1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваш личен рецепт...

Дискусија во 'Рецепти' започната од free, 24 февруари 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.244
    Пол:
    Женски
    Па може и за вечерва... ако имаш време да ја направиш де ;)
     
  2. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    75
    pa za vecer mislev de...
    znaci recepta za vecer: taa sto e postirana od annath ke bide moj licen recept :lol: :lol: :lol: pred soprugot normalno toa... :oops:
     
  3. WildAngel

    WildAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    108
    мој личен рецепт е да си испржам јајца... :lol: :lol:
     
    На slatkichKa123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    75
    wild angel... :worried:hock: barem nauci i da varis :lol: :lol: :lol: i posle ke gi izlupis, pa ke gi iseces na pola, pa odozgora solce ili vegeticka a moze i so bukovec... mmmmmmm... i edno parce od pecenive lepcinja (procitaj gi pogore receptite)i meraci, i sute ako imas so kogo da gi jades :D ... super
     
  5. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Еве сега ми текна да се надоврзам и еден рецепт со туна,не е само личен мој сигурно на повеќе им текнало :lol: :lol:
    1-2 конзерви туна,кисели краставички,мајонез,пченка а може и маслинки тоа се по избор си го мешате колку сакате да биде густо и колку мајонез да има и плус може да се додадат варени ситни макарони,супер е :D
     
  6. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    75
    lolitaaa ne jadam mnogu tuna... ne deka ne sakam, tuku edno vreme se prejadov, nedelno tri pati... i sum pravela sekakvi specialiteti, i sum gi probala skoro site salati so tuna koi gi pravat niz gradot... edno vreme cesto jadev i od mcdonalds... mi se dopagase mnogu ama sega veke po retko... sepak vredi da se proba i tvojov predlog mozebi ke mi se vrati zelbata da jadam tuna :D
     
  7. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    рецептов не е мој...ама морав да го споделам :lol: :lol: :lol:

    ЦРНЕЦ БЕЗ ЈАЈЦА
    Доколку имате малку перверзен ум, не сакаме да знаеме што прво ќе ви падне на памет според насловот.
    Што ви е потребно?

    Состојки (за тесто)

    3 јогурти (3 x 180грама)
    300 грама пченично брашно
    250 грама шеќер
    120 мл масло
    25 грама какао
    2 лажички сода бикарбона
    Масло за премачкување на тавчето

    Состојки (за прелив)

    150 грама масло
    150 грама чоколадо за готвење
    120 грама шеќер
    120 милилитри млеко

    Подготовка:

    1. Јогуртот, брашното, шеќерот, какаото и сода бикарбоната мешајте ги со миксер 2-3 минути.

    2. Смесата префрлете ја во тавче со димензии 20x30 сантиметри претходно премачкано со масло и печете во рерна на 200 степени околу 20 минути.

    3. Маслото загрејте го, тргнете го од рингла, измешајте го со чоколадото, шеќерот и млекото се додека не добиете глатка смеса.

    4. Колачот оладете го и прелијте го со чоколадната глазура (прелив).

    Може да се служи и со шлаг и сезонско овошје. :)
     

    Прикачени фајлови:

  8. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    Мојот специјалитет се вика ШИШАРКИ и многу се вкусни, благи, пробајте ќе видите ;)

    Потребен материјал :

    Една кеса чоко попс, 100 грама чоколадо за готвење, 1 маргарин, 150грама шеќер во прав, 4 големи лажици какао, 6лажици мед, 50грама сусам.

    Подготовка :

    Се става на загреана ринга да се стопи маргаринот, потоа се додава чоколадото и тоа да се стопи, но постојано се меша за да се растопи побрзо, ринглата не треба да биде многу топла, зошто сместа не треба да врие туку само да се растопи, откако ќе се стопат маргаринот и чоколадото се додаваат шеќерот, медот, какаото и сусамот и се тоа се меше. Се остава да се олади и потоа во еден сад се ставаат чокопопсот и смесата која претходно е изладена и се меша за да се соедини. Потоа, цедалката за лимон се врти од внатрешната страна и се користи како калап за колачињата да изгледаат како шишарки. Одозгора може да се стави врз нив и кокос, тоа е по желба.
     
    На MiiLla и April87 им се допаѓа ова.
  9. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Шишарките се многу вкусни, кој ги нема пробано обавезно да ги направи .
     
  10. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    не да се вкусни некогаш и за 1 ден ги снемува, ретко кога успеаваат 2 дена да опстанат кај мене :D
     
  11. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    75
    samo, emce jas ne sfativ koga se stavaat vo relna? aj te molam do objasni... sakam za vikend da gi napravam :D
     
  12. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    Не се ставаат во релна, нема печење тука лесно и едноставно е, мешаш се по редослед како што објаснив зимаш цедалка за лимон ја вртиш од внатрешната страна и ставаш од смесата, ја притискаш убаво од озгора и го превртуваш после калапот и излегува шишарката :D ме сфати сега?
     
