1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство и вегетаријанство кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 22 јуни 2018.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    А може ли да се договориме, кој како сака нека си го храни детето? м?

    На крајот-на краиштата, некои работи не ни можете да ги предвидите, дали ќе бидат проблем, додека не ви се случат.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Tuka psiholoskiot moment e deka navikite od najmali noze se steknuvaat mnogu potesko e deteto da stekne zdravi naviki pokasno po svoja volja..
    Jas kako roditel ne bi mu davala se da jade normalno deka ne bi bila rigorozna i ne bi odela vo ekstremi no bi se potrudila da mu vlijaam na navikite za zdrav nacin na ishrana vo pravec na vegetarijanstvo.
     
    На Sparkles27 и SV1911 им се допаѓа ова.
  3. loreddie

    loreddie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    66
    Клучни прашања кои треба да се одговорат за да се расчисти заблудата на луѓето дека на човекот му се НЕОПХОДНИ производи од животинско потекло.

    1.Зошто кравата дава млеко ?- Кравата почнува да дава млеко од истата причина како и женката од човечкиот род,за да го исхрани своето младо. Доколку на човекот би му биле потребни млеко и млечни производи тогаш кравата би била машина за млеко која непрестајно би давала млеко само со пасење на трева,а не само откако ќе се отели.
    2.Дали кравјото млеко содржи ПРОТЕИНИ НЕОПХОДНИ за правилен раст и развој на детето? - Протеини содржат,но во МНОГУ ПОГОЛЕМИ количини отколку што на детето му се потребни. Хормоните и протеините во кравјото млеко се наменети за да се израсне цело ТЕЛЕ ,не дете.
    3.Протеините од месото?- Месото е всушност мртво животно.Доколку не се обработи термички кое и да е животно почнува да скапува и да трули.Со конзумација на месо буквално внесуваме лешеви во организмот т.е. смрт.Нема ништо неопходно во протеините од месото.Освен тоа,конзумацијата на месо предизвикува протеинска ацидоза која носи зад себе низа болести,што не е случај со протеините од растително потекло кои го алкализираат телото.
    4.Омега-3-масни киселини?- Уште една заблуда која гласи дека овие многу важни нутритиенти се наоѓаат најмногу во морските плодови како лососот,пастрмката. Да ,тие ги содржат ,меѓутоа не ги синтетизираат. И тие ги добиваат од алгите во водите,што значи дека сепак водат растително потекло. (ленено семе,чиа семе,спирулина како претставник на алгите содржат најголем процент на омега-3-масни киселини) Храната од животинско потекло има неизбалансиран размер на 3:6:9 масните киселини кои предизвикуваат низа воспаленија кои може и со години да се таложат без да се манифестираат.или да се манифестираат со знаци кои сметаме дека се занемарливи.
    5.Калциум?- Не може да се негира фактот дека кравјото млеко БИ БИЛО одличен извор на калциум ако се занемари фактот дека истиот тој кој би требало да превенира остеопороза и други коскени заболувања всушност игра важна улога во ДЕГРАДАЦИЈАТА на калциумот од коските(се поголем е бројот на научните студии кои го потврдуваат тоа). Процентуалната застапеност на калциум во сусамот,ќелот,спанаќот,бадемите,суви смокви,чиа семе и на многу други Е ПОВЕЌЕ ОД ЗАДОВОЛУВАЧКА доколку правилно се комбинира и дозира.
    Исто е научно докажано дека казеинот од млекото се поврзува со нервните рецептори во мозокот за кои што се поврзуваат и психотропните супстанци.Од овде доаѓа она:Не можам да седнам да јадам без сирење на маса,затоа што предизвикува ЗАВИСНОСТ.
    6.Јајца?- Што се јајцата?Недоквакани пилиња.Запрашајте се зошто содржат јајцата толку холестерол и протеини во себе?Затоа што тие претставуваат почеток на еден живот, на ЕМБРИОН кој ги користи тие материи за да се изгради во пиле.

