Еве нешто од мене . Повеќето други ми се со ликови па не би сакала да ги ставам, понатаму ќе ставам и други . Инаку обозавам фотографија и за моја душа си сликам кога имам време П.С. Морав да ги намалам и се изгуби квалитетот ама нема везе
Еве некои од мојата колекција, кога сакам да правам “уметнички“ слики, местам макро моде и готово ееее Имам една интересна со играчки од киндер јајца......немам време сега да ја барам низ компјутер, кога ќе ја најдам ќе ја закачам
Немам некој талент за ова ... ама еве ги издвоив најубавите од мојот албум слаб им е квалитетот .... какви се такви се мои си се
ФБИ - за сликата со играчките. Каков DOF! Е вака се фотографира! Дејзи - имаш окце, имаш. Ми се допаѓа првата и последната фотка (полето и куќата) Колдплеј иако не е многу очигледно Авала Кодот на Да Винчи Creepy ама ми се допадна како го начекав монахов.
Пред се Пирамид морам да ќажам дека ми се допаѓа мотивот на твоите фотографии. Си одбрала многу убави спомен-обележја и еден културен настан, особено ми се допаѓа сликата од Авала Таа со играчките е врв имам една слична со лакови за нокти.......ама мајка ми ми направила хаос по фолдерите во пц хаха
Тие слики, не се така посебно сликани, сликав за спомен, и тоа со телефон. Ама ај да ставам нешто. Неможам да ги најдам сликите од Берово. п.с. Мачката(последната) е со ефект од телефонот.
70% од сликиве немаат ни "П" oд професионалност. И не ме напаѓајте одма дека не сте професионалци и сте ги направиле за ваша сатисфакција. Темава ваљда не сум ја сфатила само јас. Фотографијата е фотографија без разлика на тоа дали е сликана со мобилен или дигитален апарат или dslr апарат. Moжете да имате и nikon d700, а да немате "око" за фотографија. Друг пат, темава нека биде малку поубава и ставете некои слики кои стварно вредат, а не сe' што сте сликале на ваква тема која би требало да биде многу восхитувачка. Има милион туторијали на интернет како правилно да сликате. Изнагледав премногу фотографии кои се "изгорени", искривени,без никаков мотив. FBI апаратот ти е со добар фокус,а и сликите особено онаа со мачката ти се за пофалба.
Ај прочитај го насловот пак, може?? Колку што можеш да видиш, професионални е ставено во наводници!! Тоа значи, дека сите си ставаат свои слики кои ги сликале чисто од мерак, и сметаат дека треба да се најдат тука.
Ашлинг, изгледа дека се разбираш навистина во фотографија - па ајде да видиме дел од твоите аматерски или професионални фотографии, да споредиме искуства, да дебатираме за композиција, светло, мотив итн. а?