Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Биологија на душата

    Која половина од мозокот
    повеќе ти работи, онаа
    која логичари и помни
    или онаа која имагинира
    и креира?
    Јас мислам дека и двете ти се заспани.

    Зашто никогаш не ме
    помнеше кога ти доаѓав,
    и не ме креираше
    како твоја конечна замисла,
    си велиш,
    еј па оваа не е фатална мачкица,
    не знае да гребе и цимолка,
    а тебе баш тоа ти беше потребно.

    Гребев јас по ѕидови,
    затворена во безкислородни
    простории, окончана
    од сопствениот бес,
    борејќи се за воздух
    и минутка живот, зашто
    тоа ми беше доволно
    гледајќи во твоите
    пеплосани фотографии.

    Луда сум знам, имам шизофренија,
    со пепељара полна цигари,
    јас пак тебе те вдишувам.

    Дали беше ти јадрото
    на моите клетки, она
    суштественото,
    од кого се хранат
    или умираат овие денови?

    Клетка и клетка градат ткиво.
    Го знам градивото по биологија.
    Само сеуште не научив,
    клетките без јадра дали живеат?
     
    На Linn1, Hipster, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Ја сакав така лесно, едноставно, но така тешко знаев да го покажам тоа...
    ***
    Уште некого ќе сакаш ти...
    - Мислам дека нема...нема ни да барам...како тебе што те сакав...не се сака во еден живот...така се сака еднаш во 1000 животи...
    Би бил себичен да очекувам дека тоа ќе ми се случи уште еднаш во овие преостанати 10-15 години..
    ***
    Можеше таа без него. И тоа како можеше.
    Одлично глумеше ладнокрвност, пред сите се трудеше да биде рамнодушна, иако во неа нешто се превртуваше секој пат кога некој ќе го спомнеше..
    А, тој би погледнал во неа и како да чита книга, во секунда би ја знаел секоја нејзина мисла, секоја нејзина емоција, само тој можеше тоа.
    Но, и покрај се тоа, таа добро се држеше во играта наречена - ГОРДОСТ...
    ***
    Дали некогаш ти кажав дека те сакам?
    ...не кукло, а нема ни сега, колку што те знам...некако ќе се извлечиш од таа стапица...
    ***
    Што ти останува сега?
    Ми останува тоа што...тоа што сеуште се сакаме...
    ***
    Се знаеме ние. Добро се знаеме...
    Е, а љубовта према некој што така добро го знаеш, не само да бега од клишираниот поим за љубов, туку и помалку навлегува во граничните предели на злобата...
    Ма, тоа се некои стари сметки, застарени, уште од звездите...Кој ќе ги наплаќа сега...
    И сега...
    јас немам нигде никого...Но, мојата приказна е проста: Што помалку сакаш, помалку ти недостига...
    ***
    Проба да го извика неговото име, ама како пресечена го губеше здивот, сакаше да тргне по него, но не умееше...па на крајот и падна...
    ***
    Љубовта не победува, ниедна од стотици, тоа се само древни заблуди, повеќе измислици...
     
    На martinagj му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Freedom

    Најубавото место на кое
    можам да бидам е само тука,
    гори, планини и стаклено езеро
    пред мене, ја тргам завесата од
    пред очи и погледнувам низ
    дрвената куќичка, и гледам
    само мир и тишина, а во градиве
    спокој и слобода.

    Толку ли значи слободата,
    што морав да избегам
    преку граници, за овие
    предели, скриени, далечни.
    По малку и студени
    во нивната убавина,
    кријат некоја нишка на
    бегство од реалноста
    и вселување во мечти нови.

    Тука не можам да сонувам
    за љубов и слатки зборови,
    зашто не е достапна, и потребна.
    Можам само да легнам на цвеќиња
    и да гледам во небото,
    безгранично, студено.

    Emotionless. И motionless.
    Тоа го опишува овој простор под небото.
    Но, понекогаш е добро да се изгубиш
    во себе си, и да не чувствуваш,
    ставајќи рака на срце,
    тоа веќе не тупоти.

