1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство и вегетаријанство кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 22 јуни 2018.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Во последно време се почесто сретнувам мајки, што се одлучиле за ваков начин на исхрана кај своите деца.

    Во најмала возраст, кога детето е во раст и развој му е потребно да прима хранливи материи и протеини.
    Фактот дека без конзумирање на тие млечни производи, организмот останува без тие протеини.
    Лишувањето на детето од конзумирање на месо, риба, млеко и други млечни производи може да му наштети на развојот на детето.

    Во некои зеленчуци можеби има мала заменска доза на тие протеини, но дали тоа е доволно за децата?

    Дали сметате дека ова може да е желба на самите деца, или сепак наметнување од родителите според нивниот начин на исхрана?

    Дали би дозволиле ваков начин на исхрана кај вашите деца?
     
    На sj *O*, Lolo5, snegulkata и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.345
    Доколку ги прима сите хранливи материи преку растителна храна, мислам дека нема ништо лошо во тоа детето да не јаде продукти од животинско потекло. Има канали на јутјуб од мајки со деца вегани и децата се сосема нормални за нивната возраст. А детето кога веќе ќе порасне и ќе му се зголеми свеста, ќе може сам да си одлучи дали ќе почне да јаде месо, или ќе продолжи да биде веган. Сепак, тоа мислам најмалку можеш да му го забрнаиш.
     
    На sj *O*, Zivyle, dunika и 9 други им се допаѓа ова.
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Дали детето на толку мала возраст може правилно да расуди што сака во животот? Што ако тоа е наметнување од родителите, а не своја желба? Скоро имаше случај мислам родители вегани што го изгладнувале детето.
    Во ред, јас разбирам да не јаде месо, но кога ке биде доволно возрасно само да одлучи.
     
    На snegulkata, mariz, mode-kristina и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.345
    Ако детето сака да проба месо, не верувам дека родителите вегани би му забраниле. Ти може збориш за конкретен случај, ама повеќето што сум ги гледал, кажуваат дека не би му забраниле ако некогаш веќе се одлучи да јаде месо. А иначе и месото е еден вид на наметнување, има деца што не сакаат месо, па родителите со сила им даваат. Додека е мало и не сфаќа, сè e наметнување
     
    На sj *O*, Kaetana, Victorian и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на детето не треба да му се наметнува вегетеријанство или веганство додека се' уште е мало и не може да одлучува за себе. Децата се развиваат, ним им се потребни многу витамини и минерали од кои не треба да се лишуваат! Факт е дека постојат витамини и минерали што ги има само во храната од животинско потекло или ги има во растителните продукти недоволно, многу помалку од потребниот внес. В12, омега3 масните киселини се многу потребни, а се наоѓаат во животинска храна. А за суплементи, односно земање витамини и минерали по вештачки пат кај деца да не зборуваме. Разновидната исхрана е клучна за правилен раст и развој на детето. Родителите и да се вегетеријанци/вегани не треба да го форсираат и да му наметнуваат на детето таква исхрана. Кога ќе може да одлучува за себеси, самото ќе се искаже дали сака да биде веган или не.
     
    На angelche16, snegulkata, Victorian и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Јас сум против ова, посебно кога се работи за веганство. На млад организам во развој му треба богата разновидна исхрана. Можеби месото и така некои деца не го сакаат и не мора да е неопходно, но млечните производи, јајцата, медот и друга храна од животинско потекло и тоа како им се потребни со хранливите материи во нив.
    Мислам дека детето треба да се храни со стандардно разновидна исхрана, па кога ќе порасне и физички и со самостојно размислување и одлуки може да се одлучи за вегетаријанство/веганство од етички или било какви причини.
     
