Разбуди се и започни ги своите соништа во реалниот свет. Тие нема да ти се потребни ако само мечтаеш по нив. Што и да сакаш да направиш најпрво треба да почнеш да го живееш животот каков што е. Суров. И колку повеќе созреваш толку животот е посуров и ако само тапкаме во место тогаш ние сме се предаделе на судбината која ни ја напишал некој друг. Е овде грешиме… За пишувањето на нашата судбина само ние самите имаме право на тоа. Каков ќе биде мојот живот зависи од тоа на која патека ќе започнам да чекорам и кои камења ќе ми бидат препрека. Но додека ги поминуваме помалите камења треба и да ги собереме бидејќи еден ден од нив можеме да изградиме големо дело со кое ќе се гордееме ние самите па и луѓето околу нас. Е сега замисли си ги овие камења како секојдневните проблеми со кои се соочуваме а потоа од нив да извлечеме лекција која ќе ни помогне да можеме да се соочиме кога ќе почнеме се повеќе и повеќе да ја чувствуваме суровоста на животот. Ја имам почувствувано на своја кожа.. И што сега? Како понатаму? Ако продолжам да живеам со овие прашања сите мои сништа и енергија за живот ќе исчезнат за секунда. А тоа што го имам почувствувано е само дел од суровоста која животот го подготвува за мене. Но животот е балон кој може да пукне додека да трепнеме. Зошто да дозволиме животот да поминува низ нас, а не ние низ него? Се надевам дека ќе ви се допадне. Ако сте заинтерсирани овде можете да ги прочитате моите текстови: https://nezaboravenichuvstva.wordpress.com/
What I crave, is hard to describe it is hard to say what I feel inside seeking adventure, seeking a change being comfortable in that feels so strange. Needing a rush? chasing a thrill? there must be a void in trying to fill whether living abroad or living at home In the end I feel alone. No matter the obstacle, I will thrive out of all options… I choose to survive but will I find it? I may never know until the end, I’ll see it so.
Невозвратена љубов Сите се жалат дека им недостасува некој што е далеку од нив...а што да кажат тие на кои им фали некој што е тука до нив,секој ден го поминуваат заедно,а сепак неможат ништо да превземат....заебан живот. Седи до тебе цел ден,го гледаш постојано,душата ти доаѓа на место кога ке го погледнеш. Во еден момент го погледнуваш,а него очите му се вперени во друга,боли за жал. Понекогаш ми доаѓа да му кажам: "Погледни ме,за лажна надеж ми е..не за друго",затоа што понекогаш добро би ми дошла и лажна надеж,барем се надевам на нешто и можда помалце ке ме боли. Боли секоја вечер да плачам додека не заспијам,да плачам помислувајќи ги моментите кои тие ги поминуваат заедно додека јас сум ставена на игнор. Пробувам да му кажам дека го сакам,дека срцево се кине секој пат кога ке го видам и замислам со друга,дека заспивам мислејки на него,секоја вечер го сонувам и се будам со прва помисла на него. Можда не сфаќа,ама кога прв пат ке ми пише пукам од среќа затоа што барем знам дека понекогаш мисли на мене,барем понекогаш.Се би дала да бидам до него,да го слушам неговиот глас,да се шалиме,заедно да поминеме време,барем некогаш да ја почувствувам неговата прегратка,да ја потпрам главата на него и да го слушам отчукувањето на неговото срце додека неговите раце се околу мене,цврсто ме гушка како никогаш да не сака да ме изгуби.Ете тоа боли...боли фактот дека замислуваме работи кои знаеме дека никогаш нема да се случат,а сепак од дното на срцето сакаш да се вистинити,боли да заспиваш секоја вечер замислувајќи ги тие ситуации кои те прават среќна.