1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.474
    Допаѓања:
    41.443
    Пол:
    Женски
    Ноќва душава е само патник,
    просјак осамен меѓу смртниците,
    туѓи раце милува,
    туѓо тело чувствува,
    згрчено во безживотна утроба,
    без раѓање,без смрт,
    се разминува со него во полноќта,
    како часовник без стрелки,
    чекајќи да се поклопат,
    да се пронајдат,
    не сфаќајќи дека таму некаде,
    слободата ги оставила сите окови,
    животот сите умирачки,
    и тежината сите наши тежини,
    таму каде се допираат светлината и мракот,
    во зората чие изгрејсонце ти ја буди сенката,
    и зениците изгубени во тоа зеленило,
    заспана со сонцето во сонот ја барам,
    во кој можам се што на јаве не можам,
    а на јаве се би било како на сон,
    илузијата би се рапрскала во реалноста,
    а реалноста би била наша утопија,
    совршена,
    нанижана со пролетни цветови,
    со корења до звездите распослани,
    поросени со небесни и земски дождови,
    без молњи и бури овојпат,
    безвременска идила,
    потопена во виножито од насмевки,
    само наша,
    подарена или украдена,
    сеедно,
    и повеќе од доволно е сето ова,
    да се искажам,да ти кажам,
    мислите веќе ми бегаат од зборот,
    а зборовите пак на крајот кај тебе,
    за тебе.
     
    На Sandman, dayla, MarijanaStojch и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Koki B. Stojoska

    Koki B. Stojoska Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Еј, Ти Љубов… Еј
    Убав ден 30.04.2020 година - мигот на мојата вистина за тотално вистинско дружење во една права аура. Колку е тоа право. Тие три прекрасни и мили, моите кашмири ми го дадоа срцето свое со многу љубов, вистински погледи, светли очи на радост, доверба и љубов. Секоја насмевка и гистикулација, вистинска во перформансот на љубовта која ме обележи.
    Еј, ти моја љубов, еј ти мој бисеру бел што светиш и грееш…. Да, Ти.. Тој што ми го згреа срцето а стравот го претвори во снага, пасија и љубов.
    Да, Ти…. Тој што ми ја грее душата. Тој без кој не успеав да живеам.. Ајде кажи како ме улови ако јас сум тој неприпитомен ловец… МеМе опколи, ме зароби во љубов, емоција, прегратка….
    Ти, Пасијо што си…. Те гледам, те мирисам, те уживам…. Не можам да толкувам….. Што се случи? … Што направи од мене?... Лав, победник, војник, смртник а јас бесмртен? Среќник кој живее од тебе.. Од љубов.. Зошто Ти си љубов?
    Не си храна да се троши, не си проблем да се реши….
    Еј, љубов… ТиТи не престануваш, Ти немаш крај, ме зеде, ме обзеде, ме освои, ме дарува….
    Кој сум јас сега…. Овој среќник… Реалност е или..?
    Самовиливе на мојава душа не живееле во сон… ЕјЕј љубов еј… Тие не се фантазија.. Не се бањаат во кошули па да ми дадат клетва на вечна љубов?!
    Пророци… Тие се вистински….
    Самовили на мојата душа… Едната е мелемот, другата е истрајноста а третата е силата..