    Умираш под празното небо,
    еј ѕвездите каде се?
    Но, се почнува како глаток сон,
    само без имиња и адреси.
    Само умираш со умисла
    или живееш без размисла.
    Трето нема.

    Во тебе е слободата.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Не заслужуваш...

    Не заслужуваш ни една солза
    од очиве мои,
    не заслужуваш ни една насмевка
    на лице што ми стои,
    не заслужуваш ни една вистина,
    тони се во лагите твои,
    ниту чувствата од срцево
    што ме боли...
    Не заслужуваш ни еден збор,
    од усниве изгризани од нервоза,
    ниту да те допуштам уште еднаш до душава,
    веќе нежна и кревка како роза.
    Не заслужуваш ни во моја близина да си,
    ти си тој што ги уништи сите оние сни,
    нема никогаш повеќе ни во прегратка да те земам,
    бидејќи ти веќе ја прегрнуваш неа.
    И она што го имавме го фрли во пропаста,
    не ни помисли на нас,
    само јас тонев во твоето срце викајќи на глас,
    но кој да ме слушне штом глув си за сите,
    само егоист си станал низ годините.
    Не научи што е права љубов,
    што е она во животот што вреди,
    туку инстинктот даде да те води и
    останаа само сеќавања бледи.
    Незнам дал ќе се каеш или си ме заборавил веќе,
    но помни само еднаш јас ти бев среќа.
    Она што јас го имам,а ти не
    е силата да продолжам и покрај се,
    и покрај она што ме мачи длабоко во себе,
    јас ќе заминам далеку од тебе.
    Никогаш веќе нема да дозволам
    да ме убие неизвесноста,
    ни да паднам на приказните твои лажни,
    она што го имаше ќе се само спомени тажни.
    Не заслужуваш веќе ни еднаш да ми влезеш во сон,
    ништо не заслужуваш,не си веќе крал на мојот трон.

    (само еден издувен вентил песната,не е нешто посебно...)
     
    На Tori1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Транзит

    Стрес, капки пот
    задишани станици, странци и обреди
    аеродром полн идентитети
    а лица празни и хартии со имиња
    - некој чекаме-
    - тој некој никогаш не доаѓа -
    или забораваме дека има уште малку
    додека авионот не се одлепи од пистата,
    мали пакетчиња радост
    спакувани во хартија
    од дрвото што го исекоа за да прошират балкони
    слушам француски рокенрол
    и ми студи,
    срцето ѕвони.

    Аларм за наредно патување
    Јасна Котеска вели - се’ повторуваме
    и нашите чекања, и нашите печалби
    нашите потреби за искусување
    или скусување?
    Преголем е светот
    за толку малку време
    да не се обременуваме.

    Мислев, ќе пораснам нагло
    како после тешка болка и удар
    нема ништо, уште растам
    како баобаб или јасика
    (омилено име на дрво ми е јасика)
    тонам во Скопје
    класика.

    А застанав кај аеродромите
    и пресечените неба од керозин
    ми се прави нешто големо
    а Оскар Вајлд да излезе од фотографиите
    и да ме здрма ко аспирин
    да го чувам срцето живо.
    И да почнам нова зона
    за пишување.
    Леле! Ќе можам ли?
    Вдишување.

    (Можеби треба само
    да си го помирисам пасошот)
     
