Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    На работ на улицата
    Стоев,
    денови, месеци, години
    ги броев
    Но нам само ни се чини
    дека времето минува,
    неумешна слатка варка
    на случајниот минувач,
    всушност тоа само стои
    откако знае за себе
    (ако таква работа е можна,
    но во лете си има обичај
    Се да се случува)
    Да се вратиме на случајот,
    се' се врти во кружен тек,
    лисјата златести се и паѓаат,
    после пак стануваат
    Си мислиш се враќаат
    со нов живот, нов елан
    на дрвјата,
    Но тоа се само лисја, велиш
    и тоа е она што не кочи
    не веруваш доволно
    на се она што цути околу тебе.
    Е тоа е грешка,
    што случајно се протнала
    низ окото на илузионистот
    па ние така извитоперено,
    Ја гледаме.
    Смешка е тоа што
    се тече, оди нанапред
    Само ти остануваш заглавен
    остарен, збрчкан и здосаден
    на самиот себе,
    со неколку кила плус или минус,
    Не е важно,
    не е времето тоа што стои,
    времето си ти
    и на крајот сфаќаш дека
    не си стоел на ниеден раб
    и ниедна улица,
    се е тоа плод на твојата (мојата)
    фантазија,
    Цело време се вртиме во круг.
    Можеби малку поразлично,
    потешко или полесно,
    Но, секој со своето бреме
    Патува.
     
    На De-lovely, AziskaStrslenka и Hipica им се допаѓа ова.
  2. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    438
    (р)еволуција

    Се истрагаме од прстите на секојдневието,
    исклизнуваме од стисокот на бедната рутина
    и со полет на млада ластовичка
    се впуштаме во вителот на возбудата.
    Зошто тоа сме ние!
    (или тоа требаше да бидеме)
    па ослободени од прангите на конзервативност
    со алкохол ги полеваме сите истрошени години залудно,
    ги размачкуваме сеќавањата на она што поминало,
    си ја смалуваме болката за она со што ќе се соочиме.
    Чекориме со сигурни чекори
    во малиот дел на вечноста
    додека светот не се свести дека не му припаѓаме,
    за момент,
    и ќе не свлече назад
    буткајќи не во сложувалката на клишеа..

    Се местиме од нашата неудобна положба
    зошто нашите израстоци на одговараат на длапките,
    зошто ние не се вклопуваме во шаблонот...
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    http://stargazers-view.blogspot.com/201 ... white.html

    When she put on the white

    And there stood I
    and next to me she stood.
    I was hers and she was mine
    and nothing else mattered
    and that was enough.
    The world was gone
    but who cared?
    We had the infinity on our side,
    and she had us on hers.
    The vastness was ours to explore,
    yet we were enough by ourselves.
    We were everything,
    yet were just one soul
    one soul
    separated in two bodies.
    We were one
    while being million other things.
    We were stars,
    sometimes the moon…
    Glowed like the sun
    outshone the light
    smelled like the wind
    tangled in hair
    in her restless
    oh, that bronze of her hair,
    We were animals
    the horses we often rode…
    then we were diamonds
    dashed in the sky
    amongst the stars.

    We laughed as if we had no life
    nor worries as thou bear.

    We loved the lust,
    praised the crave,
    worshiped the gods of passion,
    then ripped our souls
    in the peak of ecstasy
    as we ripped the cloths…
    Oh, that pearl of her skin,
    pale as this foggy morning,
    so fine and tender and soft
    melting in palm
    running through fingers.
    Oh, that silk on her waist!
    Oh, that blood in her veins!
    Oh, that smell of her purity
    on my lips
    on my skin
    in my heart
    for never to die
    the love from within.
     
    На DirtyQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Прашливо ездење

    Собата бавно се губи низ коридорите на мојот ум, и се повеќе исчезнува од мојот видик.
    Наеднаш сум кај вилата која се наоѓа над ѕвездите! Тука дрвјата со портокали се живи и се смеат. Развиорено танцуваат под закрила на вечниот венец на пролетта, не потпирајќи се на вољата од ветерот за да ги придвижи. И ете ме и мене, посакувам, и почнувам да јавам по Рајските падини на еднорог! Јавам, вдишувајќи ја разиграната светла прашинка која лебди во етерот. Прашинка која ми го замаглува видикот, и жестоко ми ги дразни капиларите во носот. Па, се ставам во улога на ткаач, креатор, тишина...Царувам секаде и чинам дека можам се!..Знам дека не постои просторија во која не можам да влезам, не постои лимит до кој не можам да продрам.
    Тука горе со раскрварени штикли стојам гордо и кога сите ме повикуваат долу.
    ,,Не можам...Реалноста ми е душманка'' Им велам..
    И само кога би можела да бирам, вечно би останала во млечниот свиок за да парам блесоци во глувата ноќ.


