Рецепт за Хуго 150 ml Prosecco 100 ml Mинерална вода со многу меурчиња.(според вкус може повеќе, помалку) 2 cl Holunder сируп 3 листови Минц Лимете/лимон мраз Ливчињата се ставаат во чаша и се нагмечуваат, се додава лимонот и мразот. Се дополнува со Сект/просеко, вода и сируп. Една моја стара слика од катчето за декорирање на маси каде сум го постирала хугово.
Со жестоките пијалоци се скарав многу одамна, уште во средношколските денови. Вино е нешто неминовно во секоја прилика, тоа си е нешто стандарт. А експерименти правиме со коктели и ликери. Тоа ми е како откривање на нови светови. Секогаш пробуваш нов вкус. А ова ни е моменталниот хит. Спојлер
Не сум баш по жестоките пијалоци, едноставно не знам да уживам во нив и повеќето не ги консумирам. Вината не се мој тип на пијалок, вкусно ми е само розе. Обожавам пиво, ама пак толку ми е вообичаен пијалок, што дури и не го сметам за алкохол. Инаку, од сите досега дегустирани видови на вакви пијалоци, без сомнеж би рекла дека најомилен ми е румот.
Традиционален чешки пијалок. Го имам пробано неколку пати, ама за нареден пат ќе си обезбедам повеќе залиха. Спојлер Jägermeister-от ми стана омилен уште откако прв пат го пробав и кога пијам, најчесто ова пијам. Многу ме нервираат овие по кафичи/диско што два прста ги наплаќаат по 200 денари. Затоа од фришоп си земав едно шише за дома, барем на раат да уживам во вкусот. Спојлер Вино и пиво можам да пијам во секое време, со ручек на пример. Со водката сум одамна скарана. И сечена и чиста и секаква. Коктели и мартини можам да пијам, а пожестоко како коњак, ракија и шток не поднесувам.
Џин. Тоа го пијам без исклучок од жестоко. И понекогаш секако пивце ммм, и вино бело, вино црвено.. Тоа повеќе по ресторани кога сме седнати со јадење не ќе пијам џин. Иначе уживам во џинот не знам зошто баш толку, не е ништо посебно..
Водка. Секаква, со сè и во сè. И Смирноф, и Абсолут, и Финландиа, и чиста, и со џус, и со боровница, и со гумени бонбони, и во коктели...