1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.633
    Допаѓања:
    6.458
    @JoanaS Преубаво! Пишувај ни почесто. :*
     
    На Someonespecial и JoanaS им се допаѓа ова.
  2. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :l:
    Ветувам..само нека ме служи инспирацијата ^^
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Тајната градина



    Можеби тоа беше повикот на пролетта,

    но меланхоличната мелодија на флејтата

    ја враќаше тајната градина во живот...



    Таа носеше фустан

    Од бела тантела.

    Побело од тантелата

    Беа нејзините бисерни обетки.

    Спиејќи мирно

    На кревет од

    Трња и рози,

    Црешови цутови

    Во нејзината коса.

    Едно божестевно утро,

    Прекрасна мелодија

    Се воздигна над боровите.

    Музиката на

    Мистериозниот флејтист

    Беше тоа,

    И розовите пупки се отворија,

    Славејчето започна да црцори,

    Фонтаната беше полна со вода,

    И статуата на ангелот почна да се моли.

    Тогаш очи на сафир

    Бавно се отворија,

    Капки роса на нејзините трепки.

    Тревата ги шепотеше нејзините

    Скапоцени тајни

    На сребрените ѕвона

    Кои ѕвонеа

    Додека таа ја пееше

    Нејзината приспивалка за него,

    Низ нежниот провев

    Во дабовите лисја.

    Но сега,

    Кога мелодијата ја нема

    И кога есента ја свена

    Нејзината градина,

    Таа замина повторно да сонува

    Под сенката на врбата.

    Сепак нивната љубовна песна

    Може да биде слушната

    Каде лебедите пливаат

    На блескавото езеро,

    Близу малиот дрвен мост.


    Тајната градина знаеше

    Дека таа го сакаше,

    Оти нејзината смеа

    Ги раздвижуваше исушените

    Латици од розите кои почнуваат да паѓаат...
     
    На xxhexx и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Има едно место каде што ни мравките не лазат
    Таму нема храна.
    Таму го видов најтажниот поглед
    На човекот кој нема срце а сепак живее..
    Човекот кој не ја склопи дланката со мојата
    И кој со истата таа дланка ме допре ладно по врелиот мој образ.

    Сакам ти да беше јас.
    Да го видешеш она што го видов,
    тоа искршено огледало на милион парчиња
    Каде што во секое делче се гледав себеси повторно како нов лик.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Second draft на одамна почната приказна, сега сосема изменета, што дури му доаѓа како да почнувам нешто ново. Првите неколку параграфи кои ги скоцкав сега:



    Friday, the day when retired elders enjoy free public transport. We, the young ones, either have the luxury to go by car or the misfortune to be pushed into the buss stench. If we are lucky enough, we jostle to the second deck of the bus where air is lighter and much more breathable. My seat is always the same – the one opposite to the buss movement. I don’t know why I like it so much, I just do. Maybe because it’s easier to see all the people’s faces from here; read and imagine all of their stories and lives
    .
    7 AM, sharp. Most of them had just gotten out of bed; there might be someone who didn’t even go to bed. An insomniac burden had possibly borne a sleepless night and a lousy morning for someone. Passionate late night workouts might have knocked many into bed yesterday; sleeping and purring like cats, content and contented. Dark winter jackets and pale, sleepy faces rock in the rhythm of the buss motion. They all have one thing in common – public transport. I mean, WE all have.

    This foggy dawn makes their faces hazy and waxy. Almost everyone had fixed their eyes outside the window and seems pretty interested in the greyish scenery outside, as if it’s the very first time they’re passing this route. Yet, they’re probably looking into nothing, and thinking through everything. Reflected mist whiteness sank in the depths of their eyes. Oh, what I would give to hear their thoughts!
     
  6. Blondince

    Blondince Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Страв

    Почнаа бури да беснеат,
    ноќите кошмари се сторија,
    а клеткиве по мир чезнеат,
    болките телото ми го соборија.

    Врнеа солзи врели,
    јачеа очите гласно,
    усните се сторија снегови бели,
    се љубеа смртта и животот страсно.

