Пита со јаболка - 4 чаши брашно - пециво - 3 чаши шекер - рендан лимон -1 филџан зејтин -1 филџан млеко -3 јајца -малку цимет -4-5 јаболки Јајцата и шекерот се матат и се додаваат сите други состојки. Тавчето се подмачкува со маргаринче , па одозгора се попрскува шеќер и цимет. Потоа се става тестото а одозгора се ставаат јаболките исечени на парчиња. И пред да се пече одозгора се попрскува цимет и шеќер. Се пече се додека не се зацрвени колачот Премногу е вкусно , 2 дена станот на цимет ми мирисаше
Па и не е којзнае каков рецепт,туку како идеја Дечко ми викаше да пробаме шкампи,дека тие си правеле дома и викам ај,ок,а не знаевме како да ги направиме и ми текна дека можи да се јадат со павлака,значи испржени шкампи со павлака ќе дојди,ете ставете по пола павлака на пола пакетче шкампи,се прејадувам јас така. Еве овие ги користев денес: Еве како испаднаа:
Пилешки стек - пицерола 4 парчина пилешки стек 8 лажици доматно пире 110 гр рендан кашкавал 1 лажиче оригано Парчињата пилешки стек посолете ги, набрашнете ги и испржете ги во масло. Така испржени ставете ги во плехче за печење. На секое парче ставете по 2 лажици доматно пире, рендан кашкавал и наросете ги со оригано. Ставете ги да се печат на 200 С околу 10 минути или додека да се стопи кашкавалот. (Често го правам,кога не сакаме да го јадеме стекот само пржен,пробајте преВКУСНО е!)
СТЕКОВИ СО БЕШАМЕЛ СОС Се зема 3 стека полузамрзнати и се сечат на коцкички па се обаруваат 15 мин.во врела вода.Се процедуваат и се тргаат настрана па се мечаат со шампињони печурки од кеса. На оган во тенџере се загрева една лажица путер -2 лажици брашно -1 павлака - млеко постепено со мешање се додава во сосот да стане глатка смеса погуста како бешамел. Внатре во сосот се ставаат зачинки-вегета,оригано,лук во прав,кари.... Кога ке биде готов во тава за печење се реди ред стек со печурки,па се прелева со сос и одозгора се ренда кашкавал,па уште еден ред така па сос бешамел и на крај повеке рендан кашкавал па се пече едно 15 мин. Абе поубаво нешто не сум направила,просто си се дивам сама на себе!!!!
Ај да го пишам рецептот од ружите од пред некој ден За полнење на еден калап 100гр мелена плазма 100гр ореви/лешници/бадеми 200гр шеќер 1/4 маргарин вода Во тенџере се става шеќерот и вода колку да се покријат. Се вари па се додава маргаринот. Откако ќе се растопи маргаринот се додава плазмата и ореви/лешници/бадеми(по ваш избор) и се се меша. Калапите ги намачкав со топено чоколадо. Откако малку се стврдна чоколадото ја ставив смесата и „затворив“ со чоколадо пак
И јас имам еден сличен рецепт од пралини како твоите ЛаРеинаДелСур. 200 грама чоколадо 6 лажици масло кокос по желба, доколку сакате потечно ќе ставите помалку, а за потврд фил повеќе едно мало кантиче овошен јогурт и малку слатка павлака или само 200 мл слатка павлака неколку кики бомбони или карамели некои суво овошје ситно сецкано Растопете го чоколадото во сад на пареа со маслото, со него премачкајте ги калапите и ставете ги во фрижидер додека не го направите филот, садот со чоколадо нека стои на пареата да не се стврдне. Во друг сад директно на оган, ставете слатка павлака или овошен јогурт со слатка павлака да зоврие, ставете ги кики бомбоните додека не се растопат, потоа додадете ги кокосот и овошјето. Направете кашеста смеса, во принцип не можете да утнете бидејќи правите по желба и вкус. Дополнете ги калапите така да ви остане малку место, дополнете со чоколадо и вратете назад. Спремете се за доста правење бидејќи излегуваат многу. Дивајнбатерфлај, зависи кај кој како, некој не поднесува риба, односно ова е рибин производ и млечен производ, му се лоши, некој добива дури и труење, јас често знам да се зезнам така, поготово во лето, ќе каснам туна па нес кафе и после иди да те видам.
