1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши лични „професионални“ фотографии

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од SexyLady, 15 декември 2010.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски

    ОЧИГЛЕДНО е дека не си ја сфатила темата...! |( :^)

    Како прво темата е наменета за да се постираат фотографии што си ги сликал лично ти, да не се со ликови, туку предмети, животни, природата, растенија... Фотографијата (Photography) како еден вид уметност е сатисфакција, мерак... Темата не е натпревар кој тоа поубави слики има, кој поубаво слика, поубав апарат искористил, поубав ефект направил... туку за да се постираат свои слики кои ти причинуваат задоволство. :!:

    Како второ - темава е наменета за сите членови на форумов и затоа „професионални“ е ставено под наводници, зашто доколку не е под наводници, темава ќе биде наменета само за професионалните фотографи. :!:

    Како трето - прекршуваш правило: навредуваш. Секој е креативен на некој начин, и секоја слика е убава на некој начин. Нема неубава или грда слика тука, па и во фотографијата. Пуу.. колку слики сум видела без мотив, како петгодишно дете да ги сликало, а претставуваат светска сензација и восхит кај луѓето. :!:

    А и Ashling, ај ако толку ти се разбираш од фотографирањето, што викаш дека НИЕ немаме „око“ за фотографирање, дека сликите ни се изгорени, искривени и што ти не... дај да видиме некоја твоја слика, па да се изначудиме на убавините и да ни ја разубавиш темата... како што викаш ти!


    п.с. Навистина не сакам да полнам теми со офтопици, но многу се нервирам на вакви потценувања на членовите на форумов и навредување.... :@ :@ :@ Извинете за офтопиков! :worried:
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Секако драга.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Портрети не ставам поради лицата.

    *Секси критика и навреда се два различни поими.
    А,се друго шо кажа во предпоследниот дел.. самата ти си го кажа, не јас.
    Ваѓате од контекст многу работи, бидејќи погрешно ме разбра.
     
    На capricorn.m.gi, JoxyTheFreak, SexyLady и 5 други им се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Цццццц :x ... лице со маска!
    Мислиш ти ќе лажеш куп жени тука?!! :^) .... Те жалам! :tmi:
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ашлинг, супер што постираше и фотографии а не само за мене безначаен и премногу генерализиран коментар без ниеден аргумент исполнет со блага ароганција. Мој впечаток, нема љутиш :)

    Како и да е, премногу фотошоп користиш а тоа јас многу не почитувам. Впрочем врвни фотографи не користат фотошоп. Мотивот на нитуедна слика не ти го разбрав. Таа есенската на пример или со тобоганот?! :?:
    Не велам дека се технички лоши но без душа ми се. Веројатно затоа што се премногу средени во ФШ.

    Единствено последната од Прага што ти е, ми се допаѓа - туристичка, класична, вообичаена. Ете толку од мене и во иднина ќе те замолам дебатирај со аргументи кога веќе критикуваш. Многу е лесно да се напише колку е се за никаде. Или ако ништо друго, напиши дека не ти се допаѓа нешто и ќе разберам дека субјективно оценуваш - така како што јас тебе те оценувам сега, преку твоите фотографии секако. Ако ништо друго, барем нема да предизвикаш гневни контра-коментари...а форумов не е место за карање и препукување нели ;)

    Поздрав.

    п.с. На сајтов од кај што ти се симнати фоткиве може да се најдат и други твои? Претпоставувам дека си ги закачила некаде затоа што гледам потпис.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Убаво не просветли со „твоите“ фотографии... морам да признаам... |( ;)
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Нели :D
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Јас кај Ashling видов само фотошоп, фотошоп, фотошоп, фотошоп и фотошоп.
     
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Phyramide најпрво ти благодарам на критиката.
    Фотографиите ги обработувам бидејќи некои се со слаб квалитет и сакав да им го подобрам некако.
    Есенската е природа во есен, а онаа со тобоганот е еден вид да доловам силуета преку зајдисонце.
    На останатите се надевам дека го сфати мотивот.
    Иначе воопшто не ми беше дојдено до дебатирање, туку еден вид критика за горнонавредените феминки како да ги прават подобри фотографиите.
    Мои слики имам на идивиди, на deviantart некои,само незнам дали е дозволено такви линкови да се ставаат.

    А за сексито и таа другата, ептен ми поласкавте :)

    а,да..
    И менување на контраст на фотографии не е додавање на нереални предмети :)
     
    На Krisi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Ashling, фотографиите не се воопшто лоши и се гледа дека имаш талент, но за мој вкус е користено повеќе фотошоп од што е потребно.

