И јас тоа прашав претходно Мене само тоа ми е единствен проблем околу веганството. Изгледа имаат и тие некое адаптирано млеко, само од растително потекло. Ама навистина не знам. Треба да се прочепка по нет.
Ова ми е веќе екстремно. Во ред е децата да јадат здрава храна, и да се избегнува колку што може нездравата ( иако целосно тешко ) , ама стварно ми е жал за тие деца. Па кога ќе дојде некој кај детето и да му донесе нешто, мајката да му го зема и да го крие. Или кога ќе бидат повеќе дечиња, сите да јадат тоа да гледа. Еве некој беше спомнал и за во градинки ако одат тие деца, како функционираат таму со храната. Децата треба да се остават да бидат деца. Ние како сме израснале. Јас не би му скратувала ништо на моето дете ако сака да јаде.
Istoto prasanje go imav postaveno i jas na majkata koja go hrani veganski deteto, mi odgovori deka ako nemala mleko da doi, kje mu davala kokosovo mleko ili bademovo. Za sojnoto mleko mi rece ne.
Децата не се толку неразбрани како што ги правите. Доколку им се зборува и објаснува, разбираат многу. Дете кое што е растено да чувствува емпатија кон другите живи суштества и да биде свесно дека постојат луѓе кои ги убиваат поради нивното месо, сигурно нема да сака да јаде го јаде тоа месо. Во мојот случај, јас и маж ми сме вегани. Живееме одделно, никој не ни се меша. Кога ќе се решиме да имаме деца, нема да бидат под негативно влијание на блиски роднини бидејќи и тие го разбираат нашиот став и го почитуваат, иако тие самите се омнивори и јадат процесирана храна плус. Пак ќе кажам, мене ми е жал за тие деца кои што се болни постојано, а јадат процесирана храна и производи од животинско потекло. Нема да ми биде жал што ќе ги учам моите да знаат дека сите постапки имаат последици, така е и со исхраната. Еве ви линк од интервју на неколку родители вегани. Ќе видите дека начинот на кој што размислуваат не се совпаѓа со вашата перцепција дека тие деца плачат по месо или џанк фуд. А што се однесува до „Па и ние сме пораснале така, што ни фали?“, многу ни фали. Од 13 години лечам заби поради јадење на благо (а пазете, мајка ми колку толку не учеше дека тоа не е здраво, па не јадевме често), анемична бев од 14 па се до 22-3, настинував често, имунитетот ми беше слаб. Не сакам моите деца да го преживуваат истото и судејќи по искуства на други родители вегани, сметам дека моите ставови се на место.
И како би било кокосово млеко замена за формула? Што корисно ќе прими тоа дете ако пие само кокосово млеко?
И јас мислам дека не е во ред чисто кокосово или бадемово млеко да се дава на новороденче, посебно поради можни алергии. Еве линк до веган бејби формули, најмногу се базирани на соја но има и опција без соја исто така.
Тоа е во ред, ама дали тие опции се достапни кај нас? Знам дека не си во МК. Сепак мора да се прилагодуваме на околината во која живееме, нели?
Екстремно е ако детето има проблем со таквата исхрана, а родителите се држат до своите идеали по секоја цена. Исто како што е екстремно ако на детето му штети исхраната од животинско потекло, ама родителите му бутаат, само затоа што сметаат дека детето треба да јаде СЀ. Добар родител никогаш не би дозволил детето да му страда. А тоа нема врска дали се вегани или омнивори.
Ако веќе оние што јадат месо ги викате омнивори, може ли веганите да ги викаме хербивори? Еднаков третман за сите, не бидете нефер
Да, ама ти на своето дете уште од мало му го наметнуваш твојот став да биде веган. Не мора да значи дека ако детето јаде млечни производи е постојано болно. Ако во твојот случај е било така како мала, не е кај сите. Постојат деца што пример се алергични на глутен и не јадат ништо а се болни, и обратно. А со тоа како сме пораснале, во тоа време што јадевме се, бевме 100 пати поздрави него сега. Порано животниот век беше каде каде подолг, а сега уште какви не болести има.