Боли да ти недостига некој кој е толку блиску,а толку далеку. Ќе собереш храброст и ќе му кажеш се во очи. Ќе му кажеш дека го сакаш,дека само он ти е во паметот,ќе му ги кажеш тие зборови со возбуда во очите,срцето ти чука неконтролирано брзо чекајќи ги зборовите " И јас тебе"...Ама животот не е фер,не секогаш раборите што сакаме да се случат,ќе се случат.Сите твои надежи и соништа пропаѓаат,ти се крши филмот,ти се распаѓа светот со самото негово изговарање на зборовите "Извини,ама...". Готово,веќе сфаќаш,доволно е кажано за срцето да ти се срони на делчиња...пак. Чувството кога неможеш да се воздржиш и ќе пуштиш солза.Колку и да пробуваш да ја скриеш тагата и да не излезеш слабак,неможеш...а сепак пред него само се насмевнуваш и глумиш дека не ти е ништо. Прв пат сум била волку повредена,многу пати имам искусено скршено срце,ама волку сило немам почувствувано никогаш до сега. Можеби е затоа што тој беше првиот што силно и искрено го сакав,душава ми умираше секој пат кога ке го слушнеше неговиот глас,срцето ми затреперува сеокој пат кога ке ме допре...небитно ако е случајно или само колку "да пукне",сепак нешто се будеше во мене. Сега све е уништено,не само сто ми мавна корпа и не ме гледа со исти очи,другарството ни се распадна,веќе не комуницираме на ист начин. Ми фали....ми фали времето со него,ми фали неговото присуство. А највеќе од се ми фали срцето кое му го дадов без да го посака,му дадов време и внимание кое тој не го побара,му ја дадов душата која сега венее во неговите раце без тој да го знае тоа. Него можда му е сеедно,ама не знае дека со тие 2 збора докрајчи срце кое пробуваше да се излечи,толку малку фалеше за да биде докрајчено за повеќе да не може да се излечи,за веќе да не може да се врати назад....а све што беше потребно за да се состави назад беше една искрена прегратка и возвратена љубов.
Ова ми е обид за пишување по после година дена. Ме фати онака мерак за една кратка приказна. Не е нешто нај, ама мила ми е некако
Ми треба Ми треба место во кое ќе се чувствувам спокојно, каде ќе сонувам, каде ќе барам прибежиште од лошотијата на денешницата. Ми треба свет, ми треба розев свет. Свет без болка, свет без солзи, свет без болести. Свет во коj децата ќе живеат со своите родители, родителите нема да плачат за своите деца, свет во кој малите кревки суштевства нема да војуваат битки за живот. Ми треба пријател, ми треба пријател кој ќе ја допре длабочината на мојата душа, пријател со кој ќе го испијам утринското и попладневното кафе, пријател пред кој ќе се чувствувам слободно, пријател во кој ќе гледам вечно пријателство. Ми треба Пеколот на Данте, да е единствениот пекол. Ми треба да не постојат луѓе кои секој ден живеат во пекол. Ми требаш и ТИ .. ми треба секоја моја маана да ја гледаш како доблест, ми треба да ме сакаш како првиот ден, кога се лутам на ситници ми треба да не ми замеруваш, ми треба да ме држиш за рака и кога најмалку ќе заслужувам. Ми треба!
Пролетна симфонија Насмеани прегратки од утра ги будат жителите на природата. Сонце, облак, дожд, ветер има за сите од се по нешто. Мирис на темјанушки ги заплиснува минувачите, а тие ги отпоздравуваат со разиграните погледи, благонадежно мрморат меѓусебе и итаат во семожни правци. Попладнето ѕирка зад спуштената завеса и нетрпеливо го дочекува својот настап кога ќе ја испружи хармонијата во домот и интригантно ќе ја затвори вратата за случајности.
