е како да не бе ке готвам, немам попаметна работа ако се омажам на маж ми ке му давам да јаде лосиони за тело, креми за лице, и декоративна козметика (ке се разубави кутричок човек од внатре)
-На лепче се мачка една зденка и кашкавал , се става неколку минути во микробранова и имате прекрасен сендвич.Може да додате и нешто друго. -Ќе си направите пудинг каков сакате и на крајот додавате само икршени бисквити промешувате и чекате да се олади. -Ќе исечете едно подебело парче леб ке ќо намачкате со крем по желба и во микробранова се става околу 1минута , кремот малце се растопува и е превкусно. -Кисело млеко/јогурт/павлака и стоби флипс *црвените* . -Во вакво Спојлер само јас имам поразлично округло е и има капак, го премачкувате со маргарин и ставате сирење го потпечувате малку или во микробранова , се вади и се додава јајце и се по ваша желба и се допекува. Етен е вкусно, прсти да излижеш. сликата и моето е опишано зошто незнам како се вика , извинете Пробајте па ќе видите мене лично ми се допаѓа и за моите години е супер лесно да се приготви.
Не е личен, ама е лично модифициран. Повелете рецептот за милкшејк без сладолед: 1 ипол чаша млеко ( би му дошло 250+125мл) 1 третина чаша шеќер (мене ова ми е многу благо, значи може и помалку, вие после ќе си заладите) 1 четвртина чаша какао 2 лажички зејтин 1 лажичка ванила (екстракт, ама јас ставив ванилин шеќер и бива така) неколку коцки мраз шлаг(по желба) Ќе ставите се во блендер. По густината ќе осетите дали има потреба од уште некоја коцка мраз и од плус шеќер. Од оваа количина излегуваат две големи коктел чаши, помала верзија од овие: Спојлер На крајот декорациите се по желба, шлаг, чоколадни трошки, сламки и чадорчиња
еве и јас како врвна домакинка да ви презентирам еден мој рецепт се вика ориз салата а за тоа потребни се: околу 250 грама ориз 185гр. туна на парчиња(едно пакување) малку бибер 1 домат се става оризот да се свари, откако ке се свари се додава туната во оризот и се меша, потоа се сецкаат доматите на коцки и нив ги додаваме во салатата и се заедно се меша и се додава бибер или сол по желба. И тоа е тоа брзо едноставно и здраво
Мојот најнов личен рецепт , за сите грашковцки - Пилешко со грашок Пилешкиот стек го сечете на концкички, зачинувате со вегета, бибер и оригано. Парченцата ги валкате во изматено јајце и ги ставате да се пржат. Не треба долго пржење па да се стврдне стекот, туку малку, да биде мек. При крај на пржењето додавате грашок во тавата и пржите уште една минутка додека се стопли грашокот. Многу брзо и многу вкусно. Добар апетит!
Мој личен рецепт е бисквити наредени потопени со нескафе и млеко..над нив блага хопла и над хоплата банани..и цело време така...и одозгора чоколаден прелив ммм...
Сварете макарони. Во тавче турете доматен сос и кечап (домашни), додајте оригано, ситно сецкани маслинки, малку сол и стоплете го, па додајте го во макароните, измешајте и јадете Сварете компири, исечете ги на парчиња, изрендајте сирење врз нив ( а може и салама ) ставете им кечап, подзарејте ги дури да се подстопи сирењето и готови се за јадење. Сварете 2 пудинзи по ваша желба и оставете го малку да се излади. Земете бисквити (околу 1 кг.) и макајте ги во остатокот од млекото (што ви остана од варењето на пудингот) и редете ги на четвртасто плехче/чинија/послужавник. Премачкајте ги со пудинг и редете ред бисквити-ред пудинг додека да се потрошат. Одозгора може да им нарендате чоколадо, бисквити, ореви или да им ставите шарени/чоколадни трошки.
Ова е едноставен десерт со тирамису крем не е лично мој но многу е вкусен и лесно се прави Потребно: * 1 вреќичка тирамису крем * 300 мл млеко * 50 мл сок од портокали * 2 лажички инстант кафе * 50 мл топла вода За украсување: * 2 лажици рендано чоколадо Приготвување: содржината од вреќичката со тирамису кремот сипајте ја во ладното млеко и мешајте со миксер 4-5 минути, па пред крај додадете го сокот од портокали. Инстант кафето измешајте го со топла вода и малку изладете го. Додадете го во кремот, па уште еднаш сето тоа измиксирајте го. Кремот распоредете го во чаши и добро изладете го. Изладениот тирамису крем украсете го со рендано чоколадо и послужете го.
Не знам дали е лично мој рецептов, можеби веќе некој го употребил, ама ќе си кажам јас што си јадам. Ако постите за празников, можете да си направите посна пица. Ќе земете тесто за пица, ставете кечап или доматен сос, од страните ставете сусам, врз целата пица ставете сецкани печурки, а можете и рендан посен кашкавал (кој јас лично го одбегнувам, оти не го љубам многу). Додадете сецкани маслинки и ставете оригано. Печете 15тина минути на 180 степени, вадите, сечете и јадете
Имам многу свои рецепти, но ќе го напишам тука ова што сега пред 10 минути си го спремив и е мнооогу здраво и вкусно: Сварив пола кило пченица, ја сомлев во машина и додадов едно чоколадо за готвење Дорина (рендано), потоа 100 гр мелени ореви, 50 гр мелени бадеми, 1 лажица мед и кесичка суво грозје...Многу е вкусно..Ммммм...
