Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
  2. ivonaaa07

    ivonaaa07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    10
    Moјата песна

    Ако некогаш во пролетниот дожд
    потајно го слушнеш најнежниот шепот,
    знај дека тоа е мојата песна.

    Ако некогаш те понесе звукот на ветрот есенски
    и барем за миг дозволиш да те затопли,
    знај дека те прегрнува мојата најутешна песна

    И знај дека ја исткаав во најсветлите ноќи,
    и во неа ги завиткав сите ѕвезди кои паднаа,
    и ја заробив сета светлина на полната месечина,
    и ги оставив сите мои сништа во неа,да те најдат.

    И ако некогаш во најмирниот сон
    тивко те бара и следи најутешната песна
    знај дека тоа е мојата песна.

    Критики(прифаќам секакви)!
     
    На kjukli и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Тоа е уметност. Тоа е умешноста на сите создавања.
    Тоа е центарот на световите. Утеха на душите.
    Повеќе од образованието,помудро од времето.
    Бескрајно како универзумот и сакано повеќе од се на светот.
    -ЗА КНИГИТЕ....
     
  4. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566

    Таа не беше како останатите девојки...

    Излитена,досадна фраза нафрлана од просечни тинејџерки-интелектуалки.

    Ама кај неа имаше нешто што ја одделуваше од сите нас-просечните.

    Некоја искра на нешто што обичниот ум како мојот неможеше да го разбере.

    Тврд орев.

    Уште потврда срцевина.

    Слоеви од грубост и конзервативност ја обвиткуваа како снежна покривка во јануари,а општеството-темен облак,кој чекаше само трошка човечка емоција како плен...

    Да го растргне и најчистото и најневиното на парчиња како ладнокрвен убиец.

    Беше мистерија да ја гледаш како се движи низ животот.

    Бавно и тивко,но во чекорот ја носеше болката на сите оние заборавените и изгубените.

    Оние успаните пред каминот со книга.

    И оние кои на поројниот дожд трчаат без чадор за да стигнат на училиште.

    Имаше некој оган во неа.

    Нешто што и ја даваше целата таа сила.

    Да биде перфектно реално суштество во свет полн лицемерие и измама.

    А тоа беше она што и ја создаваше целата таа болка.

    Циклонот на безличноста и неиновативноста на нејзината генерација.

    На брендираните патики и кратките фустани кои повеќе откриваа отколку што покриваа,на кои таа гледаше со гадење.

    На материјализмот кој полека стануваше приоритетен фактор за расудување на луѓето.

    И тоа ја правеше силна.

    Тоа што знаеше дека само мртвите риби се движат во правец на струјата.

    Тоа што беше просечниот безобличен камен,во групата симетрични,досадни школки кои беа празни...
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    те љубам

    те љубам утрински
    со првите птици и последните студенти
    кои забрзано патуваат кон изгрејсонцето

    те љубам, севселенски
    севезденски
    како кога сонуваш нешто сочно
    и перницата станува море од лигавење

    те љубам, во приказни
    речиси никогаш јавно
    те чувам во џебовите од фустаните
    како цреши украдени од маалските дворови

    те љубам, како сонцето што ги љуби чадорите
    забодени во песокта
    и ги мачка со крем за сончање
    а луѓето ги гори до исцрпување

    те љубам, како заљубена поетеса
    како уморна стјуардеса што едвај чека да падне во хотелскиот кревет
    сама и без пилот

    те љубам, како да си од прав сторен
    и те обликувам,
    во песна, во стих
    во наречје те запишувам на дланките

    те љубам, со мало т и мало љ
    а се’ во мене за тебе е големо

    те љубам, а зошто да не те љубам
    зар може некој да ми те забрани
    освен самата јас?
     
