1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. flawless-98

    flawless-98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    72
    Сонот на мојата реалност

    Магла ми ја обзема душава кога ќе помислам на тебе. Густа магла низ која не можам ништо да видам. Како да сум загубена во некоја прашума, во некој свет непрооден за мене. Пуштам рака да те фатам, но ти се губиш. Се губиш во атмосферата, одиш во некоја друга димензија. Не си повеќе со мене, одамна исчезна. Некој друг сега го има клучот од твоето срце кое за мене беше како цвеќе со боцки. Секогаш кога сакав да му ја покажам мојата љубов, тоа ми ја раскрваруваше душата. Не сакам да мислам на тебе, но мислам сè почесто. Најмногу ми доаѓаш во мисливе пред да заспијам. Баш тогаш ме погодуваш како отровна стрела и јас паѓам на земјата. Умирам. Паѓам во длабок сон. Во сонот повторно ти. Сонувам дека среќата ми го исполнува животот, овој мој живот кој би сакала да го немам сега кога веќе не си мој. Сонувам работи кои се обратни од реалноста. Замисли, во мојот сон ти си ми херој, ме спасуваш од темнината која ме завиткува во нејзините мрачни раце и сака да ме земе со себе. Успеваш да ме сочуваш за себе, ме добиваш на искрените зборови кои навистина ги мислиш и како ѕвонче ми одѕвонуваат во главата сè дури не се разбудам. А, штом се разбудам повторно се губиш. Вака ме упропастуваш цела вечност, вака умирам и воскреснувам секојпат кога ќе помислам на тебе. Вака одам право во пеколот и Луцифер ме измачува сè додека милион пати те проколнувам, вака мојот ангел чувар ме издига горе на небото, за да од таму повторно ја гледам снимката од нашето заедничко време. Вака живеам со мојава душа која моли за трошка љубов, вака живееш врежан во моево срце кое отчукува само за тебе.

    Еве нешто и од мене. :D
     
    На Srcka $ и _minnie им се допаѓа ова.
  2. flawless-98

    flawless-98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    72
    Телово те бара

    Да може перницава да збори
    ќе кажеше колку солзи впила.
    Да можеше виново уста да се стори
    ќе наброеше колку чаши за тебе сум испила.
    Да беше војник телово знај ќе губеше,
    а умов сликар што црта како ме љубеше.
    Душава се покорува на делата лажни,
    срцево за тебе зборува, за ноќите тажни.
    И образиве влажни по тебе патат,
    сакаат да си руж, розова боја да вратат.
    Очиве пресушија, го нема тој извор,
    но не гледаат друга вода, немаат избор.
    Усниве секоја препрека ќе ја соборат,
    само на еден се слаби, пак за тебе говорат.
    А, на рацеве им недостигаат твоите да ги милуваат,
    затоа го земав пенкалово, за тебе да пишуваат.
     
    На Srcka $, LittleGirl626, prominent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Meet me
    where the satire
    Kisses with the fool
    On the bar stool,
    And buy me a beer
    So sweaty and cold
    Like you were last night-
    Bound and uncontrolled.
     
    На Srcka $ и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Расплаканиот Ангел
    1 Февруари 2012 во 13:12
    Хеј ангелу зошто плачеш зошто тие небесни очи кои зрачат како осамено ѕвездено небо во тивката и мирна поларна ноќ се навлажнети со црвени засеци на тој бел блесок од твоите солзи кој пак блесок е поттик на неправдатакоја ти ја учинила личноста која најмногу ја сакаш, или пак разочаран си затоа што таа сеуште ја нема плашеќисе дека можебипеколните демони ја украле и ја заробиле длабоко во нивните зандани каде нема даможеш да ја спасиш и да ја најдеш. Ајде англути вечен двигател на сите добрини што сеслучуваат на земјата кој пак добринипроизлегуваат од твоето срце кое неуморночука секоја ден за луѓето на кои добрината којаим ја даруваш ! ја гледаат како бесценетподарок кој знаат и доста добро да ја споделатсо своите најблиски, за луѓето кои како бедуини шетаат низ сушната пустина жедни за вистинска љубов зачинета со минерали на искрена љубов како и збогатена со калциумовизрна до непресушниот извор на вечната љубов како и уморни од долгиот пат на многуброњитеболки во нивните срца зададени одпустинската фатаморгана исполнета соневерства и неправди како и камшикувани одмногуте лажни надежи кои како врели кашициуште повеќе го уморуваат твоето тело. Но ангелу немој да ги стегааш и грчиш твоитепрекрасно свилени усни кои при изгревот насонцето зрачат со руменило на божественоовоштие кое е набрано од за тебе дозволеното но и свето дрво и со голем труд сплотени во твојата усна даваќии лансирачка сила на твојот здив налик на моќно оружје ја уништуваш сета неправда околу нив а потоа со последните сили на твојата душа се молиш за среќата наизнемоштените, несреќните, како и слепителуѓе кои знаат да љубат и сакаат.

