1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Ожеднување
    Јас сум жена и јас сум отров,
    а тебе те влече моето шишенце,
    исполнето со атоми од плачов,
    обоено со траги од маскарава
    и црвениот кармин.

    Те маѓепсуваат облиниве мои,
    и мирисот на црно-црвената течност,
    те тера да ја пробаш барем еднаш,
    да ја искусиш и да ја доживееш целосно
    нејзината мистичност.

    Ќе ја задоволиш својата радозналост,
    ќе уживаш во мене,
    усните ќе ти пливаат во мојата мистичност,
    во облините на моето шишенце,
    ќе пиеш од течноста на мојот плач.

    Ќе пиеш зашто си жеден,
    а кога не си- ќе пиеш од навика,
    или од зависност или од досада,
    без да помислиш дека сепак,
    јас сум жена, и јас сум отров.
    - Од срце до хартијата (мојот блог)
     
    На Плоко Поетот, MarijanaStojch и piksooki им се допаѓа ова.
  2. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Дел од она што вчера добив инспирација да го напишам:
    "И додека пишувам, повторно се навраќам шест години наназад и како на филм ми прелетуваат настаните. И на крај на филмот стои една реченица: "Ти си отиде и не му дозволи да те врати назад". И од страв дека ќе почне да боли, повторно ги разбркувам мислите. И си легнувам без да мислам на него. А него го заклучувам во она место во мене за кое никој не знае, во кое одам понекогаш за да се присетам колку бев жива"
     
    На MarijanaStojch му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Во твоите очи се губев. Ама само јас....Во твојата прегратка се топев. Ама само јас....Не сакаш кукли ми рече, зошто тогаш си играше со мене? Нема да те заборавам, а ти мене веќе ме избриша.

    Посветена на Х.Т.
     
    На GirlLove и MarijanaStojch им се допаѓа ова.
  4. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.434
    Пол:
    Женски
    Одувјек сам кукавица била
    Љубав сам хтела
    А срце сам крила

    Пружала руку властитом врагу
    На своме кућном прагу

    Молила се Богу да те сретнем
    Али теби увек порекнем

    Нисам ја та твоја
    Одувјек сам била само моја

    Чудан сам ти ја човек
    Мало дрога мало лек

    Љубити сам знала
    И твоје срце крала

    Али признала нисам никада
    Да те још волим као некада
     
    На MarijanaStojch му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Ти не ме виде...

    Ти не ме виде сношти, кога моето дете се преплаши бидејќи некое детенце се загубило. На тв, на филм. Не ги виде неговите солзи бидејќи ме набиваше чевелот кога го носев на градинка.
    Затоа и да си ми шеф, не очекувај дека ќе ја наведнам главата кога некој преважен меил не сум го видела. Затоа што во тој период имав работа преку глава. Ти од таа фирма правиш огромни пари, а јас крпам крај со крај. Има огромна разлика, и не ме убедувај во некоја приказна....дека и ти си зависел од оваа фирма. Не заборавај, да, зависиш и земаш илјадници евра од оваа фирма, а јас зависат со по некое....
     