    На blueeparadise, AnaKarenina и psychic им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.785
    Допаѓања:
    169.654
    Пол:
    Женски
    Зборовите во кои не сакав да верува, зборовите кои верував дека се празни и не вреди да се изговорат, зборовите кои како раздорна киселина продреа низ моето срце низ кое ладната крв јури и кружи низ твоето име. Те сакам и сеуште се плашам да го кажам тоа зошто бев ни помалку ни повеќе безнадежна девојка загубена на сосем прав пат без светлина на неможниот крај. Те сакам и чувствувам како почнува крва да врие и да неможам да ги смирам чувствата кон одамна затворената книга на љубовта.
    Твојата сенка која избледи со првата појава на темнината во собата направи да чувствувам како остар елемент е зариен во моето крваво срце кое се бори за живот, но како не ми текна порано, како би било можно два електрони да се вљубат кога неможат да го поднесат меѓусебното присуство во просторот?
    Помина многу време откако последното ти ја држев ладната рака, а знаеш велат дека ладна рака е симбол за топло срце, но после тебе не чувствувам ни трошка топлина зошто среќата одамна ме напушти. Среќата ме напушти во моментот кога и последниот жив елемент од тебе ме остави назад и ме останаа само мемориите кои ги кријам себично, длабоко во себе, како мојата најдрагоцена сопственост.
    Ги гледам ѕвездите навечер и чудно ми е како од целиот универзум баш ти ми го укради срцето и го стегаш толку силно, не пуштајќи го. Најсјајната ѕвезда беше за мене, но сега гледам во неа и се сеќавам на сите работи кои ги правевме и помислата дека ти не си тука, просто ме уништува …
    Не знам дали можеби и јас треба да ја отстранувам последната страна од книгите, зошто просто мразам краеви …
    Никога јас не пишувам писмо за крај зошто живеам со мислата дека секој крај е среќен, а зошто сега не е, нема да се помирам содека не те видам пак покрај себе или … сега е многу доцна?Зошто кога ќе заклучиме дека некој ни значи просто е премногу доцна за да го вратиме таму каде што припаѓа?
    Ми недостигаш. Сум ти го кажала ли јас тоа? Сум ти калажа ли колку ми значиш? Сум ти кажала ли дека секој ден без тебе е како ден поминат во пеоколот? Сум ти кажала ли дека ми недостига твоето присуство и долгите телефонски разговори? А … сум ти кажала ли дека без тебе ништо не е исто? Сум ти кажала ли … ?
    Понекогаш помислувам дека еден ден без тебе е како една вечност измината во тага, завиена во темно, без трошка среќа зошто бездруго ти беше мојата и сега те нема.
    Додека гледам како твојата сенка се оддалечува од мене, свесна сум дека ми останаа само спомените и тишината. Готово е. Замина.
     
    На psychic и Tori1 им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.785
    Допаѓања:
    169.654
    Пол:
    Женски
    Чувство на вина ме обвива секој пат кога ќе почувствувам нето кон некој. Се чувстувам недостојно да имам било какви чувства за околината околу мене безразлика дали се работи за среќа или за тага, но за жал, никогаш не научив да се радувам на светлите работи во мојот живот, ставајќи ги на подолна скала, речиси на дното за разлика од останатите. Чувство на вина кое ме гуши и ми вели дека јас не сум створена да чувствувам љубов туку само трошки на се‘ останато.
    Како беше смеењето од срце? Зошто ја мам потребата да ги повредам личностите што ги сакам само за да ги држам на дистанца зошто сметам дека се во опасност додека се до мене или пак се плашам од нивното присуство близу до мене? Зошто? Дали е тоа некој мој внатрешен страв од себеси или само одамна изгубената самодоверба си го прави своето?
    Проблемите со искажувањето на чувствата сум ги имала од кога знам за себе и никогаш по добро не сум ги искажувала освен на хартија. Сеуште се сеќавам кога мама и тато ми купија нов велосипед и мојата реакција беше ладно „Благодарам“, а сакав да ги изгушкам, да се насмеам со топло „Ве сакам“, но неможев, имав нешто застанато во грлото, силно ме стегаше во градите и просто неможев …
     
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Убаво е да не љубиш
    зашто тогаш не губиш,
    но што е всушност губењето
    наспроти имањето и
    љубењето наспроти
    мразењето?
    Ветар и магла.

    Па, зар е можно
    некого да сакаш
    со целиот ум и тело,
    можно ли е некого
    да имаш, зар тоа
    не е поседување?

