1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши лични „професионални“ фотографии

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од SexyLady, 15 декември 2010.

  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Прекрасни посебно првата фотографија ми се допадна Dushica-sk :*
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Кенди, ми се допаѓа последната слика, 7 се вика ;)
    ФБИ - те прашав веќе што апарат користиш? :?:

    Инаку во однос на горенаведениот фотошоп, да се доизјаснам зошто не го почитувам. Порано кога не знаев за фотографијата речиси ништо, скоро се знаев убаво да си поправам во фотошоп. Потоа почнав да читам многу онлајн туторијали за фотографирање и разбрав дека се може да се намести со фотоапаратот - без разлика дали сликаме на филм или со дигиталец.
    Бидејќи се може да се намести со фотоапаратот, оној кој знае да слика - не му треба фотошоп.
    На оној на кој му е пак потребен фотошоп за каква и да е поправка на квалитетот на сликата, за мене не е професионалец.

    Воедно би замолила, доколку има навистина фотографи кои се поискусни или пак професионални меѓу феминките кои ја разгледуваат темата, нека укажат на конкретните грешки кои ги правиме. Не знам како другите ама јас сигурно би сакала да се подобрам во сликањето ;) Човек учи додека е жив. Туторијалите ги поминав, ова е само пракса и нешто што лично мене ми причинува задоволство и ме исполнува ;)
     
  3. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Не сум забележала дека си ме прашала :?:
    Инаку не се разбирам воопшто од фотографија, но пред неколку години имав потреба од дигиталка и ми беше интересно да правам слики со ефектите што ги има.....Мислам на макро мод
    Инаку го имам Никон Кулпикс с-700, еве му ги карактеристиките (иако јас не ги разбирам баш)

    User review rating: Nikon Coolpix S700
    Brand Nikon
    Type Coolpix S700
    Resolution 12.43 Mpixel
    Maximum resolution 4000x3000
    Minimum resolution 640x480
    Sensor size 1/1.72-inch
    Sensor type CCD
    Optical zoom Yes
    Focal length multiplier n/a
    Zoom wide :mm: 37
    Zoom tele :mm: 111
    Digital zoom Yes
    Auto focus Yes
    Manual focus No
    Focus range (cm) 50
    Macro focus range (cm) 6
    Flash modes
    anti red-eye
    auto
    fill in
    off
    slow flash
    Storage types
    SDHC
    Secure Digital
    ISO ratings auto, 64, 100, 200, 400, 800, 1600, 2000, 3200
    Aperture priority Yes
    Minimum aperture wide f2.8
    Maximum aperture wide unknown
    Minimum aperture tele f5.4
    Maximum aperture tele unknown
    Shutter priority Yes
    Minimum shutter (sec) unknown
    Maximum shutter (sec) unknown
    Sequence (fps) unknown
    Built-in flash Yes
    External flash No
    External flash type n/a
    Metering
    Exposure compensation
    -2EV - +2EV with 1/3 steps
    White balance
    Auto
    Video function Yes
    Video sound Yes
    Maximum video resolution 640x480
    Minimum video resolution 320x240
    Frames per second (fps) 30
    Voice recording Unknown
    Optical viewfinder No
    Electronic viewfinder No
    LCD display Yes
    LCD size 2.7-inch
    LCD resolution (pixels) 230,000
    Self-timer Yes
    USB USB 2.0 Hi-Speed
    Video out Yes
    Firewire No
    Bluetooth No
    File format
    JPEG
    Energy
    Li-Ion
    Weight 130g.
    Sizes :mm: 89x54x23


    Едит- имам дома еден апарат што е професионален -ваљда :)
    Пирамиде може ти можеш да ми одговориш...? Зенит е , ама постар модел, има 4 прстени за подесување на леќата......татко ми го има купено на времето и ми кажа дека убави слики вадел...хммм :?:
    Сакам да си купам филм деновиве и да си сликнам слики за своја душа :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Аххх спомени и фотографии од лето...ехх сега да беше едно топло,летно попладне :talk: :|
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC00793.JPG
      DSC00793.JPG
      Големина на фајлот:
      86,6 KB
      Прегледи:
      256
    • DSC00757.JPG
      DSC00757.JPG
      Големина на фајлот:
      162 KB
      Прегледи:
      256
    • DSC00973.JPG
      DSC00973.JPG
      Големина на фајлот:
      251 KB
      Прегледи:
      256
    • DSC00784.JPG
      DSC00784.JPG
      Големина на фајлот:
      497,3 KB
      Прегледи:
      256
    На Heartbeat, capricorn.m.gi, gossip-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Не дека се нешто wow сликите ама мене ми се многу интересни :D Особено мерино свињчето :tmi:
    А тоа што стои под сијалица не знам како се викаше , знам дека во Мадагаскар го има . Ама може 10 мин не мрдаше ама ич .
    За чоколадните фонтани не коментирам , само се каам што не брцнав со јагодка или било што .. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На SexyLady, irenna и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Тоа што го има на Мадагаскар, мислам дека е мунгос....многу интересни слики во секој случај :)
     
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    :)
    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Може јас да ти одговорам? :)
    Зенитот нормално вади убави слики, меѓутоа со слаби бои.
    Kако за стар апарат има солиден зум, само треба да знаеш колкав отвор на бледата да наместиш за при сликање на сонце/облачно/брзи работи и така натаму,за да не ги утнеш боите бидејќи нормално све е мануелно на тој апарат.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Еве некои слики со зенит, најпогоден е за портрети ако сакаш да сликаш.

