Веганство и вегетаријанство кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 22 јуни 2018.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Драга, никој тука не се расправа,си дискутираме нема потреба од дизање тензии и вперување прсти еден кон друг кој е и кој би бил подобар родител.

    Јас ќе одговорам на твоето прашање. Сеуште не сум родител ама кога би била, детето би гледала да го хранам најразноврсно што можам, со што поквалитетни продукти, што од растително што од животинско потекло. Здравје кога потпорасне, самото ќе одлучи која храна повеќе го влече и одговара на неговиот организам. Ти идеш според претпоставската дека месото е нездраво, а овошјето и зеленчукот здрави.
    Факт е и за двете,дека ако не знаеш од кого купуваш и двете се штетни. Животните ги клукаат со хемикалии, стероиди и концентрати, а растенијата ги прскаат со еден куп препарати за да има што повеќе род и да се заштитат од расипување. Плус теорииве за ГМО што се. Доаѓаме до тоа дека при невнимателно купување и двете се штетни.
     
    На blackwave, Nausicaa, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Посакувам да бев израсната со вегетаријанска исхрана, без месо. Факт е дека човечкото тело не е наменето за да јаде месо, иако можеме да го јадеме. Ама не иде Балкански ручек без месо, нели? :D

    Не гледам што би му било лошо на едно дете да расне како вегетеријанец. Може да ги внесува сите потребни материи за растење и што веќе не. Па и за веганска исхрана има многу опции, иако не сум сигурна.

    Сепак се е до личниот став на детето, кој да, може да се оформи и на многу мала возраст. Мојата другарка не ставила место во уста од 5-6 годишна возраст. Супер и е здравјето инаку.
     
    На Sparkles27, honest girl и Lella им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Јас на моето дете му давам да проба секаква храна. Се трудам да ограничам внес на нездрава храна. Инаку да сите групи на намирници му ги давам подготвени во здрава форма. Штом ќе порасне нека одбере како сака да се храни. Според мене со разновидна исхрана се добиваат сите потребни нутриенти за да може детето правилно да се развива. На пример хемоглобинот од месо е најлесно искористлив зашто е во иста форма со онаа која е во нашиот кртовок зашто и ние сме нели животни (од зелечнук мора обавезно да се комбинира со витамин Ц за да може не-хеме железото да се трансформира во хеме железо). Така што кај помали деца едноставно е подобро да се дава месо заради превенција на анемија. Исто е и со калциумот и слично. Бебињата и децата јадат помала количина храна и едноставно е дека им треба храна која грам по грам ќе им даде поголема количина на хранлива материја. Кај возрасни е различно.
    Кај мене суштината е во балансот и во нудење на здрави намирници зготвени на здрав начин, не во ограничување на изборот на едни намирници.
    Брат ми е на пример вегетаријанец од етички причини ама неговото дете јаде месо зашто тоа е препорака и на лекарите и на здравиот разум кога е во прашање исхрана на бебе/дете. Ако после одредена визраст детето само почне да одбива месо или млеко или јајца или не знам што не би го форсирала по секоја цена да јаде тоа, ама додека е мало клучот е во умереноста и застапеноста на сите видови намирници.

    Не сум ограничена и не е дека не прифаќам нови гледишта туку само дискутирам на темата врз основа на лично искуство и она што го имам читано.
    Не се секирај за тоа дека наметнувам нешто од неинформираност. Во денешно време постојат толку многу ресурси да се прочитаат и да се разгледаат што не е баш дека сите носат одлуки и избори од неинфромираност. Еве јас на пример до сега немам сретнато научна студија од типот метанализа која ги има запазено баш сите методолошки ригорозни проверки на избор на примерок, контрола на другите аспекти која уаќува на суперирност на веганство наспроти другите типови на исхрана за здравјето на луѓето.
    Искуства на луѓе кои пишуваат на интернет не ги сметам за научно релевантни бидејќи се баш индивидуални искуства.
     
    Последна измена: 25 јуни 2018
    На oblace1, Lolipop23, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.187
    Допаѓања:
    175.658
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека не треба да се наметнува исхрана на деца. Се по што ќе посегни, а не е премногу нездраво - нека проба, нека јади. Брат ми како дете не јадеше месо зошто му беше одвратно. Со години не јадеше. Еден ден му замирисало подобро од обично и реши да проба. Сега јади. Ни на момент моите не му го буткале со сила пред нос, ни пак сега му го бранат дома. Тоа мислам дека е ненаметливост во мои очи.
     
    На mode-kristina, Ambitious, Tan4ence и 10 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Јас сум против ограничувања. Давам се. Ако одбие не форсирам ама и не се правам -еве одби и веќе никад да не понудам. Мојот е месар обожава месо. А дискусии од типот јас намајка и сега на сите ќе им судам тотално ги избегнувам.
     
    На oblace1, blackwave, mimiiiii и 6 други им се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.052
    Допаѓања:
    69.197
    Железото од растенијата се усвојува помалку, но доволно е да се консумира храна богата со витамин Ц и потребните количини ќе бидат усвоени. Многу растенија содржат и железо и витамин Ц во исто време.

