Ваши дела – поезија или проза

Discussion in 'Литература и уметност' started by Shelea, Dec 7, 2009.

  1. Mistery Girl5

    Mistery Girl5 Истакнат член

    Joined:
    May 28, 2016
    Messages:
    74
    Likes Received:
    27
    Gender:
    Female
    Дали некој знае кој ги напишал овие стихови?

    Занес..

    Се појави без глас, од никаде...
    А веќе си во мене, насекаде...
    Во глава, во мисли, во спомен,
    во слатки моменти од секој домен.

    Ми остави насмевка налик принцеза,
    и кроток поглед од кој се ежам.
    Допир од кој искрена стремеж блеска,
    во дневни мечти и вечерна треска.
     
  2. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    6,066
    Gender:
    Female
    Наивна детска караница,
    Игра со ластик,
    Криенка зад куќата,
    Тоа е моето детство.

    Торти, колачи од кал,
    Цигара од гранче,
    Игра со топка,
    Тоа е моето детство.

    Солзи од повредено колено,
    Утешен збор на баба,
    Укорен поглед на мама,
    Тоа е моето детство.

    Безгрижни очи,
    Среќна насмевка,
    Весела смеа,
    Тоа е моето детство.
     
    Petar Pan 085, Sandman and tari like this.
  3. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    180
    Likes Received:
    669
    Gender:
    Male
    Чувај го зборот одврзан во срцето,
    нека пишува за една љубов вечна,
    за една љубов кревка,
    разиграна во пламот на едно кандилце,
    што го чувам со дланкиве,
    да не згасне во мене,
    да не заврне во тебе.
    Чувај ме под кожата,
    со зборови сини,
    од небото украдени,
    ткај нѐ со нив во крвта,
    кога месечина е килибарна и сонот ти го бакнува.
    Чувај и не пуштај со ноктите,
    дур очите не се откорнат од ноќта и станат бесмртни со светлината на новата мугра.
     
    st-el, tari, mira.mira and 2 others like this.
  4. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    6,066
    Gender:
    Female
    Спиј мило мое...
    Спиј додека ноќта
    ти ги љуби очите,
    месечината стражари
    на сонот твој,
    а штурецот ја пее песната
    на жешката летна ноќ...

    Спиј, најсакано мое...
    Спиј во спокојот на прегратката,
    уживај во моето присуство,
    сонувај во мирот на домот,
    расти безгрижно покрај мене.
     
    tari, nevermet18 and Sandman like this.
  5. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    6,066
    Gender:
    Female
    Покри ме со топлината на прегратката,
    допри ме со копнежот на страста,
    бакни ме со врелината на желбата
    шепни ми тивко, те сакам...

    Погледни ме со жарот на посакувањето,
    Чувај ме во спомените на минатото,
    Сонувај ме во случувањата на иднината,
    Љуби ме силно во моментот на сегашноста:l:
     
  6. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    180
    Likes Received:
    669
    Gender:
    Male
    Нежно ко полноќен сатен,
    го покриваш небото меѓу сонот и волшебните ириси на заљубените очи,
    воздишка што милуваат,
    ко капка роса,
    штотуку разбудена врз лицето на јунскиот цвет,
    утрото што го бакнува и снагата ја растреперува,
    во еден чекор за убав почеток,
    сокриен во панделката на твојте виножитни коси.
     
    st-el, emiliana and tari like this.
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    6,066
    Gender:
    Female
    Додека погледот остар
    стрела злокобни мисли,
    изразот на лицето
    ја уништува радоста,
    зборовите тешки
    везат окови од навреди,
    мојата човечност
    уште еднаш простува.

    Додека душата твоја
    се грчи во желба за одмазда,
    сутетата немо бара спас
    во истурените фрустрации,
    егото ја руши
    културата на однесувањето,
    мојата добрина
    уште еднаш простува.

    Додека трудот вложен
    се гуши во твојата немоќ,
    страдањето лее солзи на очај,
    срцето ти трепери од бес,
    а твоите намери кружат
    околу моите постапки,
    знај, кармата е награда
    за моето однесување.
     
    Last edited: Jul 11, 2022
    emiliana, Dancewere and Sandman like this.
  8. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    180
    Likes Received:
    669
    Gender:
    Male
    Денов сјае со лицето на јули,
    и ноктурни зраци насликани на моето,
    со твоите прсти во акварелни бои натопени,
    бакнувајќи ме срамежливо,
    во една тишина,
    од очите ти истечена,
    безгрижно ко восочна прашина,
    на небото мое растопена,
    во сонот сино сладок,
    втурант во бурата на љубовта,
    каде ме допираш со огнот во крвта,
    и ме претвораш во ветрот меѓу изгревот и залезот,
    на нашето повторно раѓање.
     
    Last edited: Jul 12, 2022
    st-el, emiliana and Dancewere like this.
  9. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    6,066
    Gender:
    Female
    Празнината ја полни душата,
    Немо очекувајќи ја тагата,
    Будно стоејќи над тишината,
    Слепо верувајќи на осаменоста,
    Се обвиткува околу срцево,
    биејќи силно,
    Врз дамарите на животот.