    На sleepingbeauty, Anabelle.Amorette, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.786
    Допаѓања:
    169.677
    Пол:
    Женски
    Година

    Никогаш неможев да замислам некои работи да се одвиваат на начин недостапен и груб за мене. Самата со тешка болка во градите признавам кога пишував, пишував од срце, пишував за колку верувам во љубовта и се молев да не бидам под било какви розови наочари заслепена од надворешноста која беше околу мене и која накратко ми удри шамар кој ме зашемети на подот сеуште неприфаќајќи ја вистината. Никогаш не сфатив што згрешив толку или тоа беше само една рутина која морав да ја поминам во ова измачено и излитено општество, во овој безнадежен живот без определена цел кој ме туркаше како лист на отворено море со нејзините плими и осеки? Сакав и бев сакана, се грижев и се грижеле за мене, но сега по изминати 365 дена се е некако бледо, грубо, луто како да сум осудена на смртна казна и ги исчекувам моите последни мигови. Кој би верувал дека во тек на една година можат да се сменат толку работи?
    Ех, порано, имаше денови кога верував дека доаѓаат поубави денови и од страна ќе слушнев разно-разни гласови викајќи „Наивна“ и се вртев кон нив, ги набљудував и размислував „што зборуваат тие изгубени души?“ и продолжував напред. Не дека нешто многу се смена до денес, но постои ли подобро утре ако не станиме сами ѕидари и го изградиме светот во кој сакаме да живееме? Тоа ти беа 365 дена исполнети со секакви моменти, моменти за кои порано можев и да сонував, моменти кои не ми се веруваше дека ми се случуваат, моменти кои никогаш претходно не ни имаше нишка во мојот живот.
    Сосем сама, удирам сега на тастатурата и гледам назад, ден среќа, ден тага, ама толку необични, толку уникатни и посебни, кој би рекол дека се случуваат сега? Ми недостигаат и добрите и лошите, и моментите кога бев толку долу и ги размислував моите животни одлуки зошто покрај се тоа е животот, еден голем луна парк со тон игри во него, на некои се качуваш, од други паѓаш, трети ги победуваш, четврти ги губиш. Така е и животот, една театарска претстава во која што излегуваш како почетник, а умираш како ѕвезда, ѕвезда во очите на своите пријатели, на своите најблиски. Покрај се моментот кога ќе ги затвориме очите, нели тоа беа моментите кога се ни се простуваше, кога сите не сакаа, ах ние обични смртници кои сеуште веруваме во бајки.
    Година на неопходност, година на љубов, година на солзи и година на тага, секогаш сегде- пристутна, сегде- наметлива, го зема својот удел и се она што ѝ припаѓа. Ми недостигаат некои моменти, некои прекрасни мигови, некои насмевки и некои солзи. Ми недостигаат шегите, ми недостигаат караниците, ми недостига се она што бевме и можевме да бидиме, а не сме. Ми недостигаш ти, ти кој те истиснував длабоко додека не сфатив дека ми требаш, ти кој дури и сега немам лице да те видам безразлика што не држам никаква вина, но гордост. Ех таа гордост, тој тивок убиец, тој скриен крадец. Ех таа гордост, се ми зема.
    И ете помина година, а исто како да беше вчера. Се вртам назад и гледам дека времето е во трка со мене, трка која морам да ја победам а радо би застанала во една точка да не се движам воопшто. Стареам, но можеби само физички. За некои работи времето застанало.
    Збогум годино, збогум ти.
    Ми недостигаш.
     
  7. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Безнасловно писмо. Најдраг...
    Ти се случил оној стадиум кога возиш во трета а кочницата не функционира?
    Си почувствувал ли некогаш болка, онаа неизлечливата...?
    Посакуваш ли да се вратиш назад пар месеци или можеби години?
    Постои ли некој кому му немаш кажано се, а тоа малку ти отежнува на душата?
    Затреперува ли срцето кога ќе ѕирнеш во "закопаните" спомени?
    Се каеш ли или утеха наоѓаш во судбината ?
    Се будиш ли наутро со надеж дека овој ден ќе е поубав од вчерашниот?
    Поставени но прилично тешки за одговор, нели?