    Главното прашање,има ли поента да се јаде нешто од кое што немаме корист и немаме потреба,туку само затоа што е вкусно?Човечкиот род како најсовршен род на планетата може да победи нешто за кое што мисли дека не може.Желбата и алчноста за храна е поголема од силата на САМОКОНТРОЛА ? Кој неможеда воспостави самоконтрола ,мислам дека на сите ни е познато.


    Се надевам дека постов ќе ви помогне да разберете и да си расчистите сами со себе некои заблуди во кои се верува сеуште на денешен ден.Човекот пати од недоволна информираност,греота е при условите кои ги носат со себе годините кои идат да останеме со сфаќања наметнати од годините кои поминале.
    Веганството може да биде многу лошо доколку не се едуцираме правилно пред неговото применување.Меѓутоа,доколку се спроведува правилно,се придонесува значително како за подобрување на животот на детето,така и за околината во која живееме.
     
    На FreeMind, Sparkles27, tigrica92 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Ова е најреалниот пост во врска со оваа тема.

    Кога станува збор за исхрана на децата, речиси е невозможно со сила да им пикнеш во уста. Многу родители имаат кажано дека нивните деца сами си бираат која храна им е вкусна, а она што не им се допаѓа го плукаат. Без никој да им објасни, иако малите деца и онака нема да разберат дека одредена храна е здрава или не е здрава, децата едноставно имаат одбивност кон одредени типови на храна.

    Детето не знае дали во кашичката има банана+праска+круша или јаболко+црешни+морков (ова го пишувам паушално, родителите знаат која храна одговара на месеците) и не знаат кој е бенефитот, а толку одлучно ја плукаат храната која не им е вкусна. Некои деца со сласт јадат каши со месо.

    Затоа вегетаријанството и веганството како опции треба да бидат одлука која децата ке ја донесат кога ке се доволно возрасни за да одлучат да го направат тоа од љубов кон животните, од вера или икс други причини.

    Не гледам причина родителот да му ускратува да детето месо, јајца и млечни приозводи затоа што тој смета дека треба да го направи тоа. Иако можеби постојат производи кои целосно можат да ги заменат овие производи, тоа не е аргумент да му ускратите на детето месо, кое како вкус, можеби ке му е омилен на вашето дете.
     
    На Spidy, 1209, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Причините поради кои што ги скратив сите овие работи од мојата исхрана, а понатака планирам воопшто да не ги воведувам во исхраната на моите деца во иднина е бидејќи нема потреба, штетни се. Зошто се штетни објаснив во многу постови пропратени со линкови од истражувања, а многу убаво е сумирано од @loreddie во постот пред тебе.
     
    На Sparkles27, Sanjichka007, honest girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Во ред, тоа е твоја одлука, ти си возрасна личност со изградени мислења. Ама исто така и јас сум возрасна личност и сметам дека месото, јајцата, млекото и млечните производи не се толку штети како што е сумирано во постот погоре.

    За мене, покрај тоа што е материја за хранење на телото и начин да се обезбедат потребните масти, јаглехидрати и протеини, храната е и уживање, а јас сум личност која ужива во сите типови на храна, а особено оброците кои содржат месо.

    Истражувањата кои не ги оспорувам и не велам дека не се вистинити, нема да ме уверат во тоа дека месото е штетно и дека веганите или вегетаријанците се поздрави од луѓето кои јадат месо. Јадам месо, здравствената состојба ми е одлична, крвната слика го потврдува тоа, па немам ниту една причина да се откажам од храната во која уживам.
    Во иднина, истово ке им го пренесам на моите деца, а доколку тие во одреден момент одлучат дека треба да ги исклучат месото, јајцата, млекото и млечните производи од нивната исхрана, ке ја почитувам нивната одлука.
     
