуствувам вака,треба ли одново да се борам за нешто невозможно? Нереално
    Зошто е ова толку сурово? Кои емоции се во игра? Моите или твоите,кој се заеднички тука? Одговори......
    Безгласен си на мојот повик.....Тоа е болката што ми ја задаваш,како врв од нож да ме пробива сигурно,а полека.
    Одамна сватив што е крај на играта.Каде замина? Чекај сите победници заминуваат со насмевка на лицето,што е со твојата?
    Зарем ќе ме одминеш без поздрав.
    Сите губитници се со наведнати глави,зошто јас не сум? Кој е тука мотивот за да не се предадам?
    Заборави ли кој си,а која бев јас? Зошто ни се случува нас ова,несигурни ли сме во чуствата или во самите себеси.
    Овој облик на извитоперени емоции несакам да го познавам,несакам да го поседувам.Ослободи ме,сакам да си бидам старата,не ничија робинка.Те преколнувам,мачно и болно е да те гледам додека те нема,со што те гледам човеку ако не со срцето и душата?
    Ослободи ме мене,за да бидеш самиот слободен засекогаш.
     

    Прикачени фајлови:

  4. Sunny-Boyd

    Sunny-Boyd Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    Љубовен текст...за тебе. :l:

    ...Се’ се случи неочекувано..Никогаш ништо не планирав за тебе, но нашата љубов доаѓа од премногу сакање и се вљубуваме се повеќе и повеќе еден во друг.
    ...Никогаш не би сакала да те повредам, никогаш не би сакала да го скршам твоето срце, но имаме пречка за твоите добрини и случувања. Те сакам премногу и ми се допаѓа тоа затоа што јас не би сакала еден ден ти да ме напуштиш за нашата љубов.
    ...Те молам, оди си од мене, остави ме ако ме сакаш. Направи го тоа за мене. Ти ќе останеш засекогаш во моите сеќавања и ќе те сакам, секогаш! :inlove:

    Се надевам ќе разберете. :)
     
  5. martinagj

    martinagj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    И со солзи во очите ќе се сетеше на нивната приказна. Ќе погледнеше низ прозорецор додека ветрот немирно дуваше,ќе ги затвореше очите и за миг и се чинеше можеше да го почувствува дождот на својата кожа како некогаш. Есента и стана омилено време, го сакаше фактот што тогаш започна таа нејзина омилена приказна која сеуште ја носеше во срцето. Само ќе ги затвореше очите и ќе го видеше неговото лице, ќе го почувствуваше мирисот на есента, неговата колонска вода,дождот и печените костени...
     
  6. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Љубов....Мал збор со преголемо значење.Збор кој се чуствува, а не се разбира.Збор кој секој го има сфатено на свој начин.Секоја личност има различна дефиниција за прашањето Што е тоа љубов? Секоја личност....барем еднаш ја почуствувала смислата на љубовта.Понекогаш љубовта предизвикува болка, а понекогаш живееш само поради неа.Љубовта е чуство поради кое секој човек живее и се надева да ја почуствува вистинската љубов.Дали љубовта боли? Не, љубовта не боли. Љубовта е прекрасно чуство.Боли неверството.Боли и невозвратената љубов.Да, тоа боли, боли и тоа премногу.Боли кога некој го сакаш, а тој не го чуствува истото спрема тебе.Боли неостварената и разрушената надеж за возвратена и искрена љубов.Боли кога знаеш дека ништо нема да се случи и нема да успееш во своите планови, а сепак се надеваш.Се надеваш да ја видиш светлината на крајот од тунелот, а знаеш дека тунелот е затворен.Нема излез.Да, тоа е љубовта.Да се надеваш во невозможното.Љубов е да ти затрепери срцето кога ќе се погледнете во очи и се насмевнете еден на друг.Љубов е кога не те интересира ништо друго.Го чекаш моментот само да го видиш.Рацете ти се препотуваат а ти целата се тресеш.Го чуствуваш покрај тебе, иако го нема.Кога го слушнеш неговото име и ти поминуваат морници низ целото тело.Го колнеш тивко во себе...иако сакаш да го видиш.Кога се би направила да си со него, но гордоста не ти го дозволува тоа.Тоа е чуството на љубов.Зар љубовта е неправедна?Не љубовта не е неправедна.Чуството на љубов секој го чуствува.Неправедни сме ние.Поради големата гордост и инаетот што се скриени во нашите тела, ги потиснуваме нашите чуства, ги криеме и се надеваме на нешто подобро.Се надеваме дека чуството ќе се изгуби.Но, не се губи.Длабоко некаде во нас тоа чуство се повеќе се разгорува.
    Љубовта е ружа со многу трнови од кои многу пати можеме да се боцнеме.Тоа боли.Боли и тоа многу.Откако ќе се боцнеме се плажиме да ја фатиме повторно ружата.Се плашиме пак да не се повредиме.Па затоа ја потиснуваме длабоко во нас и криеме да кажеме дека сакаме.Да, секој сака но ретко кој го признава тоа....
    Знам не пишувам убаво со некој стил ама понекогаш ми треба да се излеснам на парче хартија :$
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Ти.
    Со тебе се научив да читам
    меѓу редови, се научив да
    бришам насмевки и повторно
    да ги цртам со избледени кармини.
    (Со поминат рок на траење.)