    Конкретно за фотошопот, како програма ја оправдувам, бидејќи и самата ја користам за поправка на фотографии кои излегле поматни или потемни, што се случува многу често кај мобилните телефони или обичните дигитални апарати – барем на мене ми се случува.

    Тоа што не ми се допадна кај тебе е твојот став. Да, фотографиите не се професионални, некои се искривени, некои можеби не чинат, но никој не се изјасни како професионалец и дека знае што прави. Повеќето од нас се самоуки и со секоја фотографија пробуваме да научиме повеќе за тоа како треба да изгледа истата. Никој не се родил учен. Форумџиките ставаат фотографии кои ги сликале за себе, а не за мене, тебе или некоја изложба.

    И да, фотографиите на некои форумџики се МОЖЕБИ подобри од твоите, па никој не те нападна дека немаш поим од фотографија или дека не си ја сфатила темата. (Ќе го оставам тоа како опција.)
    Но, секој со своето размислување.

    ПС. Многу ми се допаѓа последната слика. :)
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    И тебе ти благодарам на критиките, само штом користиш фотошоп, како тоа прекумерно користење ?
    Кои ефекти ги користев?
    hdr и low contrast е премногу фотошоп?
    Како поинаку да го објаснам зборот КРИТИКА?
    Јас тоа што реков дека е искривена фотографијата , во иднина би значело дека на тоа треба да се обрнува внимание ЗА ДА СЕ ПОДОБРАТ!
    Никаде не реков дека не знаат да сликаат,тоа сама ти го кажа.
    И јас ова знаење што ДОСЕГА сум го стекнала, не ми паднало од небо, туку сум читала, сум се интересирала.

    Каде реков дека моите се најдобри?
    Ми побаравте мои, добивте.
    Ги пофалив фотографиите на ФБИ зошто навистина вредеа и на тоа девојчето што ја отворила темата.
    Шо има спорно?
     
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Ashling, ќе бидам офтопик ама како што ми изгледа ти овде си се регистрирала само за да се пофалиш со твоите фоографии и да коментираш во темата Модни критики за храбри феминки :?:
    Сфати го ова добронамерно, секој знае,а и има потреба да критикува,но дали е тоа правилно или навредливо?
    Така не се критикува со рушење се што е од другиот. ... И самите девојки не рекоа дека нивните фотографии се професионални, туку напротив дека тоа се обични фотографии најчесто од патувања, кои им се драги :) секој го цени својот труд. ;) Немој погрешно да ме сфаќаш.
    Ти посакувам успех доколку посериозно се посветиш на фотографирањето :)
     
    На MissCupcake му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    1. Нагласив дека има повеќе фотошоп од тоа што јас претпочитам. Тоа е моето мислење, што не значи дека е правилно, а ниту твоето погрешно.
    За пример ќе ја посочам втората слика. Не ми се допаѓа тоа е што е многу матна, претпоставувам со ефектот soften. Мене не ми се допаѓа, на некој друг можеби му се допаѓа. За вкус не се дискутира. :)

    2. Критиката беше добронамерна и јас ја сфатив како таква. Само начинот на кој беше искажана не ми се допадна.
    Не кажав дека не знаеме да сликаме, туку дека не сме професионалци и дека не можеме да знаеме се ако претходно не експериментираме и пробуваме да направиме нешто, а со тоа и секако да стигнеме до некое ниво каде што можеме да бидеме задоволни од она што сме го постигнале и научиле. Да не заборавам да спомнам и дека самите си кажавме дека повеќето фотографии ни се од екскурзии и патувања.

    3. Не ми беше тоа поентата, погрешно бев сфатена. Се извинувам ако не бев јасна. Сакав да кажам дека иако можеби некои форумџики знаат повеќе и имаат повеќе искуство не те нападнаа.
    За пример ќе ја земам Пирамид, која ти даде добра критика и се потруди да ти објасни што на неа и се допаѓа, а што не на твоите фотографии. Јас сметам дека можеш и ти тоа да го направиш на таков начин за да ни помогнеш, во пост каде што нема да се насетува ароганција.

    Се надевам разјаснив. :?:
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Од каде тоа заклучи дека јас се фалам со моите фотографии?
    Ти сама то го рече,а незнам од каде го заклучи, бидејќи не бев во план да ги ставам се додека не ми побараа за да не имаат мислење дека зборувам од на памет нешто.
    Искривена слика, изгорена се ствари шо сечие око ги гледа и неможам да речам дека се убави, туку кажав каде е грешката и нареден пат да внимаваат предметот да не биде на страната на сонцето.
    Браво за сечиј труд.
    А,тоа што повредив нечие его, веќе не е мој проблем. (истите тие се занимаваат со несоодветно реплицирање) :)

    Whatsername
    1. Малку blur бидејќи слаба резолуција беше и немаше подруг начин, сепак благодарам :)
    2. My bad ондак.
    3. Се согласувам дека има многу подобри од мене и лично сум признавала, никогаш никаде не сум рекла дека сум најдобра,а тоа што јас го изјаснувам моето генерално мислење за сите фотографии би требало да го сфатите како такво.

