На деца кои допрва треба да растат и да се развиваат им треба балансирана исхрана. Како можи некој воопшто да се осмели да им крати од тоа? И не знам зошто со месо одма некои асоцирате виршли, паштети и салами. Да, тоа е нездрава храна, исто како што има нездрава храна од растително потекло. Не верувам некој нормален да му ги дава овие работи во редовната исхрана на детето. Говедско, пилешко, риба се многу здрави меса ако се приготвени убаво. И да не јадите месо, не можи да му наметнувате на детето таква одлука, особено за веганство. Тоа само треба да си одлучи кога ќе порасни и биди свесно за своите избори. Дали на куче би му скратиле месо од исхраната? Со други зборови да го осудите на бавна смрт. И да, знам дека на кучињата повеќе им е потребно месото отколку на луѓето (патем за чија храна да се направи исто така се убиваат животни) ама ни човекот не е тревојад. Исто така, сите тела немаат исти потреби. Некои не чувствуваат потреба да внесуваат месо, други не можат без него. Јас сум од вторите. Сум пробала еден период да бидам само на растителна исхрана и одма ми падна имунитетот и се разболив. А отсекогаш сум имала јак имунитет и одлична крвна слика. Така да, ни на крај памет не би лишела свое дете од здрава и балансирана исхрана. Па кога ќе одлучи за себе, без разлика дали ќе биди месар, вегетеријанец или веган мое ќе биди да го поддржам.
А како ти си дозволуваш да им наметнуваш месо во исхраната? Кога ќе пораснат сами ќе си одлучат. Аман више размислете пред да пишувате глупости...
Амелија можеш ли да ми ставиш медицинско објаснување за делот “јас без месо не можам да живеам ми паѓа имунитетот”? И претходно некој спомена според крвна група или нешто слично морал да јаде месо. Баш сакам да прочитам нешто ново и непознато. Го имам сретнато во статии на фб од портали како курир али тоа не е извор на знаење нели. Втора работа за делот со виршли. Ве молам значи Сите чисто месо секој ден јадете мижи мујо тулумби паѓаат. Месојадач не може да помине без свински врат, сланина, пушени колбаси, пршута, кебапи и остали свињосладурии. Освен на форум тука да сите јадат чисто месо претежно во манџа претпоставувам со брокули. Ве молам да не ја сведуваме дискусијата во фантазија ако веќе дискутираме. За кучињата спомена, точно. До сега за нив не е најдена соодветна вегетаријанска исхрана. Бидејќи ги јадат остатоците од лабараториски животни и остали спакувани во конзерва или сушена храна. Токму тоа ми е размислување мене месната индустрија е силна сеуште и нема доволно алтернативи за сите битија. Со намалување на купопродажба еве да речеме од моето семејство кое често јадеше месо и јас годишно губат илјадници евра. Само од нас. Трендот во Европа оди по нагорна линија. Бизнис индустријата на “без месо” од ден на ден рапидно се зголемува. Населението од 16 до 24 години во Европа со преку 30% се одлучува за вегетаријанство. Со овој ритам очекувам во следни 50 години целата слика да се смени. https://www.statista.com/topics/334...tarianism-in-europe/#dossierSummary__chapter3 Едит: Статистика
Сосема си во заблуда. Јас не јадам месо и не сум осетила потреба,крвната слика ми е џам. Вегетаријанка сум. Дм е веган. Џам здрав и прав. На детето мое што му е потребно у развој ќе му дадам, затоа и самата заборавав едно правило а тоа е дека уште од 3 или 4 месеци им давааш овошни кашички. Ако детето не може да јаде месо со сила ли ќе му го буташ? Мислам престанете со вакви работа,не е поентата за животните само туку се работи за почит кон природните благодети и животинскиот свет. Ако го почитуваш кучето,ќе те почитува и тој тебе. На нив им е жал да го гледаат тој громорозен чин на убивање. Што се однесува до децава јас не му забранувам да јаде месо ако сам сака. Но поентата е да се воспита детето правилно. Јас лично сакав и не можев без месо,ама ете секој се менува. Затоа немој толку омразително кон веганите и вегетаријанците.
