1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Некогаш

    Некогаш можев да те сонувам
    и со насмевка да се разбудам.
    Да ја гушнам среќата,
    да ја бакнам радоста.

    Некогаш можев да ти зборувам
    и да седам во твојата прегратка.
    Да почувствувам топлина,
    да почувствувам убавина.

    Некогаш нашите усни ќе се допреа
    и од нив ќе избиеше љубовта.
    Ќе се родеше страста,
    ќе се родеше возбудата.

    Некогаш можев да плачам
    и да ја однесам тагата во неповрат.
    Да ја исчистам душата,
    да ја вратам ведрината.

    И сега плачам,
    но поштарот ми ги враќа старите писма.
    Ми ги носи старите сеќавања,
    а ми буди нови болки.

    ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На DeRose и Talita им се допаѓа ова.
  2. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Od ocite tvoi,ljubovta gori
    mene milno mi zbori
    dojdi so mene,pregazi go staroto vreme
    samo taka moze da se ljubime
    i nema poftorno da se izgubime.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Мојот последен дечко беше тотален его-манијак, чиј разговор се сведуваше на дури две работи: автомобили и дотерување. Тој се преправаше дека јас ќе го намалам бројот на моите килограми до летниот одмор и ќе купам жолт каиш, бидејќи “така добро одговара на сè”, а јас се преправав дека не е така плиток и површен и дека длабоко во себе е свесен дека надворешната убавина е привидна и минлива; тоа што е внатре во човекот е најважно, вредно и останува засекогаш. Сето тоа преправање го зачинивме со одличен секс во кревет и така добивме врска со времетраење од дури девет месеци. Само што на преправањето му дојде крајот, и стана јасно дека страста, дури и на 23 години, што е релативно супер младешка доба, не може да е императив на една врска, колку и бесмислена да е таа. Страста не може да е двигател на работите помеѓу двајца, ако немаат барем една заедничка работа. Стана кристално јасно дека не е доволна. Ни одблизу.
    ...
    Погоре споменатиот его-манијак кому му подарив една година внимание и сериозно количество на нерви и солзи, ме предизвика да ја направам најфаталната грешка во мојот живот – да ги запоставам моите другари, со цел приматот да го поседува само ТОЈ.
    ...
    Мојот супер-бивш дечко, кого отсега па натаму за да нема забуни ќе го нарекуваме Шабан, помина скоро половина година во убедување дека другарите не ти се потребни кога покрај себе ја имаш љубовта на својот живот! Каква е таа девојка што има најдобри другари, а во исто време – си има дечко? Што е толку важно што имаме ние да си кажеме насамо? Како е можно да нема ништо помеѓу нас, освен обично другарство? Зошто ми се јавуваат по полноќ? Зошто ме прашуваат за мислење кога станува збор за некоја девојка?

    Половината година на упорно убедување, резултираше во фактот – поверување, бидејќи јас наседнав и – поверував дека не ми се потребни, дека сме го надраснале сето тоа од минатото, нашата дружба е стара и излитена, потполно клише и време е да се порасне, да се созрее, со еден несозреан Шабан !

    Повеќе од очигледно, патиштата со Шабан се раздвоија, јас отидов надесно, а Шабан по ѓаволите . . . :rofl:
    (посветено, мојот скромен подарок во чест на твојата женидба - ексклузивно од мојата Новела) ;)
     
    На Valentina.Vaki, DeRose, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    LJubov neostvarena

    Zarem mozes da se odlucis
    mene da me napustis,nadrugi oci
    ljubovtta svoja da ja podaris
    mene da me povredis.
    Ne ne nemamise
    ti sepak ke se kaes
    mene nikogas nema da me pronajdes
    Jas ke bidam daleku
    so drugi race galena
    so ljubov neostvarena.
     
  5. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Ај со среќа нека му е свадбата на Шабан :D, а за делово една огромна 10. ма каква десетка, стотка. :y:
     
  6. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Resiv da vlezam vo svetot na bajkite,tamu e se bajkano,ufilmano,rezirano,fotokopirano,registrirano,spoeno,odvoeno,nema pateka za dvizenje,kaj nas barem ima vozduh za disenje.
     
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Пресек

    Чаша вино
    и Нина Симон.
    Те молам заврни.
    Да излезам,
    на балкон
    и да ги собирам алиштата од жица
    да си замислам
    дека сум одлетала
    како птица
    (гугутките веќе ги нема, оти брезата ја исекоа за да прошируваат балкони)
    низ капките
    да обојам мал свет
    што ќе ти прати
    поздрав што се рони.