  13. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    75
    ahaaaaaaa sfativ sfativ, superrrrrrrrrrrrrrrrrrrrr... gi praam utree... fala ti ;)
     
  14. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    Ништо, нема проблем, направи ги, пробај ги, па кажи после реакција :D
     
  15. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    75
    emce sesute ne stignav da gi napravam... za vikendov cistev i nemav vreme tolku da posvetam... zatoa nabrzinka napraviv puding... :lol: :lol: :lol: kolku da ima blago :lol: :lol: :lol:
     
  16. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    E pa vaka mojot recept za makaroni so pavlaka

    1 paketce makaroni
    300ml pavlaka
    gabicki po vkus
    sol,vageta, origano, i bukovka.

    Sosot se priprema na slendiot nacin:
    Vo malku zejtin gi poprzuvas gabickite 1-2min, i ja dodavas pavlakata i malku da povrie.vo sosot se dodavat zacinite po zelba.
    Makaronite gi varis vo solena voda.
    Otkako seke bide gotovo Gi stavas makaronite vo plehce i vrza niv ja izsturas smesata od sosot i gi mesas so makaronite.Plehceto se stava vo prethodno zagreana rerna 10tina minuti dodeka da se zapecat malku.Dokolku e premnogu gusta pavlakta moze da se dodade i malku voda.

    Omileni mi se na ovoj nacin, a i na decko mi mu se dopagaat mnogu,.a stom nemu mu se dopagaat znaci stvarno se dobri, zasto e golem manadzija za jadenje:):)
     
  17. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Не можев да најдам соодветна тема за рецеепти за благо - колачи и торти, па мислев најсоодветно ќе биде тука да го напишам рецептов, иако не е лично мој, ми го кажаа. Јас ја правев тортава вчера, препрепреубава е, лесна, летна торта што се спрема за нецели 10 минути.
    Потребни ппродукти:
    - Кисела павлака 500гр (јас искористив `Z bregov пошто е покремаста и не е како кисело млеко);
    - 300 гр. шеќер во прав;
    - 1 кг. свежи јагоди;
    - 2 пакетчиња пишкоти.

    Ја мешате павлаката со шекерот во прав, убаво да не се направат грутчиња.
    Во плиток сад (голема плитка чинија или послужавник) редиме ред пишкоти. Врз нив ставаме од павлаката со шеќерот, а врз тоа ред јагоди исечени на половина. Над јагодите уште еден ред пишкоти, па павлака па јагоди.. И на крај се завршува со павлака. Се остава да се олади во фрижидер 1 час, да попримат пишкотите од филот и да омекнат (доаѓаат како пандишпан).


    Јас кога ја пробав кај другарка не верував дека филот е само павлака со шеќер во прав. Воопшто нема чуден вкус, преубав, лесен и освежувачи рецепт е Пробајте го! Мене сииите ми го изнафалија! 8)
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Еве еден брз рецепт
    Земаш урда по желба колку сакаш,ја ставаш во тава со масло и се пржи потоа
    Земаш постар леб,веќе стврднат,го сецкаш на ситни залчиња и го ставаш во тавата,малку разбркуваш и готово.
    препорачливо е да не се става многу урда,за лепчињата да бидат пола суви.
    мммммм многу е вкусно

    Исто така ако сте многу гладни ,а не ви се чека додека јадењето е готово,тогаш ќе земете во една чинија ќе наполните кисело млеко ,а потоа ке исецкате ситно јаготки и ги ставате во чинијата со кисело млеко,и додавате по желба шеќер(препорачливо една голема лажица).
    Навистина е премногу вкусно :D :D :D
     
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Макарони направени од досада :)

    Рецептот е познат, мирудиите се само моја додавка.
    Пржам еден кромид, на тивко, додавам малку вегета и бибер. Откако ќе се испржи, додавам туна, исцедена од маслото. Се меша, се додаваат неколку исецкани маслинки, томатело, и се се крчка додека да се омекне сосема кромидот.
    Се додава кари, рузмарин и многу малку буковец, пред крај.
    Се ставаат макароните во сосов и се ужива после.
    Ако сакате екстра калории, полијте си го сево ова и со павлака :)
     
  20. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    345
    значи мој и измислен и најубав рецепт е овој

    пилешко месо на парчиња се прже со кромидче
    после му се додаваат печурки ситно исечкани
    после се става една до дев чаши вода
    и сето тоа го оставам да се изврие водата и да се динста на тивок оган
    после ставам цела павлака
    зачинувам со сол,бибер и вегета
    после вадам и доаѓа како пелишко со сос од печурки и го сервирам обично со пржен компир зошто дечко ми е луд по пржен помфрит....пробајте го овој рецепт,чесен е брз и мнооогу вкусен :!: