Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Машки
    Ова време што е невреме, силна бура, дожд и мрак, всушност малку кошмарен, со поголем ден без сонце и темен плач, на плеќите товар за секого.

    Од невремето паѓаат капки без надеж,
    шумат тие и ријат во дрвјата и цвеќињата во градините никнати од земјата црна,
    непрекинато, со поглед кон небото сино, какво што е убаво, додека громовите чуваат скриена тајна, за сите нас по една за секого.

    Секоја жена со грижа во очите, секој маж со тага во срцето, се чувствуваат тие малку и допираат самите, во ова тешко невреме што во ноќта бурата ја носат, повеќе од бреме.

    Но, и покрај оваа бура, животот се движи понатаму, во која ќе се пребориме, да го пребродиме и победиме ова време и невреме што над главите ни виснало, ко пролет прва, непоколеблива, за нашиот дух од цврстина и железо да биде создадена.

    Небесата изгледаат гладни, црни и сиви, се чини дека ќе се срушат врз нас, врз секој еден затворен во својот дом, само дур не погледнеме низ прозорецот, кој ги отвора портите на рајот, на она што навистина го бои ирисот во очите наши.

    Знам, некаде во тешките ноќи, секој чувствува барем малку мир, во топлината на својот дом, со своите мисли, тивки, далечни и блиски, нека биде така, нека не знам, посакувам.

    Ова време што е невреме, да бидеме јаки и одважни, со секој удар на бурата, нека нашата сила расте и ја збогатува душата, посилна од карпата што се создава, во бес и милост, во сознание.

    Таа сила да ни даде крила, да се издигнеме и летаме во вистинското сино, кога бурата ќе помине и секој од нас ќе го препознае тој миг во срцето.

    Затоа, таа сила, не предавај ја, нека чекори лесно, потруди се да ја збогатиш со својот дух, мудрост и јакост, која ниту времето и невремето нема да можат да ја уништат.
     
    Последна измена: 4 мај 2023
    На minne992 и mira.mira им се допаѓа ова.
  2. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Полната месечина ја осветлува мојата тага,
    знае таа,
    во сјајот на ѕвездите е скриена солзава,
    која чека само миг да блесне на небесниот свод,
    чувар е тој,
    на безброј насмевки мои и твои,
    треперат тие,
    во срцата наши,
    немо зборуваат,
    шепотат за нас,
    за една илузија,
    за еден сон,
    за едно постоење,
    кое се губи и пак се создава во душава,
    цути таа, но и овенува
    се радува, но и чемрее,
    моли и копнее,
    за малку нежност
    закитена со топлина,
    за малку среќа,
    обвиткана со смеа,
    за радост љубовна,
    за една среќа вечна,
    љубовта наша...
     
    На mira.mira и Sandman им се допаѓа ова.
  3. twiligt*

    twiligt* Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Понекогаш те чувствувам,
    како плима надоаѓаш во ноќта,
    а јас со утрата те заспивам,
    во тежината на чекорот те носам,
    и тебе, и едно време,
    кое не бледнее,
    а сепак налик сон приликува,
    та не знам каде припаѓаш,
    во сенките или илузиите,
    некаде постоиш,
    каде се е хаотично,
    а сепак толку хармонично,
    можеби психоделично,
    а такви бевме и ние,
    со сето лудило и љубов од светот во нас собрани,
    со сета страст и жед во крвта што ни вриеше,
    та чиниш вените пукаат,
    и месо од коска се делеше,
    на секој допир, на секој збогум..
    Ние бевме спој на два универзума,
    којшто иднината предвреме го согоре.
     
    На Sandman и st-el им се допаѓа ова.
  4. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Машки
    Поема за вечноста

    Напишав поема и допрев засекогаш во тивката ноќ,
    далеку од мирот на светот,
    кога зборовите зајакнуваат и вртоглаво паѓаат ко пурпурен дожд,
    опуштајќи се во својот свет, магичен и бескраен, во стиховите, таму долу, во тајната длабочина, на сите постоења.

    Допрев низ времињата, со крилјата на секој новороден поветерец,
    со првите сончеви зраци и последните звезди на небото, минувајќи низ епохи, румени образи и љубовни приказни, со секоја солза, секоја радост, секоја патека на смртта.

    Допрев низ просторот, во далечни галаксии и планети, каде што чудата се раѓаат и фантазијата се превиткува од бол, жар и жал, со модар шал исчезнувам во небото со необични бои и светлина, каде што магијата лебди и нештата се нестварни, множејќи се бескрајно, век за век.