    Главоболка, од молскавици и ѕвезди
    тишина одекната низ собата -другарка.
    самотијата е некогаш длабок океан
    а јас само беспомошна морнарка.

    Чаша вистина
    И умор на рабовите
    прстите мои пишуваат
    неуморно, неуморно.
    Чашата е празна
    и зборовите
    прстите мои допираат
    не е доволно
    не е доволно.
     
    На missperfect му/ѝ се допаѓа ова.
  8. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Ako ja kazuvas vistinata se e tvoe, ako mamis se ke izgubis.
     
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Празно Скопје

    Градов е празен
    но, моќен
    да ги задржи
    моите опасни чекори (во штикли)
    и сјајот
    на отворените воздишки.

    * * * * * *

    Така, си помагаме
    како другари
    љубовници.
    Јас, Ана.
    Ти, градот.

    Свртување на нова страна...
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  10. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Vo Svetoto pismo, lugeto ne se podeleni na bogati i siromasni,tamu sme site ednakvi.
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.888
    Допаѓања:
    25.957
    Jas nikogas ne sakav da ti napisam pismo. Barem ne so vakva sodrzina. Jas nikogas ne sakav da se zaljubam. Barem ne vo tebe. Jas nikogas ne ocekuvav pregratka. Jas znaev kakov si…
    Mozebi ti go zaboravi seto ona sto jas ti go kazuvav.Mozebi ti ja zaboravi mojata tazna prikazna.Edno nesto sto so sigurnost go znam e deka ti nikogas ne nauci da pocituvas.
    Sto sakam sega ? Sto mozam da baram poveke ? Prasaj me slobodno. Mojot pogled ke ti odgovori. Jas ne barav nisto od tebe. Jas znaev sto mozam da ocekuvam. I posle se sepak sfakam deka ke bese podobro da mi podarese edna edinstvena iskrena nasmevka,otkolku licimerni baknezi. Si igrase so mojot kopnez, a se prepravase deka ne znaes sto pravis. Mi kazuvaa, konecno go dobi. Znaes i sam deka ne dobiv nisto, zosto dobivka znaci sreka,a jas ne sum srekna. Mi kazaa ‘sonot si go ispolni’. Dali e navistina taka ? Dali kopnezot pobedi, dali srceto se zadovoli ?
    Ne… Zarem zaboravi na prokletstvoto koe ja sledi malata princeza ? Prokletstvo koe ti go sozdade za da ja povredis…Toa ja izigra svojata posledna uloga. Najgolemata zelba ja pretvori vo laga. Laga koja go izdiga licniot ocaj i ja brise poslednata kapka nadez deka nesto ke se promeni…
    Ti ne se menuvas… Postois vo svojot sovrsen licimeren svet koj samiot si go izgradi I go rusis svetot na iskrenite… Tebe ti odgovara takviot zivot. Ti go zivees sopstveniot son, ti se zalagas za sopstvenata licimerna sreka.
    A sto e so princezata? Dali taa ostanuva uste edna od mnogute na koi im delis baknezi I gi smetas za trofei? Dali ti se bitni nejzinite cuvstva? Dali te pogoduva nejzinata inferiornost I razocaranost kon svetot?Dali nekogas si pomislil vo kakva zagubenost ja vturna? Taa go gubi cuvstvoto za realnost, taa patuva niz bedniot svet na sonot,taa go dopira dnoto na zivotot… Taa ti poklonuva delovi od nejzinoto skrseno srce, a ti prodolzuvas da ja ismevas…
    Nikogas ne mozese da sfatis sto taa barase… Samo iskrenost… Barase iskrenost tamu kade sto taa go imase izgubeno svoeto znacenje…
    Nikogas nikoj ne uspeal da pronajde iskrenost vo tvoite oci, nikoj ne uspeal da go dopre tvoeto srce, nikoj ne uspeal da te promeni… Ti postois, bas tuka, bas sega, opstojuvas za da me potsetis so kakvi bednici mozam da sretnam vo zivotot. Takvi kako tebe, sto ne gi pogoduva duri ni sopstvenata bolka…
    p.s. znaes I sam deka nemase pravo da me sporeduvas so site tie devojki koi te molea…znaes I sam deka jas sum poinakva od niv…znaes deka nemase pravo da me povredis na tolku nizok nacin… Go znaes toa, samo zatoa sto ja ti ja znaes mojata prikazna…
     
