1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваш личен рецепт...

Дискусија во 'Рецепти' започната од free, 24 февруари 2010.

  1. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Чоколадни бисквит-тостови :)
    Во загреано мало тенџенче , растопете неколку парчиња чоколадо .
    Земете бисквити и намачкајте и поклопете
    Оставете да се замрзнат.
    Одлични се :)
     
  2. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Мој личен рецепт е Бисквит банана. Така си го викам
    Инаку вака се приготвува:
    - едно пакетче бисквити
    - 3-4 банани
    - хопла (најмалото пакување) пред да се бие хоплата во фрижидер да постои
    - чоколадо за кување
    - една чаша млеко

    откако ќе се избие хоплата, бисквитите се макаат во млекото и се редат во тацна, потоа, од горе се става од хоплата, и така 2-3 реда бисквити (зависи колку сакате хопла да има помеѓу редовите, и најгоре хопла се разбира), потоа бананите ги сечите на пола (нормално излупени :D ) и потоа истите на 3-4 дела за да може полесно да ви дојде за редење. Чоколадото со 4 лажици масло го топите на тивок оган (да не загори) и ги преливате одозгора наредените банани. Ако сакате за декорација можете да ставите и сецкани ореви.
    Многу си го сакам ова благо оти е лесно и не се печи. ^_^ :D :)
    Добар апетит
     
    На MiiLla, Lacrimosa и Chocolate.me им се допаѓа ова.
  3. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Суперрр еее ! Јас го направив ! :)
     
    На macence85 и April87 им се допаѓа ова.
  4. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    Пица лепчиња :pizza:

    Се земаат неколку кришки леб, се мачкаат од двете страни со маргарин , потоа од одозгора се мачка кечап и се става оригано, па се става шунката или било какво сувомеснато, и најодозгора се става парче кашкавал. Се става во рерна да се запечат.
    За да бидат повкусни си праам сос со павлака ,ситно сецкани краставички, една лажица мајонез, малку лукче и откако ке ги извадам лепчињата си ги прелевам со сосот , мммм :P прсти да излижеш :P
     
  5. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    стек во сос од павлака и печурки

    се сече стекот на ситни парчиња како за гулаш,се пржи додека малку не порумене,после се додаваат печурките и со нив се пржи 1-2 мин и н крај две павлаки,малку млеко,малку вода за да биде потечно така како манџичка јас го сакам вегета,бибер и да покрчка на тивок оган 5 мин и прсти да излижеш :D
     
  6. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    2.472
    пред да одам на факултет сварив компири, со цел кога ке се вратам да јадам од нив..кога се вратив беа ладни, никакви и не планирав такви да ги јадам па го направив следново..
    ги излупив и ги исеков на дебели кругови и ги ставив на тостерот.. така ги запеков малце и после тоа земав сирење и го изрендав одозгоре, ставив малце оригано и најзгоре ставив ептен малце путер.. се допекоа и после си ги изедов.. ептен беа вкусни :))
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ситни колачи
    Имав останат еурокрем од детето и така си стоеше и стеше и еден ден го зедов го ставив во тенџере и на тивок оган го стопив ( а може и во микробранова печка и тоа сум пробала) . Додадов чоколадо имав при рака некое со сецкани лешници и тоа го ставив да се стопи. Земав корпички и ги наполнив со смесата. Се оладија за половина сат и неможам да ви опишам како се топеа во уста.
    За 5 мин имате многу убав десерт
     
    На MiiLla и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Шприц компири!

    Од останато пире, измешано со малку брашно, едно јајце и ситно сечкана шунка, малку оригано и сол, направете малку порастресита смеса и со туба за тулумби вадете мали компир- тулумбички, пржете ги во врел оган.
    Со тартар сос од Полимарк одат фантастично.
    И оваа идеја дојде од остатоци од дневен ручек :lol:
     
    На 2468 и sesilija им се допаѓа ова.
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ете прееска јас имав некои ограничени состојки , а умрев за благо, па спремив еден вид на милански колачиња ама на мој начин.
    Толку се лесни и едноставни, што имате отворени раце за избор на тоа како ќе ги полните.

