1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.886
    Допаѓања:
    35.908
    Пол:
    Женски
    Секој со и во својата улога. Дали е своја или некој "горетаинствен" чичко или пак можеби тетка, меѓупол ја инсталирал, не знаеме дали ќе дознаме.
    Добро, лошо. Среќа, тага. И поминал животот. А доаѓа ли нешто после него?
    Дали ако ни кажат имате 50 години на располагање вака ќе ги потрошиме. Дали ќе успориме или забрзаме?
    Дали на зајакот му е подобро или полошо од нас?
    Знаеме од каде доаѓа и каде оди телото. Ама душата? Од каде и кога доаѓа, каде и кога си оди? Телото ли е само моментално прибежиште на душата? Присебна сум. Само создавам проза. Или барем само така може да се каже. Копам подлабоко. Во животот и неживотот. За да ми биде подобро. Или полошо. Се е поврзано и истовремено се е и ништо.
     
  2. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Оној момент кога размислуваш дали вреди да ризикуваш
    и кога се прашуваш дали си само една обична кукавица
    бидејќи не си доволно спремен за да превземеш ризик
    односно да го прифатиш предизвикот односно фрлената ракавица.

    Кога сите ти велат ризикувај не можеш да изгубиш ништо
    но ти си свесен дека со тој превземен чекор многу можеш да загубиш
    знаеш дека со секоја твоја постапка ти си спремен да жртвуваш нешто
    исто како кога губиш разум кога лудо ќе се заљубиш.

    Но со текот на времето и годините како и сите други и ти ќе научиш
    дека не можеш да го вратиш времето и за изгубеното не треба да се каеш
    бидејќи сето тоа е само едно ново искуство во животот кое ќе ти ги отвори очите
    и за друг пат правилно да постапиш и која е штетата од сето тоа да знаеш.
     
    Последна измена: 27 август 2018
    На worrieddd, LoveRain, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LauraSH

    LauraSH Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2018
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Која е таа прочуена лекција за животот?
    Животна цел, целта,судбината,патот по кој одиме?
    Дали сите имаме иста цел?
    Зошто некој се смета за луд,полулуд или несфатен?

    Ете незнам овие се прашања кои ме мачат мене исто колку што и половина нација што се запрашала што е тоа ЖИВОТ.Многу одамна луѓето не мислеле на такви работи премногу биле затворени во своето општество.Постоело ограничување можеби и со тоа полесно се воделе низ животот.Пронаоѓале мир во својата вера и со реченицата "од пишаното не се бега" лесно се помирувале со својата СУДБИНА.Лошите работи ги препишувале на ѓаволот а добрите на својот бог или ангел чувар.

    Но денес таа завеса пуштена од религијата веќе полека но сигурно се крева.Па ние луѓето сме збунети и бараме одговори за тоа кои сме и што бараме овде зошто баш сите мораме да поминеме низ истите работи.Основно ,средно училиште ,брак ,деца, работа и се во круг.Со помош на интернетот и лесно снабдувачките материјали колку повеќе се информираме се повеќе се доведуваме до ситуација на ЛУДИЛО.
     
  4. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Во моите сеќавања сум стариот оној кој со насмевка на лицето го дочекуваше секој нареден ден. Она безгрижно дете кое се стремеше кон остварување на своите желби. Сега можеби после подолго време не сум истиот времето ме промени или пак опкружувањето. Како и да е нема некоја голема разлика. Среќен сум што немам валкано минато зад себе како некои други луѓе. Единствен приоритет во животот ми е да останам со чисти раце и покрај сите турбулентни периоди. Сакам да сум гладен за успех како порано и покрај сите сомнежи кои ги имаат луѓето околу мене да докажам дека навистина сум таков каков што се претставувам. Но никој не вели дека ќе биде лесно да се направи тоа, бидејќи потребна е трпеливост за да се постигне посакуваниот успех. Верувај ми нема да престанам додека не ја остварам посакуваната цел. Се колнам дека ќе го направам тоа.
     