И милениците да не си ги чувате како вегани? Се надевам не. Друго... Инсекти и пајаци тепате по дома? Глупо прашање ама ако нема разлика меѓу мачето и свињата, нема разлика ниту меѓу мачето и бубашвабата или комарецот.
@buba4e89 не ми е јасно зошто упорно ме цитирате вегетаријанци и вегани, кои тврдите дека децата ги храните со месо, што реков дека го оправдувам. Темата е вегетаријанство и веганство КАЈ ДЕЦА, а не да се докажуваме тука дали месото треба да се исфрли од исхрана, дали животните се експлоатирани, па други да ве викаат, шо е бе тревојади, и така натаму. Off topic можда и ја отидов, не по своја вина. Веганство и вегетаријанство кај деца
Ете јас сум израсната така, ептен од мала ми давале пилешко само, јас друго месо немам ни јадено. Па од мала сама сум одбивала и тоа да го јадам. Сум јадела зеленчук од бавчата на дедо ми и сите се чудеа како не јадам месо, и некои други продукти од животни. Па ете имам имунитет, бев поздрава од сите деца во школо...Пред се тоа е затоа што ги сакам животните и не сакам да страдаат и да се убиваат заради човекова лакомост.
Веган не е само да не јадеш месо, јајца и млеко, туку и плодови кои растат во специфични услови и далеку од местото кај што живеете. Зашто шуми се уништуваат и за плантажи со тропски овошја, не само за сточна храна и како што спомнав поназад, тони гориво треба да се согори за некој авокадоата да ви ги донесе во маркет. Ама битно никој не е убиен...ок. Јас исто немам ништо против, ама не се лупајте во гради како вие сте херои за природата зашто целосни вегани не сте. Па и за медот дека биле експлоатирани пчелите. И ова од луѓе што очигледно виделе некој како не знае да одгледува пчели и воопшто не знаат ни п од пчеларство. Добар и искусен пчелар ги чува пчелите како очи во главата и знае како да постапува и при земање мед и при општата работа со пчели. Знае и што е во ред, што не е за пчелите. Ниту пак преку ноќ се учи пчеларството. Имам во фамилија пчелар, не го зборам од памет. И ја на дете би му давала да проба од сѐ. Па што му се допаѓа, ќе си избере само.
Не знаеш да почнеш дискуција,а веќе фрли со камења кон некого. Веќе покажа со прст кон некого. Затоа и реков кога ќе имате почит кон природата и животните размислувањата би биле поинакви.
Оваа група на луѓе се нарекува “оти”. Карактеристична е по тоа што на секоја тема они имаат оти прашање. Ако си вегетаријанец зошто не си веган, ако им помагаш на кучиња ќе ги сретнеш со прашања оти не им помагаш на деца, ако им кажеш си излегол на протест они одма ќе те прашаат оти не излезе ами и на оној другиот, итн. Во суштина групава нема суштина. Нив никаде ги нема ништо не прават за никаква група. Еве на пример јас така му помагам на живиот свет и природата тој е мој допринос. Не сечам ниту кршам гранки, не палам шуми, едноставно гледам да не им наштетам колку што можам како единка. Јас сама светов не можам да го сменам, но можам да влијаам на тој до мене да се смени па утре да бидеме двајца во приказната и така чекор по чекор како општество да еволуираме. Едноставно е не функционираме како светци на било која алка во живеењето ќе наштетиш на некое битие на некој начин, но барем се трудиме да ги минимизираме работите и ако дојдеме до степен на нула би било одлично. Во случајов јас како љубител на животните и природата со цела свесност ги ранам моето дете и куче покрај другото и со месо бидејќи сум затечена помеѓу медицинските истражувања на оваа тема и алтернативите кои ми стојат на располагање. Толку е развојот моментален за жал и тоа себично делување го правам да ги заштитам од евентуални (кои сигурно ќе бидат докажани како неосновани подоцна) последици по нивното здравје.
Тачно. Секој колку може нели? И јас ако јадам месо не значи дека сум убиец. Ниту дека сум сурова кон све што мрда Ете и на факултет вежбите ни се со дисекции и жртвување животни. Ама не го правам истото кога не морам. Поентата ми беше да не нарекувате некого убиец( не ти, одредени) кога ни самите вегетеријанци не се вегетаријанци.
http://93.174.95.29/main/34630EF02529365F1B7ED0870CD6AF5D @FreeMind си ја читала книгава? Ако не си, прочитај ја.