    Ангелу ти храбар чувар на небесено добриот свет во кој доброто срце наоѓа вечен мир и почивка, ти господова сило и силен воинпокажи го своето семоќно лице кое зрачи со добрина од едната половина а праведност од другата половина а низ овие две половини како молња испреплетено поминува среќата која е толку силно зацврстена на тоа добро лице на кое нема место за солзи и тага, воскренисе и избришиги тие солзи кои како кисели капки го уништуваат твоите прекрасни очи кои сесоздадени капеќисе во рајските водопадизаедно со најубавите ѕвезди а потоа од страна на најубавите ангели пренесени до најубавиот облак да попримат од неговата нежност споредена со најубавите ангелски криља па потоа да можат исцрпно да прима од боите на виножитото кое би му ја дала убавината исилата на ангелските очи кои секогаш кога ги гледам како тие ме галат и гледаат мене но и се борат за она што го сакаат и што го љубаткако што ангелот се бори да го има она што го сака покрај себе.
     
    На Srcka $ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Крајот без крај

    Мислев дека е крај
    А срцето сеуште плаче...
    По мене, по тебе или по него?
    Не по него, За него...
    Неговите солзи ќе се најтешки,
    Нема таа вода да остане на земјата,
    Ќе се искачи на небото....
    Мене небото ќе ми суди,
    Тебе пеколот,
    А него - кој?....
    Немало ништо помеѓу небото и пеколот,
    Има - Неговиот суд е тоа,
    Измислен само за него....

    Посветено....
     
  6. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    (Ако може да споделам една шкрабаница која порано ја напишав на блогот, понекогаш добивам порив да куцам по тастатура:))

    -------------------------------------------

    Тина не беше склона да гледа вести но овој пат на инсистирање на домашните мораше да направи исклучок.
    Настанот кој се случил во арктичкиот круг а кој како последица имал потопување на нуклеарна подморница од страна на патролен авион кој исфрлил противподморничко торпедо со акустично наведување - беше само кулминација на неколкуте кризни месеци меѓу двете суперсили.
    Дури и пословично монотониот израз на водителот на вестите го немаше - на негово место имаше гризење на усни и очигледен страв.

    Она што дополнително ја вознемири Валентина беше фактот што една од поголемите воени бази се наоѓаше на само дваесетина километри од нејзиниот град.
    Се прашуваше што да прави, како да постапи иако до последен момент не сакаше да верува дека сепак, нуклеарната печурка би осамнала над нејзе, над нејзините родители, роднини и пријатели, над нејзиниот сопруг кој работеше во базата...

    Паранојата полека но сигурно почна да ја вознемирува, да ја убива во поим, почна да следи вести, да чита весници, да сурфа по нет за последиците од радијација...до таа мера што се одлучи да земе неколку дена неплатен одмор од работа, ако ништо друго барем да си ги смири мислите.
    Вестите не носеа ништо добро, беше објавена мобилизација на резервниот состав на вооружените сили а нуклеарната стратешка команда беше ставена под деноноќен аларм. Тина не можеше да го добие својот сопруг на телефон - кој иако цивил мораше да се однесува според воените правила кои во ваква ситуација предвидуваа прекин на комуникација со надворешниот свет.

    Четвртиот ден немаше вести. Злокобното шуштење на статиката на омилениот канал на нејзините родители стана предмет на шпекулации. А и тие станаа вишок откако заслепувачка светлина која ја претвори ноќта во ден се појави од северен правец, веројатно од местото во кое беше сместена базата. Следуваше ударниот бран кој иако ослабен поради растојанието од дваесетина километри од нултата точка - сепак беше резултат на детонација на мегатони наспроти старите добри килотони познати од Хирошима, доволно силен да направи пустош. А неговото смртноносно другарче, топлотниот бран пристигна со задоцнување од само неколку секунди, претворајќи ги оние кои се затекнале на отворено - во јагленисани непрепознатливи лешеви.
    Оние кои беа засолнети, меѓу нив и Тина и го преживеаа бранот - сега беа на удар на страшната јонизирачка радијација од која немаше спас.
    Таа навлегуваше во секоја пора, во секоја клетка и сееше смрт.

    Тина испадна една од оние помалку среќните, кои не загинаа веднаш - туку беа осудени на мачна и болна смрт.
    Освестувајќи се и погледнувајќи наоколу ги здогледа труповите на нејзините родители. Не се ни обѕирна кон парчињата кожа кои висеа од нејзините раце, немаше сила да вреска, да моли, да плаче - само немо ги посматраше своите мртви родители и мртви комшии.

    Осамна денот потоа. Д+1, како што милуваа да го регистрираат во врховниот штаб.
    Тина се влечеше наоколу во потрага по вода, беше жедна како никогаш во животот, утробата и плачеше за течност. Упатувајќи се до локалниот супермаркет кој иако оштетен сеуште некако стоеше исправен - сретна неколку луѓе со сосема отсутни погледи, ужасни остатоци на некогашни човечки битија, одечки духови кои се тетеравеа наваму-натаму. Иако некој глас од длабочините на свеста и шепотеше дека шишињата со минерална вода се озрачени, Тина едноставно мораше да пие. И пиеше, иако тоа само ја доближи до побрза смрт. А можеби и баш затоа, кој би можел да каже.
    Водата ја освежи, малку и го разбистри умот.
    Дури тогаш следеше пароксизмот на болката која не можеше да ја изрази поради шокот од сето што се случи.
    Седејќи така во едно ќоше на маркетот во главата и дојде помисла дека не се има слушнато со сопругот одамна.
    Одникаде повикана мисла почна да ја убедува дека можеби сепак - преживеал!?