    На LoveRain и simonka93 им се допаѓа ова.
  5. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Бидејќи во животот се добивам на оној најтешкиот начин со многу труд за да стигнам до успехот
    тоа е мојот единствен пат кој е поплочен со мојата пот, моите солзи и мојата крв.
    додека газам по него ме печат сите тие солзи ,сета пот и мојата крв ја чувствувам на моите нозе
    чувствувам студенило во моето срце и треперам од помислата дека многу поминале низ него дека не сум прв

    Сите барате бесконечно многу и сте гладни за да остварите што е можно повеќе во животот
    додека јас сум скромен се задоволувам со толку малку и барам само духовен мир и спокој
    сум се прашал зошто се мразам од дното на душата можеби тоа е поради мојата слабост
    таа слабост да се соочам со самиот себе и да се запрашам дали патот кој го одам е вистинскиот тој.

    Мојата судбина ја обликувам секој проклет ден со постапките кои самиот ги носам
    и се обидувам да го следам внатрешниот глас но мојата душа само копнее за тишината
    се обидувам да го видам сјајот на сонцето ја кревам главата со последните атоми на сила
    но да ги отворам очите ме спречува ветерот кој сурово и безмилосно ја крева прашината.
     
    Последна измена: 11 септември 2018
    На LoveRain и simonka93 им се допаѓа ова.
  6. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Често останувам под ведро небо само за да ги гледам месечината и ѕвездите
    и да им се восхитувам на нивниот сјај и завидувам на убавината
    ќе седнам на земјата и ќе ги прекрстам рацете потпрени на колената
    вдишувам длабоко воздух и го ослободувам умот и телото и уживам во тишината.

    Кога ги затворам очите и уживам во мирот и тишината на убавите и топли ноќи
    како низ филмска лента од мојот живот ми поминуваат сите тие луѓе и настани
    и така некој глас одвнатре ми вели отвори ги конечно твоите очи и погледни
    додека во истиот момент друг глас ми вели не ме напуштај сега и остани.

    И така секоја вечер го повторувам истото со надеж дека конечно ќе бидам спокоен и мирен
    но само на момент ќе ја почувствувам убавината на таа моја моментална смиреност
    со надеж дека конечно ќе ја надминам таа непријатна и лоша состојба засекогаш
    но тоа трае кратко се додека не ме обземе повторно таа проклета вознемиреност.
     
    На Плоко Поетот, La.loca, LoveRain и 2 други им се допаѓа ова.
  7. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Можеби е доцна за јас да можам да го вратам времето и да не ја направам таа грешка
    да можев да ги сопрам тие груби и непотребни зборови да не излезат од оваа моја погана уста
    можеби немам таква моќ времето назад да го вратам и тој момент како на филмска лента да го скратам
    а тоа што бев само искрен и ти ја кажав вистината направи да ја измачувам душава немирна и пуста.

    И знам ветив дека нема да ти пишувам, но нема да престанам да пишувам за тебе и да мислам
    голема грутка ми стои во градите и се воздржувам да не изгубам контрола и да викнам на цел глас
    знам дека после се си многу лута иако не знам дали тоа го заслужив да го изразиш на таков начин
    но знам дека за мене твоите зборови и твоето искрено и вистинско простување се мој единствен спас.

    И рече дека сум лудак и за тоа си во право, да луд сум на начин на кој тешко дека некогаш ќе го разбереш
    луд сум поради тоа што вложувам толкав труд и напори односно да поправам се безпотребно се трудам
    знам дека нема ништо да сменам и да овој лудак се понижи до степен до кој ретко кој го сторил тоа за тебе
    само си создадов психолошки притисок со кој секое утро јас повторно без волја и желба се будам.
     