    Еј ти љубов.. Еј…

    Мелемот ме излечи, дојде истрајноста… ЕјЕј ти Круно… Снагата….
    Страву, каде си? Те нема…
    Бесу, каде си? Те нема….
    Кимплексна лукавист и его? И вас ве нема!
    Страву ти кукавице, одлета како прашина, не си постоел? Дојди и бори се… Сега бори се со мене бори се на фронт каде никогаш не можеш да победиш…
    Јас сум среќен, силен, мудар несовршен но имам нешто што е антидот на твојот отров…
    Имам 3 самовили… Имам Љубов…
    Еј, Ти љубов… Еј…
    Ти милозна, каде ти е лицето, толку си убава, каде ти е снагата твоја да ми ги оплакне очиве… Каде ти е косата да ми ја милува кожава и да ми го прекрие рамото?
    Вчера Те видов… Мирисаш како кашмир, опијаш како мошус и траеш како опојна дрога!
    Ги видов очите зелени каде си силна а милозна, го видов лицето бело меко, истрајно каде си убава,ја видов косата...Таа долга наметка на моево кротко срце… Дојде, ме допре, ми го покри рамото, ми ги излечи раните, ја стопли душата… Вистинска си вчера те видов… Ти Љубов толку си била убава, реална не си сон тука си...Вечна си.. Ке бидеш тука зошто си дошла со извор….. КеКе се регенерираш како пиреј и ке бидеш вечна…
    Еј… Ти страву ајде сега кажи ми каде си ти?
    Ако Љубовта вчера пречкрта минато и ми роди сегашност која е вечна, ти страву пријателу, Вчера пречкрта сегашност и напиша големо минато!

    Косара Б. Стојоска
     
    На emiliana и MarijanaStojch им се допаѓа ова.
  3. Koki B. Stojoska

    Koki B. Stojoska Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    PREKRASNOO
     
    На emiliana и MarijanaStojch им се допаѓа ова.
  4. MarijanaStojch

    MarijanaStojch Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Љубов


    Погледни љубов,
    кога паѓаш ти, паѓам и јас,
    кога си повреден, повредена сум и јас,
    кога те боли, мене ме боли уште повеќе,
    кога си ранет, јас крварам.
    Затоа што -
    Така се љуби своето,
    така се милува драгоценото,
    така се чуваат чувствата,
    така се сака,
    Просто, таква е љубовта.
     
    Последна измена: 13 мај 2020
    На naturallmess и emiliana им се допаѓа ова.
  5. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.474
    Допаѓања:
    41.443
    Пол:
    Женски
    Бакни ме љубов под месечина,
    и кога е полна,
    и кога е крвава..
    бакни ме под сонцето
    кога ни ги пржи лицата румени
    или е скриено позади облаци.
    Бакни ме на дождот пролетен,
    нека ја згасне жедта што од порите ни извира,
    бакни ме со снегулки на усните,
    и со ветер во очиве да ги разбуди.
    Бакни ме со шепот на уво,
    бакни ме во образ,
    бакни ме во чело,
    бакни ми ги усните со твоите полни како месечина,
    не престанувај,
    врти се во круг,
    нашиот пат е орбита,
    знаеш.
    Бакни ме додека зреат булките крвави,
    бакни ме во крошните на дрвјата испреплетени,
    бакни ме додека кожата ми пука од твојот допир,
    додека вените не еруптираат,
    до последен здив бакнувај ме...
    Бакни ме и мирна и шашава,
    бакни ме звер или јагне,
    демон или ангел,
    непресметлива или намуртена,
    досадна или разиграна,
    каква и да сум,
    бакни ме,
    твоја сум.
    Бакнувај ме од изгрејсонце до зајдисонце,
    бакнувај ме од понеделник до недела,
    бакнувај ме со силина на универзумот,
    бакнувај ме до смртта и после тоа,
    пак бакнувај ме...
    Бакнувај ме
    и кога солзи ми ги љубат очиве,
    и кога телото ништо не памети оти чиниш душата некаде заминала,
    бакнувај ме со сите спомени во својот здив,
    да се родам повторно.
    Бакнувај ме кога светот ни тече низ вените....
    Бакнувај ме до старост,
    оти тогаш само љубовта во очите ќе ни биде млада.
     
    На st-el, dayla и MarijanaStojch им се допаѓа ова.
  6. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.474
    Допаѓања:
    41.443
    Пол:
    Женски
    Само понекогаш,
    ја земам четката поигрувајќи се
    со боите пастелни над хоризонтот,
    сеуште со очи затворени,
    чекајќи сонот да ја доплете својата пајажина,
    ја чувствувам испреплетена врз себе,
    тебе до мене,
    немо гледајќи се си подаваме раце,
    жедни да лутаме низ светот,
    како две ластовици барајќи го своето место под сонцето,
    и ги видовме сите земски убавини,
    издигнувајќи се над сето човечко во нас,
    достигнавме нирвана,
    душа во душа се претопи,
    тело, ум и дух во едно,
    целина од два универзума,
    што извира од модри кладенци,
    доволна за еден живот,
    и повеќе од тоа,
    разбудена во бајка најубава,
    полека отварајќи ги очите,
    заслепена од блесокот пред мене
    погледнав над хоризонтот,
    и видов
    два волка,
    два самотника,
    под две месечини заспиени,
    со сонца во градите сплотени,
    за навек проколнати.
     