    Тина мораше жестоко да се бори со рационалното во себе кое јасно и кажуваше дека сопругот е претворен во пепел. Мораше да го задуши тоа и да верува во нешто, било што. Иако последно време односите со сопругот беа далеку од идилични, сепак тој беше нејзината најголема љубов а ден потоа - и причина да се соземе и да ги зграби неколкуте часа...или денови...кои и преостануваа.

    Даниел, нејзниот сопруг, работејќи како цивил во базата се повинуваше на правилата на работата. Но таа вечер, дали поради страв или параноја, одлучи да си оди дома. Побара отпуст кој брзо беше одбиен, си даде отказ кој не беше прифатен, се докажуваше и расправаше со надредените, попусто. Едноставно знаеше што ќе се случи и мораше да најде излез. Физичкиот излез нормално беше блокиран од војници, но Даниел знаеше дека постојат места од кои може да се извлече надвор.
    Но што ќе му вреди ако излезе од базата без својот автомобил? Сепак се дваесет километри во прашање.
    Се реши да се обиде со автостоп.
    И за чудо, успеа, беше прибран од еден постар брачен пар во еден Форд Ескорт во поодминати години.
    На патот накај дома, на некои три-четири километри од градот, после една кривина која одеше зад еден голем рид - дојде блесокот.
    И ударот.
    И топлината.
    И јонизираните честички.

    Освестувајќи се по некое време, разбуден од ужасните крици на стариот брачен пар, имајќи ја квази-среќната околност на ридот кој колку толку го заштити од ударот - Даниел погледна околу себе и излезе од колата. Доволно знаше за дејството на Бомбата за да му биде јасно дека не го слушаат и не го гледаат. Да се обиде да им помогне беше бесцелно. А толку беше жеден...

    На Тина во мозокот и татнеше само една мисла, да го најде сопругот. Ни сама не знаеше зошто а не се ни замараше со тоа. Знаеше само дека не сака да умре сама, на улица, како јагленисаните кучиња пред влезот на маркетот.
    Бидејќи малкуте возила кои не беа уништени беа онеспособени поради електромагнетниот пулс кој ја следи експлозијата - Тина се упати во супер-маркетот и го зграби првиот точак кој и падна при раце.

    Даниел немаше избор освен да тргне пешки.
    Едното око му крвареше а лицето му беше изобличено.
    Една мисла почна да му го обзема умот - а што ако Тина преживеа?
    И Даниел мораше да го ликвидира рационалното во себе...и да продолжи напред.
    Чекор, по болен чекор.

    Тина упорно вртеше на педалите, не обзирајќи се на крвавите колена и на монструозната болка. Вртеше како тоа да и беше последно нешто во животот.

    Тоа впрочем и беше најверојатно последното нешто во нејзниниот живот.

    На напуштениот контролен пункт кој се наоѓаше на неколку километри од градот, Тина застана да здивне. Повторно се препушти на празнење на шишето вода кое го понесе со себе. Во далечината здогледа човечка прилика како несигурно се движи по сред пат кон пунктот. Тина мислеше да го праша патникот-намерник дали нешто знае за базата, дали некој преживеал...кога одеднаш почна да ја разпознава физиономијата на Даниел, која иако нарушена, сепак и беше најинтимно позната. Во нејзиниот ум повеќе немаше место за неверица и скепса. Се обиде да се протне под рампата која немаше сила да ја подигне, но силата ја издаде и падна. Следно што осети беа рацете на Даниел околу неа, и чудниот, бизарен и никогаш виден израз на неговото лице.

    Црните облаци кои преку целиот ден се собираа над регионот - конечно се истурија на земјата. Радиоактивниот дожд обично доаѓа последен, како задоцнет гостин во оргијата на смртта. Така беше и сега.
    Тина се обиде да каже нешто но освен тешко распознатливи звуци не можеше да каже ништо. Кај Даниел беше слична ситуација.

    И онака не им требаше говор, нивните очи знаеа све, им беше јасно све, имаа одговор за све.

    Испуканите и раскрвавени усни им се споија, не обзирајќи се на црните капки кои се слеваа по нивните лица.
    Колку време им преостанува?
    Часови...можеби неколку дена? Не знаеа точно, а не беше ни важно.
    Прегрнати под една стреа на контролниот пункт, решија да ја дочекаат смртаа заедно, препуштени на последното нешто што сеуште имаше смисол во бесмислениот свет накиснат од црн дожд - нивната љубов.
     