Љубов Големината на еден човек се познава по неговите дела. Кажаните зборови не се ништо друго освен букви наредени една до друга за да формираат некаква смисла. Човекот се гледа по чувствата. А кога би можела да најдам доволно зборови за да си ги искажам чувствата би останал збунет. Реката солзи пролеани од една твоја искрена прегратка се доволен доказ за тоа дека тука зборовите немаат некоја важна смисла. Дозата на искреност што се крие во мене не ми дава за право да ги сопрам зборовите.. не ми дава да замолчам за да не дознаеш ништо. А се плашам да прозборам. Се плашам да не изустам нешто погрешно и да донесам немир во твоето срце. Ако тебе душата не ти е спокојна мене сонот во глувото доба од ноќта нема да ме фати. Месечината во тој момент ми е единствен сведок за гневот спрема сама себе. Срцето ми гори од желба за твојата љубов. Очите ми светат кога ќе се сретнат со твоите. Телото ме оддава на твојата прегратка. Рацете ми треперат од твојата близина. И збунета сум. Се чувстувам изгубено во сред прашума, се чувствувам заглавено сред крстосница.. Чувствата како рој оси ме надвладуваат. Едно по едно ми ја горат душата. И кога како пречник се издига ѕид меѓу мене и тебе, нешто непознато ми ја зима силата, ме бутка на колена и не ми дава да се исправам. Толку си миблиску а предалеку.. Можам да те допрам но не и да те почуствувам. Можам да те гушнам но не и да се усреќам. Далечен си. Си ја затвараш душата со челични порти. Пред нив стои силен војник кој неможам да го победам и да влезам внатре. Ме оставаш надвор сама без ниеден збор, само со милион прашања и нула одговори. И токму кога ќе помислам дека е време да продолжам понатаму жарче желба ми го грее срцето. Некој таен копнеж по твојот мирис и прегратка ме обвива. И те сакам. Те сакам колку што неможеш да разбереш, колку што неможам да опишам.
До плавоококосиот комшија Слушај ваму ти кој само знајш да ми велиш здраво да не ти застанам таму пред сурато твој и да ти кажам не си во право Една година слаба точка некако си ми ти,ти само ти арно ама џабе кога од тебе таква среќа немам како принц на бел коњ да те земам Ајде сонце мое комшиско плаво имам предлог да си броиме колку пати ќе си речиме само здраво Машала кога ќе стигнеме до сто толку ќе сме блиску бе чоек а сепак далеку ајде дај си рака ќе те гњавам и само зборам без гајле,ќе ме имаш мене само на сон. П.С. Се зезав комши да не ме сфатиш дека ќе ти идам на сон додуша ако некогаш ме сонуваш...кога ќе се разбудиш ќе се препотиш,да бе,ќе си велиш јак кошмар,а? дај си рака,пардон здраво
Ме нема Мрак. Надвор паѓа дожд. Јас лежам. Немам сила да се помрднам. Немам сила да станам. Ја вртам главата налево и гледам крв. Дождот ја пере, но јасно ја гледам црвената боја, тоа е крв. Па да. Зошто ме ранија? Што јас им згрешив на нив? Зошто луѓе без свест шетаат наоколу и напаѓаат недолжни луѓе? Некој доаѓа. Нешто ми зборува, не можам да го разберам. Тонам. Пропаѓам некаде. Се отвори ли улицата и ме проголта? Слушам некаква сирена. Брза помош. Трчаат луѓе околу мене, тука се а како да се далеку. Едниот ме зема. Ме боли! Нешто ме боцка. Ме носат во комбето. Темнината сега се замени со светлина. Замижувам. Таму сме. Многу луѓе. Многу светла. Не можам да гледам. Ми потекува солза. Светлата ги снемува. Се губам себеси. Тонам некаде. Не го чувствувам моето тело. Но уште сум тука. Ни на небо ни на земја. Слушам нешто титка. Тоа е апаратот, тоа е звукот на моето срце. Моето слабо срце. Умирам. Господе, како моите ќе живеат без мене? Јас на нив им бев потребна. Меѓу сите тие неразбирливи гласови само еден го слушнав јасно: Изгуби многу крв! Потекуваат уште две солзи. И уште две. За сите мои сакани по една. Збогум. Чувствувам како се одделувам од моето тело. Готово е. И одеднаш... светлина. Се чувствувам лесно како пердув, како да лебдам. Нема болка. Тоа е тоа. Заминувам. Ова е навистина збогум.
04.10 Еден ден се плашам ќе намине неизбежниот заборав ќе избрише се што некогаш било или не било не ќе можам да се сетам на младежите на твоето лице твојот мирис на мојата маица начинот на кој ме држеше за рака и ме припиваше кон себе Верував ќе има уште време за нас; ми велеше дека заедно ќе го освоиме овој и сите други светови Ме излажа јас сепак ги носев во себе кога бев со тебе и се тоа еден ден ќе избледи се плашам зошто чувствувам Тој ден пристигна.
