Ах леле Жени, здивов ми се зеде. Па од Пирамидчето посебно фотографиите морам да ги пофалам, иако на сите веќе лајкови изнастегав од убавини. А и од Карина сликата од Будимпешта Јас обожавам да фотографирам и си имам едно така убавко просечно апаратче... е сега стално не ми се погодуваат, ама битно јас да си чкрапнам Еве две мои.
Карина Со што се сликани? Да не се на филм? Гледам и на тие од Будим и од Виена колку се „меки“ боите а такви можеш да извадиш единствено со ФШ или со филм...можеби се лажам, не знам Битно одлични се сликите!!! Таа од Пратер (барем мислам дека е од Пратер таа со рингишпилот) и со авионот посебно ми се бендисуваат. Ах да и со ветерницата, ах колку им ги сакам тие ветерници на Австријците... Браос мор Каринче!
За почеток доста се овие... Подоцна и повеќе ... Едит: си немам играно со фотошоп, само морав да ги намалам сликите.
Со обичен апарат се сликани, дури едната е и со мобилниот Само малку ги средив боите во Фотошоп, затоа се „меки“ Еве нешто и од Црна Гора
Ете уште некои од мене,морав само да им ја намалам резолуцијата ..фотографиите се од Будва и Пелеш(Романија) ..се надевам дека ќе ви се допаднат
Многу сакам да фотографирам и често сум задоволна од тоа што ми испаѓа. Е сега работата е што сакам да има луѓе во моите слики, па ретко сликам пејсаж. Сега тука ќе ставам само неколку слики од летово од Анталија, а искрено би сакала повеќе да споделам, ама не е интересно главите да ги сечам
Ете сега чепкав низ сликите.... Па ајде малку од Италија... Мене секако фаворит ми е плажата...на која направив милијарда фотографии.