    На x.Daisy.x ми се допадна сликата со фломастерите премногу :)

    Phyramide Почитувам тоа што знаеш дека фотографијата е најоригинална без фотошоп, но како што реков фотографија со слаб квалитет и треба обработка без разлика дали е контраст или bw или кропирање.
    Односно, ти ако сликаш,а потоа ја кропниш сликата според твојава теорија значи дека не си професионален фотограф.
    Можеш да сликаш 15 слики од сите нив да споиш една слика и да направиш прекрасна фотографија.
    Јас навистина незнам каде тоа прочита дека професионалците работат без фотошоп, кога најпрост пример AD, Maрко Георгиев, Janus и уште полно Македонски професионални фотографи кои земаат над 100 евра за 15 сликички, фотографиите од една до последна им се обработени во фотошоп.
    Не се декларирам за професионален фотограф, но она што го сликам гледам да му запазам и правилно на третини и нормално во фотографијата да вметнам што е можно повеќе предмети за после да можам да ги исечам.. бидејќи во секоја фотографија можеш да скратиш,но не и да додадеш.
    Исто така макро фотографија не почитувам многу,бидејќи највеќе служи за да се пофалиш колку wow тесен фокус има објективнот.
     
    На broken099, SexyLady и FBI им се допаѓа ова.
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Фала на информација Ашлинг :)
    Воопшто не се разбирам од фотографија, но сепак сакам да пробам да сликам сама, зашто во принцип сум креативна личност, ме бива за уметност и сакам да си направам некое албумче по мој вкус........за успомен во постари години :P
    Инаку фотографииве ти се супер, особено втората со овците ми е некако смирена, студена :)
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ашлинг како прво, за Зенитот да се изразам дека и јас сум голем љубител. Навистина е добар поготово за портрети правење. Тука се согласувам со тебе апсолутно. Имено и порано сум рекла дека сум љубител на фотографирање на филм и до ден денес тоа го правам.

    За фотошопот - немам направено кроп на нитуедна моја фотографија која сум ја постирала тука. Онаму каде што сум посегнала по фотошоп сум рекла - имам рамки. И не реков дека сум професионален фотограф. Реков дека фотографирам затоа што тоа ме исполнува. Ама веќе се повторувам.
    Како второ, ако ми ги наведуваш како пример Ани и Дими или Марко Ѓеоргиев, ај создравје! Да не се разбереме погрешно јас ги почитувам нивните фотографии и некои и ми се допаѓаат но за мене не се богови на фотографијата. И што дека зимаат 100 евра за фотографија? Тоа за мене не е аргумент. Повеќе ми смрди на силна комерцијала :)
    Почни од најстарите и најпознатите фотографии во светот, па иди кажи ми дали Henri Cartier Bresson или Robert Capa знаеле што значи кроп или воопшто за некаков си фотошоп во тоа време? А какви фотографии имаат? Такви на кои цел свет им се восхитува и секако и ги познава. Да не зборам колку служат за пример на секоја наредна генерација идни фотографи.
    Само овие двајцава ги наведов како пример, на тие ми текна вака на брзина како на мецени на фотографијата. Можеме да дебатираме и подлабоко нели, ама излишно е а ти си доволно паметна за да разбереш што сум сакала да кажам :)
    Ете ти сечеш отпосле од фотографиите, јас зумирам, заострувам и го местам фотоапаратот така за да ми биде добра композицијата и после правак чкрап! ;)

    Едноставно мое мислење е - не почитувам фотографи кои отпрвин ќе направат несовршена фотка, па потоа ја усовршуваат дома на компјутер. Тоа за мене не е уметност. Речено по нашки на тој начин и баба ми ќе стане моќен фотограф. Или умееш да работиш со фотоапарат или не! Точка. И затоа почитувам фотки на филм. Таму мораш да се потпреш на она што го знаеш и ќе го направиш на лице место, во тој даден неповторлив момент. Нема оп стоп, пиши, бриши. Ќе уништиш филмови еден куп, ама ќе научиш повеќе.
    Ти мислиш поинаку, во ред, акцептирам. Веројатно нема да те убедам а и не ми е тоа намерата.

    И за крај, ти благодарам што призна дека и ти си една од нас - аматерски фотографи, на кои им прави ќејф чкрапање со фотоапаратот. Иако на почетокот со својот коментар настапи како да си небаре лично Ани од АД ;)

    Овие со зенитов твои се? Првата ми се допаѓа ;)
    Ај поздрав од мене!
     