    На MarijanaStojch му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MarijanaStojch

    MarijanaStojch Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Слеан во околината

    Тука си,
    но не те гледам,
    слеан си во околината
    како што душата е
    слеана во телото.

    Го слушам твојот глас
    помешан со тивок студен ветер,
    слушам како се смееш,
    но и понатаму
    не ја гледам твојата насмевка.

    Ја чувствувам твојата воздишка
    на мојот врат,
    твојот допир на моето тело и
    мирисот на твојата кошула,
    но не те гледам.

    Ја чувствувам силата твоја,
    чувствувам и понатаму ме штитиш
    и знам сеуште си тука,
    слеан во околината.
     
    На Elf и naturallmess им се допаѓа ова.
  8. MarijanaStojch

    MarijanaStojch Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    На крајот на приказната

    Кој ќе ме чека на крајот
    на оваа приказна,
    кога се ќе заврши,
    кога љубовта ќе си замине.

    Кого ќе чекаат зелените очи
    во темните ноќи без ѕвезди,
    ќе се појавуваат ли во нив
    спомените со мојот лик,
    како што мене секој миг
    пред очи ми е твојата насмевка.

    Ќе ме препознаат ли твоите зелени очи
    кои ме подсетуваат на доцна есен,
    кои ме маѓепсуваа со секој поглед.
    Ќе ме препознаеш ли ако поминам крај тебе,
    онака случајно на улица или
    ќе видиш само уште еден страец
    помешан во толпата луѓе.

    Ќе ме чекаш ли љубов,
    повторно на крајот на оваа
    тажна и самотна приказна,
    со растреперено срце од нежност,
    ќе чекаш ли да започнеме
    уште една бајка со среќен крај??
     
    На Плоко Поетот му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Понекогаш за миг,
    повторно ги гледам твојот лик.
    Во очите на некоја девојка,
    твојот поглед ме прогонува.
    Руси коси ветер и бранува,
    на стари места ме ранува.

    Лузните остави ме да ги носам.
    Ми помагаат да се сетам зошто сум сам.
    Зошто по толку години сеќавања се будат?
    Да заборавам залудно ли се трудам?
    Невини очи сакам да гледам,
    туѓи чекори да следам.

    А ти Време,
    помогни ми да заборавам.
    Чувства да оправам.
    Срце да откоравам.
    Нови страници да отворам.
     
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    За сите кои сакате снег

    Сакам вечно да паѓа снег,
    да е бел како лек.

    Светот е шарен но, слеп,
    за тебе и мене снежно бел.

    Затоа ајде да го препелкаме како деца низ меки прсти,
    дур oд нос ни течат мразулци црни.

    Да градиме замок дур денови тонат во бессони ноќи,
    да боиме махагонски волшебства во јули.

    Штом снежи,
    линии на асфалт со книжна пара повлечи,
    нотите на андреналинот допри ги.

    Зошто сакам вечно да паѓа снег,
    тоа е мојот омилен лек.
     
    Последна измена: 19 јуни 2021
  11. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Женски
    Ланче и нараквица од љубов подарени немо стоеја во мојот несесер. Ги погледнав и се сетив на тебе, тете, на твојата нежност и грижа кон мене, кон твојата внука. Како дете знаев да се стуткам во твојата прегратка, зашто ти секогаш беше до мене, ме тешеше и велеше:Не се плаши, јас сум тука! Ланче и нараквица со бол и тага дарувани,вечен спомен на еден дел од мојот и твојот живот, тете. Проклетата болест ти одзеде се, ти замина, но не отиде твојата автентичност, оригиналност, пожртвуваност... Затоа еве ги на мене како украс и почит кон тебе, ко потсетник на едно среќно време и безгрижно детство. П. С. Посветено на тетка ми, која прерано почина.
     
