Олицетворение или призрак си ти Хад? Грешам ли кога во пепелник ти ја фрлам мраморната срцевина? Слушам тропкање, се притајуваш кон трпеза. Жеден си, или залудно пробувам да те опијам? Зборувај со мене, ти семко од која цутам и катарзично издигнувам. Чувствувам, ме следиш долу на зебрата. Ги конзумираш сите лица, подеми, идеи, правила. Шармантно низ прстите ги вртиш како ѓердан од морски синила. На сите мои станици и перони рапидно стигнуваш, а немаш ниту крилја. Те почувствував и на плеќи денес, ти си ортома. Те замолив да се симнеш, за да поводам љубов со кошмарите, љубовниците, сништата, но ти на моите барања се насмевна. Ќе ме ожениш, или само ќе ја расфрлиш мојата суштина по житните полиња како восочна тишина? Те молам, дозволи ми да пораснам.
Ива и Ника влегуваат во ресторанот. Часот е 3:50. Имаат вештачка насмевка на нивните лица. Ива се обидува да ја потисни таа огорченост што ја чувствува и да укажи барем малце позитивност. Ника го гледа сето тоа и се обидува да ја ублажи атмосферата така што прави шега на нивна сметка. “Порано знаеше подобро да се шминкаш. Остаре и ти.” “Што зборуваш. Љубоморна си дека сум во цутот на младоста.” Се насмевнуваат и двете. Седнуваат на малечка маса. Доаѓа келнерот. Порачуваат и двете кафе. Ива го погледнува часот. Сега е веќе 3:55. Повторно и паѓаат очите врз датумот. “Одиме до крај нели?” “Секако! Се додека не дознаеме се за минатото. Мораме да го разјасниме минатото, за да зачекориме кон иднината. До тогаш, нема бегање од лавиринтот на сегашноста. Разбираш ли сега како се поврзани минатото и иднината?“ Келнерот ги остава двете кафиња. “Со сегашноста.“ “Точно! Кога не си сам со себеси доволно јасен што се случило, не можиш да превземиш ни еден чекор сигурен понатаму, бидејки си заробен од синџирите на минатото, од канџите на незапознаениот мрак кој те обиколил, а ти од темницата не можеш да го прочиташ неговото име и не знаеш како да се бориш со него. Најлошо од сето тоа е што тој затвор е токму сегашноста. И времето врви, а ти стоиш во таа сегашност и не можеш да ја кроиш иднината. Нас ни треба таа светлина за да продолжиме по патот на животот. За да ја кроиме нашата иднина не е доволна само судбината. Некогаш сме потребни токму ние. Понекогаш ние самите си ја кроиме судбината.”
Татко ми ми вари кафе во тишина се разбираме Има перде на левото око му ги читам титловите Би сакала да му подарам коњ или малечок плац за на раат да одгледува ружи Некогаш се прашувам кои му се сништата Сакал ли да биде електричар навистина или само сака телевизори? Мајка ми ми се јавува во меѓу час додека пишува на табла и прегледува тетратки Со гласно срце се разбираме. Би сакала да ѝ подарам куќичка на снежна полјана И дрвени прозорци низ кои ќе го мерка снегот со убост детска Да не беше учителка, ќе ги истражуваше луѓето И ќе им даваше поддршка белосветска. Доаѓањето во својот прв дом секогаш е причина за расплакување Ама од внатре, како кога отчукува точно време И пилето излегува од дрвената куќичка Спремно за полетување.
27 фебруар 2018 Она што никогаш нема да биде Не жалам за времето што на тебе го потрошив, не жалам ниту за спомените што сега ми го мачат срцето, ниту за моментите кои ги исполнуваше нашата љубов. Жалам за филмовите што останаа не изгледани, за земјите, што не ги посетивме, за песните, на кои требаше да танцуваме за сите бакнежи што ми беа ветени, за оние твои прегратки кои ме заштитуваа, милуваа оние прегратки по кои сеуште мечтаам. Роза и месечина Јас бев роза, ти беше трн, и заедно ја красевме градината. Јас станав јаболко, ти се претвори во цимет, и вкусен беше чајот. Јас останав роза, а ти стана месечина, и толку траеше убавината.
