Порано пиев многу мартини, а во последно време мешам узо со швепс инаку сакам коктели многу, најмногу космо и лонг ајленд (само мохито не поднесувам)
Нешто во последно време почнав да пијам узо и ред бул ( ама не заедно ). Тоа ред булот посебно ми е вкусен, се додека не го препијам ако продолжам вака
Ако сум во кафанче бело или црно вино,а во кафич порано пиев водка со швепс а неретко и со РедБул.Последниот период најубаво ми е џин боровница.Водка мартини е многу вкусно,ама скапичко ми е за секое излегување.
Пиво,пиво и само пиво!Класика Инаку и tequilaТА ми се допаѓа,само многу процедури има при пиење-сол,лимон..
Се си сакам од алкохол, мерак сум си, ама највеќе од се обожавам бело вино. И чисто, и шприцер, и бунарче. И можам да го пијам во големи количини, нормално без да се опијанам.