    На La.loca, worrieddd, LoveRain и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    72.704
    Беше тоа еден убав априлски ден.
    Невообичаено топол, како за април.
    Таа лежеше на креветот, топлејќи се на сончевите зраци кои продираа низ ролетните.
    Вртеше низ социјалните мрежи на телефонот.
    Тој период стекна многу виртуелни пријатели и и' беше многу забавно, затоа што реалноста во која се наоѓаше ја убиваше.
    Но, во сето тоа имаше и по некое недоразбирање, кое и' будеше чувство на лутина.
    Седејќи така, на екранот и' засветка сандачето, една нова порака со неколку зборови на поддршка...
    Од некој што воопшто не очекуваше.
    Прво, се зачуди и се помисли дали да даде одговор, но нешто од внатре ја потсети дека и' фали искрен пријател.
    Така се одлучи да даде шанса да склопи ново пријателство.
    После одговорот, започнаа разговор. Најпрво сосем општ и обичен, но како што се нижеа зборовите, тоа што изгледаше обично, почна да добива сосема нова димензија.
    Се запознаваа повеќе, низ мислења и прашања.
    Се затекна себеси како прашува нешто, а добива одговор кој што го замислила и сама во главата.
    Имаа премногу сличности. И добри, и лоши, кои за жал доминираа.
    По некое време сфати, дека сето она што го замислувала како сродна душа- постои. Со лик, со име и презиме.
    Се зближија толку многу што пишуваа секој ден.
    Се смееше како никогаш до тогаш, за прв пат во животот не мораше да биде нешто што не е, за да се допадне некому.
    Беше своја, нежна, добра и кревка.
    А тој ја сфаќаше совршено, и не и' судеше за ништо.
    Ги слушаше сите нејзини проблеми, нудејќи и' поддршка и совет.
    Мотивирајќи ја да излезе од бездната во која се наоѓа, притоа ветувајќи дека секогаш ќе биде тука за неа. Правеа планови за средба.
    Тоа за неа беше нешто ново, дотогаш непочувствувано.
    И таа мала доза на резервираност што таа ја имаше, премина во преголема доверба.
    Но, наеднаш нешто се смени.
    Тој се смени. Се повлече.
    Веќе не беше тука ко што беше.
    Сите зборови и ветувања почнаа да бледнеат со секој нов изминат ден кога таа чекаше одговор од него.
    Не се откажуваше.
    Реши да се бори, да му врати на некој начин за се' она што тој направи за неа.
    Се појавуваше ретко и на кратко.
    Не кажувајќи ништо посебно, а оставајќи ја неа со премногу прашања.
    Деновите минуваа, а таа беше се' потажна.
    Тажеше, како да изгуби нешто највредно. А, всушност никогаш го немаше.
    Не беше сигурна дали е тоа зошто го снема, или затоа што поверува и пак беше изиграна.
    Чекаше и чекаше.

    Беше тоа септемвриски ден. А, сандачето веќе оддамна прекина да свети.
    До некоја следна порака.
     
    На SV1911, cresa-jagoda, La.loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    I opened up
    The gates of my soul,
    Led you into
    The chambers of my mind,
    Offered you
    The most delicate corners
    Of my heart.


    You in return opened all the windows

    Letting in the glorious spectre of sunrise rays,
    You grabbed the brush and painted all the walls
    With otherworldly colours I’ve never known.


    A most prestigious guest
    Who made of my thoughts
    A home,
    And a work of art,


    Biology cannot depict
    The transcendent symbiosis
    Between you and I…

    :l:
     
    На La.loca, DAngel, Scott Weiland и 2 други им се допаѓа ова.
  10. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Посветено на човек на кој што материјалното богатство му беше на прво место во животот.

    Денес сум сит- а утре може ќе бидам гладен.
    Денес имам кров над глава – а утре може да немам.
    Денес може ќе бидам гол – утре облечен.
    Денес сум некој – а утре никој.
    Денес имам пријатели – а утре може и да ги немам.
    Денес ме има – утре ме нема.

    За што живееш ти човече, зар за некој да си игра со тебе? Се трудиш, си губиш здравје, одделен од семејство и твои блиски? За што? За просперитет, за сигурност, за куќа, за богатство, за уживање, за што?
    Викаат тешко е без пари, но тешко е и со пари.
    Тешко е да располагаш со големо богатство, а да не се изгубиш во него.
    Тешко е да се трудиш, а на крај да видиш дека се паднало во вода.
    Некои рекле: Не е лошо да бидеш богат, лошо е да умреш богат.
    Други пак: Внимавај, бидејќи на највисоките гранки дува најмногу ветар!
     
  11. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    3.789
    Пол:
    Женски
    Доцна во ноќта, по кој знае кој пат се обидувам да ги ослободам мислите, да ги преточам во реченици кои ќе ја исполнат белата страница пред мене, надежно ослободувајќи ми ја немирната душа, давајќи и го долгопосакуваниот мир и спокој кој се повеќе станува мит во моите замисли, фикција, илузија на мојот изморен ум.

    Се борам со гордоста, мојата желба за душевно ослободување е во константна битка со она зрнце гордост во мене кое не ми дозволува да се отворам, да ги споделам размислувањата и искуствата со светот, сфаќајќи дека моментот кога ќе го сторам тоа сите мои тајни ќе излезат на виделина.Кога ткаенината ќе падне и ќе го открие моето голо, кревко и ранливо тело, правејќи ме слаба во очите на другите, се што ќе остане е само уште една измачена душа која и покрај се, сеуште му пркоси на дивиот ветар, бреза која сеуште стои гордо во шума со илјадници исечени дрвја. Храброст или лудост е да стоиш и да се бориш за нешто кое одамна ја изгубило својата вредност, нешто кое многумина веќе го заборавиле, накиснато со првиот есенски дожд, закопано длабоко во калта и изгазено од брзите и тешки чекори на луѓето кои везден трчаат а одамна скренале од вистинскиот пат. Разумот ми вели дека тој што не се адаптира на новата околина нема да преживее ,но од друга страна станувајќи како сите останати е наспроти моите стандарди, очекувањата како еден човек треба да се однесува и надежта за спас на човештвото. Не постои утопија, фактите велат дека е невозможно сите да живеат и творат во меѓусебна слога и разбирање , но зарем не треба да се трудиме барем да искусиме мал дел од таа благосостојба? Зарем треба да се откажеме од сите морални кодови на кои не учеле како деца, да постапуваме сурово и нечовечки , гледајќи ја само сопствената корист? Себичното постоење на планетава е само уште една празнина, џабе потрошен воздух и природни ресурси кои никому не прават добро , туку само и наштетуваат на Земјата, доближувајќи ја до нејзиното згаснување. Би сакала да се вратам во времето кога најстрашната лага беше за тоа кој прв ја почнал кавгата со сестричката, најболно нешто беше да паднеш од велосипед и да си го изгребеш коленото, сладоледот на точење будеше неизмерна среќа и мамеше насмевки на многу детски лица, меѓу кои и моето. Не може да се нарави споредба со злата на таканаречениот нов век, ера на бесчуствителни луѓе кои газат се пред себе за да ја остварат материјалната цел , луѓе водени од желбата за моќ и богатство која се повеќе се распламтува со секој постигнат успех. Честа веќе постои само како збор во последните страници од речникот, нешто кое фатило прашина и ќе биде заборавено во времето. Денес си снаодлив во очите на другите ако твојот успех и материјално богатство се базираат на измама и криминал, скапиот автомобил и одело те прават господин кој се почитува и заради кој се кршат уште повеќе правила и закони. Манирите се нешто сосема безначајно, покажувањето емоции те карактеризира како слабак врз кој може да се гази уште повеќе. Голем дел од ова го имам почувствувано врз своја кожа, човековата психа работи на чуден начин, правејќи констатации и донесување одлуки засновани на претходни случки и искуства, водејќи се од толпата која веќе го сторила истото. Стравот да застанеш на спротивната страна и да го слушаш само својот разум е илјада пати поголем од грижата на совест при правењето на работи кои длабоко знаеме дека се погрешни ама сепак ги правиме и се правдаме дека животот не ни остава друго решение. Глумиме слепи и лутаме по темни патишта, го игнорираме добронамерниот пат само затоа што помалку луѓе решаваат да го изодат до крај...