Бела Насмевка Црвени усни и бела насмевка, две брчки длабоко всадени околу усните Лице во лице, во лице, во лице... Стравот секогаш има две лица: едно спремно да бега, и едно спремно да напаѓа... И ти имаш две лица... ... или четири? Велат, очите се прозорци на душата - никогаш не лажат А ти, Ти носиш лага во очите
ќе се сокријам од секавиците но светлината ќе дојде по мене ќе влезе во пукнатината на моите лузни најверојатно, ќе залегне во облините ќе ми го здрма папокот ќе ги провери сите непријавени болки сите отсонувани тајни морски гребени што чекаат на моето кормило аплоудирани пдф книги што не сум ги отворила рецепти што сум ги побарала, а не направила теоретските читанки што фаќаат прашина ќе се сокријам од секавиците, но блесокот ќе дојде по мене ќе влезе во плакарот темни алишта оставајќи број и прикаска да ја раскажам штом и дојде редот нема да смеам да лажам ниту измислувам ќе морам да се појавам пред светлото во најголемата темница за да те родам Тебе.
Од збор до дело. Ветрот ти ја носе косата но ти продолжуваш да одиш, не гледаш лево ни десно, го гледаш само светлото што го чекаш одамна. После толку години, ти се смееш, се смееш на се живо и диво. Се смееш на секој збор. И тажните песни не допираат до тебе, бидејќи ти блескаш. Ќе кажат дека си пијана но ти се смееш од среќа, сакаш да не знаат но ти со самата насмевка ја откриваш среќата што ја имаш. Во денот ја гледаш ноќта која посакуваш да дојде што поскоро во ноќта го гледаш денот кој сакаш што побргу да дојде за да го видеш.
Ве канам да го прочитате мојот најнов расказ "И железото го разјадува рѓа" објавен на мојот блог https://snezanapetkovska.wordpress.com/2018/05/07/и-железото-го-разјадува-рѓа/
Како сениште ми се прикрадуваш низ кордониве. Ја допираш мојата мембрана, тихо, без екстремитети. Внатре во мене везеш гоблени од млечни патишта, а сладоледот од ванила кој ми го подаруваш не е само метафора. Гласен си пред зора, те слушам како струиш низ каблите, како шумолиш низ лисјата.. Сеуште парадираш низ видеобимот во колоритен ек, ми мавнуваш. Ти си како Електра, твојот ум е дијамант, телото приказна. Душата кревка самовила која низ пламен диво коса разигрува. Те соблеков, студен си. Го отварив ормарот за да те облечам, а внатре украдени кукли од излог, перики, бои.. Да ти посакам среќен ден или само да те сместам низ ормарските купишта како уште еден трофеј? Таму внатре, со твоите имагинарни пријатели, денсери. Фати ме за рака, не сум странец, ќе ти покажам.
Размислувам во ноќите кратки го измачувам и телото и умот не можам да заспијам барам одговор на некои прашања надевајќи се дека ќе го слушнам гласот на разумот. Со часови се обидувам да ги анализирам моите постапки да откријам и да утврдам едноставно каде грешам да си го средам животот и да најдам одговор на прашањата и проблемите кои ме мачат да се обидам да ги решам Но залудно е сето тоа да се борам против самиот себе немам сила повеќе со целиот овој товар да се борам се плашам дека во оваа борба против самиот себе ќе изгорам пепел ќе се сторам. Со секој изминат ден сум лут на самиот себе Секое утро го започнувам без желба и волја и се чувствувам празен со што заслужив да се будам со грижа на совест и солзи во очите целосно да сум разочаран , уништен и згазен. Зошто дури и кога ги затворам очите во сонот ми се појавува истата таа слика ми се повторува таа вечер и ги гледам луѓето што не ги познавам и слушам детски глас кој за помош моли и вика. После тој сон секогаш се будам вознемирен и тажен ме облива ладна пот и чувствувам остра болка во гради после тој сон седам буден до изутрина и не можам да заспијам бидејќи тој сон секој нареден пат од кожа ме вади.