    Допрев низ срцата, на илјадници луѓе од бели одари што живеат и тагуваат, со секоја љубовна приказна, со секое разбиено срце и тажна судбина, чувствувајќи ги нивните болки и радости, нивната сигурност и страв, и со својот збор ги понесов во мене сите нивните надежи и соништа во една поинаква светлина.

    Допрев со зборови, со звуци што се издигаат виулесто како песна во ушите, креирајќи свет каде што мечтите стануваат доживотни.
    Да, допрев засекогаш, со љубовта што ме води, бакнувајќи ги нејзините дланки, мојата поема продолжи во вечноста.

    Така допрев засекогаш, спонтано и нежно во времето, просторот и срцата, со стихови лечебни што бргу отстапуваат од стравот и тагата што темнеат на хоризонтот.
    Од сите патишта што ги поминав и од оние што допрва ќе изгреваат,
    јас ја допрев засекогаш тишината и светлината на вечноста, во утрото, денот и ноќта, повторно и повторно.
     
    Последна измена: 12 мај 2023
    На Scott Weiland и twiligt* им се допаѓа ова.
  5. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Допираш со дланките од памук,
    нежен е допирот нивен,
    ко бисерен ѓердан,
    ко цветен венец,
    ко бакнеж љубовен
    ко пролетен ветрец,
    кој милува и милува....

    Допираш со дланките од памук,
    во неговата белина,
    во неговата чистота
    се огледува мојава душа,
    одраз е таа,
    на сѐ мое и твое,
    на твоето бреме
    и мојата совест,
    на леснината и тежината....

    Допираш со дланките од памук,
    и срцево крвари,
    од трњето кое никнува,
    ко пиреј е,
    ко коров е,
    дар за сѐ што сум сторила...
     
    На twiligt* и Sandman им се допаѓа ова.
  6. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Нека те однесе виорот
    низ времето,
    нека те смести сегашноста
    во минатото,
    нека бурата од емоции те избрише од спомените,
    зашто таму среќни сме,
    со весели лица и очи полни радост
    со зборови неизустени,
    преточени во бакнеж,
    слеани во насмевка,
    обвиткани во прегратка,
    која започнува од твоиве дланки
    и завршува во моиве коси,
    се виорат тие,
    низ една илузија и цинизам,
    низ една лага и понижување,
    низ едно разочарување,
    кое пецка од себичност,
    боли од нарцизам,
    вришти од егоцентричност
    ми се насмевнува
    со твоето студенило....
     
    На twiligt*, Sandman и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  7. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Машки
    Ме боли минатото,
    тој тежок товар,
    спомени врз мојата душа,
    потемни од ноќта,
    со секој чекор што го правам,
    тие ме влечат назад,
    во светлината на иднината што во мракот се губат.

    Но, се собирам во себе,
    се обидувам да заборавам,
    тешко е,
    претежок е товарот на моите плеќи,
    се крши тој во коскиве,
    од болката и сето тоа што некогаш ми беше драго.

    Но, некаде длабоко внатре,
    во крвта и месото од телово
    сè уште гори плам и една
    надеж што ме тера да продолжам напред сам.
    Минатото нема изгрев,
    мракот знае да избледи,
    а јас пробувам да се издигнам од пепелта,
    знам една нова сила ќе ме најде,
    да зајде во мене,
    со новото сонце на истокот што се буди.

    Така, со јакост и верба,
    ги подигам своите очи над универзумот да погледнам и
    се одважам да продолжам понатаму,
    да му докажам на своето мое во мене дека можам поинаку,
    а знам болката ќе биде со мене секогаш,
    но ќе ја надминам едноставно,
    со љубов, милост и една насмевка.

    Ме боли минатото,
    но тоа ме прави силен,
    го препознавам во секој удар што ја крши мојата вина и совест,
    во секоја рана што ја сошивам со конци од победници,
    минатото ќе ме гори за навек, но јас сѐ уште сум жив и од пепелта повторно ќе се родам.

    Така е запишано,
    напред да се движам со срцево,
    исполнувајќи го со мудрост и поука од мракот.
    Ме боли минатото,
    но во сегашноста јас не сум тоа,
    јас сум животот,
    сонување што не згаснува.
     