    На MarijanaStojch му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.434
    Пол:
    Женски
    Петок попладне, седам на тераса со кафе во рака, го чувствувам пролетното ветре како ми ги мрси косите,ги затварам очите и само на кратко бегам од реалноста.
    Се прашувам која е поентата на животот, претпоставувам дека секој од нас барем еднаш си го поставил ова прашање на себе си, но малкумина имале храброст да пробаат да го одговорат.
    Што е тоа што ни останува на крај, што оставаме зад нас, само доказ дека сме постоеле ли?
    Се раѓаме, го земаме првиот здив на овој свет кој изгледа толку голем и прекрасен на прв поглед, тоа е првата насмевка која ја предизвикваме на лицата на нашите родители, прв пат нашето постоење е нечија причина за среќа.Поминува првиот роденден, растеме, ни изникнува првото запче,ги кажуваме првите зборови, ги правиме првите чекори, со секој чекор сме се понапред и понапред во животниот циклус. Го поминуваме и првиот ден на училиште, најчесто плачејќи по мајка си и нејзината прегратка, тоа е првиот момент кога сфаќаме уште како деца дека нашиот мал свет кој ни го имаат изградено родителите не е вистински.
    Поминува и тоа, продолжуваме со образованието, учиме, запознаваме нови луѓе, нашиот мал изолиран свет станува голем и без граници. Станува железничка станица, луѓе доаѓаат, си одат, чекаат. Несвесно ги поминуваме најубавите години од животот во исчекување, надеж за некое подобро утро, некој посреќен ден.
    За миг трепнуваш, и твоите родители не се она што биле, веќе не се истите оние луѓе со насмевки на лице и искри во очите како првиот ден, сега се само истоштени тела, уморни очи, лица полни со брчки.
    Тогаш секој од нас се запрашува, во целиот тој процес од години и години учење, живеење, растење што ни останува на крај? Има ли крај овој пат или е само тркало кое никогаш не престанува да се врти.
    Со сите сили се обидуваме да живееме да пораснеме, да станеме она што сме го замислиле од мали години, но во целиот тој процес, забораваме да живееме.
    Полека ги губиме луѓето што ги сакаме, нашиот голем свет без граници повторно се стеснува, повторно сме во оној наш мал изолиран свет во кој и го започнавме животот и тогаш се запрашуваме...
    Што ако постапев поинаку? Ги кажав ли сите зборови, им ја кажав ли вистината на луѓето што ги сакам, ги гушнав ли доволно силно за последен пат, ги сакав ли доволно колку што заслужуваа?
    Можев поинаку, можев повеќе, можев посилно да гушнам, можев посилно да сакам, можев сите солзи да ги претворам во насмевки, можев подобро...
    Сите приказни недораскажани, сите чувства неискажани, зборови недоречени, во тој еден момент се губиш во прашања, одговори, мислења, совети, вистини, се што требало да биде а не било.
    Во длабоко сум, пливам, се борам, моите нозе веќе не го допираат тлото, и во тој момент, во тие 60 секунди само една мисла ми поминува низ глава.
    Што ако престанам да пливам? Што ако моите нозе и раце престанат да се движат, во тие неколку секунди се прашуваш себеси, вреди ли да се бориш, зарем не би било полесно само да престанеш, да вдишеш и да се пуштиш во длабочините.
    Тишина,мир и спокој е се што чувствувам, посакувам да се борам, навистина сакам но моето тело се откажува, изморено е, сфати го.
    Почнувам да бледеам, исчезнувам, моето тело се предава, а мозокот, мозокот посакува за уште една шанса, уште еден нов почеток, уште една последна насмевка на лицата на моите родители, уште еднаш да те гушнам посилно бидејки знам дека е крај, знам дека ке ме нема, и дека тоа е се што ни останува. Сеќавања, последните зборови, последните насмевки, последниот бакнеж и твојот мирис, тоа е се што ми останува на крај.
     
    На MarijanaStojch и Carolin. им се допаѓа ова.
  7. Ивана!„“

    Ивана!„“ Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Пoгледoт кoн ѕвезденoтo небo ме терa дa рaзмислувaм зa живoтoт, зa среќaтa кoјa мoжевме дa јa имaме нo ни избегa oд рaкa, зa хoризoнтoт кoј ни беше нa дoфaт нo не успеaвме дa гo oсвoиме, зa љубoвтa кoјa мoжеше дa ги испoлни нaшите срцa нo ги oстaви гoли кaкo пустинa зa сите oние мoжнoсти кoи мoжевме дa ги искoристиме a ѓи oстaвивме дa пoминaт кaкo тoрнaдo низ нaшиoт живoт и дa oстaвaт пустош.

    Пустoш нa кoј штo сaмo еднa нoвa вистинскa и силнa љубoв мoже дa вдaхне нaдеж зa пoдoбрo утре. Утрo вo кoе сoнцетo ќе се пoјaви oд зaд плaнинaтa и ќе ни пoкaже декa не се вo живoтoт е црнo. Декa зaд сите црнилa вo нaшите живoти се крие некoе сoнце кoе ке гo oсветли нaшетo срце и ќе oстaви прoстoр зa пoсветoл ден, зa пoсветлa иднинa.

    Дојди бар на момент или два... Дојди во мојот сон и одведи ме некаде далеку од реалноста, некаде каде нашите погледи се вкрстуваат и зборуваат место нас.На место каде твојот поглед, толку продорен и нежен е единственото нешто што гледам и чувствувам.Поглед исполнет со многу нежност но и одредена доза грубост.Токму онаа која ме тера да треперам при секој твој поглед.

    Дојди и прегрни ме на начин што само ти го знаеш.Утеши ме и исполни ми ја душата макар во сон.Кажи ми дека ме сакаш излажи ме макар во сон да ги чујам тие толку посакувани зборови, шепни ми и измами ми барем една насмевка во мојот огорчен живот.Само тоа, само таа љубов и нежност штто ми го исполнува срцето нека трае засекогаш.
     
    На MarijanaStojch му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DontLetMedown

    DontLetMedown Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Драги мој, оваа вечер повторно поминав покрај нашето место. Покрај нашиот “дом”. Видов многу интересни работи, но една ми привлече најголемо внимание. Не видов нас. Се видов себе си како насмеана ти седам во скут и те слушам додека ми раскажуваш некоја интересна приказна од детството. Ги видов моите очи како блескаат од среќа, иако беше темно. Те видов и тебе. Се смееше. Ме гледаше во очи и ми рече дека ме сакаш. Ми рече дека нема никогаш да ме напуштиш. Се смеевме и со нашите фантазии заминавме предалеку, што не бевме свесни дела живееме во реалноста. Застанав близу таа клупа и седнав до тебе. Седнав да ти го помилувам образот и да ти објаснам колку ме правиш среќна и за колку години животот ми го продолжуваш. Се доближив да ти ја допрам раката, но тебе те немаше. Едноставно те немаше. Ги протрив очите: “зарем сонувам”? Го извикав твоето име, но ти не се појави. Се појави нова слика од тоа сценарио. Се развртев на сите страни и конечно те видов. Беше свртен со грбот и ми стануваше се помал и подалечен. Со солзи во очите врескав, те преколнував да останеш и да не ме напушташ, те молев да се вратиш и да ми кажеш зошто ме напушташ. Но, ти не се сврте. Беше толку ладен и горчелив, повеќе не се смееше, го чувствував тоа иако веќе беше заминат. Чувствував како го фрлаш отпушокот од цигарата некаде далеку, исто како што ја фрли мојата љубов. За еден момент ме распарчи на милион делови. За еден момент постанав толку малечка во твоите очи, што не заслужив да ми упатиш ни еден поглед. За еден момент успеа да ги уништиш сите моменти градени дотогаш. За еден момент успеа да ме уништиш. Мене. Никогаш нема да ја заборавам таа слика. Ниту студеното време не ми влезе под коски како осаменоста, горчината, тагата, љубовта и сите измешани чувства што не му дозволија на моето тело да се помрдни од таа клупа. Вриштев, а не пуштив ни крик. Трчав по тебе, а не можев ни чекор да направам. Срцето ми го распарчи, целото ти го предадов, а ми го врати на делови. Ми го врати како никогаш воопшто да си имал потреба од него. Ми го фрли пред нозе и го изгази, го извалка, остави твои траги насекаде и ми рече :” извини”. Проклет да си и ти и твоето извини. Никогаш нема да ти простам за болката која ја доживувам во моментите кога те сакам и те мразам истовремено. Никогаш нема да ти простам за тоа што не успеав да ја излечам раната која што ми ја остави отворена. И секогаш кога ќе те видам крвари. И секогаш твојот поглед ќе ми принудува спротивставени чувства, баш како и тие што ги имав таа вечер кога ме напушти. Никогаш нема да се опоравам од болеста наречена ТИ.
     