    Се прашувам како да ги одговорам и под чија диригентска нота да посегнам, а морам една да одберам двете би биле пекол за ушиве...Срце или разум вечно неспојливи а ги носиме со себе секаде... Хммм уште се мислам најдобро е да комбинирам викате поубаво ќе ви било на вас рај за ушите и мелем за душата, остајте ме мене и онака не ми е песна лесна ама ја штелувам некако.
    Ма на злото нема кочница, кога оди оди до крај нема прескокнувања, нема менување на песната таа е една и немаш право на избор! Пцуеш онака моментално да се изпразниш, а понатаму? Понатаму ни сам незнаеш кај ти е чарето, луташ барајќи помош а нема кој да те слушне. Викаш, пиштиш, плачеш....џабе...МОЛК!
    Е баш во тој молк во него се раѓа цутот на болката, онака со една сјајна утриско чиста, кревка капка роса а единствената молба е да не огрее сонцето и да исчезне и таа. И нели за нештата да добијат фијаско сонцето ги распостила својата блескост. И што преостанува кога немаш сила веќе ни за плачење, ма за ништо тотално? Болка....која има слободен простор на исчукување како на перки од клавир кои удараат во еден рамен тон онака болен и поболен, најболен со секој следен удар. И како понатаму, а да си останам овде и трпеливо да чекам некој да ме спаси.. Не, не, не!
    Се враќаш како на машина шеташ низ животот твој, нажалост изминат. Истиот сјај, ликот живнува, срцето се растреперува ахххх прекрасно боженствени мигови. Играјќи он а ловли сонг и мирисот е тој, толку блиску секоја клетка ти ја буди во телото. Среќа, ти и тој, љубов најголема! Да не пелтачам, не се опишува се доживува само !
    Стој не завршувај продолжи да патуваш, застани само уште ова, ама времето не прашува мине! Еххх нем ни да го сетиш. Повторно назад, среќен но и тажен. Заробен во спомени, недосикажани емоции. Како бе така па има ли некој милост, барем да си искажев се што ми лежеше на душа. Ако нема кој да ме слушне јас пак ќе си кажам: Те сакам! Ахх колку е потешко кога овие два магични збора нема кој да ги слушне, нити пак да пробудат насмевка. Од лошо, полошо или најлошо. Самоуништување.
    Бре како сега да го преживувам сево ова, а сепак е минато. Биваше ли да можам пак се да почувствувам како да е живо, а склучив пакт сама со себе дека е закопано! За на крај да се прекорам што постојано истото си го правам, сама си се терам кој ми е крив. Љубопитност проклета.
    Каење... кога немаш друг инструмент е тој ќе ти отсвири една воспитна. Ма какво каење бре! Било поминало, така требало да биде. Судбината така сакала бла бла бла глупости и само глупости тресам, знам дека се сложувате. Ќе ви кажам една тајна, ден денес сум среќна што се случило! Подобро некогаш одколку никогаш! Убаво да се знае дека на овој свет има еден кој те заштитува од се , да ја осети онаа моќ на 7мо небо. Не жалете за нешто што неможете да го промените, ете го мојот разум точен како швајцарски саат, манете музика и све него ќе си го послушам!
    Утро! Е тоа утро во кое решив дека нема да живеам во минато, благословено да е. Знаете некогаш не е во тоа кој колку сака и колку ја искажува љубовта. Поважна е почитта, несебичноста, споделувањето, човечноста, нескржавоста нешто да е само твое или ничие! Ако некого сакаш пушти го ако се врати твое е засекогаш! Молам?! Ви се случило сигурно се кладам да влезете во погрешен автобус или да се симнете на погрешна станица. Љубовта не е поседување најмили, чувствата ги поседува само оној кој ги чувствува но не и другиот. Сепак е секој за себе, само ако се вклопат калапите е тогаш е таман! Тука нема утка. Е од тоа утро, животот ми продолжи без луди возења и кочници. Па можам јас и пеш, фала му на Бога! Што и да е дожд, сонце, ветер, снег уживај сега и тука без разлика на условите. Секој си знае како му е најдобро, вистинскиот одговор сами го дознаваме. Колку и да се лажеме, вистината и низ најмалото дупче ќе се впротне! Само ако се сакаме самите и се цениме доволно без да ја преминеме црвената линија која веќе знаеме дека кошта тоо мач, ке знаеме да сакаме и цениме и некој друг!
    Среќно.
    Добра ви ноќ.
    П.С.
    :hug:
     