Морам да си го кажам мојот личен најличен рецепт за пита со вишни и пудинг од ванила кој премиерно го пренесе во јавност Дени 4 сезони и колку што знам го имаше во својот ресторан, иако не ме имаше известено за тоа. Рецептот е целосно мој, не е препишан од никаде и го обожавам. Пита со крем и вишни потребни сосотојки едно пакетче кори за пита, подебели пола литар млеко прашак за пудинг од ванила три лажици шеќер пакетче смрзнати вишни шест лажици шеќер малку путер пипрема Со млекото и прашакот за пудинг пригответе класичен пудинг, како што се приготвува за јадење, но не мора многу да го извривате, односно може да остане потечен, дури може и да ставите малку повеќе млеко, пример 600 мл. Во исто време во друг сад припремете го преливот од вишни, смрзнатите вишни малко попуштени ставете ги во тавче и ставете ги на оган, кога ќе се одмрзнат скроз додадете го шеќерот и варете додека не стане сируп течноста и шеќерот. Плехот во кој ќе печете намрсете го со растопен путер, исто така од истиот путер ќе ви биде потребно и за виткањето на питите. За да започнете со редење треба на рамна површина да преклопите две кори една преку друга, ако се потенки и три, а измеѓу да ставате од путерот, на едниот крај ставете пудинг и врз тоа од вишните и малку сируп, колку што ќе ви се собере во лажицата со која ќе ги ставате вишните. Завиткајте и затворете со путер на краевите на кората и наредете во плехот, повторете ја постапката со сите кори. Рерната загреана на 220 на средина поставена решетка, се става плехот да се запечат малку, се вади по 10 минути и се премачкува со сируп од вишните и се посипува со кристал шеќер, се враќа додека убаво не се испече, уште отприлика 10 минути. Нека се стегнат малку по вадењето од рерна, немојте да сечете веднаш бидејќи ќе ви претече кремот. Исечете на долгнавести парчиња и сервирајте, најубаво е да се јаде млака, ни ладна ни топла. Всушност не гарантирам дека ќе се олади бидејќи е превкусно.
EВЕ И ОД МЕНЕ ЕДЕН РЕЦЕПТ РОЛАТ ОД ЖЕЛЕ 250 гр.маргарин 250 гр.желе бонбони(ситно сецкани) 250 гр.бисквити(мелени) 250 гр.сецкани ореви 250 гр.шеќер во прав 2 жолтки Се матат маргаринот и шеќерот и кога смесата ќе стане пенеста се додаваат 2 жолтки и сецканата смеса,сето ова добро се меси и се става во калап за ролат и се замрзнува.
