Ти имаш право детето да го воспитуваш како сакаш, дури и да е тоа вегетаријанство, ама не смееш да го лишуваш од месо и млечни производи додека е во развој или додека само не одлучи дека треба да се исхранува така. Работата која што вие вегетаријанците и веганите упорно ја заобиколувате е дека постои правилна исхрана според индивидуални потреби, тип на крвна група и тип на организам. Ако твојот организам нема потреба од месо, нечив има ите како. Јас цел живот јадам месо секој ден, организмот и крвната слика ми е џам. При трудноќа почна да ми се гади од месо и се одлучив да се префрлам на raw food и упаднав во сериозна анемија за само 2 месеца веганство. Со други зборови, ќе умрев. Кога се вратив во нормала со исхраната од животинско потекло, сѐ се врати во нормала. Немам ништо против веге луѓе кои се нормални и без агресија си го тераат филмот. Ама оние со транспаренти, "пожртвуваните" животнољупци, тоа се е за на психијатрија. Цигарите се штетни за човековото здравје, месото не е, колку и да сакате да го докажете спротивното. Ако ви е идејата да изумре човековиот род врз база на вашето кукумјавчење за животните, кои и самите јадат месо за да преживеат, не верувам дека некој ќе ви излезе во пресрет. Јадете што сакате и ме замарајте со излитени срцепарајучи моменти. @GirlRose месото не се состои од паштети и виршли, како што и веге кујната не се состои од трева.
Јас не познавам земја каде е забрането детето да ти биде вегетаријанец ниту знам на што мисли докторот погоре цитиран. Ако ти е детето вегетаријанец кажуваш без месо исто како кај муслиманите без свинско.
Патем и портокалите, бананите, авокадата и другите тропски и суптропски плодови за да ви ги донесат тука треба бајаги гориво да се потроши, со тоа и да се загади средината па не гледам на некој да му е гајле ако веќе збориме за етичност.
Од аспект здравје, веганство е невозможно кај дете. И реално греота. Вегетаријанство е изводливо ама не мислам дека е паметна опција за дете пошто не е толку лесно да му вметниш протеин во исхрана. Се смеев еднаш гледајќи еден нутриционист кој реагираше на диета на една инфлуенсерка дека јади како разгалено дете - само овошје за појадок, ручек и вечера. Така да додавање зеленчук и протеин во оброк кај дете е ... предизвик. Према мене, треба се шо се вбројува во здрава исхрана, а и месото како такво влегва во исхрана на мало дете - да се применува. Воглавно оти е дете, макар и да е ретко ако ете не му е нешто омилено за јадење. Не можи да „згреши“ едноставно го раниме за да биди здраво и да преживеј. Према мене треба да се храни здраво, а тоа исклучва преработени производи како пршута, виршла и сл. Туку влегва чисто месо, идеално без слој маст врз него. Покасно во животот то дете можи да одлучи дали ќе јади месо или не, можда касна школска возраст. Ама то е скроз на детето. Ако детето ми речи дека неќи телето да го јади оти е живо, нема да го лажам дека во јадењето негово нема месо, а да има пошто иако е дете и лесно е да се лажи, во исто време е човек со чувства и на душа ќе го носам со лагите. Како шо расти детето наше е да сугерираме шо мислиме дека е правилно, на него е да одлучи како ќе се храни. Лично, кога ќе порасни, пубертет и покасно зборам, дур е дете дете не, не би сугерирала исклучок на месо од исхрана иако тој е изборот за мене. Ако сака да јади месо, јас лично ќе го приготвувам. Ако сака да е веган, ќе му сугерирам ако е веќе решен на тој чекор добро да се информира зошто многу е лесно да се добие небалансирана исхрана со веганизам за разлика со вегетаријанизам. Лично би му помогнала да има балансирани оброци дур се навикни шо и како. Поентата ми е, најважна е балансираната исхрана.
