Знам дека е офтопик, но побарај на нет сведоштва од екс вегани што сега пак јадат месо. Страшно! Имам другарка во иста ситуација, ненадоместлива штета на организмот му направила со 7 години веганство. И не, не јадеше само леб и ајвар, туку баш разноврсна и пред, се', здрава исхрана. Се фрапирав кога ми кажа дека решила да се откаже од веганството. Ако некој го интересира, за една година доби 12 пломби од фруктоза, интолеранција на се' мешункасто, страшни проблеми во цревната флора, и сите витамини/минерали (или како и да се испитуваат) + железо и' беа дојдени скоро на нула. Да, иако јадеше цвекло и спанаќ и семиња и се' друго. Предалеку се отиде со веганството како тренд, а исто и со кето и сите други фикс идеи што родителите ги применуваат врз децата. Да, и такви ги има, у кетоза ги растат децата. Ако не се лажам, нели има држави каде што можат да го одземат родителското право како негрижа за вакви екстремисти?
За наметнување на одредена исхрана или ускратување на друга кај детето поради лични убедувања и фикс идеи, треба да се лежи во затвор, во најмала рака да се одземе старателството. Крај.
Шу збориш бе? Сатар и на лице место каков затвор какви бакрачи, па и таму месо да не јаде. Јас јадев многу месо и еден ден ме утепа хипокризија и станав вегетаријанка. Детето целосно ќе го насочувам кон вегетаријанство со текот на годините. И не само детето туку и цела поширока фамилија и пријатели. Мислам дека времето на јадење месо треба да заврши и да го фрлиме во минато. Засега месна индустрија е силна али ќе и се деси истото како и на никотинската индустрија со забрани и високи акцизи се тоа постепено ќе се исфрли. Во меѓувреме ќе се дозволат медицински истражувања за бебе исхрана врз база на вегетаријанство што во денешно време недостига и се досега што имам читано ме води кон тоа да голтам се што плукам и да го ранам детето и со месо. Од проста причина што со месеци не јадеше ништо. Иако најчесто е од тегла на хип сепак конзумира. Иако е најчесто на вегетаријанска, сепак и давам и месо. Не би чекала да и биде избор затоа што во моите очи јадење животно не е право на избор. Ако рече животното јадете ме да седнеме да размислиме дали ќе го јадеме, вака нема простор за дали сака или не. Претходно убаво објасниле да не се навраќам за предности и недостатоци на месо. Веган за сега не ми е опција, но останува отворена за понатаму.
@FreeMind баш така. Денес уште од мали им даваат паштетки, салами, виршли... Сосем не е во ред. Доколку би имала дете ќе му давам првите години месо чат пат ама сигурно месо. А, кога ќе потпорасне нека си одлучи само. А, сум сведок дека многу деца кои се израснати како вегетаријанци остануваат цел живот. За веган не би. Едино многу ми се важни во исхраната медот, јајцата и млекото исто. Али, не напаѓам вегетаријанци што ќе ги израснат своите деца исто. Личен избор е. Тоа е моето моментално мислење.
Грешките на нивните родители ги проектираат и врз своите деца. Пршути на две години. И сланини и салами. Виршли и паштети. Боље иди земи една кофа отров и турај му во млекото по малце поефтино ќе те фати.
Не е личен избор. Баш Сајковски збореше како на родители кои не даваат месо на деца во сад им се одземале децата...
збориме за ретардирани родители ли? или за квалитетно месо? син ми јадеше 5 пати неделно месо од година
Како што вие тврдите дека веганска исхрана не е само марула и брокули, така и омниворска исхрана не е само салами и паштети.
Чекај, јас не знаев дека ова воопшто го има. Разбирам да избереш да бидеш вегетаријанец, ама на бебе/дете за кое секој педијатар вика да јаде јајца или месо речиси секој ден да му воведеш вегетаријанска исхрана, никогаш не сум ни помислила дека некој би го направил тоа.
Се тоа убаво Лили, ама не секој може да си приуште квалитетно месо. Може да идам у месара и да кажам ај едно килце телешко тоа е квалитетно? Од кај да знам дали е квалитетно, кај е било. Буквално стое на воздух. Знае се денеска лошо е и чоколатце и сите тие слични продукти и оправдана е нивната забрана. Ама и месото не е баш безопасно. Посебно овие продукти. А, за ретардирани родители... Хм, мене поретардирани ми се тие што знаат што ѓубре даваат на децата и упорно продолжуваат .
Добро Лили океј е. Давај ако сакаш и десет пати на твоето дете месо. Ти си знаеш за твоето дете јас си кажав мое мислење. А, храната зависе финансиски. Какво е тоа квалитетно месо? За мене е тоа јас ако си го одгледувам, јас ако го хранам тоа животно па да знам што му давам. Океј е. Не јадам месо оти не ми е вкусно и кажав дека ќе давам на моето дете. Ајде сега чил.
ама која е смислата на ова, кога тоа млеко се создава за тоа дете? Значи се што е претерано не е добро. Дали е тоа исфрлање на месо, или јадење на виршли секој ден, или јадење животинско царство за вечера, не е битно. Моето мислење е дека децата треба да имаат здрава и разноврсна исхрана, и моја должност е тоа да го обезбедам како родител. Па ќерка ми јаде повеќе месо и јајца од мене, јас живеам на ајвар и паштета, ама тоа си е мој проблем, возрасна сум. Она кога ќе има 30 години што сака нека прави, дури јас и спремам храна, ќе и биде понудено се. Јас еве телешко на пример не сакам, не ми е убаво, она со сласт си го јаде. Не гледам причина зошто да не и го давам.