Мој личен рецепт , ама за супа Рендам еден морков , едно парче целер и малку дајкон. Уште неколку големи моркови и целер ги сечкам покрупно, се се става во вода да врие, се додава една сува, ситно исечкана буковка и се вари. Се зачинува со вегета, малку мелен црн пипер и по желба се додава фиде или една рака тестенини или кнедли...ммм. Тоа ќе биде мојата вечера
И јас имам еден рецепт ама незнам дали ке ви се допадне за мене е вкусно и лесно : Плескавици со печурки Мешано мелено месо (свинско телешко) го ставате во една голема чинија, ги додаваме печурките, додаваме една кесичка сенф, малку сол, пипер , и малку вагета. Смесата ја промешуваме со раце и од неа правеме форми во вид на плескавици. Во тава со зејтин ги пржиме. И со ова секогаш јадам мешан сварен зеленчук Ако го пробате да ми кажете дали ви се допадна
Мојот омилен доручек... Прво ги пржам малце печурките зачинети со оригано, и потоа ги додавам матените јајца во кои има изрендано кашкавал, вегета и малце ама мн малце сол... Јадењево ми е сон
Мојот омилен рецепт е проја , ама печена во оние не знам како се викаат тавчиња за мафинс Во голем пластичен сад ставам две шољи (за чај) пченкарно брашно, од истите шољи само 1 бело брашно, 3 јајца, пола шоља зејтин, една лажица сол, еден прашак за пециво, една шоља млеко. Кога убаво ќе се измеша смесата, се додава по желба сирење (јас го гмечам со вилушка), маслинки, сусам, шунка или спанаќ. Се меша се убаво и се полнат вдлабнатините на тавчето, а претходно намрсете ги со путер или со зејтин. Печете на 200 степени околу 15-20 минути. Готови се кога ќе заруменат. Јас вчера правев и ги сервирав со бело вино. Преубаво
хахха и јас си ја правам во ваков калап и ми е поинтересна се мислам следен пат да го истурам тестото во куглоф, баш убав облик ќе добие
^ jaс пројата си ја правам во оние калапчињата долгнавести-каде што правиме фигаро Потоа се сече како ролат и прекрасно е за сервирање
Една моја творевина,уради сам. Ама превкусна е тортава или бучкурушов што го правам,е прсти да излижеш. Земам од готовиот искршен пандишпан на парчиња,го ставам во тава. Потоа варам два пудинга,еден чоколадо,еден ванила со литар млеко.Го поливам врз пандишпанот и ставам вишни.Се заедно мешам.Одозгора како глазура ставам едно чоколадо за готвење.И на крај попрскувам со мелени ореви.
Па имам доста измишљотини мои кои од шала испаднале доста вкусни. За сите кои сакаат модар патлиџан. Модриот патлиџан се сече на кругчиња(по две, како две кришки за сендвич и не се досекуваат до крај- ваљда ме сфативте ) и внатре ставате кашкавалче, саламче. Ако не сакате прженици, можете да ги наредите во малку намрсено тавче и да ги печете. Ако не ви е вкусно така, може да се испанираат. Ги мацкаме прво во брашно(малку), па во јајце, па во презла( и уште еднаш јајце, презла за да се стегне убаво ) и се пржат во врел зејтин. Ова не е баш моја измишљотина ама имам додадено и моја идеа. Значи за пилешки орли. Две јајца( ги делите белките во еден сад, жолчките во друг) Белките ги матите со миксер дур не се добие цврст шлаг. Жолчките ги матите со вилушка, додавате 5 лажици брашно, еден филџан(стандарден) пиво - јас додавам и малку кари, копар и лук во прав и пециво или сода бикарбона(едно лажиче). Можете да додате само сол и малку црвен пипер за да добијат темно златна боја. Смесата од белките ја додавате во садот со жолчките и полека мешате да се добие хомогена смеса. Стекот го сечете на тенки лентички. Секое лентиче го валкате прво во брашно па го брцкате во смесата и го пржите во зејтин. Како додаток со овие пилешки орли може да напавите тартар сос или пак мед-сенф сос.
Од такви исмишљотини можам книга да напишам кај мене важи правилото цел фрижидер в тенџере па што излезе тоа. Ако мајка ми направи некое такво јадење би и го треснала од глава( не бyквално) ама јас кога си правам такви бркутешници па вкусни ми се. Последното што го правев е. 1 палента малку салама( или што било од сувомеснато) презла 2 јајца Ја вариш палентата и ја сецкаш саламата . Пред да се ја тргнеш палентата од оган земаш саламата ја ставаш внатре и размешуваш. Ја оставаш палентата да се олади во некој поширок сад. Кога ке се олади ја сечеш на не многу мали парчиња, правоаголни. Ставаш масло на оган, мешаш јајца во една чинија и ставаш сол , во другата ставаш презла. И ги похуваш парчињата палента. Маслото треба да биде ептен жешко за да не се впие многу. Инаку може на похуваното и сусам да се додаде јас така го правев. Внатре во палентата може да се додадат и печурки, кашкавал ама јас поевтино го правев само со салама. одлично одговара со кисело млеко или јогурт