...Беше само еден сон,една желба,неспокој..нешто неостварливо, се до моментот кога сфатив дека ќе си мој. Ама за момент,само за секунда..големата желба која стана реалност,а потоа кошмар. Денот кога се тргна наопаку,денот од кога ми се вовлече во кожа и стана мој неспокој. Никогаш порано се немав така почувствувано. Те сакав..да те засакав. Знавев дека не си за мене,знаев дека е грешка и сама кажав дека е авантура ама срцето не слушаше. Слепо се заљубив во најголемиот женскар во градот. Бев свесна за последиците,знаев каде водат тие убави комплименти и зборови. Знаев дека не треба да верувам,знаев ама не можев против себе. Не можев да одолем на тие полни усни од кои се лееа само убави зборови. Знаеше точно како да стигне до женското срце. Ме освои,ме имаше-те имав,се додека не станавме спомени. А потоа..потоа почна се да ме боли. Болеше ти,болеа убавите зборови кои останаа да лебдат во воздухот. Направи да се чувствувам најубаво на цел свет..ме крена до небото,а потоа ме тресна од земја,онака,јако.Те мразев,а те сакав повеке од се. Те сакав искрено ама никогаш не ти признав. Знам дека не ја заслужуваш мојата љубов,знам. Ти го докажа тоа. Сепак..городоста понекогаш вреди повеќе од љубовта. И сега кога ќе си легнам и кога ќе се препуштам на фантазиите, повторно си ти во мислите. Повторно слики од нас двајцата,повторно фантазии за тоа што можевмe да бидеме, а што станавме-странци со не толку добри спомени.
Кога сум уморна од животот Пишувам за момент заборавам колку ми тежат мислите; си велам нека одат по ѓаволите! сите испити што ме чекаат прекорните зборови на моите кога ќе чујат пак сум паднала ("Аман дете, што правиш со факултетот?!") А како да им објаснам кога јас сеуште не знам што правам со себе Заборавам и на тоа колку многу ја сакам а веќе нема да е тука Можеби јас тоа го дозволив најпосле ќе се сетам која е најголемата болка на ова Време Тој ќе те остави на "seen" а ти не можеш повторно да го убедиш на Љубов. И тука пак се враќаме на почетокот лист хартија пенкало Вдиши длабоко и издиши Заборав.
Само јас постирам во темава, ајде девојки активирајте се, има многу од вас кои прекрасно пишуваат Нешто од пред две години... Градот наш Празна постела и влажни соништа е Се' што сокрива овој град кога е буден Зинал над слушалката на тинејџерка што ги раскажува првите сексуални фантазии Тој во исто време станува и блуден таа збунето му спушта А тој е само добронамерен.. Градскиот поштар се смее добро е расположен Но, тој всушност не е поштар носи острило во торбичето Некој вечер ќе престане да дише.. Таа има само 15 а уште сега ја има дознаено Темната страна на градот денес ќе оди до крај и останува уште една црта до достигнување на врвот Скопје, сепак сето тоа го гледа и молчи Тоа не дотолчува Лош љубовник како него гола те остава на цедило.
Ти ме тераш .... Ти ме тераш да излезам надвор да викам на цел глас... Ме тераш да земам острило и да си ги скратам маките за час... Ме тераш да купам фустан помал број, со надеж дека еден ден ќе бидам доволна за тебе ако влезам во тој крој, Ме тераш да размислувам за банални ствари и да го занемарам фактот дека тоа среќата ми ја квари. Ме тераш да се давам во горкиот вкус на солзи секоја вечер, веројатно никогаш нема да знаеш колку тоа силно пече.. Но после толку време и моето срце рече, дека пред тој твој невидлив трон тоа повеќе нема понижено да клече, И затоа оваа вечер мил мој, ти ме тераш да заборавам на сиот перфекционизам твој, Да го облечам фустанот со МОЈОТ ОМИЛЕН крој, наместо во горкиот вкус на солзи,во горкиот вкус на скапо вино да ужива секој атом мој, Ме тераш да прославам со купка од рози, затоа што се одвикнав од твоите токсични "љубовни" дози. Ти ме тераш сега драги,да ти кажам фала, затоа што ме научи дека мојата жртва не е вредна за некоја будала.