Еве првин да почнам со еден мој експеримент кој стана хит кај мене дома. Слатко-солени Копанчиња Се зема копанчиња и се варат се остранува кожата,се цедат добро се зачинуваат со вегета бибер и кари добро ке ги измасирате од двете страни,потоа земате загревате зејтин во тавче и ги ставате да се пржат кога ке заруменат од двете страни се поливаат со (смесава е :мед,сенф,и малку вода да се разреди малку) и вака копанчињата се пржат со тоа што цело време се превртуваат од двете страни за да се залепи смесата на нив . Готови се кога течноста ке испари односно ке бидат како карамелизирани. Како прилог со нив секогаш служам ориз . На вкус се слатко солени заради медот но кој е љубител на кинеска кујна треба ова да го проба. Салата од цвекло и туна се зема цвекло од тегла се сецка на ситни коцкички се додава туната и две лажици мајонез се меша се заедно и се добива светло розе салата(ова е миксот на мажот ми он си ја обожава ,мене ми изгледаше како бучкуруш ама морам да признам на вкус е добра) И да завршам со десерт како што е редот Брза торта со 2 јајца Се земаат 2 јајца се матат со 9л шекер,после се додава 9лмлеко,9л зејтин,9лбрашно 3л какао,ванила и пециво. Смесата ја печам во огноотпорно тавче намастено со зејтин и брашно се пече 10-15 мин на загреана рерна . Е откако ке се испече дури е топла се полива со 100мл топло млеко а потоа со фил кој треба да е готов дур се пече тортата за да биде топол . Фил:еден пудинг се вари во 400 мл млеко и во него на крајот се додава една чоколада за готвење пудингот не треба да биде цврст и густ туку поредок како смеса од топло чоколадо. Вака подготвениот фил се полива врз тортата и веднаш се сече на парчиња за да навлезе од филот во внатрешноста на тортата . Имате целодневно мени од мене со моите измишљотини епа наздравје кој ке реши да ги проба нема да зажали
Добро велиш,затоа кој сака и поднесува можи да проба.Еве досега немало такви проблеми. Незнам,можеби тоа што си мешала риба па после тоа чисто млеко и дошло до тоа,пошто се создаваат повеќе киселини од брза обработка на храната.Секој си знае како му поднесува организмот.И јас знам риба со млеко дека не се меша,ама еве со павлаката и шкампите не беше лоша комбинацијата.
Не е баш некој рецепт но може да помине. Се продаваат по поголемите маркети пита за гиро. Овие конкретно кои јас ги имам се по 10 во пакување и се 60 денари. Е сега одлични се са доручок бидејќи може да ги полните со било што по ваша желба, и се веднаш готови. Јас конкретно моментално јадам со руска салата и пилешко месо полнети и малку печурки, се тоа го ставив на тост многу кратко време и превкусни се. Вака изгледаат.
вакво слично имам јас правено по мој рецепт и излезе превкусно па во прилог мои феминки објаснување за истото... едно лепче округло (жито лукс пр) го зарежуваш на коцки Спојлер како на сликата ..измеѓу нив натопуваш со маслиново масло, малку толчена сол, црвен пипер меѓу прсти, вегета, рендаш кашкавал, сирење, малку кромитче и на фолија го ставаш да се печи во рерна се додека не се растопи кашкавалот убаво....после е прсти да излижеш!
Салата со сурими стапчиња од краби (оние долгнавестине со црвена обвивка). Потребно е: 1 главче марула 1 пакување сурими стапчиња од краби кубети од зачини 1 варено јајце сенф мајонез лимон бибер масло, сол Марулата исчистете ја убаво и искинете ја на средни парчиња и ставете ја во длабок сад. Сурими стапчињата испржете ги на малку масло и тргнете ги настрана. Свареното јајце исечете го на половина и отстранете ја жолчката а белката исечкајте ја на коцкички. Оладените сурими стапчиња исечете ги на покрупни коцки и додајте ги во марулата, потоа белката на коцки и на крај кубетите. Жолчката што ја тргнавте, ставете ја во сад и изгмечете ја да стане како пире, додајте лажица сенф, лажица мајонез, лимонов сок, бибер и масло. Со овој дресинг (сос) покријте ја марулата со кубетите и сурими стапчињата. Промешајте, посолете за вкус, и доколку има потреба додајте малку масло и лимонов сок.
Последниве две недели ова појадувам и ми е прекрасно. Рецептот го имаше во некој проспект од СП маркет, ама јас си го модифицирав малку. Домашна гранола Околу 3 шолји овес се мешаат со ленено семе, сусам, пченични никулци.... буквално што сакате. Се додава сок од еден портокал, 2 лажици мед и малку кокосово масло. Се меша и по желба се додаваат јаткасти плодови (јас го направив еднаш со фстаци и лешници, еднаш со фстаци и бадеми) и сушено овошје (мене ми е фаворит со брусница и кајсија, ананасот некако не ме бендисува). Се се меша, се префрла во тенок слој со тавче и се пече на 150 степени околу 20 минути со повремено промешување. Откако ќе се излади се префрла со сад и се чува во фрижидер. Јас појадувам 3-4 лажици од ова со малку млеко и супер ми доаѓа. Држи ситост подолго време, здраво е и хранливо. И има мал милион варијации.