  12. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Женски
    Arcano... Нежен допир на звукот од виолината, Arcano, силен набој на емоции од виолончелото вешто и разиграно испреплетени со нотите од пијаното. Заедно како едно, ја слават љубовта оставајќи ја душава моја во потрага по уште, вечно жедна по душевен мир. Млади таленти кои преку музицирањето ми будат спокој, галејќи го духот причинуваат неизмерна среќа и задоволство, лечат се, зашто музиката е онаа најквалитетна храна за сечие битие.... Нема отсвирено ни едно ваше дело, а да не е нечија приказна, нечиј живот и настан... Во морето од шунд, вие, тројцата виртуози сте скапоцени камења чиј сјај ми докажува дека сеуште постои уметност, вистинска, оригнална, неповторлива... П. С. Посветено нa ARCANO, трио и причина на одвоени моменти за сериозна музика, Бог да ве благослови.
     
    На La Stilla му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Сешто сакав во овој живот беше хармонија.

    Мирис на чист воздух, планински утрински чај и поглед кон величествената Планинска височина полна мов и мистерии.

    Помалку бал од маски, а повеќе прегратки и искрена љубов.
    Одвреме навреме номадско возење со еден hippie mini van со кул, весели и open - minded луѓе, и чувство на припадност во секое делче од овој луд свет.
    Танц покрај оган, свирење на гитара и медитирање на некое прекрасно место од каде кристално јасно се гледа Аурора Бореалис.

    Посакувам да немаше олку зло.
    Ги сакав назад Вавилон и Хераклеа. Цели метрополи послани под моите нозе како некогаш што беа пред стотици години.
    Сакав повторно да се родам на едно подобро место, зошто знам дека ова ми е последен циклус од животот и нема да има нареден.
    ...Конечно се комплетираше јадрото, тоа е единствената позитивната вест.

    Во умот да чував повеќе љубов и хризантеми наместо студена војна која ме доведе до смрт од сопствениот меч.
    Научете некоја лекција од мене, зошто јас не можев.
    Збогум.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Цигара, мистичен прав, отворен прозор, ѕвезди и тишина.
    Емоции на 0, а во позадина пуштена од Low - Lullaby.
    Ме обвиткуваш во ќебе, и ме прашуваш дали ја чувствувам топлината?

    Дали знаеш, чув дека нашата врска била забранета..
    Но, дали знаат дека планирам да те венчам?
    Да носам твоја бурма засекогаш.
    Зошто со тебе животот ми е чиста контемплација.
    Со тебе секој миг е како газење по мраз и лавина.
    Како андреналин и естетика.
    Не можат да разберат они...кутри души.
    Никогаш не биле како јас со тебе вечерва.
     
  15. Annabel Lee

    Annabel Lee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Ако некој ме праша за тебе ќе кажам дека долго време не сум те чула, ни видела. Ниту па сакам.
    Дека тие очи со боја на небо,
    сега гледаат некоја друга,
    а таа некоја друга те гледа ко што те гледав јас, сигурна сум.

    Ќе кажам дека веќе не те ни сонувам ко порано, о да,
    веќе ни мирисот твој не ми доаѓа кога ќе помислам на тебе.
    Дека го немам ни ''она'' чувство во стомакот кога ќе те спомне некој.

    Баш се пар они двајца, ќе кажам...
    А ќе излажам.
    За се.
    За секој збор, и секоја реченица.
    Ќе ги излажам сите
    и баш ми е гајле.

    Не мора да знаат дека чувам твое празно шишенце парфем.
    И еден пар божиќни чорапи што ти ги купив на шала и ги носеше само за да не се навредам. Дури мислам и дека намерно ги заборави кај мене.
    Пола кутија цигари и згужвани карти од кино.
    Комплет книги од Даглас Адамс што ти ги барав да ги читам само за да се правам паметна пред тебе.
    Усб со филмови...
    Ах, да знаат само колку филмови останале недогледани поради твојата способност секој филм да го прекинеш и претвориш во твој филм.
    Со твој крај и нормално неочекуван пресврт.
    Твојата фантазија беше едно од главните нешта што ги сакав кај тебе.