  12. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Ti zaminuvas
    no so ocite
    poftorno dusata mi ja miluvas
    ti cekoris napred
    ti cekoris vo novoto vreme
    a zad sebe me ostavas mene
    vo staroto vreme.
    Ne ne me boli razdelbata
    me boli laznoto vreme
    koe vo mene seuste
    tazna pesna pee.
    Moite zborovi
    sekogas vo tebe
    ke dopiraat i planovite
    za uspehot ke ti se stopiraat.
    jas vo tebe ke se vselam
    kako senka ti ke me brkas
    ke me molis za proska
    a jas nema da ti podaram ni troska.
    Sam ke ostanes,minatoto vreme
    nema nikogas da go pronajdes.
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Дежа-ву

    Ме јаде љубомора,
    целата сум зелена
    и се ми е солено и горко.
    Ниту сладолед, ниту бајадера
    нема да смени ништо,знам.
    Белиот ѕид ми бдее, а тишината ми ја празни душата.
    Осаменост!!
    Најлошата болест.
    Најлошиот подарок кој можеше да ми го подариш,
    наместо бакнеж.
    Јас твоја, ти мој?
    .... Или само јас твоја...
    Самотија, осаменост, агонија.
    Телефонски повик,
    и пак е добро се, ама уште чувствувам горчина
    на врвот на јазикот.
    ~ ~ ~
    Отидов да си купам сладолед,
    чекај ме!
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Орион

    Кревам поглед
    кон небо
    Орион ме лови.

    Чудесно е така
    кога сакам
    да бидам обичен смртник
    Земјанка со мета
    среде срце.

    Стрела и лак
    Ќе се наместам пак.
    Нема ништо поубаво
    од ѕвезден маж.
    Макар како замисла.

    Вертикала на вечната младост.
    Улови ме, иако
    јас одамна те гледам во својата болка.
     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    Лелеее Шелеа стварно претеруваш!Ептен ти сум љубоморна. :) Многу си талентирана и се` поубави и поубави ги пишуваш.Браво за тебе и во иднина од книга да те читаме,а не само овде.
     
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Хахаха, жени прекрасни, не ми завидувајте, уживајте во зборовите, тие се сечии, само мојот ум и срце така ги склопува во даден момент...
    Еве ви една денешна, свежа.

    Погледи
    Пејсаж, од вратата на балконот

    ми дише домот

    забревтан во 13ти, петок.Се спрема олуја, мижечко торнадо.

    На допирите

    што ветуваат, а се во обоено стакло.

    Аплауз

    на работ од креветот.

    Истегнати емоции

    Жена инструмент.

    Можам да те расплакам.

    Заврни, конечно.



    Не барам ништо

    само дланка

    чување.

    Мижи и покриј се.

    Без ветување.
     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Шилеа, не можам, а да не ти се воодушевам. Браво! :clap: :clap: :clap: :inlove:
     
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Еве нешто од мене, напишано сега, директно овде на фемина! се надевам ќе ви се допадне!



    Те видов...
    денес- чуден
    со поглед- малку студен,
    а сепак страстен!

    Те осетив...
    трепериш а сепак буден
    дека не си сам-
    тоа е, знам!

    Те прашав...
    нели таа не гледа нам?
    а бурмата твоја
    ја скри, како да не знам
    кој си ти

    Те одминав...
    не си веќе во моите сни!
    остана мал дел
    во моите мисли
    како да велиш
    сега спиј!

    А сега еве ти давам мој стих
    те уважувам ли?
    мислам не!
    се восхитувам ли?
    повеќе од се!
     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Vo belo ruvo oblecena
    kosata so cvetovi obelezana
    liceto i e rumeno
    srceto seuste zbuneto
    Taa nemo stoi
    najbliznite so oci gi broi
    kradeskum solzite gi krie
    bolkata vo gradite
    nikoj nemoze da i ja razbie.
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.754
    Процес

    Поделена
    на делови
    од врв до дно
    нејасно
    до каде ќе ме одведе
    секое парче размислување...



    Тело
    или Ум.
    Поделено,
    а Сум.



    Раѓање, одново
    и сјај, што ти никогаш нема да го фатиш.
    Процес.
    Никаде крај.
    Не сакам да се вратиш.
    (новите нешта го менуваат светот)