1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Ти повторно во сонот ме посетуваш и ме разнежнуваш
    секогаш ме изненадуваш кога заминуваш и повторно на сон ми доаѓаш
    барем да беше реалност да те имам покрај мене да ми даваш сила
    и да не ме боли кога ќе се разбудам и те нема покрај мене да проаѓаш.

    Секогаш чекам повторно на сон да ми дојдеш и да ти кажам остани
    но залудно е сето тоа да ми заминеш од сонот не можам да те спречам
    ти поминуваш покрај мене и застануваш за миг и ми се насмевнуваш
    ми велиш каде си до сега те чекам и силна болка во градите лечам.

    Се будам од сонот целиот збунет и не можам да верувам дека тоа беше сон
    те барам во мојата соба се надевам дека ќе те најдам и ќе те спречам да си одиш
    и повторно кога ќе се вратиш во мојот сон истата си како и првиот пат
    по истата патека одиш и на истото место повторно со себе ме водиш.
     
    На LoveRain, Kacikakacika, simonna.a и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.519
    Пол:
    Женски
    Мемоари на безимениот сонувач

    Понеделник.
    Во торнадо од растрчани луѓе
    некој таму тивко како игла бара
    непознат, сроден пар очи.

    Само бели дводимензионални сведоци има
    на умот и душата со пенкало прошетани.
    Да им вдахнеше некој живот,
    дузина бои би се излеале
    како емоции врз емоциите
    – чудотворна реалност за која
    ќе нема новинар да извести.

    А, ѕвездите
    на ноќниот небесен свод, пак,
    да знаеја за слух и човечки јазици
    – со симфонии и танц
    во величествени формации
    би го поздравиле сопственикот на
    мислите со поглед доверени до нив.

    Недела.
    Во песочните ветрови од чувства,
    некој таму се крие под плашт скроен
    од ноти и туѓи налик свои зборови.
     
    На hermosa, Kacikakacika, simonna.a и 4 други им се допаѓа ова.
  3. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Беше дождлив и студен ден пред крајот на Октомври
    никој не чувствуваше каква завера судбината ни спрема
    на пладне добивме телефонски повик изненаден и чуден
    со вест дека загубивме драга личност која Бог ни ја зема.

    Не можев да се смирам и да поверувам во сето тоа
    дека тоа навистина се случи и вистина може да биде
    и дека повеќе никогаш нема да те видам и да те израдувам
    во дворот да ме пречекаш и да кажеш еве го мојот внук на гости ми иде.

    Само едно нешто не можам никогаш да си простам
    а тоа е бидејќи не дојдов за последен пат јас тебе да те видам
    и сега товар и мака на душата јас засекогаш ќе носам и ќе имам
    зошто порано не пронајдов време да те посетам проклет нека бидам.
     
    На LoveRain, Kacikakacika, simonna.a и 4 други им се допаѓа ова.
  4. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    72.704
    И тогаш кога мислев дека сум на дното,
    се појави некој што ми подаде рака
    Ме подигна од тлото,
    ме натера повторно да верувам и сакам


    Зошто судбината си поигра со мене,
    сродната душа да ја најдам во погрешно време.
    Никогаш нема да ми биде јасно,
    дали за да бидам среќна е прекасно

    Зошто овие чувства се јавуваат во мене,
    кога не смее да биде така
    Сега во тишината сама седам,
    се заљубувам, а не смеам да те сакам
     
    На simonna.a, joy1, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  5. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    72.704
    Не можам да спијам,
    Нешто ме држи будна
    Чувствата ги притискам во себе,
    А ноќва е така чудна

    ,,Затвори очи, зеленоока",
    низ слушалки некои тажни стихови слушам.
    Солзи стегам,во мисли тонам, и се' повеќе се гушам

    Велат среќата храбрите ги прати,
    но храброст јас немам
    Посакувам да можеше времето да се врати,
    наместо среќата на детскиот живот на душа да ја земам

    Се гледам во огледало,
    и не ми се допаѓа тоа што го гледам
    Наместо насмевка и среќни очи,
    фаца намуртена и бледа

    Се подлабоко тонам,
    во бездна од која спас никако да дојде,
    сама себеси се гонам,
    како ли ова се' полесно да пројде

    Љубовта изгубена не може да се врати,
    сам си крив што ме губиш, дај веќе сфати.
    Немам веќе сили со тебе да се карам,
    остави ме среќата некаде да си ја барам
     
    На simonna.a, joy1, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    72.704
    ,,Кога е скршена една жена"

    Кога е скршена една жена, посакува да може времето да го врати. Да го промени тоа, што навреме не можела да го види. Маките да може да си ги скрати

    Кога е скршена една жена, утеха и во најмали нешта ќе бара. Секое внимание што и' го даваш и' годи. И кога ќе престанеш, ќе се кара

    Кога е скршена една жена, немој да и' кажуваш зборови лажни. Еден ден ќе престанеш да ја бараш, а деновите ионака и' се тажни

    Кога е скршена една жена, немој уште повеќе да ја кршиш. Или остави ја, или целосно, одново состави ја...
     