    Не можеш да мразиш.
    Тоа е недостаток
    на други емоции.
    Велиш дека си ми потребен,
    но јас живеев и без тебе.
    Претходен живот, совршен
    без длабоки чувства и патетики.

    Ти мене не ми требаш.
    Но, јас те вдишувам и
    издишувам, а ти го
    цицаш животот од
    моите клетки, затворени
    клепки и суви усни.
    Тоа е мојата реалност.

    Ме слушаш ли, нема да се заљубам!
    Што значи таа љубов,
    што значи таа среќа
    што ја делиме под исто небо?

    И на крајот доаѓаш,
    ми покриваш усни со дланка
    и велиш "Доста е."
    И доцна е.
    Јас веќе те љубам.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    за состав за технологија и пријателства

    Уште едно утро. Рутински скокаш од креветот и со полу-замижани очи активираш струјно коло за уклучување на компјутерот. Машина без која не би можела да го замислам своето постоење.
    Што е неопходно за да се преживее? Воздух, вода, храна, физички материјализиран покрив над глава. Толку.
    Осама? А, интеграција? Комуникација? Не сум добар говорник сама со себе.
    Темнина? Од неа се раѓаш, во неа си сигурен, во неа завршуваш. Лек. Барем привремен. Светлина – живот. Животот имплицира создавање. А, компјутерот создава вештачка светлина. Спречува осама и зачмајување во себе.
    Јас? Човечко битие. Способност да бидам неспособна за материјализирање на мислите. Само тоа ми е талент. ,,Надарена личност.“
    Решение и спас? Човекот е социјално битие. Маска. Погледни в очи и мислиш дека маска нема. Ама не, не сакам да бидам што не сум. Мора да има такви како мене во овој пекол. Затоа, компјутер. Свет – рај. Јас сум тоа што сум, освен тоа што не сум. Најдов слично на мене. Комуницираме преку очи и прсти. Објективно, разговорот се одржува без напор. Да се соочам в лице. Не можам. Не знам да зборувам. Ја сакам тишината во осама, а не со друг. А, тишината од одговор преку медиум е само иритирачка. Незадоволно ѓубре. Уште очекувам од некого да ми одговара брзо.
    Сега сум среќна? Добив радост, добив уште една човечка особина. Но, тркалото се врти. Пријателството станува вистинско. Повеќе од вистинско пријателство претставува пропаѓање. А, тркалото сеуште се врти нагоре. Кулминација. Длабок пад. Причина и последица. Виновни се и двете страни. И пак тркалото се врти. Уште еден почеток на крајот. Радоста преминува во тага. А, способноста е сеуште присутна. Тоа ја зголемува болката.
    Компјутерот е вештачка светлина која создава природна емоција. Светлината го пали огнот.
    А, кој гори во огнот? Кој создава болка? Лажна надеж, патење?
    Прв свет – победа, втор свет – затвореништво, трет свет – развој, четврт свет – доминантност. Чија?
    На злото. Сите ние сме зависни од него. Влезено во крвта.
    А, што мислиш, каде се минатите светови?
     
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Волшебниот свет на книгата



    Повторно во тој свет, маѓепсана од неа, од чудото наречено книга. Инспирирана од длабочината на знаењето што таа ни ги нуди и богатството што го добиваме додека ги проучуваме нејзините страни, љубопитни и ненаситни. Затоа јас творам и со посебна чест пишувам за неа и за нејзините благодети.
    Понекогаш се затвораме и патуваме во нејзиниот волшебен свет, пловиме во нејзините приказни, летаме низ нејзините многубројни содржини, како птица низ крошната на некое преубаво расцветано дрво. Во тој свет никогаш не е здодевно, туку напротив тој претставува потикнувач на нашата лакомост за повеќе информации, ја разбудува нашата фантазија, го збогатува нашиот речник и ни подарува нешто кое што никој не може да ни го земе, зрелост и знаење, а на некој начин и искуство, претставувајќи ни туѓи животи и овозможувајќи ни учење на туѓите грешки,
    Ова што сме денес, сето наше постигнато, нашата професија, кариера, успеси... им ја должиме на ВОЛШЕБНИОТ СВЕТ НА КНИГАТА. Бидејќи со неа започнало основното, благодарение на неа сме научиле да читаме и пишуваме, да се образуваме и да станеме луѓе достојни за почит и гордост на нашите блиски.
     