    Повели метанализа за вегетаријанскиот и веганскиот начин на исхрана.

    Оваа книга ме поттикна да истражувам повеќе за веганската исхрана, па затоа топло ви ја препорачувам.

    А што се однесува до искуствата на интернет, сметам дека секогаш е добро да се знае повеќе, бидејќи крај краева, истражувањата не би имале смисла ако не се земат во обѕир вистински луѓе и нивните искуства.
     
    На Sparkles27, Ketchup и CoverGirl10 им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Имаш деца?
     
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Нема хипотетички пишува.

    Фала за истражувањето ќе го прочитам убаво.

    За железото и јас ти пишав дека мора со растителна исхрана да се внесува витамин Ц не ме прочита убаво изгледа. Само што ти објаснив зошто кај деца е подобро да јадат месо. Ти пишав ради количината на храна што ја внесуваат и далеку поголемата потреба од внес на хранливи материи отколку кај возрасен (бидејќи растата и се равиваат). Плус витаминот Ц се разложува на висока температура а бебиња не смеат да јадат незготвен зеленчук.
    Така што за возрасни кој како си сака, ама дете треба да внесува од сите групи на производи. Поголемо дете нека одлучува ама мало не.

    Ако веќе зборуваме за лични примери еве еден мој малку негативен за веганство. Во бременост се здебелив малку повеќе и за да ослабам и да се решам од егзема отидов кај нутриционистка која ме стави комплетно на веганска исхрана. По три месеци надуеност, проблеми со столица и нерешавање на егземата прекинав бидејќи и железото ми се симна на 7. Лекарот кој ме прати на нутриционист ми се извини и ми препиша таблети со железо. Се вратив на мојата секојдневна исхрана и сега пу пу желеозот ми е нормално. Егземата сама од себе почна да се нормализира (како што се смируваа хормоните), а јас со возење точак ослабев повеќе отколку со диетата.
     
    На slobodka, Tan4ence, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.052
    Допаѓања:
    69.197
    Те прочитав, па затоа и пишав дека постои растителна храна која во исто време содржи и железо и витамин Ц. Додека читав за двата видови на железо, наидов на неколку студии кои што велат дека хеме-железото води кон зголемен ризик на рак на простатата. Повели и линк од изворот.

    Точно е дека потребите на децата се поголеми, но и преку веганската исхрана со правилно распределување на оброците по разновидност во составот може да се внесат сите хранливи состојќи потребни за раст на детето. Како што веќе кажав предходно, немам деца се уште и не ми било приоритет да разгледувам мени за бебешка исхрана, но барајќи повеќе информации на темава бидејќи твоето мислење ме поттикна да истражам повеќе, наидов повторно на многу статии објавени од веродостојни извори, а не лични блогови, кои што укажуваат на тоа дека на децата кои што се хранат на овој начин, им се дава тофу, грав, леќа, соја, грашок, ориз, сушени кајсии итн. храна која што може да ја изедат во голема количина поради малиот процент на влакна. Еве и линк од изворот.

    Но доколку се вари на пареа голем дел од витаминот Ц се задржува во зеленчукот. Исто така, една студија покажала дека доколку се вари во вода, дел од витаминот Ц останува и во водата. Повторно, еве линк од изворот од кој што се информирав.

    Нормално е во првиот месец или два да се има надуеност и дискомфорт бидејќи телото се привикнува кон внесување на повеќе мешунки, но после тоа подуеноста целосно се намалува, барем кај мене беше така. Проблеми со столицата настануваат доколку внесуваш малку влакнеста храна, затоа е пожелно да се јаде многу овошје кое што содржи влакна. Јас се држам до овој метод и немам никаков проблем во тој план.
    Мислам дека нутриционистот кој што си го одбрала тогаш не бил доволно информиран, па затоа волку проблеми ти изникнале. Јас сум веган од почетокот на годинава, редовно го проверувам железото меѓу останатите вредности и за сега се е во ред, па од таму мојот заклучок дека твојата диета била најверојатно фалична.
     
    На Ketchup, CoverGirl10 и NarCis@ им се допаѓа ова.
  10. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.819
    Пол:
    Женски
    Извор? Страна која се вика growingnaturals. Неколку студии? Јас на линкот не видов ниту една. Ако нешто постои како текст на некоја веб-страна, не значи дека е студија.

    20180626_182552.png
     
    Последна измена: 26 јуни 2018
    На oblace1 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.701
    Допаѓања:
    40.072
    Пол:
    Женски
    Се фативте само за месото. Штетно било, вакво било онакво било. А за јајцата,млекото,јогуртот и другите млечни производи што ќе кажете? И тие ли се штетни?
     
    На mode-kristina, kukla21, iloveyou29 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.052
    Допаѓања:
    69.197
    Повели друг линк, тој предходно го постирав бидејќи беше последен кој го отворив додека пребарував за оваа проблематика. Овој е од Oxford University Press.

    А зошто не направи поопфатен скрин па да се види и делот погоре кој вели дека воведувањето на цврста храна кај бебињата од шест месеци е иста кај вегетаријанците и веганите, исто како и за останатите бебиња.