    На MarijanaStojch му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ameli_

    ameli_ Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, јас сум нова.Ве прочитав од прва страна до последна и прекрасни сте.Еве една за оние од нашиот вид.

    Тоа се луѓе.
    Обични.
    Го преведуваат јазикот со кој меѓусебно зборуваме,
    а малку се разбираме.
    Од чувства,во зборови.
    Од зборови,во зборови со порака.
    Од зборови со порака,во уметност.
    Имаат изградено свој свет,како бегство од вашиот.
    Од реалноста бегаат со читање,а својот го градат со пишување.
    И опстануваат.
    Ги гледаат работите исто како вас
    но, им даваат повеќе од едно значење.
    Ги прават работите што ги правите и вие,
    со малку повеќе душа.
    Познато ви е, вие тоа го велите драма,
    а тие оживување.
    Оживување или
    давање вредност на нештата кои не држат во живот, а во реалноста полека изумираат.
    Тие се луѓе. Водени од чуствата.
    Обични,на изглед.
    Оживуваат спомени,зборови
    и љубови.
    Создаваат приказни,дела и
    вечност...
    Создаваат и оживуваат,
    зашто знаат, надвор од нивниот свет постои рок на траење.
    Не се плашат да бидат заборавени,затоа што создаваат вечност.
    Не се плашам ниту јас,
    затоа што тие се пишувачи, а јас сум една од нив.
    Целосна спротивност на безнадежен романтичар.
    Целосна спротивност на вашето размислување.
     
    На Плоко Поетот, dayla, MarijanaStojch и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Што е тоа вистинска љубов? Зар има уште вистински чувства?
    Што е тоа срце? Зар го поседува некој се` уште тоа?
    Што е тоа човечност? Зар остана кај некој?
    Што е тоа пружена рака кога ти е потребна помош? Зар постои ова некаде воопшто?
    Дојди, најмил мој, во овој свет на ладнокрвност и бесчувствителност да ми ја пружиш најтоплата прегратка на свет и бар за миг да заборавиме на се.
     
    На prominent, MarijanaStojch, emiliana и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Ветришта...Бури....Невреме
    пак надојде кај мене, зората осамна,
    трепката наводнета затрепери,
    кутрата таа,вечно трепери.
    Трепери таа на чужди непромислени извици.
    Трепери таа на невини скромни погледи.
    Трепери таа на свои проклети несигурности.
    Камоли,да поминеше бурата некогаш,
    да стивнат ветриштата остри,
    да се распее срцево осакатено,
    да се расплаче душава кротка,
    да се исплакне оково кафено,
    се да се скрои,се да се успокои,
    сонце да засјае,кавал да засвири..
    Ех,камоли... :(
     
    На emiliana, MarijanaStojch и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. emiliana

    emiliana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    40.307
    Пол:
    Женски
    Некогаш беше во сонот мој,
    и излезе од него,
    тивко се стутка на мојата перница
    љубејќи го мирот
    кој ми бликаше од лицето,
    љубејќи ми ги солзите,
    тогаш и тие ми прилегаа,
    но сепак ти со усните нежно ги бришеше,
    и беше тука за мене,
    некогаш, секогаш.
    И кога немаше насмевки,
    тагуваше со мене,
    и кога владееше страшна тишина,
    молчеше со мене,
    и кога срцево беше во крв и рани,
    налик сложувалка од илјада парчиња,
    ти трпеливо го исцелуваше,
    и чекаше,
    ден за ден,
    дел до дел,
    полека му вдахна живот,
    и кога беше црна душава,
    ти ја љубеше таква, празна,
    чиниш виножито во неа
    за тебе прелеваше
    додека пепелата грубо
    ти ги росеше очите,
    и кога не бев своја,
    ни твоја,
    и пак станав,
    не се откажа од мене,
    ни кога ѓаволот ме мамеше со лице ангелско,
    не ме пушти во неговите раце,
    со твојата светлина му го стопи срцето.
    И кога јас не гледав светлина,
    три сонца на три страни
    на небото ми распосла,
    и една месечина на четвртата,
    под неа топла прегратка,
    моја, само моја,
    која себично ја чувам,
    низ годините се посилна,
    од сите богови земски и небесни благословена,
    со нишка нераскинлива заврзана
    со тебе мој бог и бол,
    единствен,
    без зима во срцето.
     