  8. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Не ќе згаснеш шумски пожар со чаша вода. Ниту пак со чашка ракија. Не ја гуши љубовта во мене, не го убивај мојот гнев, немој да ја смируваш душава. Лудилото во моево постоење е само доказ дека крвта која тече низ овие вени тече со причина да те љубам и чувам вечно, со секое парче од оваа психа, со секоја капка од лавата која врие во мојата душа. Па дури и кога пламените јазици ќе ги проголтаат нашите сништа, немој да молиш за помош. Сети се дека токму ти го фрли чкорчето во моите чувства од бензин. Дозволи и двајцата да се претвориме во пепел само за да нашата љубов не прероди како подобри луѓе. Љубовта е најслатка кога ќе те убие. Љубовта е најслатка кога ќе те направи подобар човек. Кога ќе ја уништи секоја твоја клетка за да повторно ја обнови и ја наполни со својот опоен нектар. Кога ќе ти ги испие очите за потоа да направи да прогледаш. И да се погледнеме во очи каде што ќе најдеме уште илјадници приказни во кои ќе живееме и илјадници авантури кои никогаш нема да се случат. Каде ќе го најдеме бекрајното море на можностите кое ќе го отпливаме држејќи се за рака и топлејќи ги своите тела едно од друго.
     
    На Ginger^ и Hipica им се допаѓа ова.
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Говорот на небото

    Размислувам на сите начини на кои се раѓа утрото
    со слух го галам звукот на гордиот славеј,
    чекорам низ утринската роса
    и ги мирисам зборовите
    таинствени, а дрски до коска
    тивки, а сепак громоглсно ме прободуваат до срж
    голтам и молчам во подлата природа на умот.

    Забавена сцена од изгубениот од на моите мали нозе,
    ги гледам испружени на распуканата карпа
    такви се, какви што не ги сакам.

    Плисок од дожд ги прегрна
    ми донесе невреме од далечината
    луњата низ мене помина
    се тркала светлото од виножито,
    го барам компасот
    во кој не заборавам да гледам.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  10. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Кој ли си ти? Чиви ли се тие костенливи очи кои ми ја читаат душава? Во кои не си го гледам само лицето, туку и секое најмало делче од овој дух, од ова срце, од оваа моја непоправлива бунтовност и порцеланската кожа на нежната, кршлива девојка која спие во мене уплашена од крвавите гребаници кои луѓето неретко ги оставаат. Кој ли ги насликал моите сништа во секој детаљ од твоето постоење? Кој ли го сместил и исконското од мене во целата таа слика? Кога те гледам не можам да си поверувам себеси. Не можам да се воздржам, а да не те бакнам и уште еднаш да се уверам дека тоа кое ми припаѓа е токму мое. Зар заслужив толку рано да си ја пронајдам среќата во твојата? Зар твојата насмевка е огледало на мојата? Зар по толку талкање конечно најдов дом во твоите раце? Ти си мојот дом. Стуткана во тебе се чувствувам најсигурно. Најсреќно. Конечно се чувствувам како човек. Како целина. Ти ја сложи сложувалката со љубов и бескрајна нежност. И затоа ти го подарувам срцево, па дури и по цена еден ден да ми го вратиш, да го фрлиш или да го оставиш заклучено во некој стар орман како роденденски подарок кој не ти се допаднал. Не ќе мислам на болката... Зошто би мислела? Конечно среќна заспивам, во својот нов дом...
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Ова е за едно машко со плава коса и сини очиња:*
    Сонце мое по комшивска линија
    таа твоја насмевка од лицето кон мене симни ја
    погледни ме убаво со тие очи сини
    а не со поглед како да ти фрлам мини.