    На SwanMay, Mari*, duffi и 25 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Да не ја читаше дискусијата во ЗХЗД?
    Баш сега ја читам и гледам дека тамошниот нутриционист вели дека нема никаков проблем од здравствен аспект. Не сум читала нешто опширно за ова бидејќи моето дете јаде месо и се друго, исто и ние дома.
    Јас лично за моето дете не би сакала да е веган додека расте, сакам да внесува се и мислам дека како родител сум должна да ја запознаам со се. Потоа кога ќе може сама да избере, кога ќе може да сфати што е што и да направи едуциран избор ако сака нејзино е.
    Не ми се верува мало дете само да го направи изборот, без никакво влијание, едноставно сметам дека нема капацитет. Но, ако нема некои последици, ако родителот е доволно информиран, се консултирал со нутриционист, педијатар, детето се следи и неговата здравствена состојба тогаш океј.
     
    На Mari*, azelea, JuLleE и 13 други им се допаѓа ова.
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Ова го имам одамна размислувано, и ако порано имав став дека не е можно дете правилно да расте и да се развива без месо и производи од животинско потекло, сега воопшто не размислувам така. Нас прво што ни паѓа на памет е дека си ги изгладнуваат децата, но тоа се само несовесни родители, исти како оние кои ги хранат децата со виршли, паштети и други нездрави продукти. Проблемот со таквата исхрана е што кај нас не е многу застапена, а и тоа што го има не е за наш стандард, а за жал, некогаш и со сомнителен квалитет. Ние дома јадеме месо и сѐ што е од животинско потекло, а особено се трудам да е поквалитетно откога станав мајка, но тоа го правам од горенаведените причини и затоа што живееме во такво поднебје. И да, исто е наметнување како и недавањето месо и животински продукти, ама сѐ што е поврзано со родителство е всушност наметнување ако гледаме така на работите. Пр. со самото крштевање и религијата им ја наметнуваме, нели? :) Воопшто не го размислувам како наметнување, туку како стил на живот. Сум читала за придобивките и на едниот и на другиот вид на исхрана, а заедно со тоа и научни истражувања кои убаво објаснуваат зошто треба или не треба луѓето да бидат вегани и вегетаријанци, и искрено не можам да завземам став, затоа што и едното, и другото звучи логично. Верувам дека може да бидеме здрави со таквиот начин на исхрана и да изгледаме здрави деца, но најпрво треба да имаме желба, а и многу време на почеток за истражување и готвење, сѐ дури не ни се смени перцепцијата за тоа како треба да се приготви еден таков оброк. А се разбира и достапност на тие поспецифични продукти за наш стандард.
     
    На sj *O*, mariz, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Да, од таму ја добив идејата за темата.
    И јас не верувам дека детето на толку мала возраст може да донесе одлука дека ќе биде веган. Ај разбирам да одбива да јаде месо, во ред... Ама се од млечни производи, не ми се верува...
    Разбирам дека секој има став во врска со исхрана и се. Ама не би му наметнувала на моето дете да биде веган, бидејќи јас сум веган.
     
    На mode-kristina, Someonespecial и DAngel им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Зошто не би му наметнала да не јаде месо кога месото не е здраво туку само заситува а да не заборавиме дека организмот на човекот не е креиран за да биде месојад и дека не е добро да се убива некое животно само за да се најадеме ние. И да е здраво месото иако убеден сум дека не е, денес тешко можеш да најдеш чисто природно месо.
     
    На sj *O*, honest girl, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Не би му наметнала за млечни производи , не реков за месото. Ако јас не јадам пример кашкавал, а моето дете сака зошто да му бранам да јаде?
    Ако гледам така и овошјето и зеленчукот веќе не се толку здрави бидејќи се полни со пестициди.
    За тоа дете да расте и се развива му се потребни протеини. Кажи ми каде може да ги добие повеќе, во парче месо или некој млечен производ или во зеленчукот што е скроб?
    Исклучувам вештачки витамини, за дополнување на исхрана.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Не реков за млечните производи бидејќи се здрави и содржат хранливи материи и протеини. Реков само за месо и кажав од кои причини не е добро. Познавам луѓе кои се вегани уште од мали нозе, ништо не им фали.
    Јас месо не јадам веќе 2 години, подобро во своја кожа никогаш порано не сум се чувствувал.
    Човекот не е месојад па така да месото како извор на протеини не е изговор дека треба да го јадеме.
    Инаку многу е полесно да најдеш природно овошје и зеленчук одколку месо само треба да се заинтересираме и пазарувањето да не ни се сведува само во маркет. Еве јас живеам надвор од градот, познавам луѓе кои одгледуваат и зеленчук и овошје далеку поприродни од она во маркетите.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Извинете, ама ова е претерување според мене.
    Детето мора да расте и му требаат и протеини и масти за тоа.
    Не оправдувам.
     