    На Srcka $, Lianna Anna, Justicija и 2 други им се допаѓа ова.
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Таа слушна кога тој му рече: - Таа тебе те сака, но ти не ја цениш нејзината љубов кон тебе, ти не ја сакаш, но јас ќе ја сакам искрено и од срце, ќе се борам за нејзината љубов.
    Таа се почувствува како во некој сон, но не беше сон, беше реалност која ја сруши, која направи да се чувствува како да не знае каде е. Додека се борела да го освои тој кој не ја заслужува, некој друг тивко, без зборови пател, душата му била разбранувано море од немирни бранови.
    Продолжуваше да оди со главата во ѕид, продолжуваше да пати и да се надева.
    Животот ја донесе на една раскрсница, продолжи по патот на кој ги немаше и двајцата. Беше сама, велат далеку од очи, далеку од срце. Имаше можност да размисли каде згрешила и како требало да постапи. Времето си поминуваше, животот е кучка, која во срце ѝ го всели тој кого не го сакаше, а кој искрено ја сакаше, кој се бореше. Прекасно му ги виде квалитетите, прекасно го засака. Не ретко си велеше: - ех да можам да го вратам времето, да го вратам со него.
    Поминаа четири години, четири долги години, во кои срцето ѝ плачеше како дете по изгубена играчка. Животот по четири години ја донесе на истата раскрсница, пресреќна што има можност да ја поправи грешката, без размислување го одбра патот кон него. Леташе, како птица во небесен шир. Но, веќе беше прекасно. Веќе не можеше ништо да биде исто како порано. Љубовта кон неа веќе беше закопана длабоко во срцето, толку длабоко што веќе никој не може да ја откопа. Го сакаше сѐ повеќе и повеќе, сѐ поискрено, копаше, гребеше, сѐ бореше повторно да ја засака како тогаш. Сѐ правеше, но ништо не беше доволно. Премногу ѝ значеше, лавовски се бореше две години. Но... Без да сака, животот ја донесе на истата раскрсница. Овој пат беше цврсто решена дека нема да замине никаде, дека нејзината борба не е завршена, дека нема да се откаже, дека нема да направи грешка овој пат.
    Но, дојдоа силни ветришта, се бореше со нив, гризеше, но беше немоќна, ја одвлечкаа, ја однесоа во друг правец.
    Нови четири години исполнети со љубовна болка, четири години потрага за раскрсницата, од која води патот кон него. Надеж која никогаш не исчезна. Љубовен жар кој никогаш не изгасна во нејзиното срце и кој ќе направи сѐ за повторно да гори неговото срце.
    По четири години успеа да ја најде таа веќе позната раскрсница, добро ѝ беше познат патот до него, но не го знаеше патот до неговото срце. Но, реши да оди по патот кој ќе ја однесе повторно до него, веруваше дека кога ќе стигне до него ќе ѝ се покаже и патот кој води во длабочината на неговото срце, токму таму каде тој пред многу години ја закопал љубовта кон неа.
    Кога стигна кај него, целата трепереше од возбуда, тој ја гушна толку силно од страв да не го напушти повторно. Беше среќен што повторно ја гледа, но се плашеше повторно да се заљуби во неа, за да не го доживее истото разочарување. Поминатите години ги промени ја премногу, не беа веќе истите, ни тој, ни таа. Таа продолжи да му ја искажува нејзината искрена љубов, успеа со упорност и љубов барем малку да го омекне, да навлезе во неговото срце, но сосема малку, плитко. Тој одлучи за да ѝ дозволи да навлезе во длабочините и да ја откопа љубовта ќе му треба уште многу време, за да стекне доверба во нејзе и да може да почувствува дека нејзината љубов е онаа вистинската која чека да ја добие од неа.
    Таа не се откажа, знаеше дека е на вистинскиот пат и продолжи, упорно, со срце полно љубов, да се бори, поминуваа денови, месеци, години. Копаше со голи раце, земјата беше тврда, но со љубов ја полеваше, стануваше сѐ помека, па сѐ полесно ја фрлаше настрана, па навлегуваше сѐ подлабоко и подлабоко во неговото срце. Сѐ измори, но не сѐ откажуваше. Него му беше премногу жал за неа, ама сѐ уште ја проверуваше нејзината љубов, не сакаше да се изгори уште еднаш. Знаеше дека ако уште еднаш се изгори, раните никогаш нема да му поминат.
    Кога стигна веќе на крајот и кога ја фрли и последната грутка земја, тој ја засака без страв и без двоумење уште посилно и уште поискрено од првиот пат.
    Од тој миг, нивната љубов беше за восхит и почит, беа среќни, се љубеа искрено, од срце. Сфати ја дека треба да се борат еден за друг, да не дозволат никогаш да не згасне љубовниот пламен во нивните срца. Се држеа цврсто за рака, во случај да се најдат на истата раскрсница, никогаш да не се разделат и да заминат заедно по истиот пат каде судбината ќе ги води.
     
    На Rusalka22 и Srcka $ им се допаѓа ова.
  8. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.381
    Утро

    Магла, темница
    Филтер кафе-кисели краставици
    Тоалетна шоља-два пати
    carpe diem
    зграпчи го денот.
     
  9. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Некромантика


    За несреќниот Анатолиј луѓето имале само една дилема.
    Озборувањата се сведувале на дилемата дали Анатолиј е Асексуалец или сепак се работи за Некрофил.
    А кога за било кој човек постои таква дилема, тоа е неубав знак.

    Ништо убаво не произлегло од житието Анатолиево, напротив, овој несреќник на крај завршил во прегратките на кошулата без ракави, помеѓу меките ѕидови на лудничката ќелија, помеѓу електродите на машината за Електроконвулзивна терапија.

    Но не поради озборувања. Сеуште тие ја немаат таа моќ да праќаат луѓе во лудница.
    Туку поради долгиот пат кој го изодил Анатолиј, скоро цел живот, стартувајќи уште кога бил основец.
    Тој пат започнал на градските гробишта во Нижњи Новгород, во почетокот на седумдесеттите, во тмурните советските времиња, во стариот град по рабовите на европска Русија.
    Процесијата била тажна и траурна, сосема очекувано при погреб на единаесет годишно девојче. Присутен на погребот бил и малиот Анатолиј кој не можел да ги оттргне очите од девојчето.
    Погледот му бил фиксиран како што никогаш нема да биде фиксирана ракета "воздух-воздух" врз својата цел.
    Бидејќи ракетата нема душа.
    А Тоља ја имал.

