Малибу-ананас... ммм..некако ептен омилен пијалак Летни коктелчиња сакам, освежувачки.. Го сакам чоколадниот ликер на Моцарт А во зима највише си го сакам црното вино, по можност домашно, првенствено ширата де, наравно Не пијам алкохол често, ниту претерувам со пиење...си пијам за мерак!
Имам сменето неколку 1.Почнав со бело вино па после тоа долго време омилена ми беше Сангрија која ја пиев долго време се додека еднаш не претерав со конзумација и цела вечер па од тогаш нејкам да помирисам вино а не па да стаам у уста. 2.После тоа почнав да пијам џин-тоник па еден период цело време само тоа пиев мада тоа ми е летната пијачка. 3.Зимно време пиам White Russian тој коктел ми е омилен за зимо башка и ми се уклапа у атмосферата. 4.Лани се префрлив на Скопско и тоа ми е мегу омилените пијачки од кои не кревам раце.Од кога почнав редовно да искачам у Ракија бар мала кригла точено Црно Лашко ми стана мајчино млеко.Па уште летно време на тоа терасичката лабава атмосфера со лабаво музиче криглата со брускети се поти на тоа топлото мераци мх мх мх 5.Последна пијачка што ја терам периодов кога излегувам ми е дупла вотка со многу лимон,а кога ке почнам да осекам дека ме фака вотката се префрлам на Tom Collins за кој можам да кажам дека ми е омилен коктел периодов. Срека многу ретко пијам бидејки сум во некој филм да водам здрав живот без цигари и алкохол а и ми се здосади од срамот на "утрото потоа" после пијана вечер така да сега најчето фурам сок или кога пијам,пијам во ептен умерени количини по една кригла Лашко или по еден коктел зависи каде седам и во какво расположение сум.
У последно време сум верна на бакарди- кола. Посебна љубов негувам и кон вотката (во секоја комбинација, најчесто со мартини) и ракијата (у кафана или на домашни собиранки. Криво ми е само што не можам вино да пијам, дури и по една чаша ме боли глава (верувам дека тука има замешано прсти притисокот) а баш ми се свиѓа на вкус.
Бело и розе вино, вотка со портокал, Бејлис, мартини со кока кола (мммм), сангрија, пиво (туборг, амстел, будвајзер, стела артос)- не знам што е убаво