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Ти ја подарувам на
    тацна невиноста,
    а ти ја третираш
    како скап поклон завиткан
    со златна панделка.

    Ти се отворам како
    пандорина кутија
    и пуштам сите палавости
    од мене да излезат,
    а ти ни да ме допреш не сакаш.

    Ми велиш, сеуште си малечка,
    ќе се каеш за една ноќ
    ѕвезди што ти симнував,
    безброј дни што следат.
    Но, не е ова невиност
    што потоа се пере од
    крвави чаршави,
    та таа вечно во тебе ќе живее.

    Можеби е тоа само наивност
    извезена во детски стихови,
    а јас сум само балава тинејџерка
    со немирни соништа.
    И ова што го пишувам нема
    ни малку еротика, можеби
    само малку перверзија
    а ти ми велиш потребна ти е рецензија.

    Упс, извини, крвава ми е совеста,
    неколку капки и на чаршав паднале,
    па морам да го исчистам!
    Кој си ти, да ми кажуваш
    дали цена да ставам на себе си,
    тоа е само илузија завиткана
    во убави зборови.

    Немој веќе со блудни очи
    да ме соблекуваш,
    барем овој пат кажи ми
    дека ме посакуваш без цензура,
    стави ми рака на задник
    и влези ми за првпат.

    Онака невино.
    И со наивни очиња.
     
    На Ketrin.Moon и ljubam им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Долгите исплакувани ноќи,празнината во душата...до кога ке патам за некој што го нема веќе ? Целиот живот пробуваш да ги заклучиш спомените во некој дел од срцето,ама тие засекогаш ке те прогонуваат...Станав најдобра пријателка со осаменоста,бидејќи тебе веќе те нема.Твоите допири веќе можат да бидат дел само од моите илузии.Ништо не остана.Тебе те нема.Заклучена сум во темнината,насмевката која беше моето изгрејсонце веќе ја нема.Ги нема веќе твоите нажалени,пусти очи...какви и да беа сепак беа ТВОИ,беа причина за мојата насмевка.Ги нема веќе твоите усни,да ги допрат моите...со тоа го снема и мојот превоз до еден друг,сосема поинаков свет,без грижа,проблеми едноставно во светот на мирот.Твојата прегратка беше моето најсигурно место,на кое се чувствував како птица високо во небесниот шир,толку далеку од негативноста,толку далеку од лошото...Мојата среќа е уште еден дел од сеќавањата,далеку,далеку од сегашната јас...и само затоа што тебе те нема...ти беше причината за мојата среќа...Ех,збудалена љубов,нека ти е среќен патот до ѓаволите,честитам,успеа и мене да ме повредиш.Никогаш не сум ни сакала да се залажувам со тебе доколку знаев дека ваков ке биде крајот.... Ме натера,својата љубов да ја посветам кон некој,од кој ми останаа само сеќавањата.Жарчето љубов изгасна во мене,и никогаш повторно неможе да се запали.Надежда е мојата пријателка која одамна ме има напуштено засекогаш.Твоето заминување означи крај на се.Готово е.Нека почива во мир нашата љубов. ;(
     
  13. Miss.Baller

    Miss.Baller Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    56
    ЗНАЕ ЉУБОВТА, НЕ ЗНАЕ ТАА
    Погледни како се движи. Испишува сè она што би ми рекла. Да можев би испишал и јас, верувај. Би испишал сè што тогаш не и реков. Кога само поглед би ни сè сретнал. Кога само уште еднаш би и пришол со ладно Нес-кафе и седнал покрај неа. Во нашето кафуле, во моја прегратка, каде што ја имав. Каде што ја знаев. Го знаев секој дел од неа. Ама таа..

