Вајпаут (Wipeout) е Американско ТВ реално шоу во кое натпреварувачите се натпреваруваат во преминување на пречки.Шоуто е коментирано од страна на Џон Хенсон и Џон Андерсон, а на локацијата како презентер се јавува Џил Вагнер. Креатори и извршни продуценти се Мат Куниц и Скот Ларсен. Шоуто е снимано во Санта Кларита, Калифорнија, 40 милји северно од Л.А Премиерата е на 24 јули, 2008. Кај нас моментално оваа сезона се емитува на ТВ Сител, секоја сабота и недела од 19:30. Ја гледате ли емисијава? Јас ниедна епизода не пропуштам, се газам од смеење, има многу оригинални ликови.И коментаторот наш исто е закон.
Wipeout (Вајпаут) [ТВ Сител] Кога ќе седниме со моите дома, абе се смеам баш за сите пари Обожавам водни лудории како ова, и насмеана од 6ка до 6ка чекам да почне а коа ќе почне на земја сум цела емисија Коментаторот од лани подобар беше, овој нов е, и по не го бива, моите коментари повеќе вриштат
Wipeout (Вајпаут) [ТВ Сител] Пресмешни ми се кога паѓаат сите дома сеир им фаќаме, ама Викса мн добро ги зачинува со неговите коментари, браво за сител нешто асално
Wipeout (Вајпаут) [ТВ Сител] Кутри ми се натпреварувачите. Само за потсмев и сеир служат. И како за инат на тај најмалку шо му се смееш, парите ги зима. амн од тие американците...
Wipeout (Вајпаут) [ТВ Сител] Го гледам! Сега не толку колку што го гледав на Fox. Мене ми е релаксација да го гледам ова шоу. И да, смешни ми се фаците на натпреварувачите кога ќе направат некое урнебесно салто! Еве на што мислам
Wipeout (Вајпаут) [ТВ Сител] Хааааа не пропуштам. Многу ми е интересна емисијава, се газам од смеење A коментаторон....
Леле само како сум се смеела сношти. Натпреварувачиве зашеметени, повраќаат, промашуваат а пак коментаторов наш глупости тресење до бесвест Штета само не ја догледав, ама следната не ја пропуштам дефинитивно.
Јас си го гледам и се смејам повеќе за глупостите на Викса зашто совршен водител е за шоуво. Инаку добро е да имаме кај нас вакво шоу, вака си се смејам за глупавиве американци, посебно кога ќе видам некои дебели, па тромави одвај скокаат се пријавиле за вајпаут Али има некои моменти за аплаузи, како на пример минатата недела еден тип ги помина сите топки и тоа случајно отскокнувајки на среќа и последниот скок му беше колук напред, не знаеше кај се наоѓа на крај човекот Tопките ми се најјаки
Мене не ми е смешно кога некој паѓа, или пак фаците не ми се смешни, не знам, немам таква смисла за хумор. Мене смешен ми е коментаторот. Особено кога ќе каже-хииииииииииии!! Има многу убав глас.
Коментаторов наш е закон. Тоа ме смее. Шоуто го гледам, ама ако го фатам. Не ми е нешто најинтересно, па и затоа не сум редовен гледач. Не гледам ништо смешно во паѓањето во кал, ниту во фаците на нтпреварувачите. Да не беше Викса Вајпаут ќе беше бессмислено за мене...
Не го пропуштам. Секоја сабота и недела окулу 19:25, јас сум си пред телевизор и чекам да почне Вајпаут. Мене лично не ми е толку интересно заради коментаторот, туку заради луѓено кои паѓаат на секаков можен начин. Најинтересни ми се кај тие топките, секогаш се превртуваат на некој интересен начин. Смешни се и кога ги вртат па после треба да поминуваат низ крукчето. Е таму се како изгубени германци, па и што им се свртело од тоа, се случува и некој да залута на друга страна. Спојлер Единствено нешто што не ми се допаѓа е кога ќе ги видам натпреварувачите неиздепилирани под пазувите А Викса па, кога ќе почне. Хелда повторно со длабоко деколте.. Не ќе беше лошо на Хелда да и беше подолга јакничката.. Ние со Хелда имаме излезено неколкупати, супер си е девојката.. А да, како заборавив да кажам. Претходната епизода смешен беше со шмизларскиот глас и она: Дуброо.
Затварам очи кога паѓаат во гадосиите, се превртуваат, кога ги удара онаа палката подвижна, скокаат небаре од желе се направени, ма страв ми е од такви чуда на природата - се прашувам дури, дали мене ми фали нешто, или дефинитивно до нив е. Емисијата ми е глупава сама по себе - не гледам ама баш ништо убаво во тоа да се шљакам насекаде низ тие пречките за пари, штознам, може до мене е. Ааама свака му част на коментаторот, кој и да е - ми го продолжува животчулето.
Викса Не е толку интересно шоуто т.е има интересни работи ама не се толку смешни како коментаторот Уште пред да почне јас си седнувам пред телевизорот со а,кога ќе почне шоуто цело време сум ваква Дубро. Многу го сакам бе Викса,за маж ќе си го земам
Гледам бе, како може да не гледам? Интересно е. Ептен. Коментаторот искрено, не ми се допаѓа (ноу хард филингс). Оној од лани, полани беше далеку подобар. Сигурно ќе ви текне кога ќе ве потсетам на рибарот Климе. Викса нема некои интересни коментари. Само додава некои имиња, скокнала онака, вака, па за тие на рекламата - без безобразлуци, итн. Ама не ми е ништо посебно. Нит хумористичен ниту ништо. Како и да е, падовите на играчите ми се опасно смешни. Посебно онаа дебелата минатата недела што беше. Боже, цела се тресеше женава.
И јас гледам Вајпаут. Ова шоу го гледав уште кога Томче беше коментатор на Сител. Ама многу ме нервираше со безвезните коментари. Исто и Викса сега. Ама го исклучувам него и само се смејам на глупостите