1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваш личен рецепт...

Дискусија во 'Рецепти' започната од free, 24 февруари 2010.

  1. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Пред некое време експерментирав и ми искочи супер рецепт.
    Се прави смеса во длабок сад :
    2 чаши брашно
    една чаша јогурт
    една супена лажица сода бикарбона
    една кафена лашичка сол
    малку магдонос
    едно јајце
    една чаша вода
    една кафена лажица зејтин
    Се меша со миксер и се добива смеса слична како за палачинки. После се пржат подебели од обичните палачинки ( налик на американските палачинки)
    [​IMG]
    Фил: Се печат 2 стека во рерна и се сецкаат на ситни коцки. Потоа се додава месото врз тестото. Врз него се ренда кашкавал. Се зема павлака, босилек и малку маслиново масло, се меша и се поспува врз месото. :)
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    сварив пудинг по нормална постапка само што при крај му додадов малце маргарин да се здебели.
    потоа ставив на чинија една страна цела бисквити и згора го додадов врелиоф пудинг,потоа стAвив ушTе една сра бисквити и го додадов пудинGот.
    декорирав со шлаг и малце чоколадо и кокос:)

    онака набрзинка го спремив и вкусно :)
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      352,1 KB
      Прегледи:
      606
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Гледам повеќе на благо се рецептиве :D Еве еден солен од мене, за подготовка на грашок.
    Еден ситно сецкан кромид се пропржува во масло, потоа се додава грашокот (јас користам микс од грашок, морков и пченка, на Фриком), се пропржува заедно со грашокот. Потоа се додава сецкан компир (не многу ситен, но не и многу крупни парчиња) и се пропржува заедно со кромидот и миксот. Се додаваат зачини (сол, вегета, мелен бибер). Се додава вода (не многу, да ја облие содржината и уште малку повеќе :) ), да прокрчка и да се сварат состојките. При крај се додава домашен ќечап околу 100-150 мл. Врие уште некое време, и на крај се додава 1-2 лажички сенф. Се остава уште неколку минути да се згусне. Рецептов ми е прсти да изедеш.
     

    Прикачени фајлови:

    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
    На обичните лиснати од кам маркет, 5-6 минути пред да се испечат им нарендав кашкавал и малку оригано. Убаво излезе. Од лентите кашкавал што паднаа и се препекоа ми се роди идеја за чипс од кашкавал и оригано. Ќе пробам, па ќе ви кажам резултати.
    ама ќе пробам кога мама нема да е дома :D
     
  5. zuzu82

    zuzu82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    108
    еве ви рецепт испробан и многу многу вкусен
    400 гр.црн крем
    100гр. чоколадо за готвење
    ова на тивок оган се растопува и се трга настрана
    се дробат 100гр.лешници
    и се мелат 6-7 наполитанки плежр.сето тоа се промешува заедно и се полнат корпички за бомбици.се ставаат во фрижидер да се стегнат малку и се крка ;) :lol:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.689
    Допаѓања:
    87.403
    Пол:
    Женски

    И е многу вкусно :lol: истите ги подготвуваме со мајка и кркаме :D
     
  7. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Во поплитко мало тенџере запржив лукче со масло и млеко. Му додадов варени макарони,па му изрендав кашкавал, и му исецкав кисели краставички на помали парчиња.. Му ставив сол, и црн бибер. Кога ке почне да се топи кашкавалот му се додава и тартар сос од кесичка. (мислам знаете за каков сос зборувам)

    Откако ке се соедини се од кашкавалот, си послужувате во поголема чинија(затоа што ке сакате уште и уште. :D ) И плус маслинчиња си зедов за посолено да ми биде. Bon Appétit! :bow:
     
    На sanny08 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gordence*

    gordence* Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае каде можам да најдам прашак за тирамису и панакота?
     
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.159
    Пол:
    Женски
    Јас често кога правам палачинки правам многу количински и остануваат за наредниот ден. Од тие останатите подготвивам вкисно мезенце, во тавче кружно ставам палачинка, па ред рендано сирење и така наизменично, заврпувам со палачинка и покриени со фолија ги потпекувам во рерна, при крајот ја отварам фолијата и сечам како ѓомлезе на баклави. Супер е. Некогаш додавам и павлака, некогаш сслама кашкавал...
     
    На Summerlover и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  10. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    Brza pita...
    (nesto slicno kako proja)

    2jajca se matat so viljuska
    1solja za kafe zejtin
    1solja jogurt ili kis.mleko razmateno
    1 prasak za pecivo
    15 lazici brasno

    Se ova se mesa so lazica da nema grudcinja i se dodava sirenje,spanak ili po zelba sto si sakate..odozgora susam
    se stava vo namrsena tava i se pece 30min na 250 stepeni,peces 10min pa namaluvas na 200stepeni.

    Ubav apetit
     
    На Annath, DVAANGELA, ♡BuBaLe♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Кажете ми некој рецепт за да направам нешто убаво за на слава. Ми се ближи славата. Мрсна е.
     
  12. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    of lele:D ne sum nekoja gotvacka,ama zavcera bev na slava,bese mrsno,znaci imase:zelka so maslinki,patlidjan so krastavica baska,kompir-kromid,ruska salata,urda salata,suvomesnato razno,od meso:Pileski stek,svinsko,kolbasici,uvijaci,i telesko na daska kako skara,kifli i pita,i sitni kolaci,a i mrsna sarma,kikiriki i leblebija..

    ako pomognav milo mi bese..
     
  13. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Ние имаме куќа на 3 спрати, на секој спрат имаме по 20 гости минимум. Лани имавме 70 гости. Така да ми треба поубави рецепти од патлиџан и краставица.
     
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Marick14 Ако ти требаат поубави рецепти барај на Интернет или кетеринг.
     
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Освен форумов, други сајтови за рецепти незнам. Кетеринг не саам да плажам, кога можам сам да си го средам. Ми требаат само неколку добри рецепти.

    Ако знае некој нека ми каже некој рецепт.
     
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    На joy1, Marick14 и Annath им се допаѓа ова.
  17. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Било какви рецепти или ролати сакаш да правиш :rofl:http://moirecepti.mk/post/топчиња-од-сув-леб
    Еве ти убав рецепт одам да го правам сега.
    http://moirecepti.mk/post/солен-декоративен-ролат
    http://moirecepti.mk/post/солен-кекс
    http://moirecepti.mk/post/колач-со-печурки
    http://moirecepti.mk/post/солен-колач-со-пиперки-и-сирење
    http://moirecepti.mk/post/ролат-попај
    http://moirecepti.mk/post/солен-шарен-колач/
    Или кажи што поточно сакаш?
     
    На joy1, anaja1 и Marick14 им се допаѓа ова.