    Последна измена: 18 мај 2023
    На twiligt* и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  8. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Недостасуваш кога денот се буди и капе во првите насмевки,
    недостасуваш кога ноќта ја љуби темнината со спокој,
    кога тежината, болката,
    пламнуваат во тага,
    чемерот пали оган од јад,
    солзите везат руба од чемер,
    плачот јачи од очај,
    зборовите раскажуваат љубов,
    ете, само толку недостасуваш...
     
    На Цобра, twiligt* и Sandman им се допаѓа ова.
  9. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Машки
    А што ако љубовта трае?

    Во плејадата на моите зборови, пак една поема најнежна ќе заплови, за љубовта, магична и светла,
    која срцата ги врзува, со бесконечноста на времето.

    Што ако љубовта трае, без времето ограничена, вечна?
    Каков би бил светот, изграден од сон, кога сите длабоко ќе го почувствуваме силно, тој?

    Во сонцето негово ќе ги грееме нашите дланки, дождовите ќе капат врз нив радосни, а месечината ќе не води низ магични места, каде звездите ќе се слушаат во нашите песни, мирно и спокојно, ко плач на новороденото, создаденото.

    Ќе се смееме и плачеме од среќа и тага, и секогаш ќе бидеме заедно, без страв, чувствувајќи го допирот на душите, кој ќе ги спои вистинските љубовни посакувања.

    Кога љубовта трае, таа ќе биде наша безгранична сила, што ќе ни дарува мир и светлина,
    ќе пловиме со неа врз брановите на морето од срцата модри, без да ги осознаеме границите и далечината.

    Траењето на љубовта ќе биде непрестано, ко вечниот пламен, што не може да згасне, со секое дишење, ќе ја негуваме и храниме, во сонцето ќе ја истетовираме, љубовта што немее и сите богатства на светот што малку значат, ќе ја оплодат секоја сонишна желба и нека таа се претвори во вечна поема, прекрасна и поубава од оваа што ја пишувам.

    Оставам време, затоа што љубовта трае и никогаш не умира, таа ќе живее без нас, сигурна, ќе продолжи, со малку тага во мене и тебе, за нејзиното повторно воскреснување, без грев и омраза, дар за цвеќињата пролетни, поубави од бои.
     
    На twiligt* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. twiligt*

    twiligt* Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Ајде вака сега
    мајмуне мој шашав,
    тука мачката перверзна твоја,
    можеш ли ти да погодиш која??:wasntme:

    Си мислам јас на тебе,
    пеперутки ми леткаат,
    ама знам и нешто друго,
    мојте нозе во умот твој шеткаат.(hollest)

    Дремам во пижами,
    виното ми мати глава,
    па пишувам глупа поема,
    оти ти разумот ми го зема.:drunk:
     
    На Цобра, Sandman и st-el им се допаѓа ова.
  11. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Усниве ги допираат твоиве,
    ги чувствуваш?
    Сладок сок од страст потекува низ нашиве тела,
    рацете ни се обвиткуваат во прегратка од бакнежи,
    душиве бурно танцуваат,
    исцртуваат тие силуети,
    во голема жед,
    оган кој гори сѐ пред себе...

    Погледот мој паѓа врз тебе,
    го забележуваш ли?
    Зборува тој сказни,
    за нас,
    за среќата и надежта,
    за очите штотуку отворени
    од бремето на пладневната дремка...
    Те бараат тие низ нежните допири
    на сонот, но те нема, не постоиш, едноставно...
     
    На twiligt* и Цобра им се допаѓа ова.
  12. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Треперам јас, разнежнета,
    со расплетени коси сонувам,
    со горчина
    која тече низ срцево и јад кој се прпелка во душава
    се обидувам да заборавам...

    Треперам јас,
    од копнеж,
    од желба,
    од страст
    која се раѓа и умира
    во твоите мисли,
    живее и повторно мртва е,
    попусто се обидувам да заборавам...
     
    На Цобра, Sandman и twiligt* им се допаѓа ова.
  13. twiligt*

    twiligt* Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Одболувај,
    нека залезот на сонцето ти донесе заборав,
    месечинката трошка светлина,
    и утеха во мракот кој убива,
    тогаш срцето најмногу крвари знам,
    ноќта распорува утроба како нож,
    та наречниците ги проколнуваш,
    или Господ, или можеби себеси,
    оти и сите се криви, и никој не е,
    оти болката чиниш здивот ти го запира,
    оти телото твое ти го одзема,
    та не можеш да дишеш,
    ни да изустиш збор,
    кој и така тишината го говори,
    а ти се што сакаш е да го закопаш,
    сето она што било,
    и свето и клето ,
    и дарено и украдено,
    со небиднина жигосано.
    Одболувај...
     