    Фиксацијата не можела да биде ограничена само на гледање на лешот. Чувствувал како нешто да го влече кон неа, како да слушал женски глас кој му зборувал да се приближи.
    Малиот несреќник се упатил кон сандакот и оставил еден срамежлив бакнеж на челото на покојната. Па потоа и еден на нејзините усни. Со тоа запечатувајќи го својот емотивен живот засекогаш.

    Не се знае кога за прв пат чул за Мајкл Скот.
    Не, тоа не е симпатично иритантниот Мајкл Скот од The Office, туку оној кој сметал дека мртвите може да бидат оживеани со помош на одредени ритуали и одредени хемиски формули, шкотскиот математичар, астролог и некромант, заборавен уште од средниот век, кога бил сметан за еден од најголемите интелектуалци во Европа.
    И бил сметан за Вештер.
    Сепак тоа било пред модата на употреба на вештери како огревен материјал да дојде до израз.

    Некаде низ средно, или за време на студиите по Филологија и Лингвистика кои екстремно интелигентниот Анатолиј ги завршил со врвен успех, се заинтересирал и за Келтската митологија па може таму некаде, во огромната универзитетската бибиотека во Москва, преку лавиринтите на судбината, од некаде да искрснало името и делото на Мајкл Скот.
    Како и да било, Тоља создал скромна но релативно стабилна кариера движејќи се на маргините на академскиот пазар на трудот, предавајќи, асистирајќи, преведувајќи, лекторирајќи, пишувајќи за списанија и весници, објавувајќи бизарни дела и работејќи на своето животно дело.

    А тоа било попис на сите гробови во Нижњоновгородската област, своевидна database на сите покојни од почетокот на гробната бирократија па се до денешни дни.
    За таа помалку морбидна цел, имал подршка од неколку колоритни ликови како Олег Рјабов и Алексеј Лесин кои освен вербално, го помагале и финансиски. Алексеј бил издавач на бизарно списание за сите ствари поврзани со смрт, списание во кое нормално нашиот Тоља бил чест контрибутор.

    Но Анатолиј бил крајно осамен. Во Новгород а посебно во Москва, само како што човек може да биде осамен во милионски град, најстрашната врста на осаменост која е полоша од онаа на Арктикот или онаа во Сахара.
    Затоа што луѓе има на секој чекор.
    А нема збор.
    Нема пријателска насмевка.
    Нема безрижен муабет.
    Нема ништо.

    Освен осаменоста, повременото живеење со родителите кои го подржувале (?!) во неговиот чуден животен пат, на сцена стапила и менталната болест, наводна Параноидна шизофренија, но тоа ќе биде дијагностицирано дури отпосле, по епилогот, можеби само како барање начин да се смести Анатолиј во предвиденото место во општеството.
    Анатолиј никогаш немал девојка, не знаел како со жените, бил болно срамежлив, повлечен, збунет и крајно несмасен во нивна близина. Самодовербата му била пониска отколку Мртвото море, погледот изгубено талкал за да избегне поглед очи во очи.
    Но на крај на краиштата тие и не му биле потребни.
    Барем не во таа форма.
    Барем не кога имале пулс.

    Можеби за да ја победи самотијата, можеби за да ја убие емотивната глад, да го неутрализира чувството на неадекватност поради својата физичка непривлечност или поради тоа што бил тотален лудак - Анатолиј започнал да откопува гробови.
    Гробови на свежо закопани девојки, на возраст од осум до триесетина години.
    Слушал како го повикуваат, како им е тешко под мермерните капаци и споменици.
    Како никој не доаѓа да ги посети.
    Како сите ги заборавиле.

    Освен Анатолиј, Тоља, човекот кој ги сакаше погребите.

    Вкупно откопал некои 150 гроба но во својот дом пренесол "само" 26 посмртни остатоци.
    Веројатно оние кои не биле премногу трули, кои можеле да бидат хммм..."спасени", онакви какви што "враќал" во живот проколнатиот Мајкл Скот, некогаш, меѓу шкотските ридови, низ маглата и реата на мртвилото.
    А дома, чекале спремни - када полна со сол, некои хемикалии, нашкрабана тешка езотерија наоколу по ѕидовите и книги. Со рецепти од Мајкл Скот.

    И така, ден по ден, нашиот лудак ги сушел и балсамирал лешевите.
    Ги облекувал и шминкал. И на крај ги "оживувал" со ритуалите на шкотскиот математичар.
    Барем во неговата глава.
    Таму тие биле одново живи, благодарни што ги избавил од тесниот дрвен ковчег.
    Што им бил друштво.
    Што ги прашувал како се`.
    Што никогаш не им ги заборавал родендените.

    Но во еден случај, родителите на едно покојно девојче, убиено од страна на наркоман во потрага по нешто ситно - биле чести посетители на гробот во својата болка. А таа била страшна, неопислива, кога виделе дека гробот е отворен. И таму ја немало нивната ќерка.
    Алармирана била полицијата, медиумите, Радио Милева.
    И не било посебно тешко, дури и во стравичната Русија, да се пронајде кривецот.
    Тој и онака никогаш не ги криел своите опсесии.
    Патот водел право кон станот во зградата, низ хаосот на околу 50.000 книги и списанија, неред и нечистотија.

    И така родителите морале да ја закопаат по втор пат својата ќеркичка.
    Другите 25 балсамирани "кукли"? Не се знае. Веројатно на општински трошок.

