Едно од најубавите места во нашата држава ... сликите се дел од мојата колекција на сопствени ремек дела
Верувале или не тоа е нашето Охридско небо .едит сликано е зимата лани за нова година ... а елкичките така успат ...
Ах бре моми палави, сакате да се расплачам гледајќи ги вашите слики? Бројче, се стоплив со сликава твоја на зајдисонце, не сакам ни да замислам како е надвор....ах колку сум тажен! Теди првите две се екстра. Бројче со што апарат сликаш? Секси лејди, гледаш што тема отвори?
Ова е една од моите омилени ... И бројче мислам постираше слика од ова најубаво и најромантично место ... кое воедно е и најсмирувачко ... За денес толку
Eиии, сите сме имале уметничко сликарска рака, а? Инаку Пирамитче фотографиите се направени со обичен дигитален апарат , на Кодак е
Многу ја сакам фотографијата, иако сеуште сум почетник. Многу сакам да фотографирам и многу се нервирам што немам некој јак апарат, а знам дека нема ни да имам во блиска иднина. Единствено луѓе не сакам да сликам, бидејќи секогаш кога ќе направам убава фотографија, ми се жалат не биле убави и да сум ја бришела, па се лутат. Ова се некои мои подраги фотографии. Ги имам еден куп на компјутер, повеќето се сликани со мобилен, некои со апарат. ПС. Многу ми се допаѓа на Пирамида сликата од Ајфеловата кула; навистина е преубава.
...Ах,мераци! Ем за око,ем за душа Што да кажам,освен едно браво за сите кои постирале фотографии,кои успеале на магичен начин да го замрзнат некој момент и да го зачуваат засекогаш.Фасцинантно,а еве ги моите најомилени од целиот репертоар кој го погледнав. 1.Првата фотографија на Секси лејди. 2.Дождливиот ден на Пирамитката,онаа фотографија со белотот дрво (Жено господова браво ) 3.Египет на Трендафилка 4.Охридското небо на Теди 5.Брановите на Бројчето 6.Мразулците од покрив на Ирена 7.Лебедите на БоаВиста (вторите). Не се напишани редоследно по оценување,едноставно така ми дојдоа во меморија....Кога е за пофалба,за пофалба си е.Браво Од мене имате 10-ки
Супер темичка,ми се допаѓаат поголем дел од прикачените фотографии,во текот на наредните денови ке се потрудам и јас да ставам некои мои фотографии ...
Голем љубител сум на фотографијата. Обожавам да гледам убави фотографии (би сакала и да фотографирам, но немам апарат ). Најмногу сакам улична и макрофотографија. Ќе постирам неколку што ги имам направено со телефон (се извинувам за просечниот квалитет).
Еве неколку што ги најдов моментално, имам повеќе, ама друг пат ќе ги ставам останатите. Квалитетот на фотографиите не е ништо посебно, бидејќи се сликани со телефон.
Браво за темата! Обожавам професионални фотографии и обожавам да ги правам, но за жал немам професионален фотоапарат сепак, ни тато баш не ми дава а и има право, големи и гломазни се кај ке го стаиш тоа у ташничка или каде било? сепак и до окото на фотографот е не само до самиот апарат.може и со обична телефонска камера да се постигнат врвни слики а и тука се веке познатите популарни фотошопски програми, пикник... мислам дека имам некои убави "професионални" слики, но на уесбе ми се сите..а малце сум изморена а и имам домашно, така да утре ке постирам
Сликиве се од Романија оваа година...обожавам фотографирање,само жалам што немам поквалитетен фотоапарат повелетееееее!!!
Вајлдче Ме воодушеви! Се гледа дека имаш смисол за уметност. Композиција, идеја, се на едно место! Понекогаш не е се до квалитетот на снимката а ти се извинуваш! Море кога ќе те подберааам Браво бе девојче! Охрид два пати со филм и Виена во магла еднаш од мене (освен рамките ништо друго не е обработено во фотошоп)