    Војната заврши тажно
    мртвите ги носеше на плешки еден човек
    и како повеќе да не му беше важно
    умре душата и мртва ќе биде до век.

    На крајот, сепак останува стравот
    победнички насмеан, горд на себе
    полнејќи ја плуќата исто ко правот
    гушејќи го човекот до смрт,
    а потоа тебе.
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Blondince

    Blondince Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Сенки

    Посакувам да не сум јас,
    посакувам многу често
    да сум едноставно ти.
    Да заборавам на сите болни,
    тешки спомени
    да навлезам во твојот ум,
    и понекогаш во туѓо тело да сум.
    Да почувствувам туѓа болка,
    утеха лажна за миг,
    да насмевнам туѓи усни,
    по долгиот скриен крик,
    да заспијам со друга мисла,
    туѓа совест да ме каса,
    карма туѓа да ме втаса.

    Кога едноставно би била ти
    би се потсетила колку вредам,
    би си кажала по некој утешен збор,
    би си подарила прегратка силна,
    и охрабрувачки поглед
    од туѓи очи би си пратила јас,
    и всушност не знам во кое тело би живеела
    ниту под чије име би умрела,
    но, чекај!

    Сенките се мртви од раѓање нивно,
    а премногу живи под закрила туѓа,
    грда судбина или избор тежок,
    ги држат врзани за асфалтот жежок,
    и немаат тие каде да одат,
    само се вкрстуваат по долгиот пат,
    и чезнеат по слобода своја,
    а окови сами си ставаат пак.
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.887
    Спомените

    Дожд на прозор
    ги мие спомените
    со тебе,мил мој,

    Ќе се скријам под
    чадорот, за дождот
    да не ги избрише
    нашите
    спомени.




    Ние

    Зраците навестуваат утро,
    пупките на дрвјата
    навестуваат новост,
    само јас и ти
    студена зима.
     
  9. Blondince

    Blondince Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    НЕМА ДА ИМАШ КАЈ КОГО ДА СЕ ВРАТИШ


    Не заминувај,
    ако заминешне се враќај,
    мене ќе ме нема.
    Нема да има кај кого да се вратиш,
    јас нема да те чекам,
    мене ме чека светот,
    мене ме чека животот.
    Јас немам време за чекање,
    јас немам солзи за плачење,
    јас немам ноќи за тагата,
    јас немам слух за лагата,
    јас имам надежи гради полни утре,
    ќе најдам и љубов
    за душа полна нежност
    а ти ако заминуваш, замини
    и повеќе не се враќај
    затоа што мене ќе ме нема
    нема да имаш кај кого да се вратиш.
     
    На Jean-Baptiste и ceca-1 им се допаѓа ова.
  10. Blondince

    Blondince Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    ПО ВТОРИ, ПО СТОТИ ПАТ

    Сакав да ти бидам убава
    по втор пат,
    сакав да се заљубиш
    по втор пат,
    сакав насмевка да ти украдам
    по втор пат,
    ама ме унаказија солзиве
    по стоти пат,
    оти ме издадоа очите
    по стоти пат,
    ми затρепеρи устата
    по стоти пат,
    и од ладното кожата ми попука
    и на небото ѕвездата ми изгасна,
    ми загина, ми умре
    по стоти пат,
    по стоти пат,
    а само сакав да ти бидам убава
    по втор пат,
    ама не, само еднаш се случува
    само еднаш се заљубуваш
    и никогаш по втор пат!
     
    На Jean-Baptiste, f.girl и ceca-1 им се допаѓа ова.
  11. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Имам зраци на заборавено зајдисонце некаде низ трепките.
    Имам чекори кои никогаш не поминуваат низ некои улици.
    Имам спомени кои ги чувам во еден најлон.
    Внатре, еден џемпер, парфем и привезок.
    Ги чувам на најгорната полица..или пак најдлабоко во душата...сеедно.
    Со џемперот веќе не ми е топло.
    Парфемот мириса на солза,
    привезокот не одговара на ниеден клуч.
    Единствениот клуч ги заклучи сите врати во лавиринтот на заборавот.
     