    *точната реченица каде што сум арогантна сакам да ја прочитам
    *и арогантноста на останатите феминки кога ми реплицираа
    онака,бидејќи многу ми дрвите дека сум била арогантна,а никаде не ми посочивте "во оваа и оваа реченица така и така се изрази"

    Кажав какви се сликите, кажав што треба да се направи за да изгледаат поубави.

    Потценувањето е од спротивната страна,а добро ќе го сфатите зошто е тоа така.

    Сепак нареден пат, не ви делам критики,за да не се навредите бидејќи ова не била тема за професионални фотографии, туку јас погрешно сум ја сфатила.


    who's arrogant now? 8)
     
    На Krisi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Женулчиња ај бе да не си ја уништуваме темава со постови....само заради една исфрустирана персона Ashling |( ...шо убаво си постиравме фотографии по наш мерак... ;)
    АЈДЕ СРЦКИ САКАМ ФОТОГРАФИИИ.....ДА ГЛЕДАМ не ми се читаат реферати :* :lol: Ashling не го заслужува нашето внимание... ;)
     
  15. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Постот во целина ми звучи како да е пишуван со доза на ароганција, или можеби таков впечаток ние сме добиле, а не е така.
    Еве, јас ќе ти кажам зошто добив таков впечаток.
    Конкретно за оваа реченицата, да ти посочам пример, на мене ми звучи како "Еј, видете ме, само јас сфатив што треба да се постира". Да не цитирам друго, еден пример сметам дека е доволен.

    Кенди има право, да не ја полниме темата со офф, да не и стават клуч, не дај боже.
    Ова ми е последен пат што пишувам офф-топик, ветувам (и извинете за претходните). :*
     
    На Ashling и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  16. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    ете уште 3 ПРОФЕСИОНАЛНИ :P :P :lol: 8) фотографии од мене ...арни?
     

    Прикачени фајлови:

    • 7.JPG
      7.JPG
      Големина на фајлот:
      144,6 KB
      Прегледи:
      258
    • 6.JPG
      6.JPG
      Големина на фајлот:
      172,5 KB
      Прегледи:
      258
    • DSC04644.JPG
      DSC04644.JPG
      Големина на фајлот:
      169,8 KB
      Прегледи:
      258
    На capricorn.m.gi, sweet-cherry, broken099 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Кажав како ја сфатив, како ми реплицира тоа девојчето дрско,а потоа реков океј мај бед, нека редат какви сакаат фотографии.
    Не ми е во прилог да мудрувам и онака немам некаква корист шо сум го потрошила моето време исто колку и ти на мене,за да се разбериме.
    Отстапувам од темава, женски продолжете да ставате фотографии, па ако некој е расположен да научи нешто повеќе, нека ми пиши порака и ќе му препорачам неколку добри книги на интернет и некои туторијали што јас сум ги нашла до сега :)

    Поздрав:)
     
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски

    Позз и благодариме за потрошеното време...и благодариме на твоите ПРОФЕСИОНАЛИНИ фотографии :lol:
    и благодариме на одражаниот ЧАС ПО ФОТОГРАФИРАЊЕ И ПРОФЕСИОНАЛНИ ФОТОГРАФИИ
     
  19. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Jас сега ја открив темава :o .Изгледа има многу талентирани феминки :clap:
    еве нешто и од мене..ке ставам уште немам време сега |-)
     

    Прикачени фајлови:

    • pic1.jpg
      pic1.jpg
      Големина на фајлот:
      269,2 KB
      Прегледи:
      234
    На SexyLady, Krisi, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Пола саат кроп им правам , аман веќе :devil: :D
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCI0086.JPG
      DSCI0086.JPG
      Големина на фајлот:
      182 KB
      Прегледи:
      231
    • DSCI0171.JPG
      DSCI0171.JPG
      Големина на фајлот:
      283,4 KB
      Прегледи:
      231
    • DSCI0440.JPG
      DSCI0440.JPG
      Големина на фајлот:
      351,7 KB
      Прегледи:
      231
    На Heartbeat, capricorn.m.gi, SexyLady и 5 други им се допаѓа ова.