    TO BE CONTINUED>>>
     
  12. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да го заборавам тој период кога се борев со самата себе. Умирав, бев празна се до моментот кога ми пријде и ги стави твоите усни на моите и тогаш повторно се случи тој НЕМИР- мојата недоверба се бореше против мојата љубов. И победи...те напуштив. А ти? Како ли се почувствува ти. Никогаш не дознав мојата недоверба не ми дозволи да откријам. Се изгубив самата себе. Недовербата ме убиваше и мене. Се вртев и барав гранка на која ќе се закачам бидејќи не гледав никаква светла точка. А тогаш повторно од длабочината засветли твојата љубов, морав да те вратам. Повторно Немир - недовербата се бореше против љубовта. Ми ја раскинаа душата.
    Каде си ти? Врати се и спаси ме!
    Немав сила ама прстите сами ми куцкаа на тастатурата - ти пишав и ми врати. Срцето ќе ми излеташе од градите, а јас сеуште имав несигурност за се што може да се случи. Но, длабоко во себе знаев дека ти си мојот спас.
    По некое време само прочитав : Сериозна ли си, сигурна ли си - не сакам да ме повредиш, јас те сакам!
    И тогаш недовербата почна да губи и да се крши, а љубовта почна да биде посилна.
    Само реков : Дојди, ми требаш. Јас сакам да бидам со тебе, прости ми.
    Ах кога го враќам филмот - можев засекогаш да те изгубам. А ти , зар ти навистина толку многу ме сакаше што се врати? Зар јас тебе навистина ти бев толку важна? Те чекав ти дојде, се приближуваше одејќи кон мене , а мене срцето повторно ми чукаше како лудо, како никогаш до тогаш. Ти, да ти, само ме погледна во очите и ме прегрна најсилно што можеше. Да, тогаш недовербата изгуби , а љубовта победи. Мислев дека го освоив светот кога ја добив твојата повторна прегратка.
    И покрај сѐ недовербата често се враќаше и ми го матеше умот, повторно се бореше против љубовта но, никогаш повеќе не победи.
    ....
    Човеку мој од каде се појави ти во мојот живот, до ден денешен не знам зошто и како се заљуби во мене, до ден денешен не ми е јасно од каде толкава љубов кон мене. Но, фала ти , фала ти за твојата љубовта која ја додаде на мојата и успеа да ја скршиш недовербата. Фала ти за твоето трпение бидејќи со твоето го градиш и моето. Ти си ми најскапоцениот подарок во животот.
    Без тебе јас би била празна со поразена љубов и вечна недоверба.
     
  13. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Утринска зора, а всушност е мрак.
    Во ноќната темнина месечината дава зрак.
    Одам по улици со насмеано лице
    но, околината ми ја плеснува вистината в лице.
    Каде се денес среќните луѓе,
    се прашувам и сакам навистина да знам.
    Зошто се многумина несреќни и тажни,
    кога можат да бидат значајни и важни?
    Тажна сум и јас кога другите ги гледам
    но, моето срце јас секогаш го следам.
    Тоа ми кажува исправи се и биди јака,
    бидејќи знај во животот дека некој те сака!
     
  14. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    72.704
    Во совршен свет

    Доколку постоеше свет, кој не е овој и сега...
    Совршен свет.
    Би биле јас и ти...
    Во совршен свет,
    Ме милуваш со поглед, а јас срамежливо се смеам.
    За инает ти пуштам некоја глупава музика, а за возврат ме скокоткаш додека не пукнам од смеење.
    И потоа ме прегрнуваш и не ме пушташ...
    Заедно патуваме,
    Ги гледаме ѕвездите,
    Небесните огнови...