    На Someonespecial и blueeparadise им се допаѓа ова.
  12. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Винтиџ љубов


    Снег од темјанушки,

    низ оџак од ќерамиди,

    бледо време,

    часови бавни

    и воз кој патува,

    нема ништо смисла,

    ете таква е мојата приказна.

    Една винтиџ љубов,

    која игра валцер со

    саксофон,

    ме замислува оваа ноќ

    и ми ја распролетува душата,

    замрзнати вишни на мојот јазик

    и еден бакнеж од

    мојата винтиџ љубов.

    Еј, ти, не заминувај,

    барем не додека се раздени,

    осаменоста натежнува

    како слатко измачување,

    остани,

    за да нашата приказна

    не стави точка тука,

    има уште што да се пишува,

    стави ја вратоврската,

    и твојата кошула во крем боја,

    ете, јас ќе го облечам најубавиот

    фустан, ох, незнам кој,

    кој би прилегал на една

    винтиџ љубов,

    ако не оној кадифениот,

    мили,

    запали цигара,

    така те личи помеѓу снегот од темјанушки

    и розови облаци.

    Срце,

    остани

    уште вечерва,

    а утре ќе ти го кажам истото,

    и така ќе биде секоја вечер,

    можеби ќе ти здосадам,

    но ќе те понудам со бренди

    па можеби ќе се предомислиш.

    Една винтиџ љубов,

    додека те фотографирам,

    за да не го заборавам секој израз на твоето лице,

    еј, ќе ти бидам и другарка,

    ќе се удавиме во слатко горчливиот живот,

    мхм, да...
     
    На Someonespecial и ceca-1 им се допаѓа ова.
  13. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    SENTIMENT

    Sunday is,

    and only where

    I rejoice,

    It is the new blonde tint

    in my wet hair

    wrapped in a large towel

    and wait for him to come home,

    to burst this empty,

    barren solitude.

    But wasn’t me myself,

    chosed not loneliness?

    It seemed proper,

    and yet it seems to me- it is.

    I may be wrong.

    but then that would be a proud error

    error born of my sick

    soul

    error imminent and severe.

    I drink my coffee for almost an hour,

    and I am unwilling to go to

    wash the blonde tint,

    I do not see why,

    I can not understand why.

    And behold - him,

    entering through the door,

    and me,

    I feel like a Titan came in

    so I rejoice.

    I start to fly around him,

    and with a joy of a little girl,

    I form a circle around him.

    my mouth speaks only purity,

    he thinks I'm the happiest,

    and knows that it is due -

    to him and him alone.

    -Chukalce- he says,

    while watching the wet haircolor

    and behold - he annoyed me with that word,

    but I was reminded of my grandmother, she was

    also calling me that.

    And suddenly,

    my gray world is gone,

    I found

    the center of my life

    circle,

    he is he and he alone.

    I'm happy,

    if I was a dog

    I would wave with mytail.

    Hot coffee awaits,

    tired he sits on the bed,

    while my brain

    It runs as fast as motor,

    and waits, waits and waits,

    for him to speak to me.

    I want to speak too,

    to those dear people,

    and he's dearest to me

    and we philosophize endlessly.

    But, I promised I would quit

    with that,

    and that I’ll standon the Earth ground.

    Although it would mean

    that I would be interested in

    paints and bolts.

    Part of his story,

    and when this is so,

    for me is just another holiness

    so I will begin to fathom

    in them,

    Behold, such is my love,

    while deep in the heart,

    I love art, literature, ballet

    and philosophy

    (Not to forget and Hollywood !!!).

    He is a rare bird,

    and I wonder why I experience

    him as a Titan,

    he is really is like one,

    and in life, he is mine,

    how I am blessed!

    And for him I am foolish

    and dreamer,

    (which I am)

    but my soul hides so much,

    and that is the harsh reality

    of one heart

    and a memory too much thought,

    and analyzed,

    and suicidal -

    again and again.