    То косулето плаво
    моите очи го погледнаа право
    од памет не ми излегува твојата лепота
    твојот поглед во глава ми се мота.

    Што комшија ќе беше
    а те видам се намовнувам како еже,
    косата перуники ми се крева
    ни трага ни глас ти слушам,не бре,никаква врева.

    Појави ми се пред очи ти
    на јаве,а не на сни
    Речи ми едно слатко здраво
    и муабет бе дете,што е право,право...
    Не се срами дете златно
    не ме терај да се откажам од тебе
    да кревам бело платно...

    Ех шо лепотан ќе беше
    а те видам пеперутки во круг ми летаат во моето меше
    слушај сега ти
    не ми прави нерви
    комшии си сме,наши луѓе бре еј
    насмеј бе море,насмеј!

    И знам дека ова нема да го читнеш ти
    и знам дека ни на фб нема да се осмелиш на едно хиии
    и знам дека ова што го пишувам можеби е џабе
    и од тебе ко што гледам не ќе да има фајде
    ама ако кога се работи за тебе
    а ти зборнам некогаш...исто ти е ко самата со себе
    гушни се од мене
    а јас не знам до кога ќе му давам на времето време

    И затоа останува ѕay hello to my little friend
    boyfriEND,friEND...please say no to the END...
    ако скопча what I mean...
    и пиши ми,ти велам нема да биде останато на nothing and only seen
    ај сега чао:$
     
    На angelche16, Ginger^, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  12. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Ноќва е последна. До каде сме пријателе?
    До каде е оној татнеж толку врел? Бакнеж смел.

    Имагинарни ликови меѓу нас. Победуваш и губиш.
    Надеж и повик за спас. Повеќе е и борба со минатото.
    До каде сме пријателе?

    Која е таа убавина што те заведе, занесе, восхити?
    Што е тоа што ми остави траги? Вечни траги!
    Почнаа да болат, знаеш? Стануваат лузни. Гнасни!!!

    До каде сме пријателе?
    До крајот.
     
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    15.981
    Пол:
    Женски
    Аматерско е моево.

    ТОЈ

    Тој е крал седнат на трон
    Тој е сила и моќ
    Тој е ден и ноќ
    Тој е цврстина и сила
    Тој е широка прегратка преплетена со енергија и моќ
    Тој е тешка крзнена наметка надвисната на неговото тело
    Тој е цврста карпа со кревка и мека внатрешност
    Тој е долга црна коса падната врз херојско лице
    Тој е синило, море, небо
     
