шапка,скопје,охрид,тетово...сликано со најдобриот роденденски поклон што сум го добила некогаш NIKON COOLPIX L110
Даа, обожавам да фотографирам , а еден ден сакам и да си купам професионален фотоапарат. Еве неколку мои слики од снегов
Извинете што се еден по друг постовите, ама сакав да ги ставам сликиве, па и од исто место се. Освен првата.
Морав едит...прво ја пофалив Тренди, мислејќи дека е нејзина фотката. Ама ја погледнав локацијата - и гледам дека е преземена од некој алпинистички сајт. Добро, не требаше темава да е за оценување и пред се постирање на наши сопствени фотографии? Correct me if I'm wrong. БоаВиста - Одлични фотки!
местово се наоѓа во Струшко.. рај е за очи... бев таму минатата година и сакам пак да одам.. ептен ми се допадна.. а ова што е како езерце се вика ГОЛЕМА ЛОКВА.. малку офф топик ама дали може некоја феминка да ми помогне првава слика да ја ставам на гугл или да ја стави место мене (многу би сакала да се отвори кога некој ќе пребарува на гугл за струга ама незнам како се ставаат слики на гугл)
Девојки прекрасни фотографии имате направено. Посебно Пирамитката, БоаВиста и Карина, секако и другите сте одлични фотографери.
Гламур Лејди, како тоа да ги ставиш на Гугл?! И ти ли сакаш на Гугл да ставаш нешто? Тенкаи последната фотка многу ми се бендисува Спичлес сликата од Вевчани е супер, ми се допаѓа зелената боја. Ла Чика фотката со галебот е одлична ама композициски промашена малку, помести си го со кроп галебот и ќе биде совршена Еве три од мене. Единствено рамките се додадени во Фотошоп.
Еве уште нешто од мене... Првата слика е во Велес. На левата страна е профилот на дечко ми, ама морав да го сецнам, да не ми го видите, па да ми го бендисате Втората слика е Беровско езеро. Тогаш направив многу убави слики, светлото беше прекрасно. И последните слики се од Плитвички езера. Во наредна прилика повеќе и од таму.
Првата фотографија ми е од Сараево од прекрасната Баш чаршија,а останатите се исто така од Сараево од Врело Босне преубави места,би сакала некогаш повторно да ги посетам
Хаха да знам, тоа така излегло бидејќи сликав од едно како ридче од високо и затоа галебот изгледа ко да уште малце ќе влезе во море Ама ако ... Не сакам да правам на ниедна слика фотошоп, како е сликана така... Фала за советот во секој случај ...Мене сите твои фотографии ми се свиѓаат, без замерки