    [​IMG]
     
    На Ivy89, Marossa, De-lovely и 2 други им се допаѓа ова.
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Одамна замислувам
    како би изгледало твоето
    Име во песна
    започнува на Ф,
    знаеш и не е толку лошо
    ти беше број 13 и после тоа
    сегде те среќавам иако не вреди;
    те сонував но те изгубив во сонот
    Не е можно, си реков
    И таму не можам да те сочувам
    секогаш ќе го носам тој товар,
    писменце со печат:
    Земи ми го срцето
    извикува, ќе пројде
    долг пат
    дури до Битола
    не дели Скопјево
    и уште по некој град,
    и можеби никогаш ништо
    не ти фалело олку
    колку што сега ми фалиш ти,
    ако некогаш
    тогаш ќе сфатиш
    но тешко е
    и нема да се врати,
    тоа е животната борба
    на Мигот,
    само ти продолжуваш
    напред, се друго e на принцип
    No returns.
     
  6. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    И сеуште се пρашувам κаκо
    ја занемев болκата
    κога ги облеκов подвезиците.
    Можеби се сетив на моментите
    κога вашите тела изгледаа
    κаκо поρцелан
    κаκо стаκлени чувства
    чисти κаκо соединети солзи
    κои сеуште ја содρжат болκата
    во смислата на своето љубење.
    Можеби се сетив κаκо болκата
    стана смисла и на моето љубење,
    љубев со очи полни злато,
    и онаκа,
    сρцето ми е анхедонија .
    Но сеκогаш κога
    ќе се сетам деκа нема утρе,
    се потсетувам деκа има.
    И деκа ќе останам
    без подвезиците
    и болκата ќе пишти
    паρајќи ми ги гρадиве.
    Ништо ново.
    И двајцата знаевте
    деκа ќе κρваρам.
    Κρваρев сеκогаш
    κога ќе ме допρеше
    со ρаце отпечатени на нејзините.
    Симни се од него,
    тој е единствениот κој неκогаш сум го љубела,
    и те молам не ја наоѓај нејзината κожа,
    κога ќе го вκлучиш светлото.
    Ти си мојата мимиκа.
    Жал ми е што се ρеинκаρниρав во тебе.
    И жал ми е што вечеρва
    ќе сонувам κаκо го делиме на истата постела,
    и нема да чувствувам
    гρижа на совеста.
     
    На Ivy89, Marossa, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  7. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Додека ги крцкам прстите во знак на нервоза,
    низ мислите ми проѕвонува шепот дека
    подобро нема да биде,
    дека кога ќе ми остане последната ронка надеж, само тоа
    и ќе остане и дека
    имам една единствена точка блесок која ме протуркува.
    Дека ако некогаш си спомнам на ова време ќе имам
    само броеви-денови, место спомени.
    И единствената оддишка што понекогаш си ја давам, кога полека
    си давам отказ од последниот идеал кој остана само идеја,
    е фактот дека само ти остана во ова време да ме тешиш.
    И за тоа сум благодарна.
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Те саκам,
    биди здρава и жива,
    засеκогаш ќе бидеме заедно,
    најдобρо ќе биде јас да си одам.
    Ти си моето се,
    пρетеρуваш,
    ти си најдобρиот,
    κуρво,
    злато мое си ти,
    биди сρеќна отидов јас,
    ќе се заебеш аκо ме оставиш,
    саκам да ми бидеш жена.
    Не знаеш да ме цениш
    κаκви гаќичκи носиш?
    Имаш нешто натпρиρодно во себе,
    готово е меѓу нас,се гледа,
    пиши ми κога ќе се ρазбудиш,
    јас сум идиот,
    слатκи сништа.
    Постојано ти фали нешто,
    сигуρна сум деκа си вистинсκиот,
    јас заслужувам подобρо,
    ти го заслужуваш најдобρото.
    Ќе ти ги изедам чувствата,
    пρијатно јадење,
    фала,повели.
     