    Последна измена: 6 јули 2015
  14. Nakov

    Nakov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Ние лугето сме навистина чудни суштества, никогаш не ги цениме нештата кои ги поседуваме се додека не ги изгубиме,ова ви е и повеќе од јасно,со сигурност 90 од 100 испитаници би се согласиле со оваа изјава. Времето си минува,а ние сакале или не старееме и така на моменти се свестиш ех не си повеќе дете. Времето лета,она што е битно дали ние оставаме траги по кои ќе ги запаметиме времињата кои одминуваат. Факт е дека во животот ништо не иде подмачкано,ама со насмевка на лицето секогаш можеш на полесен начин да се избориш со болката,ова од искуство ви го кажувам верувајте ми!!! Лежејки си во креветот во доцните часови додека надвор онака убаво си врне се создаде една совршена атмосфера да го земам мастилото во раце и да напишам збор-два да оставам траг во моето време. Скролајки низ мојата меморија се навратив на убави моменти,моменти кога најважната одлука во животот ти е тоа што ќе облечеш на забавата која едвај ја чекаш во петок или сабота вечер,ех драги мои да тоа беа моменти,тоа беа моменти на безгрижност,убавина,вистински насмевки,моменти кога можеби годините и разумот не ти дозволуваат да размислуваш за целото лицемерие кое те опкружува од сите страни. НАЈискрено посакувам да се вратам назад во времето и да застанам таму на тие 15 години кога со нетрпение го чекаш 18тиот роденден,времиња во кои нозе ќе искршиш да го видиш симпатијата, времиња во кои цела недела се обидуваш да ги убедиш родителите да ти ја продолжат дозволата за излегување макар половина час и секако само со еден изговор:’’сите се до тогаш пуштени’’,а доколку не успееш да се избориш за тоа право онда ти сепак си идеш покасно,а тогаш следува следниот изговор “не можевме да најдеме такси’’. Кои клише муабети зар не?! а сепак цврсто бевме убедени дека тие нашите родители цврсто веруваа на нашите лаги. Што се случува со денешниот свет? Каде води денешната младина? Излегувања уште од 10 години,прв сексуален однос на 10 години,нажалост можев да бидам сведок на многу непријатен момент девојка од 11 години беше приморана да абортира,неможам воопшто и да ја наречам девојка,таа за мене е само обично дете! дали вие знаете за каков чин станува збор?! Дали тоа прашање во вашата глава отвара милион нови прашања? Често одговорот на овие прашања се такви времиња дојдоа, Не драги мои не дојдоа такви времиња,ние ги диктираме времињата,ние ги поставуваме нормативите на општеството,честопати во секојдневниот говор од голема полза ми се наоѓаат македонските народни поговорки,една од нив многу убаво вели: Како ќе си посее човекот,Така и ќе си жнее! Е токму така ние сееме,ние жнееме. Од нас зависи! Додека вие вашето време го трошите на турски серии, некаде надвор од дома флертувате со некого додека вашиот сопруг или сопруга не се до вас вашето дете созрева оставено да го жнее она што родителите му го посеале. Исфрустрирана од целата оваа нестабилност на неморал,лицемерие,недостоинство ме исполнува со гнев,овој гнев посакувам да ви го пренесам на сите вас,за да се запрашате што правите од вашите животи?! Животот не се состои од алкохол,дрога и секс,тоа се задоволства во кои човекот ужива, но се додека ние во тие задоволства гледаме се од животот ќе тонеме во калта од циклонот кој демнее над нас!

    31.01 2015 01:36
     
  15. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Ноќ бледа ко зимско пладне,
    не в лето осамени градски клупи,
    жални врби над нив виснале,
    ко да ја насетиле мојава тага.
    Ти загубен во метежот од живи бои,
    бледнееш, а не го гледаш тоа,
    очите големи, светли а слепи,
    ко да си го загубил сјајот.

    Зар тој сјај некој во тебе го носел, кој ли ги будел тие очи слепи?
    Зар и ти некогаш со нив вљубено си гледал,
    зар и ти некогаш со нив си милувал, љубел,
    или вечно крвариш по тие тротоари,
    не знаејќи дали си буден?
    Кој ли ти ги испил тие очи,
    кој ли ти ја земал таа душа?
    За да талкаш сиот обоен во сиво,
    без никому љубов да пружаш,
    зар си се загубил во географските карти,
    или во тебе светови се рушат?

    Можеби си само битие без мечти,
    со механички ум затворен за грижа,
    а сепак со бакнеж или стисок на рака,
    правеше рајот и пеколот во мене да кружат.
    А кога ќе погледнам зад рамо,
    ги одбирам твоите најубави лаги,
    испаруваат ко уморни души,
    на кожава оставаат отворени рани,
    грди белези и чудни траги.

    Кој ли те научил да си играш
    со бели, порцелански чувства?
    Кој ли те научил среќата своја
    низ прозорец да ја фрлиш?
    Како тие вешти раце,
    од љубовта пародија прават?
    Зар ти си ликот на Карма,
    која со зло ми враќа,
    и рамнодушно ги сече
    моиве крвави белодробни саќа?
     