    На Spidy, Nausicaa, Joi и 3 други им се допаѓа ова.
  7. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Веганската исхрана всушност претставува мртво растение. За ти да јадеш спанаќ, компир или магдонос, тие морале да бидат скинати и одделени од своето стебло на кое што си живееле. Со конзумација на растенија буквално внесуваш растителни лешеви т.е. смрт. Се почести се научните студии кои докажуваат дека и растенијата имаат нервни рецептори и чувствуваат болка. Па, не за џабе е поговорката „Тревата те моли, не гази ме - боли“.
     
    На Spidy, Amellie13, mariz и 12 други им се допаѓа ова.
  8. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    :rofl:
     
    На FreeMind, mariz, asdas и 2 други им се допаѓа ова.
  9. loreddie

    loreddie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    66
    Ова се случува кога се кажува нешто само колку да се оди контра.Ќе ти одговорам.
    Семињата кои се наоѓаат во плодовите и растенијата кога ќе се посеат даваат нови и нови плодови. Една главица кромид може однадвор да почне да трули и да гние,но внатре ? Внатре почнува да 'рти ново кромидче. И ова е резултат на неинформираноста , неможам да замерувам само сакам да ги споделам со сите вас работите и фактите за кои се има погрешни сфаќања.
    Да сумирам , со кинењето на растенијата не се умртвуваат. Тие содржат биолошки активни материи наречени ЕНЗИМИ кои го одржуваат животот и енергијата во плодот.
     
    На CameliaMiller, Sparkles27, honest girl и 4 други им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.865
    Пол:
    Женски
    Многу си оффтопик ама и јас со одење во оффтопик ќе одговорам. Мене лично не ми одговараше. Пиев по литро и пол цеден сок од цвекло, морков, јаболко и лимон дневно. Јадев кило и пол овошје дневно и плус јадев мешункасти растенија секој ден. Мене лично тоа не ми одговараше. Зборувам за себе. Одев кај нутрициноистка која е мнгоу позната, фалена и кај која оди пола Македонија што е на посебен начин на исхрана. Не отидов кај некој налбат приучен.

    Знам јас дека мешунки се богати и со влакна и со протеини и дел од нив со железо, ама на бебе пред 10 месеци не може да му ги дадеш. Баш заради гасовите. Има деца кои и после тоа имаат проблем со варење на таква храна. Сум искусила што значи едно и пол годишно дете да стане од сон и да пишти ко луд, да цупка во место и да се држи за стомак во 3 саат сабајле зашто претходниот ден каснал малку повеќе грашок кој го обожава. И се да се смири откако ќе се искака. Јас зборувам за лично искуство ти матиш вода па ја бистриш само за да се најдеш во темата и да се докажуваш.

    На крајот од денот секој има право на сопствен избор само не знам зошто ако некој реши да дава и месо и млеко на своите деца е веднаш се ставаат етикети. Не значи дека давам паштети, виршли и глупости. Два дена во неделата моето дете е на вегетаријанска исхрана, три и ли четири дена јаде месо, еден или два риба. Се е варено, на пареа зготвено или печено.
    [COLOR=rgba(0, 0, 0, 0.87)]Значи давам можност детето да види што му се допаѓа а што не. За да може [/COLOR]
    Јаде и просо, бунгур, киноа и слично. Намирници за кои бабите не слушнале. Немојте да ги изедначувате денешните мајки со вашите. Секој правел избор сходно на времето во кое живеел. Вашите родители ве хранеле на начин на кој тогаш се хранеле деца. Сега сите повеќе читаме, проценуваме, премеруваме по сто пати. И не нема да дозволам некој да имплицитно да ме нарекува лоша мајка или мајка која не му мисли добро на сопственото дете само затоа што сум одлучила на детето да му понудам избор наместо да му ја наметнувам мојата исхрана.
     
    Последна измена: 27 јуни 2018
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Баш напротив. Етикетите тука се за веганите и вегетаријанците. Како ненормални што им ускратуваат сѐ на своите деца. Дека им наметнуваат свои одлуки и сл. А всушност сите како родители наметнуваме нешто.
    Што значи ако се најдеш во ситуација на потенцијална сообраќајка и да треба да прегазиш куче или трева, тебе би ти било сеедно, пошто и првото и второто ќе плаче и ќе го боли. Прошетај по кланици, па ќе правиме муабет за научни истражувања за растенија.
     