    На Ivy89 и luci22 им се допаѓа ова.
  9. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Дел од она што почнав да го пишувам во изминативе летни бессони ноќи...

    Беше тоа една дождлива есен во тоа мало гратче полно со дузина различни карактери. Безброј дволични луѓе гордо шетаа по тесните сокаци, бесрамно носејќи ја маската на ангелско олицетворение.
    Мноштво ранети, иструени души, жигосани од суровоста на сегашноста, молеа за сува корка леб и блага реч. Група невина, оцрнета младина, седеше стутулена во некој осамен дел од градот, носталгично прикажувајќи си за едно прекрасно минато.

    Тешки времиња дојдоа, а уште потешки следат. Војната не го бира својот плен. Како лепрозна болест ништи се пред себе. Старо, младо, жени деца... Тоа беше тешка година за целото население во тоа мало место близу Берн, во Германија.
    Глад, лелек на ужалени вдовици, невин плач на голем број сирачиња го преплави градот. Крвави беа ѕидовите на куќите во кои освен искршени прозорци и мирис на темјан од завршен парастас, немаше ништо друго. Чиниш домаќинот на тоа некогаш топло огниште полно насмевки, сакал со трагите од крв да остави вечен спомен за најблиските, та се влечкал така окрвавен од местото на злосторот, се до дома. На улиците и во дворовите безброј празни куршуми.
    Тие што имаа среќа и малку подлабок џеб, на време ја “дувнаа” во подобри места за живеење. Некои пак, од тие големци се вратија назад, само за да го видат исходот од војната, да ја исмеваат маката на своите сограѓани. Едноставно, да фаќаат “сеир” на нечија оцрнета судбина. Од таквите дволични луѓе, меѓу народот познати како “адвокатите на Луцифер”, во тоа мало местенце, некогаш толку добро место за живеење, никогаш немало напредок. Но, и покрај се, кај дел од луѓето постоеше трошка надеж за подобри денови, постоеше излез од цврстиот јарем на војната.

    Тоа утро Сара се разбуди како и вообичаено, во 9:30 часот. Мрзеливо се извлече од креветот и отиде во тоалет. Се погледна во огледало, но ликот од спротива не можеше да го препознае. Бледа, ослабена девојка, со влажни, крвави очи, и возврати со кисела насмевка од другата страна.
    До пред една година низ нејзините вени течеше младешка крв, а таа среќна девојка што знаеше да сонува, но пред се, девојка со оптимистичен поглед кон животот и иднината.
    Набрзина се истушира и без да фрли поглед кон огледалото, ‘ко фурија излета од купатилото, чиниш се плашеше од својата лична појава. Отиде до кујна, си го приготви својот омилен чај од шумско овошје и седна пред компјутерот. Продолжи да пишува таму каде што застана претходната ноќ. Одеднаш се сепна, стана и го отвори прозорецот, како да сакаше да излезе сета тага и чемер што и го распаруваа срцето, и како црни врани кружеа во нејзината соба.


    ***********


    Сара Јансен работеше како новинарка за весникот “Mладина”. Во цутот на својата младост, со само 24 години, имаше изградено квалитетен углед меѓу своите најблиски, пријатели и колеги. Дипломиран новинар, со широки погледи и длабоки сфаќања за светот и животот.
    Имаше детство за какво и принцеза би сонувала. Мајка и Хана, работеше дома, како шивачка. Татко и Лудвиг, пак, работеше како градежен инжинер. Беше одлична ученичка, првенец на генерација. Ќерка единица. Од својата 18 годишна возраст реши да се осамостои и да живее сама. Работеше и студираше. Најчесто сама ги плаќаше своите студии, но понекогаш знаеше да земе на заем од своите родители, но секогаш го враќаше назад позајменото. За живеачка заработуваше така што преку лето продаваше сладолед, а за време на учебната година пишуваше есеи и писмени задачи. Беше вљубеник во литературата и убавиот пишан збор, ја сакаше филозофијата и уметноста. Имаше големо познавање од англискиот, францускиот и турскиот јазик.
    За нејзините најблиски и пријателите таа беше прекрасна личност, девојка полна со живот, вистински оптимист, но сепак, имаше нешто што тие не го знаеја. Истата таа Сара, насмеаната девојка што зрачеше од оптимизам, имаше своја тајна. Голема и тешка тајна што и ја гореше душата, не и даваше мирен сон. Токму тоа го имаше напишано во нејзиниот дневник. А до тој дневник никој освен неа немаше пристап. Се додека еден ден животот не ги промени правилата на игра. Тој ден за неа беше кобен.