Не е баш ова мој личен рецепт ама го најдов по страниве па си реков да го споделам со вас ми делува ептен вкусно се надевам ќе пробате да направите ваква САРМА Sastojci: Kiseli kupus 800g Svinjsko meso 400g Juneće meso 200g Slanina 60g Riža 50g Ulje 0.6dl Luk 60g Češnjak 10g Jaje 1 Lvorov list 1kom Zaprška: Brašno 1 žlica Crvena paprika (mljevena) 5g Rajčica pire 1 žlica Napomena: Peći 2 sata na 200°C i nakon zaprške još dodatno peći 20 minuta na 180°C. Priprema Za sarmu je potrebno mljeveno meso. Za ovaj recept korišteno je svinjsko i juneće meso. Počnite sa dinstanjem sitno narezanog luka na ulju. Luk se dinsta nekoliko minuta na laganoj varti. Nakon dinstanja luka dobro je pripremiti listove kiselog kupusa. Odstranite korijen lista kiselog kupusa, tako da je kasnije lakše zamotati listove u željenu formu. U mljeveno meso dodajte jaje, češnjak, rižu, prethodno izdinstani luk, sol i papar. Mljeveno meso dobro izmjesite u kompktnu smijesu. U listove od kiselog kupusa umotajte mljeveno meso, tako da formirate sarmu. Posložite preostale dijelove kiselog kupusa na dno posude za pečenje. Nakon toga posložite sarmu u posudu za pečenje. Dodajte slaninu, lovorov list i sve zalijte sa dovoljno vode. Stavite sve peći dva sata, na temperaturi od 200°C. Zaprška U tavu nalijte ulje. Kada se ulje malo zagrije dodajte brašno, crvenu mljevenu papriku i pire od rajčice. Propržite sve nekoliko minuta na laganoj vatri. Uz stalno miješanje sa žicom za miješanje, dolijte vode i prokuhajte zapršku dok se malo ne zgusne. Nakon dva sata pečenja izvadite sarmu iz pečnice i dolijte pripremljenu zapršku. Vodite računa da se zaprška ravnomijerno raspodijeli između sarme. Vratite sarmu u pećnicu i pecite dodatnih dvadeset minuta na temperaturi od 180°C. Kada je sarma gotova ohladite je nekoliko minuta i servirajte. Извинете за јазиков ме мрзеше да го пишувам на македонски
Здраво домакинки еве еден интересен рецепт за сос за тестенини и од мене: 1 пакетче соја топчиња се варат во вода со сол (зависи од тоа за колку луѓе правите ке ставите големо или мало пакече).Од како ке се сварат топчињата исцедете ги од вода што е можно повеќе,препорачливо е да ги истискате со нешто, и после се пржат во масло.Од како малце ке се пропржат се додаваат печурки (пожелно маринирани)и продолжуваат да се пржат со топчињата се додека топчињата не зарумента, после се додава доматно пире( во количина по желба) и се ставаат зачини, бибер, лук во прав, оригано. Потоа со готовиот сос се преливаат тестенините.Сосот е навистина вкусен а сојата воопшто не се приметува од зачините. Добар апетит!
Купив замрзнати лигњи и незнаев како да ги искомбинирам,па пробував Се што ви треба се замрзнатите лигњи(80 ден. , 4 има внатре) ,павлака и ајвар(или нешто друго по ваш избор). Прво се пржат лигњите(околу 5 мин),ги oставаш околу 10 мин затворени во фолија,и потоа ги редиш и во средина неколку топки павлака. Спојлер Сликите отворете ги во new tab