Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваш личен рецепт...

Дискусија во 'Рецепти' започната од free, 24 февруари 2010.

  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Еве еден мој личен рецепт еден и единствен.
    Кога не знаете што да правите со сув леб, еве ви идеја. Лепчињата може да ги пресечете на половина или пак цели, но повкусно е кога се преполовени :) Во еден сад кршите 1 јајце, го мучкате. Половинките леб ги топите во смесата од јајце, но само горниот дел од лепчето за да не се залепи. Ги ставате сите тие половини во една тепсија или некој таков сличен сад, колку може да собере. Врз лепчињата пресечете мали парчиња салама, пилешки гради или слично. Врз нив кашкавал, и одозгора можете и кечап за да биде повкусно. Го ставате во рерна, на 170 степени, 5-10 минути најмногу, во зависност од тоа колку сакате да биде потпечено лепчето. Го вадите, чекате да се олади, и го правите маф за кратко време. Со јогурт е многу вкусно. ДОБАР АПЕТИТ! :D
     
  2. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Кога сум многу гладна и немам време за да чекам да се зготви нешто си правам печени лепчина на тостерот сечам 2-3 рибанки леб и ги цегам на пола ни ставам на тостерот и одозгора ставам малку зејтин и вегета и го оставам така 2-3 минути за да зацрвенеат... ги јадам со патлиџан, сирење, салама, или кечап или мајонез.. пробајте... кој ќе поба нека ми каже како му излегле.. поззз ;)
     
  3. list

    list Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    еве од мене многу вкусна и брза торта . потребни работи- 1кг. ресани, 100мл. млеко, 1 маргарин и хопла 500гр. Да зоврие млекото се трга од оган и се става маргаринот да се стопи и се остава да олади. ресаната се крши и се меша со оладениот маргарин. 3 жолчки и 5 лажици шеќер се матат и се додава хоплата. се бие хоплата. половина од хоплата се става кај ресаните, половина се остава за украсување. смесата се меша со лажица и во кутија за торта ( ѕвоно) се формира тортата. се премацкува со хопла.
     
  4. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    Макарони со прелив (лично измислен од мене)
    Макарони - варени
    Прелив- 1 кесичка мајонез , 1 кесичка кечап, пола павлака , 1 лажичка сенф ,оригано ,бибер, сол ,малце вегета.Сето тоа се меша додека да се добие хомогена смеса.
    Се преливаат варените макарони со овој сос, се ренда сирење и одозгора се ставаат кубети од зазики.
    МНогу е вкусно и брзо се подготвува ,прсти да излижеш. :lol:
     
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Јас вчера пробав да направам проја за прв пат и испадна НЕУСПЕШНА! Најдов една рецепта од нет, бабина проја, ама не знам дали беше неуспешна поради лошиот рецепт или тоа што ставив кашкавал во смесата па кога се растопил делувал врз самото тесто ... Овој рецепт сигурно излегува ок??

    Еве што се ставаше според рецептот:

    3 филџани бело брашно,
    3 филџани пченкарно брашно,
    1 прашок за пециво,
    3 јајца,
    3 филџани вода,
    2 филџани зајтин (ми се виде многу, па ставив помалку),
    3 филџани млеко,
    3 поголеми моркови, кисели краставички (ова не ставив),
    1 лажичка сол.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Да, само + рендано бело сирење за да биде ровка, а останато моркови, краставички, шунки...е по избор. И би ти препорачала наместо млеко стави јогурт или к. млеко така е поубава. Свекрва ми ја прави со млеко ама не ми се допаѓа баш, а јас ја правам со јогурт и некако поубава ми е
     
  7. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    ова торта ја правев прв пат и сама си ја измислив, ја крстив Винчини торта:
    пандишпан: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 1 лажица какао, 1 пециво и 5 лажици брашно се матат и истураат во намрсено тавче и посипано со брашно, се пече на 200 степени 30 минути.Се сече на половина

    Филот:Правам пудинг од ванила (400 мл млеко со 7-8 лажици шеќер), го тргам од огин и додавам 2 бели чоколада за готвење, откако ќе истине го матам со 1 маргарин.
    Земам од Винчини долгите ролати со вкус на чоколадо и обложени со чоколадо, сечам парчиња.
    После, ред пандишпан , па фил па винчини , па го мачкам со еурокрем , малку фил , пандишпан , фил и одозгора целото го посипувам со сецкани ораси.