    Состојки:
    400 гр.брашно
    4 јајца
    100 гр. шеќер
    150 гр.путер

    Тестото е лесно за правење. Ставате се во еден сад, и мешате со миксер, ама со мешалките за тесто (оние како спирални). Правите кора со сукало. Од кората со некоја поголема чаша вадите кругови.
    Е сега следува креативниот дел.
    Кругот може да го филувате со што сакате. Со мармалад, џем, крем....
    Јас ги филував дел со бел крем, и дел со мармалад од шипинка.
    Така исфилуваното кругче, се преклопува на пола, и добивате полумесечинки.
    Ги ставате да се печат, околу 20 мин. на 200 степени.

    Јас на крајот ги прелив со глазура од какао.
    Сепак, тоа е кој како сака.
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Најубавата моја салата.Варен компир,јас клавам околку 4 средни глави, две варени јајца и рендано сирење. Му додавам и малце маслинов зејтин...превкусна ми е ;)
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.920
    Допаѓања:
    26.145
    Баке ролс обични ги попрскувам со оригано и додавам томато сос (тој за шпагети), малку маслинов зејтин и сиренце одозгора. Преубаво :)
     
  12. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
     
  13. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Еве ви од мене еден рецепт за кифли, испробан повеќе пати.
    Многу едноставен и ефтин а убаво излагаат кифличкиве.

    2 јајца и 5 лажици шеќер се матат како за торта, Се додава

    млеко - половина кг
    зејтин - 2 шољи
    квасец-половина
    1 лажичка сол
    5 лажици брашно

    Се остава да надојде. Потоа се меси и по потреба се додава брашно, се размесува и се сечат кори како за кифли, и понатаму знаете се виткаат со сирење,се прават кифлички се премачкуваат со измешан маргарин, јајце и сусам и се печат.
    Кифливе се многу вкусни, многу зависи и до брашното и до печењето, ама сепак се преубави. ;)
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Погача со спанаќ или блитва-што имате :lol:
    4јајца се матат,се додава лажица сол,1шоља јогурт,2 шољи брашно,1шоља зејтин,прашок за пециво,300гр сирење или урда,500гр сецкан спанаќ или блитва ;) се става во мало плехче,одозгора сестава мноооогу сусам,и се пече на 200с,20тина мин ;)
     
  15. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    блитва?извини што е тоа, инаку да интересен рецепт можи да се проба
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Па нешто како спанаќ е,може вие друго го викате,незнам како да ти објснам :?:
    у секој случај напрај ја со спањак,или можеш да ставиш-шунка,сирење и кисели краставички-тоа е царска погача ;)
     
    На Zaljubena111 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    Здраво девојки, дали некоја го знае рецептот за топено сирење ?
    Како на пр. тоа од Сопотско :)
    поздравчее
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.169
    Пол:
    Женски
    Не дека е некој страшен рецепт, ама мене многу ми е вкусно.
    Бејк ролс(било какви) или Марети Брускети натопени во јогурт, мх мх :P
     
  19. Marucu37

    Marucu37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    pred eden den mi se jadese mnogu pica no mnogu trebase da cekam pa zatoa si izmisliv eden recept eve : isecete 5-6 momicki lep ,potoa odozgora namackajte gi so ke4ap , pa izrendajte salama i kaskaval i nanesetego na momickite so kecap odozgore mozete da stavete i krastavicki, maslinki.. site sostojki za pica potoa namackajte gi so izmuteni jajca i stavete gi vo rerna da se zapecat okolu 20 minuti mnogu e vkusno :D
     
  20. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Во таква мала земјена тава ставаш малку маргарин и го ставаш во рерна мн кратко колку да се стопи. После тоа ставаш сирење, јас го ставам изгмечено со вилушка (ваљда може со било какво, јас јадам само идеал шипка кравјо па со такво правам) и од озгора рендан кашкавал. Можеш и кечап да ставиш, и што сакаш. Ставаш да се пече неколку минути и топ е :)