    На MarijanaStojch му/ѝ се допаѓа ова.
  13. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Таму кај што си е мојот дом,
    Се друго е место на кое живеам....

    Посветено
     
    На prominent и MarijanaStojch им се допаѓа ова.
  14. emiliana

    emiliana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    40.307
    Пол:
    Женски
    Мижам
    и го чувствувам секој твој допир по лицево,
    мижам
    и трепетот ми ја разбранува душава,
    мижам
    и се насмевнувам од длабочините на срцево,
    каде твојата рака пробува да допре,
    и напипува зацелени рани,
    ме милува нежно по нив,
    бришејќи ги сите лузни
    од почетокот на моето постоење,
    оставајќи го така чисто,
    а сепак толку кревко,
    како солза на новороденче,
    во која јас се капев толку ноќи,
    кои веќе ги оставив во минатото,
    и наросив пепел врз него,
    а сегашноста е поинаква,
    секој ден со радости обоена,
    во неа дланките не треперат од студ
    туку од возбуда,
    а очите не маглат од тага,
    туку од среќа,
    пресликана е на нашите лица,
    едно до друго навалени,
    две силуети во цврста прегратка споени,
    со раце во коси разбушавени,
    чии сенки неуморно танцуваат во тишината,
    а месечината никогаш не згаснала,
    и никогаш посилно не светела.
     
    На MarijanaStojch му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MarijanaStojch

    MarijanaStojch Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво. Како нов челн прв пат објавувам од моите дела. Се надевам дека ќе ви се допадне...

    Еднаш одамна на втори септември


    Еве ме, повторно по навика се навраќам на спомените, на старите места, на оној убав втори септември кога се започна и онoj втори септември кога нашата приказна заврши. Еве, сега седам на осамената клупа покрај кејот, повторно и овој втори септември 2019 година. Да, señor, 2019. Брзо поминува времето, нели? Признавам, помнам како вчера да беше кога си игравме со пластичните кофи и правевме песочни кули покрај плажата, додека нашите родители разговараа на различни теми кои ние тогаш не ги разбиравме, а сепак ни се чинеа многу важни и недостижни за нашите детски очи. Помнам како слепо верувавме во суперхерои и бајки и како постојано ги оживуваме со костимите и игрите кои ги игравме кога бевме деца.
    Помнам сеуште señor, како ги поминувавме летните ноќи свирејќи гитара и пеејки љубовни песни, седеќи околу нашите пагански огнови со лименка пиво и нашите пријатели крај плажата. Како цели денови ги поминувавме лежејки на плажа и читајки бестселери на ,,Њујор Тајмс'' и поезија од која ни се насолзуваа очите и растреперуваа срцата. Помнам и колку се сакавме и како го поминувавме целото време заедно, секоја секунда од денот држејќи се за рака и доцните ноќни повици само да си кажеме ''те сакам'' и мирно да заспиеме знаејки дека некој би дал се за да ни го чуе гласот. Но тогаш мил мој señor, бевме тинејџери.
    Се случи и тоа што одамна го чекавме, пораснавме, станавме возрасни луѓе, јас твоја Señorita, a ти мој señor. Ја избришавме и последната трага од тинејџерскиот стил и говор и престанавме да веруваме во тие бајки и накитени приказни... Боже, колку само се радувавме и славевме. Со шише црвено вино, фатени за рака ги газевме пожолтените листови паднати на градските улици и се смеевме на глас и секоја ноќ ја поминувавме заедно, гледајќи ги ѕвездите преку малиот прозорец на 7 кат.
    Боже, колку само посакувам да заборавам како се разделивме, и двајцата без да кажеме еден единствен збор, како го срушивме нашиот совршен свет и сите соништа. Колку само се повредивме. Но тоа беше одамна, во раните есенски денови, нели señor??
     