    Да знаеше сè што знаев јас. Да го знаеше тоа што го знам јас денес. Макар јас да знаев ќе знаеше и таа. Затоа сè што знам сега е формата на нејзиното тело и последната нејзина реченица - ”Замини конечно без да се вратиш, замини онака како што дојде, како провокативен играч во љубовта.” И заминав. Глупак. Затоа сега знам дека таа беше поголем играч од мене, затоа знам тоа што таа не знае. Ќе победиш сè мила. Победен сум и јас.
    Miss.Baller
     
    На Srckata28 и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Кога љубовта не те остава...
    Удира како тапан,погледнува како налутен гулаб,погодува како стрела,топлина иста како на Сонцето,остра како нож...ма не можам!Како катанец се заглави врз клучот на портите...на вратата од срцето.Тој оган кој не се гаси,водата како да изгубила дејство..но зошто слатко страдам?Со каква боја ли ќе обои таа слика?Како сенката е,не те напушта!Нема лек,па која е таа личност која ќе се излечи од стрелата на Амор?Нема,не постои.За која зборувам:Таа,па која е таа?ЉУБОВТА.Кога сме кај неа и тој игра улога во оваа претстава.Тој е Ромео,кој не знае дека неговата Јулија е толку блиску,а сепак далеку!Ти си немир што ми треба,игра што не престанува...Тој воз со еден вагон кој не знам во кој правец оди.Ах,што ли се крие во тие очи сини,во тој поглед вознемирувачки кој го забрзува ритамот на орото во срцето.Тој е причина за насмевка.Љубовта е храна за душата.Сепак,со тие невидливи крила ме прегрна и не пушта!Колку ли ќе трае ова?Купидон,баш ли најде мене да ме погодиш?Добро,но дали и тој?
     
    На Someonespecial и Srckata28 им се допаѓа ова.
  15. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Се да заборавам
    љубовта е тука,
    да не можам да зборувам,
    доволен е зборот „ љубов“
    и ќе преживеам,
    кога ќе бидам на дното
    и ќе нема излез.
    Ќе чувствувам љубов
    и ако се ми одземат
    и останам без ништо,
    љубовта ќе е во мене,
    дури и да ми ја срушат
    надежта,среќата и вербата,
    љубовта ќе остане.
    Кога ќе ја видам смртта,
    јас ќе и кажам „ љубов“
    и нема да се исплашам.
     
  16. lana89

    lana89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    скалила,, бескрајни,, стрмни...
    уморно качувам...чекор на горе па паѓам два...
    заклучен,, ширум отворени порти...
    дали ќе излезам,, борба со самиот себе...
    а вреди ли,, толкава сила да се вложи,,
    животни патеки,, можеби однапред напишани...
    знаци толку тешко видливи,, вреди ли да ги барам,,
    кога веќе ни во самиот,, верба јас немам одамна...
    и искрено не верувам дека брановите на бурата
    ќе ме вратат пак дома,, но сепак исправено гордо пливам јас
    и искрено не верувам дека низ патот тесен долг ќе изодам,,
    земам здив и трчам пак,, низ маратонот на судбината,,
    не се предавам,, се до последниот миг,,
    се до последниот зрак,,
    одговори скриени во мрак јас барам...
    ќе избарам.
     
  17. Jay-jay

    Jay-jay Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Јас претежно пишувам англиски песмулиња (колку за занимација) и ги имам отприлика 24 ама се катастрофа, 2 на српски, 3-4 на македонски без една поема со 73 строфи што уште не е довршена (зимава ќе ја продолжам) и 23/4 текстови (како на блоговите)... Од нив 2-3 се Англиски и така... :)
    Еве едно:

    Sadness

    Who took away the good from my life?
    Who brought the bad in my sweet desires?
    Who cursed me quietly,
    without saying politely:
    -Damn you are forever!
    I never thought that this could happend to me,
    who cursed me that badly?
    What did I do?
    Except for loving you,
    does that count in mistakes?