    На FreeMind, CameliaMiller, honest girl и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    А да кажеш дека и животното трпи болка ко човекот, дека и тоа има свест и осет, ќе кажете дека не требало да рамниме човек со животно. Ама животно и растение треба да се рамнат. Исто е, мртво куче и искината пиперка. Смрт си се смрт. (facepalm)
     
    На CameliaMiller, honest girl, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не е воопшто смешно мислењето на @asdas, во право е девојката со паралелава. И тоа е тоа претерување и радикализам – споредба со канибали, со користењето на јајцата практично правиме „абортуси“ кај кокошките... шта речи :drunk:

    И јас имам читано за ова со рецепторите за болка кај растенијата, само што сепак и ова се нови информации и не ми се од скроз сигурни извори, па не спомнав. Во секој случај, и растенијата се живи организми.
    Така да сметам дека човекот едноставно не може да преживее бидувајќи етички целосно чист пред природата и не повредувајќи воопшто живи организми. Како интелигентно суштество сме напреднати во морална смисла со тоа што денес не се јадеме и не се повредуваме физички меѓу себе (не сите, за жал), а и кон животните и со тоа што многумина и од нас кои не сме вегетаријанци/вегани не оправдуваме изживување и убивање животни за забава. И тоа е тоа што како етика низ воспитување обавезно би му го пренела на своето дете – да не му падне на памет да тепа и повредува мачки и кучиња по улица како за почеток. А што ќе избере од разновидната исхрана што ќе му ја понудам, понатаму кога ќе порасне – тоа е само негов избор.
     
    На asdas, Nausicaa, mode-kristina и 5 други им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Не осудувам секој има право да биде и да живее онака како што на него му е најдобро и најубаво.
    Ние лично јадеме се со граница и баланс.
    Не го сваќам само моментот кај бебиња и деца на веганство па и вегетарјанство, побогу ако мајкава нема млеко со што ќе го храните?
    Од 1 месец со кокосово или бадемово?!
    Тоа не е замисливо.
    Плус моментот кога дете ти одбива се што ќе му дадеш, па згора на ова и веганство да се стави би било катастрофално по детето.
    А знаеме сите мајки дека сите бебиња и деца имаат периоди и периоди, кога јадат а доста чести периоди па и фази кога ништо не јадат.
     
  16. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    Многу добро објаснето. Се сложувам со секој збор. Само ќе се надоврзам тука, по сите скорешни истражувања откриено е дека црвеното и месото дуени со хормони и антибиотици се активатори на канцерот. Затоа ум во глава. Млечните производи покрај што создаваат зависност поради казеинот, создаваат и кисела средина погодна за развој на канцер клетките. Не познавам веган кој заболил од рак, а познавам луѓе кои го излечиле со веганство и сокотерапии.
     
    На Sparkles27 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.391
    На Feminka22, sofi2107, Cka и 4 други им се допаѓа ова.
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Не е до храната, до лошото родителство е. Да се држиш до некои идеали на сметка на здравјето на детето е ненормална работа.
    Сега брзо ми кажаа за случај на 3 годишно дете со тежина од 30 кг. Родителите цело време му давале да јаде, за да не биде гладно. Некои одат и во други екстреми.
     
    На Feminka22, sofi2107, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.391
    Да, се сложувам.
    Случајно го читав денешниов артикал, паралелно со фемина, па го споделив.
     
    На Feminka22 и NarCis@ им се допаѓа ова.
  20. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Не ги разбирам ваквите родители. Ај возрасен човек да реши да биде веган ама на бебе во развој на кое му треба разновидна исхрана да му скратиш на негова штета заслужува социјални служби да им ги одземат децата по брза постапка:doh:
     
    На bertold, Sexybaby86, Annath и 7 други им се допаѓа ова.