    Уапсен во Ноември 2011, Анатолиј бил прогласен за луд и поради тоа избегнал затвор и бил пратен во лудница. На секои две години се вршела ревизија на неговиот случај. Во 2013 и 2015 било одлучено дека сеуште е премногу болен во умот за да биде пуштен.
    Исто и во оваа 2017. Што значи најрано што ќе може да излезе на слобода е во 2019 година.
    Анатолиј се колнел дека никогаш немал сексуални односи со лешевите, дека озборувањата за неговото некрофилство се злобни и одвратни. И веројатно било така, затоа што од она што се знае за некрофилите - тие никогаш не би се оддале на толкав напор и труд за да го задоволат својот нагон.
    Но кој би можел да знае...
    Подобро да е во право.

    А тој само сакал да шета низ гробиштата.
    Да си прилегне кога ќе се умори.
    Врз нечие вечно почивалиште.
    Да ја преспие ноќта таму.
    Во друштво.
    Како тогаш.
    Во советските досадни седумдесетти.
    Кога ја поминал првата ноќ на гробишта, до гробот на својата прва љубов, единствената девојка која ја бакнал во животот.

     
    Последна измена: 28 ноември 2017
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.520
    Пол:
    Женски
    Биг-бенгот со кој парче уметност успеа да вознемири еден микрокосмос

    Кога би требало Виктор да го опише својот досегашиот живот и младост, во стилот на некој од неговите омилени загадочни романсиери или поети - транспортери преку вратата зад која се затвора реалноста... најдобра метафора што би ја искористил е едно домашно милениче-хрчак, поточно делот од неговото битисување со бесцелната игра и движење во фамозното тркало. Или пак, ако патиштата на инспирацијата го водат во неживата природа - тука се познатите марионети во старите добри куклени театри, кои во наредни и наредни изведби на истите претстави, несвесно ги прават истите очекувани движења и постапки водени од конците на своите манипулатори...


    Пред два дена тој ја отвори вратата на 27-мата година од својот живот.
    Од многу страни пристигнаа честитки и убави желби, од кои сите меѓу другото вклучуваа не само посакување нови желби, туку и да продолжи со досегашните успеси, посебно во областа на работата.
    Сите познаници и пријатели на хартија го гледаа Виктор како успешен деловен човек, а неговата трудољубивост, иако тивка и повлечена - додаваше и нота на амбициозност во нивната слика за него, сигурно скриена позади недостатокот на желба за самопофалба и бидување во центарот на вниманието како дел од неговиот карактер.

    Никој не знаеше какви чувства во врска со поминувањето на својата младост, работата и секојдневието криеше зад нијансите на интровертност.
    Дека и покрај наводното скрасување и успеси, барем во деловна смисла моментално... тој и овој роденден, лутајќи во својата контемплација низ сеќавањата зад минатите 26 затворени врати - не можеше да сретне ниедна исполнета поголема желба која извира токму од неговите сопствени соништа.
    А оние најблиските кои знаеја, го знаеја тоа како обичен факт на кој никогаш не се обѕрнуваа, и всушност токму тие одамна почнаа да го контролираат со конците во раце во својот монотон и очекуван театар.


    Уште од раните тинејџерски години, главната улога во живописните животни соништа и желби на Виктор го имаа пенкалото и тастатурата, како модерна верзија на писателското „перо“.
    Фасцинантна беше леснотијата со која од рани години успеваше да ги преточи мислите и веќе присутните идеали во пердувест тек на големи зборови.
    Но, дома за своите редови и стихови тој добиваше благи излитени пофалби без особено внимание, а и тие избледнуваа и се претвораа во прекор за „изгубеното време“ веднаш штом ќе спомнеше дека ова не е само обично хоби за него, туку неговиот вистински сон.
    За поширокото семејство на Виктор уметноста беше токму тоа, излитено хоби од кое никако не може да се живее, со кое само губи време и напразно се занесува. Блиската околина која ја опкружуваше оваа уметничка душа, не само што очекуваше од него да ја продолжи нивната долга традиција облекувајќи ја фамозната адвокатска тога, туку во нивната навидум софистицирана и цивилизирана конзервативност - уметноста како преточување на силни чувства претставуваше уште пообична „глупост“ и „патетика“ кога се работи за машко.

    Со годините, длабоката желба да пишува, а и да патува, да посети разни чудесни дестинации и да ги наслика со зборови - не го напушти неговото срце... но она што избледна со поминувањето на тинејџерските години беше бунтот и отпорот.
    Го заврши со висок успех факултетот, за пар години се вработи и почна со случаите.
    Беше набљудувач на случувања во разни туѓи животи професионално, но таа улога не отсуствуваше на поинаков начин и во реалноста.
    Опкружен беше со лажни пријатели, чии празни разговори толку далечни од него сè повеќе му го загорчуваа површно релаксирачкото кафе.


    А во 25-тата година, кога според некои смешни непишани правила на многу ни се чини дека веќе треба да знаеме што сакаме од животот, па и на мала возраст децата си ја замислуваат како возраст за брак - тогаш Виктор го доживеа најголемото разочарување во љубовта.
    Врз прекрасно испишаната приказна, негова и на Марија, приказна за две, како што се чинеше за нив и сите што ги познаваат - сродни души, се истури дождот на нејзината анксиозност и депресија - поточно предрасудите за истата, и полека почна да го брише и размачкува напишаното. На крај, таа се пресели во далечната и ладна Русија, почнувајќи нов живот кај едни свои роднини... нов живот во кој немаше место за никаков контакт со него.