    I loved you on every possible way,
    but you never learned to appreciate,
    you listen to people
    who scared you to death in front of my heart,
    killing me with every look of yours,
    and watch my steps fell apart.

    I quess I'm living in a wrong world, in a wrong time,
    and I guess you'll stop giving me the heartache,
    and I'll soon stop writing this rhyme.
    It's about time to forget everything,
    It's time to hear the strings of violin,
    maybe It sounds primitive,
    but It's just an ordinary nostalgic feeling.

    But what use do I have from tears?
    They just make me weak in front of my fears...
    And what If I just stand in front of you,
    tell you how much I love you,
    and see If your heart will start to cry,too?

    No, you're not that soft,
    and your soul looks like it's made of rock,
    and I know I can't descise my love just with talk.
    If rain was love, I'd send you storm,
    If sun was love, I'd send it to always keep you warm.
    You're my brightest star in the sky,
    a fact that no one could deny.

    Long time passes by, for me It seems so soon,
    i think It's time to change the bad habbit,
    just like talking to the moon.
    And what If I never get the chance,
    to dance with you,
    oh just one dance...?!
    And what if you never find the ways I loved you,
    or how many rivers I've cried for you...
    What If you never feel the same way that I do?
    Oh well, It will stay buried forever,
    just because for you It's whatever...
     
  18. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Можеби некој ден ќе бидам таа што навистина ти треба

    Ме повреди.
    Ме повреди толку многу,што не верував дека постои толку омраза во тебе.
    Ни малце не ме љубеше,а?
    Ни малце не сакаше ова да успее?
    А,јас имав толку многу соништа.
    Штета што никој нема да ја најде својата реалност.
    А,беа толку убави и желни за живот.
    Кога ќе помислев на тебе,веднаш колку и да не си бил во ред,веднаш,душата ми се исполнуваше.
    Дека постои некој кој ме сака колку и да е далеку.
    Дека сепак има некој кој ме прифаќа каква сум.
    Ме сака мене.Онаква каква што сум.
    Интересен е фактот што нешто во мене ми вели дека тоа не беше ти.
    Убеден е тој инстикт,дека ме сакаш сеуште,а сакаш само да ме оставиш поради нешто трето,не поради моите проблеми.
    Поради своето.
    Штета што не ми кажуваш.
    Штета што ти беше тој што најмногу ја сакаше врскава,а се откажа.
    Штета што оставаш нешто кое можело да има иднина.
    И штета што ако на некој начин,сакаш да ме заштитиш од нешто,си го одбрал најодвратниот начин.
    И најтешкиот.
    Бидејќи кога-тогаш,јас ќе знам дека ти си прекинал поради свои проблеми и недоразбирања,а ти само ќе сакаш да се врати назад се.
    И ова не го велам бидејќи се величам себе си.
    Го велам бидејќи те познавам.
    И го чувствувам истото.
    А,те сакам.
    Те сакам сеуште и после се што рече.
    И после се што направи.
    И после твоите депресии.
    И после твојот песимизам.
    И после одрекувањето дека љубовта одамна исчезнала меѓу нас.
    Те сакам.

    ;(
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LalitaGrosa

    LalitaGrosa Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    Никогаш не би можела
    да ги сокријам сите чувства
    што наеднаш преминуваат преку мене.
    А ако не бев јасна,
    сега ќе бидам појасна.

    Во истата соба, пак во тој кревет
    каде што до вчера лежеше тој таму
    и нежно ме прегрнуваше
    и правеше да ми е жешко.
    Жешко од задоволство
    што тој ми го даваше.
    Додека јас нежно го галев
    по неговите цврсти мускули,
    од чиишто очи течеше љубов
    уште од самиот поглед
    кон тоа врело тело.

    Но тие епитети не се ништо
    во споредба со неговата страс.
    Тоа се само неколку празни зборови,
    недоволни да ја искажам
    мојата невозвратена љубов.
    Сега сама лежам во истиот кревет
    стуткана во истиот ќош.
    Доаѓаат темните вечерни часови
    и одма врз мене се истура носталгија.