Останувам повторно буден во ноќта сива не можам да ја скротам таа мисла немирна и дива зошто таа во секој чекор ме прати посакувам никогаш повеќе да не ми се врати Се обидувам да се ослободам од неа да ги избришам ликовите на луѓето кои таму беа но залуден ми е целиот тој труд помислувам понекогаш дека сум навистина луд И кога се обидувам на се да заборавам од болката и немирот да се опоравам Таа мисла повторно ме повредува и ми нанесува длабока рана ме преплавуваат емоции како вода од преполна брана
Младата жена одеше со куферот во рака.Синиот фустан ја исцртуваше нејзината танка половина,и суптилно ги откриваше нејзините нозе.Косата и беше костенлива,и прекрасно уредена во кадрици.На главата имаше мал шешир,дело на Шанел.Само темно зелениот куфер како малку да ја изморуваше нејзината нежна рака.Кога некој би имал можност да ја види од напред,би останал без зборови.Од очите,тие невини очи,и течеа солзи.Оваа 1941 беше ужасна за неа.За само една ноќ,загуби се.Вереникот,куќата,семејството,нејзината сакана Кити.Сега,препуштена сама на себе,како изгубен патник низ времето,со куферот кој беше единственото нешто што остана од нејзиниот живот,оваа жена одеше во потрага по среќа.Ова беше денот кога таа нагло созреа,и кога девојката со соништа,се претвори во жена спремна за борба со неправдите во животот.
Не си ти мајко моја калапена за прегратки фиктивни дали е доволна утеха кога ми го слушаш само гласот дали гласот го отсликува моето треперење и болка целото недостигање на допирот на твојата рака која ми беше поддршка уште како дете кога осознав што е смрт и што е вечност после смртта драга моја мајко твојата рака никогаш не старее мојата порасна не знам дали е доволно топла и мека како твојата и дали умее да ја нуди истата поддршка и сигурност како твојата фаќам мало раче, меко, топчесто не знам што сум јас за него јас уште чезнеам по твојата која ми го свиреше турскиот марш од Моцарт додека летав хартиени гулаби во дневната тој искрен и во виножито обоен мир ми замина некаде далеку а единственото сеќавање што ми ја смирува мојата расплакана и уплашена душа е твојата рака која е иста исто пропаѓа мојата во твојата патувам кон времето кога дишев без ниту една барикада и секоја моја солза секое мое изгребано колено се забораваше за миг животот е круг кој се тркала по една линија низ центарот некогаш сме горе некогаш долу некогаш и не гази само што кога ќе се сврти ние не се раѓаме одново страшна е вечноста мајко моја драга страшна е кога си блиску до неа како бездна која не разбираш колку е длабока ама толку е страшна понекогаш и љубовта и неможноста да ја искажеш преку допир Уморна сум некогаш мамо сакам да си легнам на спалната со плавата плишана покривка меѓу тебе и тато и да се држиме за раче додека заспивам и се плашам од светот да се стуткам како фетус непосредно до твојата утроба да ме нахраниш сила, душевна блаженост, за кога ќе се разбудам сонцето повторно да свети.
Ме прашуваш што се случува зошто сум толку несреќен и ладен поради што и зошто се променив за толку многу кратко време но очигледно не ја разбираше тишината и говорот на моето лице и дека ми е потребно да бидам сам за да се ослободам од тоа бреме Мислеше дека само на тебе ти се лутам и сум бесен и гневен но не разбра дека сум лут на судбината и на целиот овој свет бидејќи не сум силен и доволно спремен за се што се случи и за овој тежок , неочекуван и непосакуван расплет Ми велиш дека тебе ти е тешко и дека не знаеш што да правиш дека не можеш моите постапки во никој случај да ги сфатиш ќе се сетиш еден ден на мене и на мојот уморен лик но тогаш за жал повеќе нема да можеш да ме вратиш
Чувствувам дека полека се распаѓам само прашање на време е кога ќе експлодирам иако се обидувам да се смирам и во целост да успеам да се консолидирам. Чувствувам дека губам контрола и дека треба да ја затворам оваа книга и да свртам нов лист иако знам дека доколку го направам тоа јас никогаш повеќе нема повторно да бидам ист. Полека ме проголтува мракот и депресијата ме убива и самиот на себе знам дека си штетам и дека грешам не сакам да го признаам тоа дека немам сила и дека немам веќе волја и желба засекогаш да го решам. Но многу повеќе ме боли кога не ме разбираат и ми велат дека со проблемите лесно треба да се справам но не знаат дека секој на различен начин со проблемите се носи и дека јас на различен начин од нив тоа го правам.