    Делот со разновидна храна се мисли на растителна исхрана, бидејќи оваа статија се однесува на прашањето дали е возможно да се одгледаат здрави бебиња и деца на веганска и вегетаријанска исхрана.

    Unbenannt.JPG
     
    На Ketchup и NarCis@ им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Кажав и претходно. Во дискусијата заборавате битна работа- генетската предодреденост. Ако на вас одредени вид на исхрана не ви годи, не значи дека автоматски таа исхрана е нездрава. Јас не поднесувам грав, ми прави проблеми со стомакот - значи ли ова дека гравот е нездрав? И растителна храна може да "не ви одговара".

    Од мала јадам скоро се, па освен минорни проблеми, здравјето ми е супер, јак имунитет имам, немам алергии, железото ми е 15-20 без да внесувам многу храна богата со железо. Секако, улога има и генетиката.

    Само немојте да и кажете и медот дека не е здрав.
     
    На mariz, Joi и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.014
    @SV1911 верувам дека имаш доволно истражувано и прочитано на оваа тематика и дека веганскиот начин на исхрана ти делува позитивно. Пред се поради предходно споменатото и поради дисциплинираното и балансирано внесување на се што е потребно преку соодветна замена со иста/слична нутритивна вредност.
    Се надевам дека еден ден ќе биде истото спроведено и кај децата и нема да ти се погодат нејадачи.
    Јас имам три, исти родители сме, ист начин на исхрана, исти продукти(јадеме месо/млеко), на ист начин подготвено... на големата и готвев некогаш и по 4 различни врсти на храна само да отвори уста и да апне неколку залчиња. Средното јаде да не речам колку мене, ама ќе си ја изеде нејзината порција, репете, и пола од на сестра и(оти она никогаш не дојадува). Со сила не можам да пикнам.
    Мене само овој момент би ми бил загрижувачки. Ако дете и така многу малку јаде, колку би бил изводлив овој начин на исхрана. Зборам за бебиња и мали деца каде зборување и објаснување или обид да се пренесат нашите навики не се секогаш успешни.
     
    На Kitten, kukla21, JoyJoy и 10 други им се допаѓа ова.
  15. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.423
    Допаѓања:
    8.590
    Пол:
    Женски
    Не сум мајка, ама од она што можам да го видам од околината, мајките воведуваат веганска или вегетаријанска исхрана од мода. Да воведување таква исхрана е од чисто помодарство, да имаат со што да се истакнат од другите мајки кога ке седнат на маса, да бидат посебни и напредни,не дека добиле просветлување или стварно прават нешто значајно и битно за детето.

    За здрав начин на исхрана секогаш, а тоа значи избалансирана со продукти од животинско и растително потекло.
    Значењето на месото за мало дете не може да го замени ништо. Ниту една тревка, зеленчук и не ти знам што. Од големо значење за правилен раст и развој се млечните и месните продукти, покрај тоа и зеленчук и овошје. Не познавам дете на кое му фали нешто од ваква исхрана, напротив.

    А и зошто би му наметнувала на детето веганство или вегетаријансрво? Каква е потребата од истото, која е причината?
     
    На blackwave, lovestoneddd, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ако се водиме по таа логика тогаш зошто би му наметнувале на детето да јаде месо?
    И да е од помодарство како сакаш кажи, но тоа е поздрав и подобар начин на исхрана.
     
    На Sparkles27 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Зошто сметаш дека е поздрав?
     
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Има многу причини зошто е поздрав веганскиот или вегетаријанскиот начин на исхрана и живот. Верувам знаеш каква корист има од зеленчук овошје млеко и јајца а каква корист има од месото. А и од етички причини не е добро бидејќи некое животинче треба да биде заклано за да се најадат луѓе.
     
    На Sparkles27 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Кога ќе прочитам тревки... Да, тревки, баш оние во двор што растат. (facepalm)
    Додека јадев месо, не знаев подалеку од домати и краставица. Сега сфатив дека има милион продукти од растително потекло со кои може да направиш оброк за кој воопшто не ти треба производ од животно.
     
    На Sparkles27 и SV1911 им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Јас каде да се обратам што моите не ме хранеле со разна храна полна со витамини и минерали, лососи, тофу, лешници и ф'стак...што ми наметнале да јадам виршли, да се радувам на неделниот ручек -копани со ориз, да сметам дека свинското е на ниво на морски плодови оти е (беше) околу 300 денари кило (скапо), итн итн...Нормално дека исхраната ни е наметната од родителите, може ќе не прашаат мени да си направиме откако ќе направиме истражување на нет за здрава храна па ќе следат по менито. И тоа таму некаде на годинка или две. Не наметнуваат само вегетеријанци и вегани, наметнуваат сите. Да не се лажеме со -разновидна храна која значи јадење се и сешто, пишува за секој производ што содржи и доколку се работи за родители кои извршиле истражување, имаат време и можности да се хранат разновидно и квалитетно без месо, тогаш ок за нив и за нивните деца. И да се малку послабички нивните деца, дете треба да е слабо и витално, не буцкасто со меше ко на чичко стално со пиво во рака.
     
    На Sparkles27, Joi, Lella и 4 други им се допаѓа ова.