    Пробајте и добар апетит
     
  8. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    -Брза идеа за правење вечера а може и ручек,поручек.Мене најмногу ми одговара вечера.
    На лепче(сув леб ако имате, да го дотрошите) се става маргарин, оригано, чајна кобасица :) и кромид. Лепчето се покрива со друго лепче кое е намачкано со многу малце маргарин и се ставаат во тост, да се „тостираат“.Кога тостот ќе добие убава светло кафена боја е готов.На него се става домата по можност онаа дома која се прави со лукче или онаа која се продава како во тетрапак, незнам од која фирма беше.Многу вкусно јадење.Кромидот ако не го сaкате не се сеќава да знаете туку има некој вкус како пржено нешто :) мњамм
     
  9. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Варено топло вино
    Пола литар црно вино, 1 шоља шеќер, три сушени смокви, јаболка исечена на четвртини, портокал сечен на четвртини, цимет и ванила. Се вари 10 минути.
    За овие ладни денови е одлична опција, филмче и љубениот покрај вас :rofl:
     
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Еве еден рецепт за брза и вкусна торта, со мајка ми ја правевме претходниот петок.
    Потребни состојки:
    -2 кесички пудинг (по желба, ние со чоколаден го правевме).
    -Желе бомбони: 1 пакетче.
    -Бисквити (по желба)
    -Ореви (по желба)
    Се сецкаат оревите, и желе бомбоните на мали парчиња, а бисквите се кршат.Тоа се заедно се става во сварениот пудинг и се меша.Смесата после се става во тавче, и во фрижидер се става да се стврдне некој пола саат.Откога ќе се стврдне готова е за јадење.
    Добар апетит. :)
     
    На Chupe му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Бела торта


    Пандишпан: 3 јајца, 10 лаж. шеќер, 5 лаж. брашно, 3 лаж. ореви, 8 лаж. млеко, 4 лаж. брашно, 1 мала лаж. прашок за пециво 1 лаж. какао.
    Фил: 500 мл млеко, 2 пудинзи од ванила, 300 гр. шеќер, 2 пак. желатин (+ 100 мл вода за истиот), 100 гр. бело чоколадо, 500 мл. растителна павлака (хопла, халта...), 1 маргарин кристал, 100 гр. шлаг.

    Подготовка: Се бијат белките со шеќерот, потоа се додаваат жолчките една по една. Во меѓувреме се затоплува млекото и маслото (заедно) и постепено се додава во избиените јајца. Со жица за матење постепено лажица по лажица се додава брашното, оревите и парашокот за пециво. Се пече во калап бр. 26 на кој има ставено мрсна хартија во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути.
    Во малечка здела се става желатинот и водата да набабри околу 10 минути. За тоа време се приготвува пудингот во кој се става целото количество на шеќер. Се трга настрана и се додава белото чоколадо да се стопи во врелиот пудинг и желатинот. Се промешува и се остава да се лади.
    Откако се излади се бие со маргаринот.
    Во друг подлабок сад се бие хоплата и шлагот, па се додава и се бие заедно со претходно избиениот фил.
    На испечениот и ладен пандишпан се става обрачот од тавата и во него се става целата содржина од филот.
    Откако се излади во ладилник околу 2 часа се отстранува обрачот и се декорира по желба, чоколадо, шлаг...


    И сликички:
    Цела



    Парче :
     

    Прикачени фајлови:

    На Juicy, maca99, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    ТУФАХИИ
    Потребно е
    -4 јаболки
    -мелени ореви
    -ванилин шеќер
    -бел шеќер
    -цимет
    -мед
    Четири јаволка (црвени), излупени и издлабени на местото каде има семки. Се варат 15 минути , а во водата има 4 лажици шеќер и пола исцеден лимон. По 15 минути од варењето ги вадите и ги ставате во плех на кој има по едно парче фолија(алуминиумска за во кујна). На секое парче фолија, онаму каде ке стои јаболкото ставате ванилин шеќер, па ја ставате јаболката и во издлабениот дел ставате мешавина од шеќер и мелени ореви. Потоа јаболкото го обмотувате со преостанатите делови од фолијата и го ставате плехот во рерна на 200 степени. По 15 минути ги вадите јаболките, ги одмотувате и заедно со фолијата ги ставате на тањир за сервирање. Врз секое јаболко посипувате со мешавина од 3 лажици мед, пола цеден лимон и пола лажичка цимет(тоа убаво се меша да се соедини). Откако ги посипувате со преливот, наросете врз секое јаболко поголема количина од мелените ореви.