    Последна измена: 27 мај 2023
    На Цобра, Sandman и st-el им се допаѓа ова.
  14. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Погледни...
    Погледни надвор тмурно е,
    бремето на облаците
    паѓа на моите рамења,
    ко дожд што паѓа
    врз мојава душа,
    кревка и нежна,
    се крши таа од неговиот допир
    на илјада парчиња
    и пак се составува,
    во боите на виножитото
    светла и чиста,
    се огледува во тежината,
    сјае со леснина,
    царува со убавина...
     
    На Цобра, twiligt* и Sandman им се допаѓа ова.
  15. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Ноќта црнее, само месечината ко фенер ги осветлува нашиве силуети. Како крадци се прикрадуваат помеѓу ѕвездените зраци брзајќи со силен немир, неспокој кој руши сѐ пред себе...
    Пред мене се отвара убава просторија, чиј мирис ме потсетува на детството... Топло, пријатно е, ко дом го чувствувам каде се раѓаат првите детски насмевки... Ми приоѓаш, твоите зелени очи сјаат во полумракот, дојди, ми велиш... Ги ставаш твоите дланки врз лицево, гледајќи ме директно в очи, добивам еден бакнеж... Па се редат два, три... Паѓаме во бунило од страст и копнежи, веќе ниту знам каде сум, каде се наоѓам... Телата ни се обвиткуваат во прегратка, цврста и силна, душите ни зборуваат на еден јазик, додека телата танцуваат во еден ритам, ту брз, ту бавен, наизменично... Во силен љубовен занес ми велиш, твој сум... Знам, велам и без да ми кажеш.... Таа е само минато, знам и без да речеш ниту збор:l:
     
    На twiligt*, Цобра и Sandman им се допаѓа ова.
  16. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Си велам кај те снема,
    времето те зема...
    Те немаше долго време,
    а јас носев едно бреме,
    еве и сега го гледам
    зборот твој тука,
    на душава моја
    мислата твоја зачука.
    Другар си прав,
    со свој став,
    почитуваш многу,
    тоа ми се допаѓа
    кај тебе најмногу.
     
    На Цобра и Sandman им се допаѓа ова.
  17. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Те гледам... Те гледам во залезот на сонцето, се капе тоа во последните сончеви зраци кои згаснувајќи, ми се насмевнуваат...
    Те гледам.... Те гледам во нечии очи, чисти и проѕирни се, светли се, сјааат со радоста на животот, зборат тие за силата на љубовта, те наоѓам во штотуку расцветаната роза, жари таа со црвената боја и опива истовремено... Со нежна убавина ми вели, насмевни се, сакам да си среќна.
     
    На twiligt*, Цобра и Sandman им се допаѓа ова.
  18. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Силни дождови паѓаат во мене,
    од облаците модри
    натежнати од јад,
    во утринските мугри
    оцртани во солзата,
    која капе ли капе,
    та од една, стануваат две,
    се множат тие во плач,
    силен и јак,
    ко надојдената вода, буица,
    разжуборена и хаотична,
    раскажува таа за едно минато,
    крунисано од небиднина,
    препеано од жал,
    зборува таа за тагата,
    се раѓа таа во душава,
    се прелева низ срцево,
    истура низ очиве...
     
    На Sandman му/ѝ се допаѓа ова.
  19. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Самрак...
    Во замрачувањето,
    кога ноќта го зема денот
    и создава вечност,
    се бркаат две души,
    одамна изгубени,
    тој минато,
    таа сегашност,
    тој емоција,
    таа нежност,
    двајцата вистинска љубов...

    Самрак...
    Името оскернавено,
    нечисто, изгазено
    од две души
    осудени на страст и желба,
    несудени,
    а сепак поврзани
    во јазолот на животот,
    проколнати со вечен неспокој,
    дарувани со убавината на кармата
    предвреме потонати во заборав.
     
    На twiligt* и Sandman им се допаѓа ова.
  20. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Женски
    Пишувам тука,
    дур срцево сеуште за тебе чука,
    не ми даваш мира,
    зборот твој сеуште ме задира.

    Тазе е многу, ќе речеш,
    ами па сеуште ме влечеш,
    би сакала некогаш да пишеш
    од срцето твое
    немој сосема да ме избришеш.