    Sweetest coffee in the world,

    I drink it over and over again,

    with him and him only,

    every day.

    small rituals

    in our small lives,

    who mean everything.

    And at night,

    while he sleeps,

    I hug him,

    although I know that I can’t

    fall asleep so

    nevertheless I spend these minutes

    while I should be dreaming already,

    just to smell

    his neck -

    it is such a familiar smell,

    so close and divine.

    And the days pass,

    while just me and him,

    We keep to each other

    company

    opposites to one another,

    but so necessary,

    as we, the people,

    need the air.
     
    На Someonespecial и ceca-1 им се допаѓа ова.
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.887
    Sajt koj sto objavuva tekstovi? ;)
     
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Kafe pauza
     
  16. Blondince

    Blondince Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Овој роденден ќе ти одекнуваат напишани зборови во главата. Овој роденден си без мене.

    Пораснавме и созреавме заедно, сега секој низ животот сам. Јас останав сама оддамна, ти оддамна замина од мене, јас го пишувам крајот и си одам.

    Те сакав можеби не доволно, се сакав премалку. Не заслужувам ваква, ако смеам да речам, љубов. Ниту ти заслужуваш дел од мене.

    Па, тоа е тоа. Нема потреба веќе да се зборува, сега ќе го продолжам молкот кој ти го започна. Ќе заминам тивко затоа што секогаш бев тука бурно, гласно и динамично.

    Ширам крилја љубов моја, ќе одлетам на друга планета, а ти биди добар. Впрочем знам дека ќе бидеш.

    Збогум.
     
    На Jean-Baptiste и melnicanecot им се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.633
    Допаѓања:
    6.458
    Луѓето си прават
    помини замини
    врвулица низ мојот живот
    Ретко кој останува.

    *

    Не знам само дали
    мене ме снемува од светов
    или полека го снемува
    светот што е во мене.
     
    На Blondince, JoanaS, ceca-1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Blondince

    Blondince Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    СЕЧИЈА, САМО НЕ НЕГОВА.

    Ме чуваше како да сум негова, а не бев. Бев сечија само не негова. Ме држеше за рака и го слушав како се смее додека танцувавме. Му се топев во прегратки, му се лизгав низ прстите и сонував кај него на рамо. Нешто ме влечеше на кај него, јас го влечев на кај мене и бевме таму заедно сами, а со цел свет. Бегавме еден од друг како нашата близина да беше смртоносна, како да ќе не повредеше, а толку очајно се баравме. И тогаш бев сечија, секој ме држеше во прегратка, секој ми ја милуваше косата, на секого му подарував насмевка, освен нему. Бев сечија, никогаш негова.

    Таа ноќ ме чуваше како да сум негова, а не бев. По стоти пат бев сечија.
     
    На Jean-Baptiste му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Чекам ред на шалтер..и во меѓувреме

    чекам да добијам работа

    чекам тој да ме побара на телефон ..некогаш

    чекам да се намали цената на фустанот кој го сакам

    чекам да дојде тоа подоброто утре

    чекам уште некој да ме праша ради реда "како си?"

    чекам да се разминам со некој со кој не се знаеме повеќе...

    редот тргнува..тргнувам и јас..си ги пребројувам парите уште еднаш и размислувам дека можеби со нив можам да го купам фустанот, па така и ти можеби ќе ме забележиш па ќе ме побараш па можеби и нема да ме праша некој ради реда како сум и можеби повторно ќе се знаеме и можеби...можеби утре ќе биде подобро.

    Можеби и се замислувам..а можеби и сепак треба само да ја платам сметката за струја.
     
    На SunnyGirl2, Blondince и ceca-1 им се допаѓа ова.
  20. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Без тебе а тука си,
    во секој негов поглед,
    секоја насмевка,
    секој бакнеж,
    секое здраво и чао,
    секое мавтање со рака,
    и секоја црта на неговото лице

    Те загубив,
    а сепак си тука.....
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.