(доколку темава е дупла - извинување од мене и клуч!) Дали ве привлекува фотографирањето? Дали уживате додека фотографирате? Дали сакате да ја фотографирате природата, животни, луѓе или некои неодредени предмети? Постирајте некои ваши слики, ваши лични „професионални“ фотографии. Еве некои од мене:
Одлична тема! Да, да и повторно да! Многу ја сакам фотографијата и сакам да сликам. Особено со стари фотоапарати на филм, незаменливо е чуството кога чекате што ли ќе излезе од тоа што сте чкрапнале. Во тој поглед сум малку старомодна и носталгична. Црнобелата фотографија ми е посебно омилена. Сакам да доловувам ситуации на улица. Улицата ни нуди премногу, животни приказни, ситуации, хумор, тага, емоции. Затоа се трудам да го носам фотоапаратот со себе и кога ќе здогледам нешто интересно - чкрап! Сега сум премногу уморна, но ќе постирам нешто од тоа што ми е мене посебно драго.
Го сакам фотографирањето. Сакам да ја сликам природата и особено задоволство ми претставува зајдисонцето.
Јас не можам да ставам слики пааа Многу големи биле, не ми ги прифаќа Некој да знае дали се намалува големината?
Девојки, оние кои на пр. немаат слики да стават би можеле исто така и да коментираат и да ги оценуваат поставените фотографии. Описите да бидат средни по големина, ни многу долги ни многу куси. И на крај да има една оцена (од 1 до 5). (п.с. без навредувања) На пр: Викторија: Петата слика (онаа со морето или езеро) Ми се допаѓа бојата која преовладува а тоа е некој вид на портокаловка и зеленосина помешана во водата. Извонредно си го фатила моментот, минијатурните бранувања се совршени, а одблесокот на сонцето од водата е преубав. Едноставно сликава асоцира на лето, of course, и те тера и при овој студен снег да сакаш да се фрлиш во таа вода. Ми се допаѓа како водата е дојдена во преден план, а во позадината замаглено се гледаат брегот, дрвцата и планините. За оваа фотографија чиста петка. Шестата слика (онаа со мачето) Убаво си го фатила моментот мачето како ѕирка. Не ми се допаѓа само тоа што одблесокот од апаратот се гледа на стаклото и во очите на мачето. Зеленилото во позадината убаво ја надополнува сликата, и дава плус живост, но исто така и ролетната си го прави своето. Доколку немало ролетна, мислам дека зелената позадина би дошла во конфликт со црното маче. Сликава е многу убава - оцена 4.
Јас не сум многу по сликањето.Еве едни слики што онака убаво ми испаднаа.Природна македонска убавина-Преспанско езеро. Галичица
Сакам да сликам али не ме бива многу. Во Дојран кога бев намерно не спиев цела вечер за две фотографии на изгрејсонце.
Многу сакам фотографирање, само што немам апарат. А резолуцијата на телефон е за никаде. Еве некои мои слики, од Охрид, кога бев на Св. Наум.
Ема првата е одлична! Повелете, сликано на филм, нема кроп, нема обработка, црнобелите се на црнобел филм Имам и други поомилени ама ете ова најдов сега за сега.
Ме натеравте слики да гледам што не сум ги видела со години во компјутер,прашина ми фаќаат Ова од прва година средно,планинарење до крстот на Водно. А овие слики се кога се правев рибар заедно со татко ми. Бевме во Козјак и после со чамец до сакано место
Ема браво! Се гледа дека имаш навистина сенс за фотографија. Во ред, не ти се професионални фотографиите но мислам дека кога би имала во раце професионално машинче - чуда би правела! Одлично
Бројче. Дигам палец, ми се допаѓа! Уште 3 релативно актуелни, и толку од мене денес за оваа тема Е овие не се на филм, очигледно. Драги ми се, затоа што сакав да ја доловам врнежливата атмосфера од една страна - градот засолнет под мојот чадор - посебно ми се допаѓа моментот со птицата над пирамидата, а како контраст на тоа, Париз и симболот на градот во типични есенски бои - вештачки измамени со сепија. Знам дека многумина не ја сакаат ама мене ми се допаѓа на сликава.