    Се чинеше дека Виктор целосно се препуштил на тркалото, на конците... на целата таа куклена театарска претстава за која треба да се измисли ново реално име за жанр - монотонија.
    Иако никогаш не престанаа одвреме-навреме да го посетуваат разноразните мисли и идеи за радикална промена, за живот по свој терк - сепак силната моментална одлучност која му светнуваше во умот, секогаш за некоја неполна секунда ќе се стркалаше на крај како каменот на Сизиф...


    Единствен зрак надеж беше Изабела, фотографка со која се запозна и зближи од неодамна.
    Таа не само што беше единствена со која не добиваше никогаш желба да ја искористи својата креативност за генерички изговор со цел избегнување на средба, туку поврзаноста на нивните уметнички души им ја поматуваше и на двајцата помислата за нив само како пријатели.
    За тоа кратко време во кое се знаат, во разговорите низ кои толку вибрираа на иста фреквенција, таа добро се запозна со неговата љубов кон литературата, која сè уште ја храни со конзумирање на писателската уметност, иако поради работните обврски сè помалку има време за тоа.

    Затоа, за роденденот му подари - што друго, ако не книга? Збирка поезија од 20-тиот век, на која Виктор конечно ѝ даде шанса по два дена, кога викендот конечно пристигна.
    Ја отвори на првата страна која рандом му дојде под неговите прсти.
    Познатиот Томас Елиот беше неговиот случаен избор.
    Почна да чита, додека дождот лежерно ги милуваше прозорците и олуците.


    Набрзо, значењето на поетските слики и зборови длабоко го погодија.
    "For I have known them all already, known them all:
    Have known the evenings, mornings, afternoons,
    I have measured out my life with coffee spoons;
    I know the voices dying with a dying fall
    Beneath the music from a farther room.
    So how should I presume?"

    Ѕирнатово во душата на тој трагичен лик, емотивно празен и неостварен стар човек, психички изолиран од својата околина во која му е познат секој чекор од наводниот социјален живот, со наводните пријатели што ги има - толку го потсетуваше на него, како да се видел во огледало од иднината...
    "Do I dare
    Disturb the universe?
    In a minute there is time
    For decisions and revisions which a minute will reverse."

    A прашањево одѕвонуваше одново и одново му одѕвонуваше во одново разбудената уметнички амбициозна и гладна за љубов душа...

    Утрото, со разладувањето на главата што го носи, не ја избледе овојпат одлучноста на Виктор.
    Ќе ја зграпчи со сета сила посебната поврзаност со Изабела.
    Ќе ја отфрли работата што воопшто со годините не ја засака, и ќе почне по долго време да пишува.
    Уметноста му беше вистинскиот тригер да се посвети на истата таа уметност и на вистинската љубов.
    Конечно реши да извојува победа над празнотијата, победа каква што му доликува на името.
    Реши цврсто одговорот кон поетот што како да го беше насликал во стара верзија од минатиот век, да биде да.
    Да, тој може да го вознемири и промени најпрвин својот микрокосмос, а потоа да пружи чекор и кон промена на макрокосмосот со својата креативност и идеали.

     
    Последна измена: 1 декември 2017
    На LittleChili, Srcka $, Nigredo Odor и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Уште едно текстче во циклусот на дистопични ситуации, пишуван некаде и некогаш (пред две-три години, под влијание на трауматичниот Тhreads најверојатно:x)

    ---------------------------------------------------------------------------------------

    Стариот мачор, излитен, ќор и сакат, реши да си подлегне малку под стреата на болницата.
    Мирисите на урбаната џунгла на кои беше навикнат беа поинакви овој пат.
    Нешто недефинирано како да висеше во воздухот, нешто непрепознатливо за доменот на мачешкиот ум но сосема конкретно за неговиот инстинкт.
    Кој му кажуваше да бега, да трча некаде надвор од градот на паднатите ангели, исфрлени од неонскиот рај со декрет на власта.

    Тоа и би го направил ако беше млад и силен, во времето кога беше страв и трепет за локалните ривали, татко на десетици мачиња.

    Но не беше повеќе ништо...
    И се` што можеше е да најде суво место и да си прилегне.
    Подлижувајќи си ги шепите, наглув каков што си беше не придаде особено значење на жестокиот звук, звук од приближувањето на ударниот бран на сто килотонската бомба која тукушто експлодира над градот.

    И да знаеше за што се работи ќе беше доцна.
    Никогаш не ги сакаше луѓето кои му ја газеа опашката и го удираа со камења кога ровареше низ кантите за ѓубре. Како ѓубрето да имаше којзнае каква вредност за луѓето...
    И подобро што беше ограничен во мачешкиот опсег на перцепција, барем немаше да се ужаснува од човекот, врвот на еволуцијата, кој решил да фрли тактичка нуклеарна бомба врз членови на својот род.

    На местото каде што стоеше стариот мачор остана само сенка.
    Сенка на мачор на ѕидот, со се` уши и опашка, феномен на радиоактивното зрачење кој го овековечи неговото присуство на Земјата.
    Штета што не остана никој за да го види тоа.