    Таа.
    Заради неа се научив
    колку значело да ме
    заклучиш во прегратки,
    а пред мене да гледам
    убавини, што се кријат во
    твоите очи студени.
    (Лажам.)

    Јас.
    Езера и планини пред мене и зад мене,
    не е важно реков, ќе издржам.
    Камен на срце, а вода на образи.
    За една победа а милион порази,
    4x30 дена. Вредеше ли тој 08.06
    што го носев и Бог на дланка,
    а после него и модринки на рака.
    (Лажеш.)

    Скршена.
    Ама убавината не е во целото.
     
    На AnaKarenina, Umbrella22 и Squirrel им се допаѓа ова.
  8. LalitaGrosa

    LalitaGrosa Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    Пак она морничаво чувство, повторно ме прогонува.
    Боли. Се ме боли.
    Од досада, на крај му се вратив.
    И повторно го обожувам со цела сила
    го гледам како цар на царевите...
    Секоја моја мисла е поврзена со него.
    Всушност, толку е големо а јас го собирам
    во моето малечко срце.

    Боли, копа, боди и боцка. Со крвави раце тегнам кон мене
    и сега одам до крај.
    Пуст инает.

    Моментот кога ќе помислам
    -имам на кого да се истурам без да ми врати збор,
    е моментот што сакам да остане вечен.
    Па и така јас владеам со него,
    тоа во буквална смисла.

    Страст. Точно. И јас го сакам.
    Не го испуштам од раце. А тој, мирен.
    Стои и чека да биде подместен на друго место.
    Некаде само со мене. И јас со него.
    Само ние двајца.

    Ах, да се роди пак таа љубов,
    повторно како во минатото.
    Јас пак замислена, ја кревам главата и
    иииииии... НОЌ. Епа конечно.

    Легнувам и слушам.
    Слушам тишина. А таа е толку ,
    толку прекрасна кога тој е во мене,
    и јас во него.
    Јас да бидам задоволна, а тој среќен.
    Јас во негова прегратка со замислени раце,
    тој на топло. Врз моите гради.

    Утрото, и двајцата не буди
    слаткото сонце, и ѕирка преку ролетните.
    Се обидува да ја осветли темнината
    што ја полеала мрачната соба.
    Да ја стопли атмосферата.
    Јас пак иста.

    Го земам в рака и бидејќи се истапил,
    го изострувам и повторно заедно
    Јас пишувам и владеам со него,
    а тој неуморно ги слуша моите мисли
    На кого не сум ги кажала а тој ги знае.
    Повторно сме заедно.
     
  9. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Црвен лелеав фустан, висока штикла и уште повисока самодоверба.
    Замавнува со косата, се насмевнува, заведува.
    Црвен кармин на привлечните усни, очи небесни, заљубени.
    Заљубени во себе си.
    Моќна, мила, магична.
    Спремна да сака, спремна да љуби до срж, спремна да се предаде со ум и тело.
    Не го бара принцот на бел коњ.
    Па тој не би имал храброст да ја издржи . Таква каква што е.. слободоумна, своја и единствена.
    Го бара кралот. Да ја обземе, да ја полуди.
    Човекот на нејзините сништа... херојот.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.785
    Допаѓања:
    169.654
    Пол:
    Женски
    Очи!!

    Секогаш тоа не издава нас,
    рефлектор на душата,
    без никаков тон и глас,
    ја владее сушата.