    21.09.2010год.


    Се викам Сара Јансен. Имам 22 години и работам како новинар за весникот “Младина”. Очигледно сум родена под среќна ѕвезда штом веднаш најдов работа. Сигурно поради добриот просек. Од работата воопшто не се жалам. Ќе биде греота ако на 1.500 евра плата кукам како малку заработувам. Со тие примања можам да си ги платам месечните долгови и да си дозволам себеси еден луксуз како на пример, козметички третман.
    Како и да е, не беше тоа причината поради која што започнав да го пишувам овој дневник. Имам една голема рана на срцето. Има толку многу за пишување што едноставно не знам од каде да започнам, а вистината боли, премногу боли. Не можам да најдам соодветни зборови за да се исповедам. Пред самата себе, овде меѓу овие страници, и пред Господа.
    Постои само едно нешто во кое сум во целост сигурна. Досега не се родил смртник што останал должен пред Божјиот суд. Секој еден човек одговарал за своите гревови. Јас се плашам дека моите гревови се преголеми, толку многу, што за нив, едноставно нема прошка.
    Само Бог е совршен. Сите ние сме бедни грешници.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Тути-фрути

    Твоето набрчкано лице,
    ми ги стресе колената,
    и ако уште некоја
    те нарече грд,
    ќе му ја бапнам една.

    Па што ако ти е голем носот?!
    па што ако имаш
    на задницата хемороиди?!

    Работава е врвка,
    јас за спанаќ сум стрвла,
    а кога јадам графче
    голема сум прдла.

    Од кока-коли ждригам,
    но сепак ти си ми се‘ што имам!
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Луци22 - Спајдермен

    Дома на него, банкет му направија,
    фати аероплан либето ојде за Австралија.
    Па сега секој ден по скајпон ми ѕвони,
    главен е таму прави милиони.

    А јас пеам по меани, веселам мажи,
    срце ми вели, певаљке не тажи.
    Ќе ти прати тој карта во еден правец,
    ќе одиш во Мелбурн, директ од село Здравец.

    Ти си мој Спајдермен, брз ко кенгур в постела,
    а јас твоја коала, само со тебе би се гостела
    И по океан воз за тебе ќе јавнам,
    ах Спајдермену мој кога ќе те грабнам.

    Уште од аеродром в кревет да си појдеме,
    да се опакостиме, секси да си пројдеме.
    Да ми спремиш австралиски ручек,
    а ја пред Сиднејска опера да ти играм чучек.

    Нека пукнат од мака швалерки твои,
    јас ќе бидам таа што долари ќе брои.
    Од деколте до под сукња со пари полна,
    мазна ко прасечко и без ич волна.

    Ти си мој Спајдермен, брз ко кенгур в постела,
    а јас твоја коала, само со тебе би се гостела
    И по океан воз за тебе ќе јавнам,
    ах Спајдермену мој кога ќе те грабнам.
     
    На srhsejbsk, Anabelle.Amorette, fashion.girl.13 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Криволиние

    Повлечи една нагоре - тагата да вјаса,
    како патник весел, вољата да ја стаса.
    Линии гледам и по улицата сива,
    зебрата ја бунтува, дур се гази нејзината грива...
    И во чашата ги гледам, така испустена празна,
    со оттисок од карминосани усни или цигара гнасна.

    Ги има кружни, испреплетени па се до тенки,
    важно тука се да ги красат нашите лица темни.
    Контурно ги прикажуваат и тие бедра женствени згодни,
    кои понекогаш знаат да се и многу полни.
    Но, секоја линија се провлекува тихо,
    како пренесувач на пораки, посилна и од пискот!
    Неа во срцата ја топлиме добро,
    со секој здив - со секое збогум...
    Дури и небото е линија, волшебник кој крие безброј тајни,
    чува ѕвездени патеки - души јатосани разни.