That non-real shadow Tell me did the story end? Tell me this is just pretend? What about the time we shared? What about the promise is? What about whatever you have in mind? I see white flower in your hands you show me freedom or giving up? That puzzled smile, those shiny eyes tell me what kind of sparkle comes from you? After all I said, please don't forget... your kiss got to save me right now you there and nobody else to impress...
Writing Writing is a strange process, Though, not one i detest. But i digress, I realize your focus might coalesce. What should i write about? Can i get away from this roundabout? Oh well, i made a mess, But i wrote something nonetheless. I guess my point is to try, Whether or not the end is nigh.
Секогаш кога ќе те сретнам тебе денот ми го разубавуваш твојата насмевка и весел лик срцето ми го кочи почнувам целиот да треперам и разум да губам кога ќе те погледнам во твоите преубави сини очи. Тогаш единствено што посакувам е овој момент вечно да трае посакувам да имав храброст и сила да те прашам дали и ти ме сакаш а не секогаш да те гледам и да се растажувам кога во неговата топла прегратка повторно се враќаш. И знам дека јас самиот сум виновен поради сето тоа бидејќи не се обидов да направам ништо, а можев многу да сторам да не се откажев и предадам на самиот почеток да останев истраен и за твојата љубов безусловно и безрезервно до крајот да се борам.
Ќе ти напишев песна, ама пустото останав без зборови. Ќе ти подарев ѕвезди да ги гледаш додека уживаш во ноќите без сонови. Ќе ти компонирав мелодија, па да се створи најубава симфонија. Ќе ти нацртав портрет, да те гледам до недоглед. Ќе те наречев муза, поубав од секоја илузија. Но, не... Поетот пишува кога е гладен, страден по своите копнежи и желби, врежани длабоко во неговата мисла. А, јас? Јас сум птица овој пат со двете крилја, едно ти си ти, другото пак сум јас. Летаме, а не знаеме каде... Без компас, без патоказ, без ништо на себе... Голи и бесрамни го допираме врвот, ја гасиме жедта и повторно го достигнуваме максмумот кој овој универзум може да ни го подари. Летаме без да го допреме тлото, без да се вратиме на дното. Заедно сме едно, заедно сме целосно, и духовно и мисловно и телесно. Ти ми припѓаш на мене, а јас ти припаѓам тебе. Тогаш што ќе ти се зборови, кога добиваш дела?? Што ќе ти е мелодија, кога имаме музика цела?? Што ќе ти е слика, кога те имам во секоја прилика? Ти си повеќе од муза, ти си повеќе од инспирација, ти си поголем од сите божества... Ти си мој!!
Старата куќа Во зелената гора таму во далечините покриени со преубави зелени ливади преку долината во ридовите високи помеѓу расцутените дрвја и зелените борови таа тајно и срамежливо зад планините се крие за некое далечно минато сведочи и таа сама по себе многу повеќе кажува отколку илјадниците зборови. За животот во тоа време за тажните и убавите моменти поминати за минатото за семејните настани и случки таа кажува за убавите и среќни мигови за животните предизвици и проблеми и за тие лоши и добри времиња за тоа турбулентно минато раскажува. Како безгрижно дете таму во планините на зелените ливади јас го минав поголемиот дел од детството и убави и среќни дни и понекогаш повторно се враќам и со солзи во очите и радост во душата се потсетувам на тие моменти како да беа само дел од моите детски сни. И сега кога се враќаме таму ни се будат измешани чувства дури и кога уживаме во моментите од младоста и староста своја се сеќаваме на тие денови поминати кои ни оставиле убави спомени и повторно длабоко во себе ја чувствуваме топлината и миризбата твоја.