    Очите ја кријат иднината,
    го рефлектираат минатото
    и ни зборуваат за судбината.

    Еден поглед полн со љубов,
    зборови кријат сто,
    само еден допир нежен,
    во срцето остана врежен.
     
  11. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Немоќна сум да сторам чудо
    Исто ко и ти што неможеш да ме сакаш колку ја тебе
    О ѕвездо моја,отсјај најубав
    Кажи му дека ми недостига
    Кажи му дека сум болна по него
    Месечино златна
    запеј му ја последната балада од моето болно срце
    Разбуди го со шепотот од отежнатото дишење
    Дај му ја преграткава што ја зачував само за него
    Ти убавецу ме разболе,ме уништи НО и ме предаде засекогаш у пеколот на љубовта.
     
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Измамник

    Најмногу ме пече
    што замина,
    и ништо не рече!
    Замина без збор да кажеш,
    замина без да ме погледнеш.

    Ти ја пружев раката,
    а во неа моето срце,
    но ти ништо не виде,
    и не сакаше да знаеш
    што со мене ќе биде.

    Заминуваш полека.
    гледам како
    се губиш во ноќта.
    Каде ли ноќта ќе те скрие,
    а мене со болка ќе ме покрие.

    Измамнику мој!
     
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Седам над книга.
    Учам, паметам, повторувам.
    И одеднаш мисла. ТИ!
    И одеднаш насмевка. ЈАС!
    Ти и јас, љубов моја.
    Заедно, совршени.
    Како зимска ноќ и разгорен камин.
    Како топло лето и немирно море.
    Како печен леб и жежок чај.
    Како чиста постела и мека перница.
    Како бело вино и весело друштво.
    Како заљубена девојка и пеперутки во стомакот...
    Толку добро, толку вешто за мене постоиш.
    И сега додека книгата лежи до мене, а јас заносно го чувствувам мирисот твој, ништо не е поважно од овој прост момент на среќа.
    ТЕ ЉУБАМ!
    :inlove: :inlove: :inlove:
     
  14. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.597
    Пол:
    Женски
    „Книгата прозорец кон светот“

    Книгата е едно огромно богатство, наш најдобар и најверен пријател. Таа претставува еден мал збор од само неколку букви, но тие букви се многу значајни ;) . Книгатa е бунар без дно. Секогаш не подучува како да се однесуваме. За неа може да се каже дека е најдобар другар на човекот, сведок на историјата, учител на првачињата, советник на младите и другар на постарите.
    Во книгата се запишуваат добрите и лошите работи, вистинити случки и фантазии. Исто така кога сме сами и кога читаме некоја книга, навлегуваме во големи авантури и патешествија :) . Понекогаш книгата не враќа во минатото. Таа ни ја кажува сегашноста, може дури и да не одведе во иднината со тоа што ќе ни го покаже патот по кој треба да чекориме. Но, за жал книгата не е човек :( , таа е средство што не исполнува со знаење. Низ светот има илјадници книги кои имаат најразлични содржини и се напишани од различни писатели. Книгата ни е најголем помошник во светот. Кога сме тажни секогаш е до нас за да не развесели. Не е важно колку се дебели и големи книгите, важно е што се содржи таа. За еден мој роденден како подарок добив книга. Во почетокот немав време да ја прочитам, но кога ми се даде прилика почнав да ја читам па така се занесов во нејзините длабочини и не се сетив колку сати поминале, а јас веќе бев при крај ;) . Толку беше убаво напишана со убави зборови кои ги користев потоа. Така некое време се мислев и не знаев дали да земам пенкало во рака и неколку листови бела хартија и да почнам да пишувам за народот кој живее на нашата планета Земја, како живее, за нашите другарчиња што се на наша возраст, да дознаам за целиот свет :D . Затоа бидете силни и верувајте во себе дека еден ден тој скриен талент кој го имате во себе таа убавина за пишување ќе извира од вашата душа, од срцето од каде што и изникнало тоа чувство. Гради на тоа и со крената глава мисли на подвизите, успехот, чувствата кон тоа што го пишуваш, биди успешен и верувај во тоа дека еден ден твојот труд ќе биде прославен како никогаш пред тоа :inlove: . И не помислувајќи дека можеби и најмалиот чекор да не однесе до самата цел, само човек треба да биде трпелив, упорен и да верува во себе. Па така ако се сака се се може, затоа книгата е со нас одамна, како мали ни читале бајки за добра ноќ, кога првачињата почнуваат да читаат и пишуваат, студентите да создаваат и творат, а на постарите да им го разубави денот и да не се чувствуваат осамено.
    Затоа книгата е секогаш до нас за да ни го осветли патот. Книгата е секогаш тука за да не научи да сакаме и да бидеме сакани. Исто така книгата е богатство полно со знаење и за неа велиме дека не е човек, а со човек зборува! :)
     