    [​IMG]
     
    На Marossa, srhsejbsk, AziskaStrslenka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Таа ноќ,
    Само една ноќ.
    Се побунија против универзумот,
    се скараа со времето,
    му го свртеа грбот на светот.

    Ја оставија гордоста пред врата,
    со себе се земаа само себеси и спокојот и тишината.

    Ги споија усните,
    ги испреплетоа дланките,
    се сокрија во прегратки,
    и душите таму им останаа.

    Таа ноќ,
    само една ноќ.
     
  14. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Го напишав од досада, иначе прво дело ми е :)

    ,,Зошто секогаш јас?Која е мојата грешка за ваква казна?Уште колку време ќе се вртам во круг?Ќе успеам ли некогаш да го најдам излезот од овој лавиринт?До кога вака?Нормално ли е некој деноноќно да шета по улици?Не, секако дека не.Но дали вие знаете дека тој некој сум јас?Секако дека не знаевте.Вие тоа не го гледате, а уште помалку вие не ни го чувствувате, но јас го чувствувам, јас гледам, јас занм како е!Дали занете дека јас незнам што е сонце?Знаете ли дека јас тонам во мрак?Знаете ли дека штом видам малку светло неуморно трчам накај него полна со надеж дека некогаш ќе видам бел ден?Но тоа секако беше вештачко светло од вашите насмевки кои подоцна ме исмејуваа, вашите очи кои секогаш лажно ме гледале, самоите вие кој лажно ме тешевте.Дали имате појма што ми сторивте?Ме затворивте во пеколни четири ѕида без светло, без надеж, но знаете што?Јас ќе успеам, ќе ве победам, ќе се издигнам, јас ќе ве пратам таму каде што мене ме оставивте да страдам.Јас имам надеж, јас сум јас, јас верувам во себе и токму поради ова јас ќе станам нешто, а вие и вака и така ќе останете никој и ништо.’’
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Не се срамам
    да ме гледаш
    како лакомо јадам
    фаст фуд
    Ниту се срамам
    ако ми се подраснати
    влакненцата на нозете
    Не се срамам
    ни пијана
    кога ти праќам пораки
    Најмалку се срамам
    да бидам Јас
    пред Ти

    А Ти,
    се засрами
    нели.
     
    На Oxymoron, L-enna и blueeparadise им се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Те сакам само заради
    естетика,
    да ми го красиш
    новчаникот кога ќе го отворам,
    Ти немаш место во мојата поетика,
    те доживувам како поле полно цвеќиња,
    Убав си само на слика,
    од почеток мирисаш убаво
    и ми помагаш да дишам
    но потоа стануваш досаден и едноличен,
    не менуваш боја
    Си остануваш виолетов
    а јас сакам виножито
    во мојот свет..
    Сакам некој кој ќе ми
    помогне во мојот лет,
    колку и да е безобразен
    и вообразен,
    те сакам но не е доволно
    времето денес не е така поволно
    ко што беше
    за длабоки мисли и водење љубов на балкони,
    денес ти ги сечат крилјата
    и само задоволуваат страсти
    Вечерва би те повикала во кревет
    да правиме лудости
    но ти не можеш да ми дадеш
    ништо повеќе од
    Она што веќе Сум.
    Бесцелно е и уморно,
    да чекам да станеш
    светликав и црвен
    кога не си излегол од виолетовото
    Во тебе, жалам
    ноќта е кратка за долги задоволства
    но денес
    Ти не си едно од моите.
     
    На Whitecloud95, AziskaStrslenka, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    По не знам кој пат
    се разделувам од тебе
    шепкам збогум
    Вратите на мојот свет се затворени.
    Твојата приказна е фиктивна,
    too good to be true
    ние сме совршениот грев
    иако не јадеме јаболко
    Ко во рајот
    ќе го цензурирам делот
    читаат 12-
    не е важно
    оној на кого се посветени стиховите
    Ќе сфати за што зборувам.
    Јас и тој
    мала перверзна бајка.
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    „Ех, колку ли само време помина. Се уверив дека се променив. Се уведив дека станав ледена кралица, се додека не го отворив стариот дневник. И, се пронајдов. Тука, измеѓу овие страници. Се пронајдов, со солзи во очите и стара болка во градите. Се пронајдов во моментот кога тука, на последната страница, ја пронајдов розата. Се сеќаваш на неа? Стара е речиси 10 месеци. Знам, ти одамна ги избриша тие времиња од твоето сеќавање. И ги замени со нови, за тебе секако подобри.
    Знаеш, и јас створив нови сеќавања. Запознав уште многу нови луѓе. Доживеав уште многу искуства. Но никогаш ниедно нема да ми биде толку драго, толку бесценето како она со тебе.
    Ама готово е. Ја гледам розава, или барем она што остана од неа, и сфаќам... Љубовта ја нема. Исчезна. Овена заедно со розава. И исто како неа, никогаш нема да оживее повторно. Останува тука, меѓу лисјата на еден стар дневник, со титулата „најубавиот спомен од тинејџерските години“...“