    На Angelinkka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Јас и мојот талисман

    Тој е тоа што сум јас...
    мала и зачудувачка искра која
    знае да се затскрие зад убавината на денот,
    а да ја крши ноќта на листови од прав.
    Му го слушам гласот
    ист е како и мојот повик,
    тивок, непокорлив, силен,
    Поголем од обичноста...
    Незасегнат од вистината
    срцето излудено му е бие,
    го врти тркалото на празнината
    и го чека звукот на среќата.

    Куп прашина на надежта
    се исправа пред неговото
    големо очекување
    и става зрно сон,
    трошки љубов
    и грам тага
    во произволниот избор на немирни состојки.

    Мечтае за рамнотежа во природата,
    а нерамнотежа го одржува во живот.
    Ниту јас, ниту тој...
    Никој не знае што да каже кога најмногу треба да каже.
     
  17. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    5.311
    Пол:
    Женски
    Повеќе и подобро пишувам проза отколку поезија.Но имам една тетратка во која имам запишано стихови од мала, кои мене лично ми се многу мили.:)

    Еве една

    EСЕН
    Есен мила дојде
    летото топло пројде
    се скри сончев зрак
    птиците тргнаа на пат.

    Дождец ситен роси
    студот силно коси
    лисјата бавно паѓаат
    и снегулки доаѓаат.
     
    На angelche16, Dona Barbara и Angelinkka им се допаѓа ова.
  18. Dona Barbara

    Dona Barbara Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ноќ под ѕвездите
    Беше тоа една обична тивка вечер...само јас и ти. Зборувавме за ѕвездите чиј блесок беше неверојатен. Ја побив тишината, никогаш не сум видела како паѓа ѕвезда реков. Тој слатко ми се насмевна и ме поведе со него. За кратко време се најдовме на една широка ливада не далеку од градот. Таму погледот кон небото беше неверојатен, ниедна ѕвезда неможеше да ти избега од видот. Го постави неговото палто на тревата и легнавме. Загушени и заљубени во атмосверата на ѕвездите. Се восхитував на таа прекрасна глетка, но тој не гледше кон небото. Гледаше кон мене. Погледни му реков, погледни колку е убаво небото, погледниги сите тие блескави ѕвезди. Ме погледна во очи и со насмевка на лицето ми рече ти си мојата ѕвезда. Возвратив со страмелива насмевка. Во тој момент падна ѕвезда, замисли желба му реков. Немам желби рече тој. Мене најголемата желба ми е исполнета. Ти си среќна во мојата прегратка, тоа е се што посакувам. Вечерта беше навистина ладна, но не и за мене. Се топлев во неговата прегратка, се топлев од љубовта. Тогаш се сетив на онаа народна поговорка што сите ја знаеме... Љубовта навистина грее.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Плач


    Еден поглед,
    само еден и знаев,
    наеднаш се смрачи,
    јас веќе се каев...


    Убедена дека тонам
    дека пропаѓам, се губам,
    си признав дека згрешив
    што не научив...
    да љубам.

    Јас тонам
    во бездна
    што сама си ја створив,
    родена во ова време тмурно,
    без јунаци и херои.

    Малку ми требаше
    само ронка надеж,
    кај најде Сонце
    баш тогаш да зајдеш?

    Уште еден згасна ден,
    а се’ толку сиво,
    уште еден згасна ден,
    а не пронајдов среќа
    во ништо живо.

    Еден поглед,
    само еден и знаев,
    наеднаш се смрачи,
    јас веќе се каев...
     
    На Dona Barbara му/ѝ се допаѓа ова.
  20. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    9.381
    Пол:
    Женски
    Ве молам за малце помош феминки ми треба елегија- тажна песна да има рима жемска машка и дактилска да има минимум 3 строфи стилски фигури, епитети анафора епифора компарација метафора контраст и најважно според мотив елегија мене не ми текнува елегија ви благодарам на одвоеното време ве сакам :*:*:*