  15. martinagj

    martinagj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Ќе застанам на жешкиот асфалт со главата свртена кон сонцето,онака за инает додека ги носам новите наочари и ќе се обидам да ги скријам солзите кои ги чувствувам на врвот на трепките. Па и да ме види некој,за прв пат нема да ми биде гајле. Ќе ги раширам рацете онака изморено кон небото, чувствувајќи се поразено во тој момент. И искрено ќе ми биде гајле. Не знам од каде точно потекнува рамнодушноста,како да сум некој нов измислен лик излезен од страниците на Алберт Ками, можеби сме биле другари со Мерсо. Само за момент чувствувам како поминува животот и сите попатни станици на кои не сакам да застанам.
    Ги затворам очите и едноставно се губам во оваа стаклена кутија наречена живот која толку лесно може да се искрши со еден удар. Заборавам на сите проблеми и се чувствувам претопена со светлината која допира чинам од некоја друга димензија. Посакувам во тој момент да се вратам во детството,да не знам толку многу работи кои не знам дали те уништуваат и прават слаб или едноставно ти го перат мозокот а ти свесно се прилекуваш кон нив. Сакам да ја имам таа детска наивност дека ништо нема да се промени и дека светот може да биде таа розова бајка во која доброто секогаш го победува злото.
    Да ти кажам сакам многу работи, некои кои сум ги имала и сега се дел од едно минато, некои кои можеби и никогаш нема да дојдат. И се чудам искрено како ја собира сета таа тага,нервоза,болка во ова скршено срце. Колку може да биде големо едно срце за да претпре толку многу?
    Се менуваат годишните времиња и ги чувствувам капките дожд како го милуваат моето изморено лице кое гледа бледо во далечните,во некоја непозната точка. Го чувствувам мирисот на есента, мирисот на костени и ајвар, на дожд, есенски романтики и лисјата кои моментално се смачкани под моите патики.
    И моментално посакувам да ги нема спомениве, да не лажам дека не ми недостасуваш и не чувствувам ништо повеќе туку те мразам. Велат мала е границата помеѓу љубовта и омразата но свесна сум дека не е омраза. Сакам да се сконцентрирам на поважни работи,но мозокот упорно бара некои детали што не треба да ги памети,начинот на кој неговата насмевка едноставно ги бришеше сите проблеми,како очите сјаеја на тој поинаков начин...
    Не,не и не!!!
    Тоа е минато,време е за сегашноста,за дождов кој се лие низ моите образи и кој го чувствувам како освежување. Сакам вино во ракава, камин и некоја добра фудбалска утакмица затоа што немам време да гледам како човек. Сакам време да напишам некој добар текст или да прочитам книга, време да можам да налакирам нокти и да изгледам некој филм... Сакам да не постојат разочарувања и скршени срца, да не постојат негативни работи и разделби кои само го кршат и ова онака скршено срце. Сакам да ги спакувам куферите и да заминам некаде далеку каде што сонцето грее на оној вистински начин. Сакам солзите да престанат да течат низ образите и да се мешаат со капкиве дожд. Сакам да ги затворам очите и да изчезнат сите проблеми и недоумици.
    Но,еј можеби најпосле и многу сакам. Можеби ова е судбината,кармата какво име сакате дадете му на животот. Можеби разочарувањата и разделбите се составен дел од срцево и од оваа болка која не испарува како дождот од улиците кога ќе изгрее сонцето. Но,мислам што знам јас!?
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Застани пред огледало. Раслечи се. Не пред друг. Пред себе. Човек во природна форма. Извади ја облеката. Изгори ја. Прикрива привидна убавина. Сега, искини ја кожата. Почни од најслабото место, секој го има. Кај мене, каде водата најмногу еродирала. Тргам под окото. За помош, испуштам уште малку растворен пролактин. Кини и лупи. Дел по дел, парче по парче. Врискај. Што е физичката болка во споредба со психичката? Останата мускулна маса. Вени, артерии, жили. ,,Мускулесто тело“. Распарај ги конците што ги држат заедно. Како слагалица. Расклопувај по мали парчиња. Толку меко што сами се делат.