    На simonna.a, cresa-jagoda, IM.TMKQ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Понекогаш ми доаѓаш во мислите иако јас тоа не го сакам
    така непоканета како да сакаш да ми кажеш каде згрешив
    да ме потсетиш дека можеби прерано се откажав од тебе
    и да заминам од твојот живот брзоплето јас тој ден решив.

    После тебе јас собирам храброст и сила да свртам страница нова
    повторно на некого да му дадам шанса да влезе во животот мој
    но кога и да се обидам да го сторам тоа се сеќавам на тебе
    на сите прекрасни моменти и мигови со тебе и на ликот твој.

    Останувам сам од страв дека повторно ќе бидам повреден
    немам храброст од почеток јас низ истата голгота да минам
    утеха наоѓам во помислата дека некоја друга ќе ме убеди
    дека може искрено да ме сака и дека нема да дозволи животот сам да го поминам.
     
    На LoveRain, simonna.a, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  8. LauraSH

    LauraSH Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2018
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Отвори ја душата стави ја пред себе таа изморена душичка предолго е скриена во твоето тело и почнува да се гуши и бара спас само незнае како да те предупреди и како да повика за помош затоа те измачува.
    Стави ја пред овој текст и почни да ја прашуваш,предолго е осамена.Во неа се наоѓаат сите одговори.Ќе ја најдеш причината зошто очите ти се предолго насолзени и неможат да препознаат среќа.Бидејќи ако продолжиш да ја игнорираш и закопуваш во себе не само што ке изгубиш голем број значајни луѓе туку и своите битки ќе ги завиеш со бело знаме на пораз.
     
    На simonna.a и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Јас пишувам претежно на англиски, главно пишувам епиграми но некако се срамам на македонски, еве ќе ви напишам неколку.


    Cigarette after cigarette,
    I don’t know if it’s an addiction
    or an obsession.

    Trust is a dangerous game.
    It has the power to build a fortress but also to ruin an empire.

    Heartbreak looks a lot like darkness
    It consumes you piece by piece
    And before you know it you’re addicted to your pain,
    The comfort you find in your darkness.
     
    На simonna.a и Witchy-style им се допаѓа ова.
  10. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    3.789
    Пол:
    Женски
    Временска прогноза на мојата душа

    Лесно е да кажеш дека се се може, направи го ти самиот истото, а не давај само празни совети.Се раѓаме борци, жедни за слобода, за да вдишеме воздух полн со надеж дека се ќе биде во ред, оптимисти за подобро утре дури и кога во душата тежнеат облаци натежнати со пороен дожд,а срцето ни бие силно како електрични празнења со предупредувања за олуји. Седам сама, до прозорецот со филџан чај,пробувајќи да прочитам некоја добра книга да си ја наполнам настраданава душа,додека надвор истура дожд раскопувајќи ги улиците по Скопјево.Врне, истура, луѓе трчаат на сите страни да се скријат од невремето што следи, држејќи ги за рака непослушните дечиња кои трчкаат по насобраните бари, радувајќи им се. Иста слика се душава моја и невремето, двете црни и заканувачки, двете однадвор изгледаме бестрашно , но внатре никој незнае колку ни е тешко и колку плачеме.Ми лутаат мислите, неможам да се концентрирам и по кој знае кој пат ја пречитувам истата страница, несвесно заборавајќи до каде сум стигнала.Околу мене штама, освен неколку крици кои се слушаат од надвор од немирни студенти и неколку тропања и влечење на столови,рефрени на добро познати песни.Празна соба, цимерката ја нема, па ја искористувам секоја можна прилика да одмарам духовно, да бидам сама со своите мисли,но дури и душава е против мене и не ми дава мир.Пробувам некои клише совети од онлајн јога инструктори како што се диши длабоко, ослободи го умот, не мисли на ништо кои за жал никогаш не ми успеваат.Девојката со тетоважа змеј стои отворена пред мене, свртена на 16 страница од која не мрднувам. Ајде може е некој период, може од времево немирно така ми е, може стрес заради претстојните колоквиуми си велам, а длабоко во себе знам дека самата себе се лажам и потајно се надевам дека ќе ми успее. Наивна сум, да па може и еден ден навистина ќе поверувам во сопствените лаги, во кои тонам се подлабоко.Чајот е премногу топол, дури и со 2 лажици шеќер во него ми го загорчува грлото додека го голтам,но не се откажувам.Никогаш не сум била слаба колку и да ми било тешко, никогаш не сум признала никому дека одвнатре полека умирам, оптимист до неверувачка крајност.Утре е нов ден, сепак, ново сонце ќе изгрее и ќе ја развесели мојата душа, ќе заигра срцево мое на првите утрински зраци, а проблемите уште еден ден ќе останат нерешени, игнорирани, отфрлени во темното катче во мојата потсвест. За некој друг ден, за некое друго сонце, има време..
     
