Дечки ајде да збориме за вашите идоли! сигурно имате некој ваш идол спортист во или надвор од Македонија.. еве ја да почнам имам два идола женско и машко ... да не ги отривам одма само ке си кажам дека светот е поубав кога имаш некој кој ти е се во животот иако знам дека за машкото нема никогаш да го видам иако никогаш не се откажав од вербата дека еден ден можеби ке ми се насмее среќа (Cristiano Ronaldo) ... а за женското епа нема поубаво чуство да ја гледаш, да правиш муабет со нејзе сепак она одвојува време за нејзините фанови (мојот идол) чуството е прекрасно нема опис си ги чуствувам тие пеперутки во стомак и никогаш да не згаснат.. само што ке влезам у сала да ја гледам одма ми се мења расположение, прекрасно нешто што ме прави среќна нема опис стварно тоа чуство кога ке се запознаеш со својот идол уште па пред секој натпревар и после натпревар муабет и гушкање тоа е најубавото нешто што можев да посакам ке пукнам од среќа .. ( andrea lekic) ајде сега на вас е редот
GirlRose, на место е темата, ова е одделот спорт, таму се збори за Бијонсе и Тоше Проески во секој втор пост. Спортските идоли во огромна мера може да помогнат во кариерата на младите спортисти. Затоа ја разбирам Пинки за Лекиќ како пишува, неописливо е кога оној на кој му се восхитуваш те третира како да си еднаков со него. Јас никогаш немав идоли, може затоа и не успеав. Ама да сум денес млад спортист, дефинитивно идол би ми бил Кире Лазаров. Скромен, интелигентен, сигурен во себе, врвно успешен во својата работа... штета е што такви спортисти имаме многу малку во другите спортови, пред сè на фудбалот мислам.
Мене уште од 6 годишна возраст ми е Наумче Мојсовски. Дури и кога беше во Вардар , навивав за Вардар, а сега кога е во Металург , навивам за Металург. Бев пресреќна кога се сликав со него на европското во Ниш. Уште кога дознав дека мојот идол е роден во ист ден на 17.06. Што и да направам добро , се сеќавам на мојот идол. Убаво е да си имаш некој што ќе ти биде мотивација.