Баш ми е жал што си имаш мака со расипани заби. Ама не е баш се така црно и бело. Мене ми е жал па што омниворската исхрана веднаш по дифолт се поврзува со нездрава храна. Не значи дека ако некој јаде млеко, месо и јајца живее на џанк фуд. Ниту пак значи дека ако си веган се храниш здраво. Јас живеев со веган Индијка (која од религиозни причини беше веган) и живееше на џанк фуд. Имаше вишок килограми и мал милион ситни проблемчиња што со заби што со нокти и коса. Се хранеше со пржен компир, чипс, тесто, вегански чоколади и слично. Дискусијата тука не е дали некој се храни здраво или не, туку дали е добро на бебиња и деца родителите да им наметнуваат одреден тип на исхрана. ОК е поголемо дете да избере ама под поголемо дете подразбирам дете кое што веќе оди на училиште и има когнитивен развој барем на степен на конкретни операции. Се пред тоа е наметнат избор од родителите.
Работата е што сите правиме нешто што мислиме дека е исправно, а уствари,никој не знае што е исправно, само се водиме од нашите искуства со нашите родители, кои па исто правеле поучени од своите искуства со своите родители, и се' што правиме е копаме докази да си себепотврдиме дека нашето е океј. За х години од сега, децата ќе прават нешто друго, поучени од исто така лошите искуства. И се' е за доброто на детето, а дали.
А чив став да наметнам, на комшивката ли? Што знам, во мојата околина додека растев, сите деца горе-доле беа како мене во однос на здравјето, од таму и мојот заклучок. Што се однесува до животниот век порано, имало такви луѓе, ги има и сега. Порано не сме можеле да ја шириме информацијата доволно брзо, башка што не се водела евиденција нешто посебно кој од што умрел, така да не може да се спореди. Тоа што може да се види јасно се статистиките денес. Ти на твоето дете од раѓање му даде да бираш што сака да јаде или му наметна твој став, според она што мислиш ти дека е правилно? Значи и ти наметнуваш, не е тоа дискусијата. Според мене, plant based веган исхрна е правилно, здраво и дава одлична основа за понатамошно развивање. Растенијата се богати со нутриенти кои што се потребни за здрав развој. Немам намера да се убедувам со вас бидејќи не сакате да прочитате ништо ново, се едното исто го вртите во круг.
Tемава тргна во правец на 'Добри вегани' и 'Лоши месождери'. Заборавивте дека тука збориме за веганство кај деца во раст и развој, не за возрасни личности, со развиена свест за расудување на морално и неморално, правилно и неправилно, штетно и здраво. Проблемот го гледам во наметнувањето. Родителите често сакаат децата да се нивен копи пејст или пак преку нив да остваруваат некои цели и идеали за кои самите не можеле. Како што сум против на мали деца да им се наметнува религија, политички ставови ( како што гледаме мали деца по протести ), тип на образование и сл така сум против и наметнување на веганството додека тоа дете уште не знае ни што претставува истото. Дете кое не сака месо,од мало ќе одбива без ти да му збориш како е штетно и како невини животнинки страдаат за да оно има месо на трепезата. Исто како дете на кое му се гади боранија/леќа на пример, збори му до сабајле колку тоа е здраво, пред тебе ќе касне 2 3 лажици а ќе се искраде и ќе отиде да купи тост/сендвич,само колку да не ја разочара мамата веган.
А зошто му го наметнуваш? Може тоа дете нема да сака да биде веган како ти. Детето ако не сака да јаде месо, самото ќе го одбива, немора ти да не му даваш. Сите се стремиме кон здрава исхрана на нашите деца. Веган не значи здрава исхрана. Можеш да бидеш веган а да јадеш пак нездрава храна, а можеш и да не си веган а пак да јадеш здрава храна. Ако имаш некој друг став во врска со нешто друго, и тоа ли ќе му го наметнуваш?
Не ми одговори, ти не му наметнуваш свој став во врска со исхранта на своето дете? Кога се роди, ти реши како ќе го храниш, а не тоа самото? Plant based vegan diet се заснова исклучително на растителна исхрана, без џанк фуд. Доколку ме прочита предходно, ќе знаеше дека не јадам џанк фуд воопшто. Ама, нели треба да се пише нешто против ако нашите ставови не се совпаѓаат?
Тоа не е наметнување. Јас имам за право како родител да му понудам исхрана од се на моето дете. Тоа само ќе одлучи што ќе јаде, а што не. Ако несака да јаде месо, што ќе правам зорле ќе му бутам во уста? Детето може да јаде и здрава храна и покрај млечните производи и месото. Не значи дека ние ако не сме вегани, на децата им даваме само нездрава храна. Не пишувам ништо за инат или било што. Дискутирам најнормално. Ти имаш твои ставови, јас мои. Неможеме сите да се сложиме со се.