    На simonna.a, cresa-jagoda и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Зошто ме извади од калта?
    требаше да продолжам да тонам
    ти ми подаде рака и ме спаси
    мислев нема повторно да те сонам.

    Разбрав дека не си дел од сон
    ти направи да се чувствувам жив
    и да имам повторно голема верба
    дека животот не може да биде само сив.

    Посакувам да не дојдеше никогаш
    да можев сам маките да си ги скратам
    знам многу работи би променил сега
    да можев само времето да го вратам.
     
    На LoveRain, simonna.a, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.519
    Пол:
    Женски
    Отелотворена љубов

    Купот емоции во хомогена смеса
    кои ко затвореничка кугла
    те влечат надолу -

    кога нив само еден лик, глас и душа
    наеднаш во најлесни крилја ги претвораат,
    со кои во седмо небо леташ

    - тогаш знаеш дека си ја запознала
    љубовта во човечки облик.
    :l:
     
    На simonna.a, DAngel, x.Daisy.x и 7 други им се допаѓа ова.
  13. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    72.704
    И по не знам кој пат ја вртам истата песна,
    да те извадам од глава, ниту малку не е лесно.
    Ми даде премногу причини за да те сакам,
    зошто сега правиш за да се чувствувам вака?

    И можеби никогаш нема овие стихови да ги видиш
    Можеби и ги гледаш, не знам
    Но ете тие ќе ти кажат
    Се што не можам да ти признаам

    Заради тебе не спијам со ноќи,
    А како да ти кажам кој си ти во моите очи...
    Кога и сам знаеш дека не може да биде,
    Посакувам се по ѓаволите да иде

    Биди искрен и кажи
    Што сум за тебе јас?
    Се' ќе боли помалку од тишинава, појави се, прати глас
     
    На joy1, simonna.a, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Благо динамичен амбиент. Просторијата е исполнета со пастелен мебел. Принтот на тапетите претставува мал дел од Амазонска шума, а шмекот од неговата колонска само го надополнува духот на дивината. Низ мрежниот кортекс се провлекуваат сеќавања во кои приматот го има силуета на еден релативно млад дечко со долга светла коса кој е во своите доцни триесетти години..
    Лето е, чинам исто како сега, август месец. Стојам отспротива и гледам како немирно ги врти прамените од нејзината свежо фарбана коса додека лиже top gun сладолед, облечена во сини панталончиња.
    Поминуваат неколку часа, никој не ја бара. Веројатно е кај другарка, игра монопол, или можеби карти. Никој не знае каде е, но претпоставуваат дека ќе се врати..Ќе се врати до полноќ како секој викенд, исто како Пепелашка. Без изгубена чевла, само без црвена обетка.