    А мачорот си продолжи понатаму, како во прикаските на Прат - во мачешкиот рај каде што имало изобилство на врапчиња, риби, млеко...и секако глувци, убаво сортирани и свежи, на радост на заминатата мачешка душа. Неговиот израз поприми задоволна гримаса која премина преку искривената усна. Препозна неколку мачки во далечината кои не ги беше видел одамна.

    Тоа не требаше да го зачуди.
    Бидејќи сите мачки одат во рајот.
     
    На poenta, Srcka $, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.520
    Пол:
    Женски
    (Ми се вртеше идеја во глава прво како за хаику, ама никако не можев толку да се скратам :tmi: :D)

    Кога воздухот во мислите и душата
    ти наликува на ладниот здив на декември -
    апсорбирај сè што е топло околу себе...

    Убавина и уметност земи како волница
    и исплети ги во мек дебел џемпер
    во кој ќе се стуткаш од реалноста...

    Збери од секој можен извор
    љубов, капка по капка -
    топол чај да се стори,

    па стопли раце од чаша,
    а грутката магла наталожена
    ко тврд бисквит растопи ја...
     
    На Scott Weiland, LittleChili, anonimus-mk и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Мислам дека знаеш кој ми е најубав стих :D
    Браво спешуленце :):l:
     
    На Someonespecial и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  14. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    Не ме гледај во очите можеби се насмеани од мојата насмевка,
    но тие кријат голема болка, кријат големо разочарување, во нив нема ништо убаво освен солзи што течат кога нема никој, кријат многу тајни што се видени а никогаш кажани, кријат еден поглед кој го имав секогаш кога ми се насмевнуваше, сега нема никаква радост во нив гледаат без осет гледаат без да заплачат гледаат сурово кон светот гледаат без љубов а поубави не можеш да најдеш. Љубов нема во нив, но затоа кријат голема болка.
    Не ме гледај во очите нема да разбереш зошто изгледаат тажно не гледај никогаш во нив нема да разбереш ништо, нема да прочиташ ништо од нив. Тие се прекрасни какви што се.
     
  15. Анна131299

    Анна131299 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2017
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Здраво, дечки. Итно ми е!!! Ве молам за помош. Ми треба состав на било која тема, но да е убав. И ако можете ве молам испратете ми по порака.
    Фала
     
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.520
    Пол:
    Женски
    Some people's ideas
    burst into colours
    of sunsets,
    sunrises
    and rainbows,

    but society is
    colorblind.

    Some people's hearts
    have a verse for each of
    so many unnamed feelings
    that they're
    full of poetry,

    but even
    their beloved ones
    are illiterate.

    [​IMG]
     
    На Scott Weiland, Briar Rose, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.633
    Допаѓања:
    6.457
    "Напиши ми песна и на мене"
    ми рече демек намуртено
    "Ми се потроши пенкалото"
    ти реков
    вистината е
    мислев нема да ја сфатиш
    ќе мислиш
    те споредувам со неа
    те потценувам
    те навредувам
    Ставајќи ги вистинските зборови
    на погрешни места
    (а за тебе, речиси се' беше погрешно)
    ти никогаш не ми веруваше
    и не беше задоволна
    од мене
    од мојата љубов кон тебе
    што не ќе можев
    да ја зберам
    во неколку стихови
    затоа не сакав
    да ти напишам песна
    повторно ладно ќе ме пресечеше
    "...Не ти верувам"
     
    На Ketchup и +++ им се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Те стегам во тупаница,
    но не од лутина.
    Те протријувам молкум
    низ фабричкиот материјал
    како слатка тајна скриена.

    Везден низ умов мисла ми прошарува,
    кому ли да те предадам?
    Знам дека сакаш да циркулираш
    низ прашливиот крвоток, да леташ, да си слободна.

    Те притискам.
    Не сакам да те изгубам,
    моја драга стоденарка.
     
    На LiliBoz, Црна Ружа, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  19. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Да ти дојдам, полугола, во ателје.
    Да дојдам со сите предности,
    Дури и недостатоци. Во исто време.
    Да сум блечена во атрибути, во црно.
    Да ти дојдам, полугола, во ателје.
    Да ме насликаш во темни бои.
    Да ме насликаш само во
    Драстични нијанси на црно.
    Да ти дојдам, полугола, во ателје.
    Додека сум страсна за тебе.
    Да седиш и само да ме гледаш
    Додека пиеме вино, темно црно.
    Да ти дојдам, полугола, во ателје.
    Да се чудиш три дена зошто и како
    Додека животот без мене ти станува
    Дупло дно, црно.
     
    На Феникс96, Someonespecial и Ketchup им се допаѓа ова.
  20. Феникс96

    Феникс96 Нов член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Скитничка!!

    Ох, агонијо на моето секојдневие,
    ох, иронијо на мојот живот.
    Зар секојдневно ќе талкам,
    зар до судниот час ќе ја барам среќата,
    љубовта во неговите раце?

    Ти кулминацијо на мојот живот!
    Зар одѕвонувањето на моите солзи,
    кои се тркалаат по свенатото лице
    не удираат по ѕидовите на твојата душа.
    Зар моите безгласни вресоци,
    не удираат по твоте уши,
    зар ветровите се уште немаат
    пристигнато до твоето стационирање,
    да ги дочекат моите милувања?!

    Ох, судбино,
    ти која се менуваш,
    тебе која те почитувам
    па макар каква и да си.
    Се проѕира ли среќа, се проѕира ли тој,
    низ ѕидините на расплетот,
    расплетот на животот мој?
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.