    Празнината се шири
    Низ пространството на емоциите, Во хоризонтот на среќата,
    Се провлекува во
    Бескрајната широчина на радоста,
    Опседнувајќи го целово битие,
    Заземајќи ја вешто изградената
    Тврдина од лажна насмевка,
    Таа е еден и единствен
    Господар врз мене.
     
    Sandman likes this.
  10. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    6,066
    Gender:
    Female
    Те сретнав во стиховите,
    те запознав низ поемите,
    те откривав во песните,
    а дали вистински те познавав?

    Темен е светот.
    Светла љубовта.
    Ми ги покажа и докажа
    искрите на вљубување,
    опуштеноста на флертот,
    шареноликоста на досетките
    и веселите насмевки.

    Зборовите збореа,
    како друшки раскажуваа
    за копнежот на твојата емоција,
    која во посакувањето се изгуби,
    осуди едно пријателство на смрт,
    казни релација на уништување.

    Си отиде твојот танц на вешто извезените мисли,
    замина во неповратното минато,
    веќе исчезнето,
    ме остави мене во темнината на осаменоста,
    вечно гладна по твојот талент, твое воздигнување,
    а мое уништување,
    барем збогум да ми речеше.
     
    Petar Pan 085 and Sandman like this.
  11. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    180
    Likes Received:
    669
    Gender:
    Male
    Со стихови,
    ја купував љубовта,
    низ темните сокаци сокриена,
    во пастелни перверзии,
    опојно и отровно,
    песни ко жедни песјаци,
    се тетовираа врз мојта душа,
    но ти не беше во неа,
    ти беше откриена,
    во месечевата светлина,
    во една светулка треперлива,
    ми го осветлуваше патот,
    по кој не знаеше моето срце да тргне,
    ти беше тука,
    силна и присутна,
    но не знаев да те пронајдам,
    не посегнав по тебе,
    за сега да скитам со очи отпарани
    и ветви џепови,
    барајќи те,
    да те купам,
    но ти некому се подари.
     
    st-el and emiliana like this.
  12. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    6,066
    Gender:
    Female
    Љубов.
    Весели насмевки,
    среќни лица,
    пеперутки во стомак,
    досетливи шеги.

    Љубов.
    Искрени намери,
    смеење на срцата,
    нежен допир на емоцијата,
    тивок шепот на душите.

    Љубов.
    Наивна препирка,
    тежок пресврт на зборовите,
    лош почеток на нешто убаво
    и еден крај, едно збогум.
     
    Sandman likes this.
  13. babygirl20

    babygirl20 Истакнат член

    Joined:
    Aug 31, 2021
    Messages:
    128
    Likes Received:
    280
    Gender:
    Female
    Зошто не ја тргнете
    мермерната плоча од гробот?
    Знаете дека таму нема ништо
    освен коски
    нема нити душа нити тело
    се е пустош.
    Тогаш зошто настојувате
    да вратите некој
    кој ви го девалвира
    достоинството?
    Еве и последната
    чашка коњак е за тебе
    за нас
    таа полека но сигурно
    ми се испушта од раце
    исто како и ти.
    Би ризикувала
    и буре со барут да запалам
    само да знам
    дека ја имам истата шанса.
    Крадец си
    крадец на време
    убиец на чувства
    гладен волк
    кој што си го најде
    пленот во мене.
    :D
     
  14. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    6,066
    Gender:
    Female
    Каде си? Далечината те дели од моето присуство, мистеријата те крие во црнилата на ноќта, очекувањето сее семе на двоумење...
    Каде си? Зар те најдов за да те губам постојано, зар само дозволи да ѕирнам онаму во срцето, не дозволувајќи да видам и осетам?
    Знам јас, тука си, а не си... Твоето јас насекаде околу мене, зборовите плетат приказни, поеми за една љубов, вечен непребол кој пустоши се што ќе допре и дофати.
    Креација на мојата мисла ли си, креативно склопен лик кој влева надеж за искреното?
    Ме мачиш со емоцијата, со силата на зборовите, вешто извезените чувства од вистинскиот ти. Јачината руши се пред себе, сите бариери и препреки кои ги поставив да ме бранат од душевната празнина.
    И ете, глувото доба на ноќта е безгласен сведок на насмевката и безличноста, копнежот и рамнодушноста, на твојата топлина, но и студ истовремено. Ми недостига делот од тебе кој толку многу потсетува на мене.
     