    ..Собата по не знам кој пат е замаглена. Димот од цигарите ги окупира нејзините кревки бели дробови сузбивајќи ја миризбата од прекрасната колонска. Тој и е другар, ѝ купил сешто посакува. Панделки, карамели, чоколада..
    Знае дека не може да му одолее, дека ја поседува, затоа и секогаш се труди да биде совршена.
    ,,Дојде мила?" Ја прашува, широкоградо прикажувајќи и ја новата светкава колекција на сенки. Taa со прстот покажува кон жолтата нијанса, и додава дека сака да изгледа како Каролина. Тој со огромен ентузијазам ја седнува во својот скут пред огромното огледало и почнува да ја бои во жолто.. Потоа вели дека сака розова за да личи на Росица, а тој секако и ги бои очните капаци во розово..
    ,,Вистинска поп ѕвезда си Ева" .. ,,Ти недостигаат само уште бронзени чевли за да бидеш совршена" велејќи и, ги подава. И додека таа невино и несмасно се тетравеше низ паркетот, во обид подобро да изледаат чекорите, тој ѝ зборуваше дека за само неколку години од сега ќе биде диско кралица која ќе ги освојува ноќните подиуми под молскавичните светла. Ѝ ја вети и далечната Америка..
    ,,Еден чекор лево и два десно Ева" Со длабок авторитетен глас и се обраќа додека во левата рака ја лизга ново запалената цигара, аплаудирајќи додека таа танцува. Ева се врти како вртелешка, а при секое ново вртење во него гледа Бог, идол, среќа. Танцува во тешките бронзени чевли, додека во позадина одекнуваат песни од неговите омилени бендови, како Joy Division, R.E.M. и Visage за да ги пригушат и останатите искриволочени дејствија.
    Речиси е полноќ. Eва мора да побрза да се преоблече бидејќи знае дека пред да замине дома, треба да дојде еден друг нивен пријател. Некој кој исто така кратко ќе ја набљудува нејзината изведба, иако нема да и подари ништо друго освен сладолед од ванила. Таа не сака сладолед од ванила, а ниту сака да биде набљудувана, исто како што не сака некој да и го зема него, но тоа секако се случуваше.
    ..Денес Ева е девојка која презира розова боја и ванила, но ги сака горенаведените бендови, бидејќи речиси во секој нивен текст ги бара неговите отпечатоци, заедно со ангелските шепоти во ноќта.
     
    Последна измена: 11 август 2018
    На simonna.a, cresa-jagoda, Afrodite¥ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    3.789
    Пол:
    Женски
    изрека од мене 14991994_1013202172142208_8221388627592440680_n.jpg
     
  16. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Често се прашувам што е тоа навистина
    дали твоето внимание само ми годи
    или тоа е нешто повеќе кое понатака
    низ мракот и темнината до тебе ме води.

    Се прашувам каде завршува целото
    ова долго патување и исчекување со тебе и дали можам да ти верувам до степен
    дури и по цена да си наштетам на себе.

    Се прашувам што да правам
    веќе ни самиот не знам
    дали ќе можам да те пронајдам
    и во мракот да те препознаам.
     
    Последна измена: 13 август 2018
    На LoveRain, joy1, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.519
    Пол:
    Женски
    If it all comes down to atoms and molecules,
    If a prominent scientist could extract
    That bond between our roller coaster-like souls
    As a complex chemical compound,

    I'd treat it forever
    Like a invaluable diamond,
    Like a tiny snowflake in a snow globe,
    Like a vivid oil ball in a colourful lava lamp,

    Cause our galaxy collision
    Is my most precious top secret
    I jealously keep from rest of the universe...
    :*:
     
    На Nigredo Odor, simonna.a, simonka93 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Она чувство кога се колебаш
    и предомислуваш дали нешто да сториш
    дали вреди да се трудиш за тоа
    и безрезервно да се бориш.

    Кога те убива неизвесноста од минута
    во минута
    и не знаеш дали е тоа крај
    или пак само е период на неизвесност
    после кој ќе го видиш целосниот сјај.

    Додека разни мисли во главата
    ми се вртат и ме мачат
    не дозволувам на притисок да подлегнам
    и сите околу мене на глава да ми се качат.
     
    Последна измена: 14 август 2018
    На LoveRain, joy1 и simonka93 им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    163.519
    Пол:
    Женски
    Пар пеперутки ќе земам
    Од оние што така спонтано
    Ги насели во мене,

    И нежно, молежливо ќе ги ставам
    На стариот ѕиден часовник,
    Тенките стрелки да ги истуркаат,

    Па да ме вратат, или пратат
    Назад, или повторно
    Во моменти налик вечност
    Склопчена во твојот
    топол преграт...

     
    На worrieddd, Purplelilac и Tan4ence им се допаѓа ова.
  20. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Зошто секогаш правам погрешни чекори?
    тоа е само едно од прашањата кое често си ги поставувам
    и на кое тешко дека ќе успеам да најдам соодветен одговор
    може само да продолжам по цели ноќи буден да останувам.

    Изгледа дека сум роден да ги уништувам сите убави моменти
    и да ја упропастам целата работа и кога се ќе тргне добро
    ако продолжам вака во животот нема да има потреба
    да се надевам дека ќе ми се случи нешто подобро.

    Останувам да се прашувам иако ги знам одговорите
    но сепак одново тие прашања во главата ми се вртат
    после сите претрпени удари и разочарувања
    дали повторно среќата и надежта грбот ќе ми го свртат.
     
    На Witchy-style, LoveRain и Kacikakacika им се допаѓа ова.