    Сон е. Не. Исполнета желба. Самоубиство на бизарен начин. Одрана кожа. Издрапани мускули.

    Карбонатен скелет. Тенкиот прст го забодев во окото. Право во средината. Полн погодок. Се разли по цело лице. Леле, неред. Кај да барам шамивче сега? Некако имаше многу вода. Можеби и пролактин. Нешто што не постои, визија за иднина. Или залиха.

    Соголена пред огледало. До коска. Не се гледам. Само две црни дупки. Зависни една од друга. Да се разделени, мора да има растојание. Скршено и залепено? Не е ново. Пукнатината се гледа. Боја? Фарба? Да. Ете, имало решение за се.
    Не се гледам в огледало. Со што и би се гледала? Чекам појак ветер да ја растури убаво сложената структура од коски. Да се разлетам и распарчам. Да се докршам. Или, да ја облечам наметката? Весела боја е, црна. Да се заштитам од ветрот и да одам натаму?
    Не. И наметката покрива. Друг вид на боја и фарба. Соголувам и облекувам. Контрадикција во реалноста. Реалност? Моја перцепција - мои правила.

    C? H? O? N?
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Се вовлекувате едни на други
    во гробовите, а после се
    прашувате што сте згрешиле
    и зашто ви е темно.
    Ех, цела историја.

    И најневиниот човек
    на себе има дупки од куршуми.
    И најсветлата душа носи
    во себе темнина.

    Немојте да ставате прсти
    во туѓиот мрак, може
    да ви ја голтне
    целата рака.

    Доволни се вашите гревови
    за цел живот, и животот
    после него, зар не беа тие
    кои ве ставија в гроб?

    А вечер излегувате
    и влегувате во туѓи сонови,
    за нивни ноќи непроспиени,
    ваши отсонувани.
    Не е важна болката зашто
    желбата да се сонува е поголема.

    И што ако е ваша вечноста,
    та вие сте само мртовци?
    Никогаш нема да ја дофатите.
     
    На Hipica и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  18. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.597
    Пол:
    Женски
    Дискриминацијата во мојата средина и како да се однесуваме со неа

    . . . Ја чувствувам земјата во дланкиве мои . Се рони низ прстиве и паѓа . Паѓа како скапоцена златна прашина . Ме исполнува . . . Го чувствувам мирисот на цвеќињата кои се наоѓаат во неа . Ме опива нивниот мирис . Звукот на ветерот ме прави среќна , а дождот што ми паѓа врз лицево ме восхитува . . . Секоја негова мелодија , секоја негова капка , фантастичниот негов ритам ги чувствувам како свои . . . Го предавам својот дух , своите мечти и илузии на овој миг . . . Не , не сум луда,само сфатив дека сакам да живеам, дека се сакам себе си и другите . Посакувам мигов да трае вечно . А синоќа . . . . еве , морници ми поминуваат низ телово кога ќе помислам на тоа . Се плашам, треперам , се задушувам . Синоќа сонував сон,поточно кошмар . . . Ама каков кошмар , па тоа е реалноста . Затоа уште повеќе се трасам , се предавам на стравот , на ужасот .На срцево огромна грутка ми стои . Ме мачи таа помисла . Ме убива . . .
    Долго размислував што се случува меѓу народот , а одговорот е : ,,омраза “ . Зарем луѓето не знаат за љубов , среќа , за братство ... ? Зарем не знаат за топла подадена пријателска рака ? Можат ли да најдат љубов и топлина , разбирање и соработка или дискриминацијата е единствено решение за се ? Дали знаат за совршен , единствен и братски свет или скогаш , се подготвени за дискриминација ? Што е тоа дискриминација ? Безброј прашања , а еден одговор . Одговор кој ми тежи на срцето како најголем товар . Па тој е и најголемиот товар што еден разумен , човек може да го почувствува. Дискриминација занчи , правење разлика во многу нешта , искористување или ограничување на луѓето врз основа на нивните полoви / родови разлики , класа , етнос , раса , . . . со што го загрозува или оневозможува остварувањето или заштитата на човековите права . Не знам , што мислат луѓето на светов . Можеби , мислат дека вака , со дискриминација ќе изградат свет . Еј , вака ли ќе креираме подобра иднина ? Со безброј понижени луѓе , искористени , со правење разлика на полот, родот , класата,верата . . . Дискриминацијата , му го одзема најубавото на човекот,а тоа е среќата;позитивните,оптимистички размислувања што секоја индивидуа ги поседува . Ни гони љубовта и среќата единственото нешто кое е ,, човечко “ во нас . Затоа луѓе од целиот свет , ајде заедно да го спасиме човештвото ! Ајде , да научиме да се сакаме , да си подадеме топла пријателска рака , да живееме сложно како единствен народ , да не се делиме по боја ,вера, раса . . . Задено да го , уништиме и најмалото зрнце омраза , да ја протераме дискриминацијата ! Да , изградиме совршен свет, за совршени луѓе . Со создавање на прекрасна иднина , исполнета со љубов и слога . Ахх ..... така светот би бил како рајска градина, како бел гулаб со маслиново гранче . . . Со заеднички сили ќе ги спасиме луѓето кои се дискриминирани,отуѓени,омаловажени.Верувам дека ќе успееме . Повторно светлина врз нас ќе блесне, ќе се восхитуваме на природните убавини , слободни и среќни . Нашата волја како птица ќе полета низ светот ,за миг , ќе го разубави целиот свет ….. И најмалите знаат што е последица од дискриминацијата.И убаво ли е тоа?- Да се живее во слобода и мир или... ? Слободата е најсаканото нешто во светот нема човек ,а да не го сака тоа.Човекот сака да е слободен како птица,да создава,да твори,да разменува мислења,да прима совети. Од ова заклучивме дека , само без дискриминација , може да има долг живот , добра иднина взаемна љубов меѓу луѓето низ целиот свет .
     