    Ама за жал живееме во овој свет
    А, овој е се', освен совршен...
     
    На Плоко Поетот, Dadusicka, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  15. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.381
    Изгледаш зрело

    за берење,

    Туршија, зимата доаѓа

    Колку само брзо времето проаѓа.
     
    На GirlLove и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  16. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.381
    Изгледаш слатко

    за берење

    направи џем од малина, зимата доаѓа

    Колку само брзо есента проаѓа
     
    На Плоко Поетот му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Тебе те сакам.

    Те сакам тебе, за да ти се скротам... Дивата да стане јагненце во твои раце. Ах, твоите раце... Гушкаат цврсто, ама не престегуваат. И душата ти е таква.

    Се тргаш и ми викаш: "Свету мој. Успеху мој! Те обожавам таква. Дива и остра, а толку кревка и мека внатре. Те обожавам кога те гледам како светот го освојуваш, со нога го оборуваш. Те сакам, затоа што знам дека само моја си. Дека не ме лажеш. Дека само во моја прегратка си оваа - отворена, среќна, полна љубов, предадена. Се предаваш своеволно.
    Најде место каде што ќе го извадиш штитот. Кај што ќе се соблечеш гола, до кожа, до рани, до чуства. Каде ќе можеш да кажеш - овде ме боли! А јас ќе пазам да не случајно допрам тука. Место кај што душата ти е слободна и сигурна дека е сакана.

    Поддршко моја! Тука си кога паѓам. Тука си кога успевам. Тука си со чуствата, со желбите, со мислите. Ме чуваш. Ми даваш се.. Не жалиш.

    И ти се препуштам потполно, оти знам дека - нема да ме повредиш.
    Мила моја... Љубов моја... Те сакам!"

    Тебе те сакам. Затоа што со љубов ме наводнуваш. Затоа што зрно себичност немаш. Затоа што срцето ти се смее кога ќе ме видиш.

    Затоа што си тоа што никогаш не сум го имала...

    Затоа, тебе те сакам.
     
    На Someonespecial, SV1911, Dadusicka и 3 други им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.713
    Пол:
    Женски
    Обид за нешто :D

    Ако ме прашаш повторно,
    Ако ме погледнеш повторно
    Ако повторно ме погледнат твоите сини очи
    и ми кажат дека се каат за се
    Ако твојата усна,нељубена признае
    " Не можам повеќe , ме боли да сум без тебе"
    Би погледнала во твојата ранена душа и би рекла ДА.
    Би рекла ДА за секој твој поглед
    Би рекла ДА за секој твој допир на мојата кожа.
    Би рекла ДА за повторно да го почувстувам твојот здив кој ме храни
    Би рекла ДА за твојата топла љубов испреплетена со безброј бакнежи и воздишки во оваа студена јануарска ноќ.
    Би рекла ДА за да се повратиш во живот, хероју, вечен робу на душава моја.
     
    На cresa-jagoda и worrieddd им се допаѓа ова.
  19. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    7.554
    Очите ја гледаа само неа, но таа не гледаше во нив;
    Гледајќи во нешто конкретно, се чувствуваше толку апстрактно.
    Ладно чувство на заборав, кој сум јас?
    Единствено нешто кое беше целосно нејзино, а не вредеше ништо.
    Додека гледаше во него, се гледаше себеси.
    А зошто толку празно се чувствува кога целосно го поседува?
    Лошо ли е да бидеш целосно препуштен и да веруваш?
    Очите се полнат со солзи, тој е тој човек што ме повредува, го гледа и јасно е сѐ...одраз во нешто толку чисто, а дава одраз на расипано..
     
    На Sezana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An12

    An12 Нов член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    A moze li eden akrostih za SONCE