    Не мора да знаат дека го памтам секој твој збор изустен некогаш,
    и дека ми недостигаш секоја секунда од моето постоење.
    Ми недостигаш до болка.
    Некогаш навистина многу ме боли...

    Ми недостига да ме зезаш за мојот нос.
    -Твојот нос би требало да го пријавиш како багаж кога ќе стигнеш на аеродром, миличка.
    А јас ќе глумев дека се лутам, за да ме гушкаш повеќе.
    - Ама не, навистина можам да те бакнам на носот баш од ова место, ќе продолжиш. Дур стоиш на метар од мене.
    И јас те обожавав. Го сакав секое делче од тебе, секој потег што го правиш со рацете дур збориш. Твојот начин како ја држиш цигарата. Како шмркнуваш од кафето...
    Сакав да те гледам кога нешто размислуваш.
    Ја сакав секоја твоја шега дури и тие глупите, и твојата смисла за хумор.
    Твојата насмевка од 6ка до 6ка секојпат кога нешто ќе ме зезнеш.
    Твојот поглед кога ме гледаше дур спијам, а јас се правев дека не знам.
    А подоцна, кога ќе заспиеше ти, улогите се менуваа.
    Ти никогаш не дозна...

    Те сакав кога си лут, кога се расправавме како најголемите непријатели а после 10 минути веќе бевме во кревет.
    -Многу сме за нигде, знаеш нели?
    -Не, ти си за нигде!
    -Е ти си...

    Ми недостига да пиеме вино на балкон, да се опиеме и да си изјавуваме љубов.
    Ха, изјавување љубов но на твој начин.
    -Ние сме нешто посебно.
    -Мислиш?
    -Убеден сум.
    -Тоа значи дека додека смртта не не раздели, м?
    -Да, се надевам ќе цркнеш побрзо миличка.
    И следува моето грдо смеење, таман колку да најдеш некој коментар и за тоа.

    Ме дигаше и спушташе во секунда.
    Како и да звучи...
    И јас го сакав тоа.
    Ја сакав таа непредвидливост со тебе, а ти ја сакаше мојата лажна налутена фаца.
    Ме сакаше...
    Бар тоа го знам.

    -Ти знаеш ли јас како те гледам тебе миличка?
    -М?
    -Како куче.
    -Пак ти текнуваат некои глупости, а?
    -Не, како куче кога би видело виножито.
    -Кучињата се далтонисти.
    -Баш така...

    Сега си ти без твоето виножито. А јас без мојот најдобар пријател.


    Да.
    Изгубена сум без твоето присуство, и сеуште постоиш во секоја моја мисла.
    И тоа на дневно ниво.
    Ама не мора да знаат.
    Дека не ми остана ништо од тебе
    и дека се би дала за уште еднаш да ми кажеш:
    -Го обожавам јас твојот нос. Жими се.

    Се би дала за уште еден ден со тебе,
    за уште едно вино на балкон.
    За уште еден бакнеж на врат,
    за уште едно чешкање на грб.
    За уште еден поглед твој,
    со тие убавите очи,
    и само уште едно:
    -Многу сме за нигде, нели?

    Немавме ништо, а имавме се на светот.
    Се што ќе посакавме.
    Патувавме насекаде благодарение на нашата фантазија.
    Бевме дури и на месечината еднаш.
    И тоа со непријавен багаж.
    Ни требаше дел од секунда да стигнеме до Портофино,
    и да јадеме сладолед на плажа.
    Секоја вечер можевме да гледаме метеорски дожд
    и да водиме љубов под отворено небо.
    Се кикотевме по цела ноќ ко мали деца,
    пикнати под чаршаф кој ни претставуваше шатор.