    „Еве сум, пак на старото место, со пенкалото и дневникот в рака. Се наоѓам во оваа положба, поспана и сосем сама, и знам - имам потреба да се искажам. Имам потреба од бел лист на кој ќе напишам се што чувам во мене.
    Јас борец сум. Од секогаш сум била. Од секогаш сум знаела да засакам како никоја друга, и да се борам за она што сум го засакала. Како никоја друга. Добро е тоа, нели? Она „како никоја друга“...
    Многу луѓе го бараат баш тоа. Некој кој ќе ги сака безусловно. Некој кој ќе се бори за нив, без разлика колку многу и колку силни противници има. Многу го бараат тоа, знаеш ли? А ти го имаш. Го имаш в рака, а не си ни свесен за тоа.
    Знаеш, сеуште се сеќавам на се’. Се сеќавам на твојот глас, на твојот поглед, твојот од, твојот допир. Се сеќавам на тебе. На ноќите, деновите. Секое изгрејсонце кое го дочекував неуморно мислејќи на тебе. И секое зајдисонце кое го дочекував разговарајќи со тебе. Се сеќавам на секој твој искажан збор, на мирисот на твојата кожа, мекоста на твојата коса.
    Беше онаков каков што од секогаш го замислував мојот совршен човек. Беше таков што со секој поглед, секоја насмевка ме тераше се повеќе да се заљубувам во тебе. Имаше моќ да ми го разубавиш денот со самото твое присуство и да измамиш насмевка на моето лице без разлика колку тежок ми беше денот. Ме направи толку среќна, за толку брзо време, и си замина. Километрите повторно ми ја уништија среќата.
    И сега, твојот глас ме прогонува, твојата црна коса не ми дава мир, а твојата душа и понатака живее во мене. Неуморно го чекам моментот кога повторно ќе можам да ги затворам очиве наоѓајќи се во твојата прегратка, слушајќи го отчукувашето на твоето срце. Ах, се би дала за таа прегратка која веќе ми стана потреба. Потребна ми е, како што ми е потребен кислородот што го вдишувам. Како што на пустините им е потребен дождот. Само уште еднаш да ги протнам прстиве во таа црна коса...
    Само уште една шанса да ти докажам дека те сакам. Првата ја пропуштив, знам. Никогаш не знаев да ти покажам колку ми значеше. Изгледа затоа што ми значеше НЕИЗМЕРНО...“
     
  19. SinclairChaos

    SinclairChaos Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Безимена, секогаш љубовна

    Само ти можеш
    да ми ја доловиш
    бојата на животот
    низ нијанси пастелни,
    да ми ја направиш
    темнината од пластелин,
    да ме бакнуваш кога
    не ни постојам,
    да ми заспиваш в срце
    точно пред да се разбудам
    и со жед да пиеш
    од крвта
    која ја љубела смртта
    без да ја допира.
    Затрепери ми низ стиховите,
    разбуди ми се низ песните,
    за нас блескале ѕвездите,
    не чекаат пољаните
    веднаш до безните
    заедно по нив да едриме.
     
  20. cehov

    cehov Нов член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ве молам многу ми е итно ми треба есеј за книгата Страданијата на Вертер под наслов : Пејсажот во романот наспроти духовните расположби на Вертер. кој знај и кој ја има прочитано нека ми кажи од прилика или доколку некој е во можност и да има да ми даде. Очекувам некој да ми помогни ве молам итно ми е многу !! поздрааав :) :)
    ps. izvinete so vi izbegav malce od temata :)