    На zuto, ane.bella, mode-kristina и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ова е исто како да велиш дека на месојадно животно му е потребно овошје и зеленчук за да расте и да се развие.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ние не сме само месојадци и не споредувај неспоредливи работи.
    На лав му треба само месо, на човек му треба и месо и овошје и зеленчук
     
    На mode-kristina, lovestoneddd, JollyGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  16. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Кога работев во игротека, секој ден ни доаѓаше едно слабо и болникаво детенце, да ти е жал да го гледаш. Еднаш си игравме во кујничката и најде пластична "печена кокошка", и мајка му кога срипа: " НЕ! ОН Е ВЕГАН, НЕ СМЕЕ ДА ЗНАЕ ШТО Е ТОА!". Шта речи...

    Според мене, на децата им е потребна разновидна храна, човекот по природа е омнивор. Кога ќе пораснат, сами ќе одлучат дали сакаат да бидат вегани/вегетаријанци, нема потреба од наметнување на посебни режими на исхрана, освен во случај на алергија.
     
    На sj *O*, snegulkata, zuto и 20 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Имаше еден случај во САД, каде новороденче го растеле како веган, од раѓање.
    Бебенцето почина, а родителите се во затвор.
     
    На Cka, mode-kristina, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    @Vitaly, не сме ниту месојади ниту тревојади, туку човекот како животински вид е омнивор (сештојад). Уште од древни времиња, луѓето пронашле оган, орудија и ловеле и дивеч за да се прехранат, освен со растенијата на располагање.
    Е сега свеста на луѓето е покрената и во однос на животните, на некои од нив до толку што одлучуваат и избираат воопшто ниту за оваа потреба да ги користат. Тоа е нивно право, ама кога на некој друг му го наметнуваат, а посебно на свое дете, тогаш за мене е веќе радикализам.
    Инаку, спомнуваме млечни производи и јајца бидејќи тоа е разликата меѓу вегетаријанец и веган, веганската исхрана и сето тоа го исклучува. Не верувам дека толку вегани од најмали нозе си сретнал на овие краишта, мислам дека ги мешаш поимите.

    Едит: ако е за штетност, во градовите сѐ е загадено преку воздухот, вклучувајќи ги и овошјето и зеленчукот и водата.
     
    На 1209, Victorian, ane.bella и 20 други им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Ако ние не го знаеме тој начин на исхрана и замената за месо и животински продукти, не значи дека не се добри. Особено што овде никој не искусил ниту на своја кожа, ниту има повеќе блиски примери, па да направиме споредба. Значи има и здрави и прави деца одгледани како вегани. Има и болникави, слаби деца што јадат сѐ што не смеат првите. Реално, колку од вас се упатени во веганството? Или сѐ се заснова на прочитана статија каде починало дете на вегани? Пак ќе кажам, тоа се неодговорни родители, и истите ги има и помеѓу месо-јадачите. Малку офф, ама родителите што даваат манџи со запршка на тримесечни бебиња се за мене исто неодговорни. Лошо е овде што се дискутира за нешто што не сме детално запознаени.
     
    На sj *O*, Victorian, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.406
    Пол:
    Женски
    Јас веќе повеќе од 10 години не јадам месо и сега откако останав бремена,често ме прашуваат дали ќе му давам месо на детето. Секако дека ќе му дадам,сето тоа што го содржи месото му е потребно во исхраната. Јас не јадам,ама готвам дома,за маж ми,за гости. Во тие работи не претерувам. И не мислам дека е супер тoа што не јадам месо и не ми паѓа на памет на детето да му го наметнувам тоа. Кога ќе порасне,здравје,ќе си одлучи што му треба во исхраната,а што ќе исклучи.
     
    На snegulkata, Espadrila, duffi и 15 други им се допаѓа ова.