  19. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Над секоја љубов има облаци

    Имам седумнаесет години
    и неоставерни соништа
    ти некоја повеќе
    и душа која скита
    се среќаваме наутро
    пред будењето на денот
    често
    под тмурно небо

    здраво
    имаш тажни очи
    те немаше-велам
    ме чекаше? -прашуваш

    Можеби,како пролетта
    што ја чека зимата
    да заврши
    за да може да почне.
    Долго како двоумењето
    на есента.

    Тука сум денес ,утре
    и деновите зад нив.
    Душите се наоѓаат
    по празнина
    единствено
    по нечија празнина
    Твоја или моја?
    ...

    Идно време
    Ноември е,врне
    минути по полноќ

    -сакаш чај?
    -секогаш,велам.
    ...

    На срцето имаш простор
    толку колку
    да напишеш букви
    од нечие име.
    Едно.
     
    На psychic, Anonymous996 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Ти - моја страст

    Та љубовта и страста
    зар не беа исто кога
    и двајцата се наоѓавме
    во така повредлива состојба?

    Повтеж за копнеж,
    разменета плунка,
    случајни или намерни допири
    на вистинските места,
    зар тоа не бевме ние?

    Доволен е само молк
    во тој момент на безграничност,
    важно ли е дали си ти
    под мене или над мене?
    (Ти секогаш ќе бидеш господарот.)

    И сакав пред мене да
    изведуваш рачна стимулација,
    додека јас те гледав со пламени
    очи и лижавче во уста.
    Ама ако, мачи се.
    (Садомазохизам.)

    Ме доведуваше на работ
    на лудило, и во моментот
    на врисок, настапува мртвило.
    Држиш виски со лед во рака,
    и догорена цигара помеѓу прсти.

    И ме гледаш како јас веќе
    не сум јас, со насмевка
    на лице и валкани мисли.
    Па која сум пак јас, ти да ме љубиш?!
    (Но, мене ништо не ме допира.
    Внимавај и да не ме изгубиш.)

    Љубовта е голем збор
    со мало значење.
    Барем ти така правиш
    да изгледа.
    (Но, јас ги пијам твоите зборови.)

    Лежам на креветот,
    без да се помрднам,
    сфаќајки во тој момент
    дека јас сум само јас,
    а ти секогаш ќе останеш ти.

    Не е ни важно.
    Се дури се имаме
    во нашето немање,
    и се немаме во
    нашето имање.

    Па, тоа сме само ние,
    зар не не паметиш?
    (Ослободи ги твоите страсти!)
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.