    На Koki B. Stojoska и emiliana им се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Те сакам толку многу што сонувам како те имам па те губам.
    Боли дури и на сон, кога морам да те пуштам од прегратка.

    Денот кога ти го препуштив моето рането срце
    беше денот кога ти дозволив да се потпишеш на мојата кожа со вечен белег.
    Да ме раниш уште еднаш, а во исто време да ме утешиш.

    Не се каам, за ништо не се каам.
    Ти ме лекуваш и ме разболуваш во исто време.
    Страдам во овој вртлог од чувства, а знам дека ваква радост само со тебе доживувам.

    Раната од љубов најслатко боли.
    Ги заборавив за миг сите туѓи зборови и погледи.
    За мене постоиш само ти.
     
    На MarijanaStojch му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Дали е ова
    знак што толку го барав
    пат кој ме води.

    Зашто сум многу
    уморна, и без сила и волја
    -не се познавам.

    Издржувам но
    ми треба позитива
    што е константна.

    Треба повеќе
    енергија која ја
    и немам сега.
     
    На MarijanaStojch и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. MarijanaStojch

    MarijanaStojch Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    14 февруари


    14 февруари 2017, Валентајн. Бев потполно безгрижна и малку замислена од сета таа љубовна атмосфера додека седев на старата клупа во училиштето. Сите брзаа некаде со букети, плишани играчки и чоколада во рацете, грижејки се да не задоцнат кај своите сакани. Седев некое време со слушалките во уши и ја слушав ''Мy heart will go on'' на Селин Дион, кога се појави ти и седна веднаш до мене. Не те забележав, беше необично тивок и занесен од атмосферата. Прв ми се приближи, иако не ме знаеше, ми прозбори. Но јас те знаев, можеби и повеќе од потребното, поточно бев затрескана во тебе. Тоа беше првиот пат кога срцето ми трепереше само од еден поглед фрлен кон мене онака случајно кога бараше некоја пријателка по школските ходници, тоа беше мојата прва симпатија, пред кој образите ми поцрвенуваа секој пат кога ќе те видев. Повторно образите ми поцрвенеа кога те видов и сватив дека мене ми зборуваш. Ги извадив слушалките набрзина, ми беше малку срам затоа што знаев дека сум затрескана во тебе, но и помалку страв да не го дознаеш тоа. Знаеш, бев таква, срамежлива кога ми се допаѓаше некој и секогаш се држев настрана, за разлика од тоа што се борев за своите интереси и нештата кои ми се допаѓаа. Сеуште сум таква, но сега за разлика од тогаш се држам уште подалеку, не затоа што се срамам, туку затоа што ме подсетуваат на тебе и тоа по малку ме боли и повредува, затоа што многу те сакав. Зборувавме додека заврши часот. Доколку се сеќаваш ги чекавме нашите пријатели кои имаа повеќе часови тогаш, и секој нареден петок. Секој пат, секој петок зба орувавме се повеќе. Се сеќаваш ли дека неколкупати и не можевме да се разделиме, па останувавме уште некое време, што страшно ги лутеше нашите пријатели? 