    Носталгично е и моето тело
    врз кое нема ништо
    а чувствувам морници.
    Таква осамена, тажна и депресивна,
    копнеам по неговите страсни бакнежи,
    по неговите светло-зелени очи,
    што со поглед ме мамеа,
    и ко мегнет кон него ме влечеа.
    И исто бев врзана за неговите
    мали и црвени усни,
    што пиеја само ефтино вино
    после секоја проголтена грешка.

    Еве ме сега осамена и сама
    зашто самиот тој со сопствени раце
    ме предаде во прегратките
    на осаменото искушение. Сама.
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.785
    Допаѓања:
    169.654
    Пол:
    Женски
    Сенки (Приказната зад лицето)

    Секогаш него го велеа како најстрогиот човек, но беше најосамениот. Велеа дека е најнепобедливиот, но беше најуништениот. Велеа дека е нечувствителен и непобеден, но тој беше само едно изгубено дете заробено во тело на стар психопат.
    Стигнаа во селото во кое доста повлечен живот живееше таткото на Тони. Том премногу беше поврзан со Натаниел. Го прегрна. Ако не беше Том, Тони одамна ќе беше пропаднат, без пари. Нејт целосно го финансираше, како вистински Смит, но Тони беше целосно спротивно, неодговорен, секогаш сакаше да се забавува, па поради своето насилно однесување ја изгуби и мајката на Том, неговата прва љубов која толку години ја криеше длабоко во себе, за која не сакаше да зборува и која одамна замина оставајќи го, барајќи подобра иднина за неа и за малиот Том.
    Беше студена зима кога Мелоди ги напушти и двајцата, одејќи само за да обезбеди подобра иднина за малиот Том, но успеа ли? Никогаш не се врати … Првите вести дека таа почина продреа до ушите на Тони. Гледаше во Том и не знаеше како да му кажи, не сакаше. Не смееше да ги скрши чувствата на тоа мало дете кое толку многу чекаше да се врати назад неговата мајка. Таа замина кога му требаше највеќе, а кога би пораснал нема да се сеќава на нејзините темни очи и руса коса.
    Истата ноќ кога вестита стигнаа до него, го раздраа срцето. Неможеше да спие таа вечер, а го имаше Том во својата прегратка гледајќи во таванот.
    Во еден момент се слушна силен звук како се продира низ подотворениот прозорец, речиси беше промаја која се движеше низ собата и само осети како ладен ветер го дали по лицето … Го обви неговото тело, како прегратка … „Мелоди … ?“ тивко запраша и прв пат во својот живот верувајќи во бајки.
    Студенилото продолжи кон Том и тој почна да мрда и да плачи во сонот, децата не сакаат кога студи, а сега таа беше само еден дух кој сакаше, но неможеше да биди сакан и кој неможеше ни да го прегрни сина си за последен пат зошто беше поладна од универзумот.
    „Се плаши Мелани … Остави го …“ тогаш како сина прашина да се виде на светлото од уличната светилка и брзо силен звук се слушна од прозорецот и силно се затворија. Том се провртка низ креветот и повторно заспа во прегратката на Тони. Неможеше цела вечер да спие. Таа дојде да ги види своите момчиња за последен пат … Да го прегрни својот син за последен пат кој можеше да ја почувствува, но не со топлата мајчинска рака, но со ладниот прав.
    Сега кога повторно се врати назад во местото каде што живееше кога беше мал, во истото тоа место каде што ја запозна, сите тие мемории. Том трчање, а тогаш не беше способен ни да оди … Порасна, речиси пребрзо и не се сеќаваше на лицето на мајка си. Кога ќе прашаше каде е, Тони само ги креваше рамениците или грубо го отфрлаше … Но дали и тој би дошол да се збогува за последен пат … ?
    Од тогаш чувстува како нејзината сенка го прати близу неговиот кревет, прекорно после секој пат кога ќе го искара Том незасновано, дали таа е сега неговата совест … ?