    Sandman likes this.
  15. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    180
    Likes Received:
    669
    Gender:
    Male
    Те чувствувам,
    во тишината на ноќта,
    со мејкап од бели облаци и по некоја ѕвезда,
    едриш низ неа безгрижна и среќна,
    ја милуваш со сладок насмев,
    секоја воздишка моја,
    ко да е твоја,
    толку си присутна во секоја пора,
    од телово извираш и студена и врела,
    бура и лава танцуваат на небото,
    која си ти,
    што те донесе на прагот од душава,
    затворена со врати од железна свила,
    која ме сокрива од светот,
    од љубовта,
    од еден живот кому не припаѓам,
    ти,
    што така вешто од срцево отпаруваш,
    едно минато,
    една лажна вечност,
    еден непребол,
    и го создаваш во твој бол,
    да го отковаш од мене сиот тој товар,
    да престане тој црн дожд,
    кој се насобрал во очиве,
    што си ти,
    мое чудо,
    светлина на дланкиве,
    со која така лесно,
    го будам сонот,
    неодсонуван.
     
    st-el likes this.
  16. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    180
    Likes Received:
    669
    Gender:
    Male
    Недостасуваш во ноќта,
    потемна од мирисот на твојот последен бакнеж,
    твоите стихови недостасуваат,
    што немо жарат во канделабрите,
    под кои исчезнуваат сенките мои,
    во твојте ѕвездени прегратки.
    Постои векот,
    постоиш и ти со него во мене,
    не запираш во крвта,
    не, не си таму каде што си,
    и јас не припаѓам овде,
    ние само чекориме сонливи и боси,
    низ залутани сокаци.
    Има ден,
    бездушен ко свиреп убиец,
    ќе го разбуди муграта,
    во него ќе преживеам некако,
    чекајќи ја квечерината,
    заљубувајќи се во неа повторно во тебе.
     
    Last edited: Aug 31, 2022
    st-el likes this.
  17. Ninufche

    Ninufche Нов член

    Joined:
    Jul 18, 2022
    Messages:
    1
    Likes Received:
    2
    Gender:
    Female
    Гали го моето лице,
    љуби ги моите усни,
    сакај ги моите очи,
    заспиј во моите коси.

    Обои ме со твојата љубов,
    да исчезнат сите маани,
    да избледат сите лузни,
    нека останат само
    нашите топли и меки усни.

    Греј го моето срце,
    исцели ја мојата душа.
    Јас сум твојата љубов,
    а ти си тој што ме слуша.

    За возврат јас ќе го дадам
    моето срце, кревко и младо,
    чувај го, љубов моја,
    ќе ми биде многу драго.

    Ти ветувам, се ќе дадам
    да бидам твојата драга,
    нема да капне солза,
    ќе заборавам на секоја рана,
    и на болка, и на тага.
     
    st-el and Tinić like this.
  18. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    180
    Likes Received:
    669
    Gender:
    Male
    Молчев покрај луѓе и певливи песни,
    тихував со небото и ноќите празни,
    те посакав во темнината,
    се појави,
    запали свеќи догорени,
    те погледнав во светлината,
    ме допре со пламенот на срцето твое,
    ти ја прегрнав душата со душава,
    сега ниту бог нема да не раздели,
    ја бакнувам милно младата блискост,
    меѓу еден маж и една убава жена,
    во предвечерието на заводливата есен.
     
    st-el and cresa-jagoda like this.
  19. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    896
    Likes Received:
    6,066
    Gender:
    Female
    Низ мистериозните хоризонти на времето постоиш ти....несуден, кој ме чека таму некаде на крстопатот на судбината... Толку тајновит, толку незнаен, а сепак дел од мене, трепет на душава, снажно биење на срцево...
    Ми приоѓаш. Топлината на твојата прегратка толку многу смирува, грее, ја чувствувам низ твоите раце и дланки... Допирот пак како лек е, вешто ги зацелува раниве нанесени од човечката себичност, суета, злоба...
    Ми приоѓаш. И без да кажеш збор-знам дека сум ти единствена, ме разбираш, потпора си ми која никогаш нема да се сруши од предизвиците на животот, знам дека ме сакаш безусловно.
    Еден твој бакнеж нежно става печат на лицево, сакам да ти ги видам очите, лицето, погледот, тебе ,ама...
    Отварам очи, горкото спознание ко пелин истура тажна вистина во мене. Совршен си и не постоиш.
     
    Sandman and cresa-jagoda like this.
  20. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    180
    Likes Received:
    669
    Gender:
    Male
    Ќе зајде денов,
    исткајан со магла и очај,
    ќе се испилат ѕвездите и месечината од него разбудени,
    име имаат,
    но никој не ги спомнува,
    ко јас за твоето,
    немеат тие со мојта воздишка,
    немеам јас,
    ко капка восок од свеќата штотуку запалена,
    за нечија молитва,
    ќе те побарам скришум во нејзината прва плач,
    знам,
    не ќе најдам љубов ниту во последната,
    ниту во очите во чии ириси е збрана сета вселена,
    која толку недостасува,
    наздравувам,
    нека грозјето од твојте стапала изгазено,
    ја грее со вино,
    крвта во телово и храни брчки насмеани на туѓи лица,
    подалеку од моето,
    од твоето,
    тоа е сѐ што ми остана од тебе и бога,
    аманет за навек,
    толку близок,
    а толку далечен.
     
    st-el likes this.