2018 година, 14 февруари, Валентајн беше денот кога ми кажа дека ме сакаш. Не знаев што да кажам, па единственото нешто кое што излезе од моето срце беше "Те сакам". Поминавме заедно четири прекрасни години. Секој обичен ден беше посебен и поубав од најубавиот ден кој го имам доживеано после тебе. Поминавме толку време заедно, толку среќни моменти, заедно сонувавме за нашата иднината која не ја имавме и никогаш нема да ја имаме драг мој. Поминаа 7 години од нашата разделба, 7 години од како не сум те видела. Од тогаш секој 14 февруари ме распарчува, срцето ме боли секој пат кога ќе поминам покрај нашето училиште, спомените ми доаѓаат како непоканети гости и пред мене, во клупите на школскиот двор се појавуваат илузии на нас двајцата прегрнати, како во прегратка да го држиме целиот свет, се додека солзите не ги измијат старите спомени и не ги избркаат тие илузии. Многумина би рекле дека со моите 26 години сум премлада и не знам сеуште што е болка и загуба, но верувај ми, јас најдобро знам. Знам како боли некој да ти го украде она што најмногу го сакаш, знам како е да плачеш секоја ноќ, а наутро со намевка на лицето да кажеш ништо не ми е, да слушам за секоја твоја авантура и љубов и со насмевка да кажам дека се ти е простено и да ти посакам среќа додека срцево мое се распарчува и ме колне за тоа што се заљубив во тебе. Знам дека и мајка ми ја боли колу и мене тоа што не може ќерка си да ја види вистински среќна. Но сето тоа добро го прикривам, поточно како и секогаш тајно патам и плачам сама со часови. Понекогаш со солзи во очи се будам кога ненадејно ќе се појавиш во моите соништа и со себе го носиш болниот момент на нашата разделба кога во своите прегратки зеде друга. Можеби ти не се сеќаваш или пак грижата на совест за која си му раскажувал на твојот пријател ти поминала набргу, но јас сеуште ни еден момент не можам да заборавам, сеуште љубовта премногу боли. Но верувај, ти посакувам се најдобро и покрај тоа што ме повреди. Слушнав од твоите пријатели кои што често попатно ги среќавам и кои се расположени секогаш без да ги прашам да ми кажат нешто за тебе, дека сеуште си така паметен, и убав, но не и дека си среќен како што те паметам порано. Посакувам да си среќен, сепак ништо лошо не може да му се посака на оној што го сакаш, нели? Доста е долго писмово, па за крај ќе напишам "Те сакам" иако знам дека никогаш нема да го добиеш писмово.
     
    На Koki B. Stojoska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.132
    Допаѓања:
    14.377
    Пол:
    Женски
    Ќе ти дојдам во сон, во твојот најдлабок сон.
    Ќе ми те бакнам во чело и ќе те прегрнам.
    Ќе се свијам околу тебе како мала срна исплашена од суровиот свет.
    Ќе се потпрам на твоите цврсти гради, опивајќи се од твојот познат мирис.
    Ќе го почувствувам твојот здив, и ќе затреперам како лист на ветер
    Ќе ги слушам отчукувањата на твоето срце, кои ме враќаат во живот после секоја помината борба.

    Посветена на П. К.
    Се надевам си среќен, најсреќен, далеку од мене, но секогаш толку блиску
     
    На Плоко Поетот, Koki B. Stojoska и marija305 им се допаѓа ова.
  20. MarijanaStojch

    MarijanaStojch Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Последна желба

    Кога ќе умрам
    положи ги твоите раце
    врз моите за
    вечно да го чуствувам
    твојот нежен допир.

    Положи ги твоите
    топли усни врз моите
    ладни и неподвижни
    за вечно да ја чуствувам
    твојата љубов во самотијата.

    Зборувај љубов,
    додека јас неподвижена
    и без сили паѓам во вечен сон,
    зборувај ми за вечно твојот
    сакан глас да одѕвонува
    во мојата самотија.

    Не плачи љубов
    ти продолжи да живееш.
    Долго и среќно знаејќи
    дека некој, некаде те чека.
     
    На st-el, Elf, emiliana и 1 друга личност им се допаѓа ова.