Вдоми миленик! Ова прекрасно 6 месечно маченце бара нов дом. Мачето обожава луѓе и секогаш е расположено за галење или играње. Чувано е само во домашни услови, избањато и прочистено од паразити. За жал неможам повеќе да го чувам и барам нов топол дом за неа. Доколку некој е заинтересиран, или знае некој да е заинтересиран ве молам пишете ми лична порака.
Вдоми миленик! Е јас би сакала да вдомам мопс ако има некој,многу сакам ама многу и ми се скапи единствено би можела да дадам до 100 € веќе имам вдомено три кутренца кои ги најдов на улица,ги вакцинирав и избањав и си ги чувам во дворот бидејќи се поголем раст,а сега сакам мопсче да си го чувам внатре и да си спикам со него.Пуста жеља,ама може некогаш и ке соберам парички.И да многуууууууу сакам кучиња и мачки,ги обожавам....,..
Вдоми миленик! 20 мали кученца чекаат домче. Кученцата заедно со нивните мајки се извадени од Вардариште. Мора итно да се вдомат, за да не се враќаат пак таму, зошто сите знаеме како завршуваат кучињата во Вардариште. https://www.facebook.com/ivana.anavi.77 ... 765&type=1
Вдоми миленик! Леле, не ми се верува не му се верува не ми се веруваааааа! Имам неочекувано кутре! Како започна? Мојот другар нашол мали кутриња и едно спасил. Но, немало кој да го чува... и јас им кажав, Ќе го однесам кај ветеринарот Диме, успат ми е, па после мижеби ќе го земам. Го однесов, му дадоа апче за прочистување, го измеривме(1.70 кг беше) и го однесов дома. За џудо моиве го примија, но пред врата да го чуваме. Се сложив, зошто во ходникот е топло исто како дома, му дадов млекце разредено со вода и сега спие. Извинете ако имам печатни грешки, многу сум возбудена и рацете ми се тресат! Еве го, уште нема име, кога ќе дојде сестра ми од школо ќе решиме како ќе се вика.
Пред две недели ми се родија три маченца.Полу персиски се.Немам услови да ги чувам,инаку се чувани внатре.Се јавувам од Куманово!Кој сака нека повели
Штом почнат сами да се хранат и стекнат хигиенски навики ќе бидат спремни за вдомување. Се вдомуваат во околината на Струга и Охрид. Заинтересираните нека ми пишат пораче Белото со жолто е машко, кафеавкото е женско
Браво за темава и јас имам моментално 5 мали кученца, 1 машко и 4 женски, машкото ќе го земе еден другар а другиве дека женски никој не ги сака а незнам зошто преслатки се, мајката е мешавинче од пекинезер.. не сум во можност да ставам слика, стари се 3 недели... знам дека тешко некој да се јави ама сепак, заинтересирани, контактирајте.... Гевгелија, патем
Давам милениче Имам 3 бели ( две мали и една голема ) , и едно мале4ко кафеаво маче... ... Слободно некој од битола или околината да земи едно маче ако сака... Продолжете и пишувајте ако сакате да земите...
Ве молам ако има некој во Битола и битолско да сака да вдоми премило и предобро куче со голем раст нека ме контактира, скита на Широк Сокак го раниме понекогаш.. Кучето е пријавено во шинтерница И УТРЕ ЌЕ ГО СОБЕРАТ!!!!! Значи со други зборој денес му е последен ден од животот ве молам ако има некој машко е погодно за во села, на ниви, во дворови премило е вервајте сите на улица го галат не знам шо му сметало толку шо го пријавиле
Под итно се вдомуваат две кученциња Мила&Леа. Родени се на 02.08.2015 година. Мајката е ловџиски гонич, а за таткото се претпоставува дека е питбул. Кученцињата се исклучително убави, интелигентни и мили.Веќе си ги знат имињата, покажуваат хигиенски навики, прават здраво . Краткодлаки се и ќе растат до 15 кг. Прочистени се од внатрешни и надворешни паразити, а неделава и ќе ги вакцинираме. Растени се со деца и покажуваат особено убав и грижлив однос кон нив (во САД намерно се создаваат вакви мелези за чување и растење на деца, б-ќи покажуваат исклучително голема грижливост и лојалност). Без проблем може да се чуваат и во стан. Нивната мајка Џина беше многу малтретирана и тепана од нејзиниот сопственик, а потоа исфрлена на улица кај Пекабеско. Газдата на Пекабеско сакаше неа заедно со кученцињата (вкупно шест-четири вдомивме) да ги однесе во Вардариште на успивање. За да ги спасам, ги прибрав кај мене и ги изрснав со многу љубов во најпрекрасни кученциња. За жал, немам услови и понатаму да ги чувам. Јас живеам во стан со двор (Аеродром), но дворот не е преграден. Во станот веќе чувам две кученциња на возраст од 12 години, кои не ги прифаќаат кученцињата. Надвор им е ладно и веќе настинаа, плус не е безбедно б-ќи излегуваат надвор од двор-може нешто да ги згази, да ги повреди друго куче или маче, да ги украдат несовесни деца, да се затрујат. Пред две недели мајка им се затру б-ќи има олоши што фрлаат отров, но за среќа успеавме да ја спасиме. Кученцињата ептен ми се прираснати за срце и молам некој што многу сака животинчиња и им големо срце да ги вдоми. Кученцињата ќе му возвратат со неизмерно голема безусловна љубов, пријателство и лојалност. Секој заинтересиран, добар човек, може да ме контактира на тел. 078961736 или на ФБ профил Славица Глигориевска
Девојки сакам да вдомам куче, но некоја мала раса, како пинч, за да си го чувам кај мене на спратот, бидејки мајка ми не сака животни. Од Штип сум, па ако има некој што подарува или продава по поволна цена информирајте ме.
Се подарува самојед од машки пол, стар 7 месеци. Кој е заинтересиран нека ми пише во порака, да му дадам број од девојчето.
Se vodomuva mace staro okolu 1.5 mesec so steknati higienski naviki. Go najdov vo blizina na City mall, no bidejki ne sum vo moznost da go cuvam dokolku ima nekoj da go vdomi neka me kontaktira 071 383 867 momentalno e kaj mene bi mozelo da ostane uste nekolku dena
На анима мунди има ама мислам има уште едно здружениа за животни некако Х буквата се викаше здружението
Преслатко мало кученце личи на ши цу во стационарот вардариште ,машко. се надевам некој ке го вдоми,душа мала http://www.khigiena.com.mk/cont.asp?s=738
Здраво феминки, ми треба мала помош од вас. На сестра ми уште малце и е роденден и би сакала да и подарам кученце Bichon Frise. Таа обожава кучиња, но е алергична на нивните влакна. Оваа раса е единственатљ раса која што не се митари и не предизвикува алергиски реакции. Нејзиниот најголем сон е да чува куче, но јас немам доволно пари за да и купам. Па ви ве замолила дали може некоја од вас или пак некои ваши познаници да ми подари едно вакво кученце или пак да ми понуди некоја по солидна цена која ќе можам да си ја дозволам. Ви благодарам однапред и ги очекувам вашите одговори