    Знам дека помислуваш на мене и ти сега,
    и убаво ми доаѓа на душава кога си фантазирам дека се мислиме во исто време.
    Те чувствувам тука дур го пишувам сето ова,
    те слушам како ми викаш:
    -Не биди патетична ти се молам, јас секогаш ќе сум до тебе.

    Барем за едно си во право,
    секогаш ќе си тука до мене.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  16. La Stilla

    La Stilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    На овој свет,
    облечен во црна свила,
    црвена тантела
    и вредносна хартија,
    ништо, нажалост,
    не е перманентно.
    Перманентно е она што нема срце,
    дрво, небо, луна и цвеќе,
    како фактот дека носиш срце,
    однапред да те осудува на смрт,
    тик, так, тик, так,
    времето се лизга низ
    моите дебелки прсти,
    зарем има нешто друго смисла,
    освен ти, ти, ти...
    И моето небо е доста уникатно,
    обоено од густата зелена темпера на
    очите твои,
    јас немам месечина,
    ја имам наместо неа твојата зеница,
    секогаш променлива,
    никогаш иста.

    Ах, ништо не е перманентно,
    сите оние песни се лага,
    одвеано некое чувство,
    а поетот заборавил и за кого
    ја напишал таа шансона.

    Ништо не е перманентно,
    и тоа ме прави ноншалантна,
    освен ти, ти, ти.
     
    Последна измена: 9 мај 2022
  17. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.474
    Допаѓања:
    41.443
    Пол:
    Женски
    Ги разбудив сите летни и пролетни дождови
    со нејзината полноќна зародиш,
    нечујно го измив утрото со нив,
    а душата со памук ја натопив,
    наеднаш во очиве се излија,
    печат како солта од морето,
    туѓо тело во сопственото,
    два кладенци пресушени,
    до два океана разбранети,
    ги пуштив,
    со нив се ослободив,
    сложувалката од чувства
    ја урамив во срцево,
    па здив од воздив се раздели,
    коска од месо се оддели,
    а крвта тешка не капнува,
    и стварно не знам дали боли,
    или само некоја прашина од минатото
    ми ги руси очиве,
    но сепак уживам гледајќи ја цикламата под нозете
    како се издига од земјата поросена,
    чиј цвет на пролетен дожд мириса,
    месечев,
    под првиот зрак сончев, овенат.
     
    На Emotional123 и Sandman им се допаѓа ова.
  18. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Машки
    Би ти вдахнал живот во животот и цветна крв во дамарите,
    сон во сонот и младост во брчките,
    твојата сенка ќе ја покријам со коров од ѕвездите,
    а во косата панделка од сребрена месечина,
    ќе ти запишам со прстиве,
    ќе дотраам во бледо вретено,
    како аманет за едно ветено,
    да се разбудиш со нова душа,
    нови очи и солзи,
    стихови и дождови,
    да го погледнеш небото,
    кревка и нежна,
    силна и мудра,
    како некогаш своја,
    како некогаш толку моја.
     
    На emiliana, mira.mira, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Женски
    Нежен си...
    Нежен си ко допир на детско раче
    Нежен си ко звукот на виолината,
    Ко мекоста на свилата.

    Сладок си....
    Сладок си ко овошно бонбонче,
    Сладок си ко парче овошна торта,
    Ко мирис на тазе испечен колач.

    Мил си...
    Мил си ко детска насмевка,
    Мил си ко искрен добар збор,
    ко невин среќен поглед.

    Внимателен си...
    Внимателен ко мајчина закрила,
    Внимателен ко љубезен поздрав,
    Ко сестринска, братска заштита.

    Добар си...
    Добар си ко твоите родители,
    Добар си ко јас што те замислував,
    Ко секој човек што треба да биде.
     
    На Sandman му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mistery Girl5

    Mistery Girl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае кој ги напишал на овие стихови?

    Се појави без глас, од никаде...
    А веќе си во мене, насекаде...
    Во глава, во мисли, во спомен,
    во слатки моменти од секој домен.

    Ми остави насмевка налик принцеза,
    и кроток поглед од кој се ежам.
    Допир од кој искрена стремеж блеска,
    во дневни мечти и вечерна треска.