Кога прашаат за Тебе... Ништожни се зборовите за да Те опишат Ниеден збор не ја искажува Твојата исконска убавина Ништо не ја открива Твојата небесна суштина Ниедна мисла не е доволна за Твојата длабочина Ништо не е повредно и поскапоцено од Твоето присуство Ништо нема толку голема сладост Ништо е секој без Тебе Жеден е секој за Тебе Зрачиш како сончев зрак кој се' осветлува Потсетуваш на бистра вода во која можеш да се огледаш Блескаш како чистотата од снегот на пладневниот зрак Мирисаш на најопоен цвет, на небесен темјан Милуваш како тивок ветер Засенуваш со неискажливата убавина на боите Наликуваш на симфонија која го исполнува срцето Постоиш, но никој неможе да ти види Едноставно дишеш, дишеш во сечие срце Да... Малечки се овие зборови за Тебе, се' е малечко Ти си сладоста на тишината Ти си изворот на радоста Ти си двигателот на животот Ти си мирот на срцето Ти си спокојот на помислите Ти си победа над себе си Ти си зачетокот на добрите помисли Ти си топлината на душата, Ти си нејзиниот здив Ти си капка роса која ја оросува сувата земја на душата Ти си плодот на болката и трудот Само Ти си без почеток и без крај Ти си.... ЉУБОВ Тоа е Твоето Име Тоа си Ти, само Ти Господи. Научи ме на таа Твоја Љубов Господи! Научи ме!
Се прашувам колку цигари се испушени во нервоза на празна автобуска Чекајќи го автобусот или некој да ти каже "Тука сум и ти простувам" А тој некој никогаш не доаѓа и ме доведува до заклучок Животот се состои од чекање резултати од испит утринското кафе на каса на маса во кафуле После тоа чекаш и да ти простат чекаш и да си простиш Но никогаш не се случува И се плашам Што кога ќе останам без цигари а ти не дојдеш? *Врати се на почеток*
Кога ќе умреш Кога ќе умреш не ќе знам дали сум те сакала Само зошто си живеел или сега веќе од немоќта кога не ќе знам што со себе Без тебе. Дали ќе бидам тажна што ти повеќе не дишеш или пак што не дишеш со мене? Кога ќе умреш ќе сфатам; Не сум те сакала тебе сум го сакала твоето присуство начинот на кој твоите зборови го допирале мојот ум, Кога ќе умреш ќе знам; Јас не сум тажна за тебе Јас сум тажна за мене Оти ќе те немам веќе за себе. Чудно е и по малку себично Кога знаеш Дека цело време си се сакал себе си.
Перницава ја прашав дали може некој ред стих да ти посветам,ја прашав за да не ја изневерам,оти само таа знае да ми подари чиста совест во ноќва.Ладна ми е душава.Исто како вечерта пред да ја запалиш свеќата за да ги згрееме рацете од студот.Ладно ми е срцево како креветов и постелава.Измислувам причини за да те оправдам и да се сетам на тебе со прашање ,зошто треба пак да ми недостигаш?Денеска набрав цвеќиња и ги ставив во вазна да ми мирисаат.Одамна душава не се опила со мирис на свеж каранфил.Уште од денот кога онај тебе ти го дадов.Тој белиот.Латиците ми рече уште ги чуваш.Само се исушени и овенати.Ко мојава душа сега.Мене не ме радува што спиеме под исто небо,не ме радува што гледаме во иста месечина кога пола живот не се разбравме...Должни сме си еден на друг.Ми должиш многу неостварени ветувања.Една ноќ во нашана куќичка.Една чаша топло вино за да заборавам колку ми ја разголи душава уште пред да ти го соблечам телово.Ми должиш многу за добрите стари времиња...Ма не ми должиш ти ништо,ми должат моите очекувања за тебе,ми должат моите надежи и неостварени соништа за тебе.Што ми должиш ти? Едно здраво и поглед со прашалник "ех порано како беше".Ми ја отру душава.Ноќиве ми се потемни од црнила,барем да имаат одблесок кога со саати и се пулам на месечинава.Барем нешто да ми светне.Денот ке го преживеам и смувам некако,ама навечер ,навечер ми пеат немирот и болката под прозор..Зошто ме остави?