    На Bokicka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    FBI овие слики ги најдов од интернет, не се мои :)
    Само колку да ти доловам колкав им е квалитетот на сликите :)
    Моите се'уште не се развиени.
    Штом си креативна би ти предложила откако ќе ги направиш сликите да си направиш scrapbook
    [​IMG]
    [​IMG]
    нешто вака
    :)
    Ептен е креативно,а ќе ти остани во драг спомен.
    Материјали секаде можеш да најдиш за scrapbooking само ти треба албум без фолија, само за да ги залепиш сликите и да си ги уредиш како што ти душа сака :)

    Phyramide не ги потценувај AD, лично многу ги почитувам и се едни од најдобрите тука кај нас,а Janus и Марко не ми се по вкус, меѓутоа земаат ѓаол и пол од фотографија и заработуваат ненормално.
    Имам слушано и муабети дека Janus земал и по 500 евра за 50 фотографии, незнам колку е точно, меѓутоа ненормална заработка.
    Професија му е веќе фотографијата, а денешните млади многу сакаат за на фејсбук,а тато им е кредитна картица :)
    Меѓутоа и да знаеш да ја средиш понатаму фотографијата треба многу умешност и замисла, бидејќи нормално јас лично сакам на фотографии да додавам hdr бидејќи фотографијата така ми добива некаква моќност, но ништо нема да е пооригинално од правата фотографија
    *да напоменам таа со астрономскиот часовник во Прага не е употребен апсолутно никаков фотошоп, само тогаш сонцето добро ме послужи за да успеам да сликам од многу добар агол.
    Се согласувам и за фотографиите на филм како што напиша : или направи добра слика или отишле 400 денари јебана, па ти сега мисли му ја :)

    A, за крај.. нормално дека сум аматер, треба уште многу муви да голтнам пред да станам фотограф.
    Жалам што сум оставила таков впечаток, се надевам сега ги разјаснавме работите.
    Се најубаво :D
     
    На FBI и Phyramide им се допаѓа ова.
  12. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Фала Ашлинг на предлогот, морам да бидам искрена многу ми се допадна .... :inlove: И онака имам прекрасни луѓе околу мене и би сакала да овековечам некои моменти со нив :)
    Пирамид како и Ашлинг бидете подготвени да дадете уште некоја инструкција за Зенитот ако ми притреба :lol:
    Сум имала прилика да ги запознаам Ани и Дими , прекрасни млади дечки.... мене ми се допаѓа како работат :) Имаат убави идеи за фотографии ;)
    Фотографиите на Јануш воопшто не ми се допаѓаат и кој е тој однос за барање на модели на фб (досаѓање)
    Ми се допаѓаат фотографиите на Мораитов
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Еве некои од пред една година.
     

    Прикачени фајлови:

    • 0.jpg
      0.jpg
      Големина на фајлот:
      161,1 KB
      Прегледи:
      268
    • Picture 021.jpg
      Picture 021.jpg
      Големина на фајлот:
      165 KB
      Прегледи:
      268
    На SexyLady и julie77 им се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Хипи никогаш нема да разберам дали навистина ти се допаѓаат сликите што ги ставаш? :^)

    80% од нив се :x во негативна смисла.


    Се извинувам за офф топиков
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ За вкусовите не се дискутира ;)
    Како и да е, фала на искреноста :)
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Хипи, да се разбереме, мислев на сите слики на форумов што ги ставаш- не само на темава
     
  17. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC05092.JPG
      DSC05092.JPG
      Големина на фајлот:
      214,2 KB
      Прегледи:
      198
    • DSC05094.JPG
      DSC05094.JPG
      Големина на фајлот:
      208,6 KB
      Прегледи:
      198
    На SexyLady, marama, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Tуу пола сат ја смалувам |(
     

    Прикачени фајлови:

    • IMAG0093.jpg
      IMAG0093.jpg
      Големина на фајлот:
      310 KB
      Прегледи:
      172
    На Najubava09, capricorn.m.gi, gossip-girl и 7 други им се допаѓа ова.
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.422
    Допаѓања:
    91.478
    Пол:
    Женски
    Сигурно сум најголемиот аматер од сите вас тука, но да си ги покажам :)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC00618.JPG
      DSC00618.JPG
      Големина на фајлот:
      61,3 KB
      Прегледи:
      167
    • DSC00066.JPG
      DSC00066.JPG
      Големина на фајлот:
      439,2 KB
      Прегледи:
      167
    • DSC01128.JPG
      DSC01128.JPG
      Големина на фајлот:
      82 KB
      Прегледи:
      167
    • DSC01129.JPG
      DSC01129.JPG
      Големина на фајлот:
      94,6 KB
      Прегледи:
      167
    На SexyLady, bittersweet, irenna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    немај гајле марама,мислам дека сите сме си овде аматери и уживаме во тоа никој не се родил учен :)
    и btw ми се допаѓаат фотографиите :*