Нема што да го земам бебето од една мајка за да го нахранам моето бебе. Не мислам дека имам право на тоа. Тоа е целата филозофија на родителите вегетаријанци. Значи нивниот духовен или како и да го наречам момент е далеку посилен од препорака. Плус има доктори што ја сметаат вегетаријанската исхрана за најздрава. Ко и за многу други работи што има доктори со дијаметрално спротиставени мислења. Веганството според мене е здравствено неоправдано. Ни за возрасен, а камоли дете. Со доволно млечни производи и јајца јас мислам дека детето може да е апсолутно здраво. Пак ќе кажам, моментот на давање месо е огромен стрес за луѓе што не јадат од етички побуди. Ми се чини повеќе штета ќе си направат од тој стрес одколку од евентуалната штета на нејадење месо. Не ми се свиѓа кога читам дека биле лоши мајки тие што не давале месо. Мајка што не дава месо заради тоа што и е жал некое друго бебе да умре за мене не е лоша мајка. Темава е ко темите за религија. Никогаш немаат крај дискусиите меѓу едните и другите
@LiliBoz, мислам дека си грешка со информацијата дека им се одзимаат децата на луѓето што одлучиле да ги растатат децата како вегетаријанци. Можам само 10 јавни личности да ти набројам кои го практикуваат овој начин на живот. Иначе, веќе има голем дел возрасни луѓе кои израснале како вегетаријанци, здрави без никаков недостаток.
Нема поздрава храна од квалитетно месо. Не зборувам за виршли и Посебна салама. Не спијте на тоа уво дека спанаќ и леќа ќе ви го заменат железото, цинкот во месото и другите хранливи состојки. Не можете ни да ги апсорбирате како што треба. Прочитајте за двата вида железо и за антинутриентите во растенијата. Витамин Б-12 немате во ниедна храна од растително потекло. Витамин Д исто.
за конкретен случај даде пример тој, мислам дете од четири год беше. ако педијатар лажел онда и јас. а по сзо воопшто не е здраво деца во развој да не јадат месо...
Еве ги сите деца на вегетаријанска исхрана умираат до утре да ти објаснувам нема да сфатиш зошто вегетаријанците го прават тоа што го прават. Значи месото за нив не е храна. Како што за тебе не е храна месо од куче. На вегетаријанска диета ако се пази на млеко, јајца, можеби риба, ќе се развие детето правилно бидејќи има милиони деца вегетаријанци. Плус има многу доктори што поддржуваат вегетаријанска исхрана кај деца. Ако доктор каже дека може, сигурно нема на фемина јас и ти да ја откриеме америка
Чудно. Веганите баш ја застапуваат идејата дека секој вид треба да се храни со млекото од сопствената мајка: теле од крава, јагне од овца, бебе од мајка. Да не ѝ било за градите
Б12 го има во јајца. Вегетаријанци јадат јајца и млеко. Аргументот за вит б12 дека не е доволен ако не е од месо е одамна побиен и не знам зошто уште се користи.
Како се фаќате за вакви нерелевантни информации бе. И луѓе што јадат млеко и месо имаат секакви филозофии за тоа дали треба детето да се дои. Ама не, една веганка решила да не го дои детето и тоа е. Заклучок.
Филозофии за дали детето треба да се дои? Не постои такво нешто. Ако сакала детето да ѝ биде веган, баш ќе го дои, затоа што адаптираното млеко, бар на нашиот пазар, е од животинско потекло.
И јас се сложувам со тебе. Поентата ми е дека секогаш кога станува збор за одредена група на луѓе, се генерализира по еден пример.
Да де, грешно формулирав. Јајцата се сепак храна од животинско потекло. Ги викаат мултивитамини на природата. Комплетна храна се. Без животински производи не може да се зборува за здрава исхрана.
А со конзумирање млеко и млечни производи, зошто му го земаш млекото ти на некое бебе теленце или јагне за да се нахраниш себе си или твоето дете? Не се научивте и никогаш нема да се научите да се аргументирате на темава. Колку за информација кравата што дава млеко мноооогу повеќе се малтретира и експлоатира од кравата што е стиктно за месо, а кога ќе и заврши производниот век исто така оди во кланица и стигнува во месара како втора категорија месо или суровина за правење виршли. Истото важи и за кокошки, односно јајца и за се друго што е според вас етички дозволиво во вегетаријанската исхрана. Малку едукација не е на одмет, пред да почнете да зборувате за етика и колку сештојадите се вакви или онакви, затоа што сите се исти кога станува збор за експлоатирање на животни за исхрана, само што едниве не се прават часни сестри.
Доктор може да каже на било кој да не јаде месо поради индивидуални здравствени причини, како што може да каже да не јаде јаглехидрати или што и да е. Ама на здраво дете да му наметнуваш исхрана и тон здравствени проблеми, ради емотивност према телето? Па нека иде нека си чува теле, а не дете.