    Јас вчера го правев ова и излезе мммммммммммммммммм најубавото благо кое сум го пробала
    Повелете, па кажете како реагираа вашите дегустатори.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  13. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Не знаев кај да го сместам прашањето извинете за офф топик
    Ке ми каже некој како да сварам сушени сливи? Во врела да ги ставам или во ладна па на оган. Зборувам за мало количество за една две чашки. Шеќер нешто треба?
     
  14. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Сувите сливи се оставаат да отстојат пола саат во ладна вода, потоа се ставаат во зовриена вода и се варат 10-15 минути. Може и без шеќер, а можеш и 1 лажица да ставиш за поблаг вкус.
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Во пследно време често за со ракија си правам салата од печурки и павлака или кајмак.Во длабок сад си ставам канче кајмак и две кесички печурки преходно измиени ,исцедени убаво ги размешам одозгра со буковец повкусно здравје.Многу е убаво и заситува.Пред ручек со една чаша ракија е одлично мезе.
     
  16. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Еве еден мој рецепт со сув леб:
    1 посув леб се кине на ситни парченца се додава 3 јајца изматкани пола калапче сирење малку салама (може и печеница или врат) 1 голема шоња млеко и малку масло и сето се меша за целиот леб да се навлажни ако е суво се додава уште малку млеко .Целата смеса се става во подмачкан со маргарин плех одозгора се ренда кашкавал и се пече .Многу е вкусно на сабајле со јогурт прсти да излижеш
     
    На Serafima и maca99 им се допаѓа ова.
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Станав мајстор за соленки, затоа што се прават брзо, лесно и таман ми секога ќе ми се најават другарки.
    Овие се многу лесни и интересни на вкус, и според меркава излегува еден голем плех.

    Состојки:
    • 300 гр. брашно
      100 гр. маргарин
      1 јајце (да се одделат жолчката и белката)
      7 лажици млеко
      1 прашок за пециво
      сол (по вкус)
      сусам

    Во тестото може да додете по избор(едно од наведените):
    • 1 лажица кари
      2 лажички снеф
      1 лажица тепана сол

    Замесете го тестото со сите наведени состојки, освен белката.
    Од тестото извлекувајте мали парчиња формирајќи топчиња и местете ги во намрсен плех. Потоа со некој предмет со округло дно (за ова јас ги корстам зачините во стаклено пакување на маестро) притиснете врз секое топче за да стане како плочка.
    Во средината на секое топче ставете сусам, а потоа премачкајте со белката.

    Јас ги имам пробано во сите варијации, омилени ми се со кари. :)
     
    На DeMelo и irenna им се допаѓа ова.
  18. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Еве едно мезе кое си го правам кога сакам да се заситам...Земам едно парче кашкавал па врз него ставам едно парче пилешко филе(или било каква салама) и одозгоре павлака,кечап и оригано и го мачкам врз кашкавалот и саламата....многу ми е вкусно и често знам да си направам овака :)
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.212
    Пол:
    Женски
    Не e некој којзнае каков фамозен рецепт, ама многу е вкусно.
    Значи обичен тост со сите салтанати и плус внатре додавате зеленчук - краставичка (со кисела се постигнува подобар ефект), зелена салата и теенки тркалца домат, ставате на тостер и оп - прекраснотија!

    Исто, ако имате бајат леб - насечете го на прачиња, наредете им одозгора парчиња кашкавал, малку оригано или магдонос и кечап по желба, ставате во рерна или микро додека се растопи кашкавалот.
    Додавам и сечкани маслинки - ма милина!
     
  20. bebeto-moe

    bebeto-moe Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    MAKARONI SO TUNA I DOMAT...MMMMM