Дискутабилно е и не етички да оние кој се вегани, вегетаријанци наметнуваат свои верувања. Исто така е не етички да оние кој се месари ги убедуваат и пљукаат оние кој избрале да се вегани или вегетеријанци. Секој со својата желба на прехрана. Секој си знае за себе и своето дете. Не верувам да некој би наштетил на свое дете или на свое здравје со исхрана за која претходно не се посоветувал со специјалист или нутриционист. Има деца кој и да им се нуди имаат одбивност кон месо, а има и деца кој се само месари. Јас лично не јадам секакво месо, ама на дете му давав и нудев и она што јас не јадам. Ако јаде јаде, ако не со сила не нудам. Риба не јадам, но на дете готвев и ете дете никогаш не ја прифати во мени и не ја нудам веќе. Замена давам препарат Молерс, путер од кикирики, ленено семе итн. Имам пријатели вегани и вегетаријанци. Ја почитувам нивната исхрана ( може не се согласувам ), но ја почитувам како и они нашата. Никогаш не се убедуваме што е правилно дали нивното или моето, дали нивната исхрана која ја даваат на нивно дете или јас на мое. Кога ги канам на ручек за нив и за деца им спремам она што они го јадат. Никогаш не сме се контрале што и како во однос на исхраната. Функционираме со години одлично. Здрави се они и децата им се здрави. Децата од раѓање не им беа вегани ни вегетаријанци. Во развој јадеа све она што треба и што педијатар ги советуваше. Како растеа самите деца ја применија исхраната на родителите. Не им беше наметната, а ни принудено. По свој избор избраа повеќето од нив после 6тата или 7мата година ( ако убаво памтам ). Витални и здрави деца се. Незнам зашто одма ве асоцира дека дете кое е веган или вегетаријанец е со не здрава историја? Па има и дечиња кој не се вегани и вегетаријанци со нарушено здравје. Улога играат и многу други надворешни факти. Да, исхраната е битна, но и останатите работи се битни. Не ми е јасно зашто волку злоба и препукавање кога се има спротивни мислења. Почитувајте го туѓото мислење. Нивен живот и нивно дете. Сигурно ни една нормална особа не би му наштетила на своето дете. Срамота е да се препукавате кој каков родител е и кој му мисли или не му мисли добро на своето дете со исхраната. Ве прочитав за паштетите Знаете дека многу родители одредени јадења ги блендираат и ги мачкаат на леб како паштета, зашто само на тој начин детето ќе се излаже да го изеде оброкот. Еве јас бев една од тие која ја блендираше рибата со грашокот и му ја мачкав на леб мислејќи дека така ќе јаде ( не ја јадеше пак ). Доста се препукавате кој каков родител е. Која е идеална, а која не е идеална мајка. Не е идеалноста во припремањето оброци за да е среќно детето. Имајте убав ден.
Ова сосема го разбирам. И го ставам во категорија на вкус. Ти не дека не си сакала месо зошто доаѓа од живо суштество, не ти се допаѓало уствари. И јас не јадам кечап, мајонез и сенф, не ги сакам, и тоа е тоа. Немам ништо против вегетатијанството, сите имаме афинитети кон нешто. Дискусијата беше за децата. Ако детето има бенефити од јадење животински производи (што дефинитивно има во тој период на брз развој) и го сака вкусот и си ја јаде таа храна, зошто да му се ускрати заради убедувањата на родителите. Јас не можам да смислам брокула, ама ја давам на детето зошто сака да ја јаде и е здрава. Јас јадам паштета, ама не ја давам на детето зошто е штетна иако можеби ќе и се свиѓа ако ја проба. Едноставно како родители треба да го правиме најдоброто за нашите деца, тоа ми е поентата. А вегетаријанатвото или веганизмот функционираат на база на замена, ако не јадеш месо треба да јадеш ова и ова за да не ти страда организмот. Тоа е океј ако е твој избор како возрасна личност од било која причина, ама не е во ред да се наметнува на дете.
Не е никакво наметнување на начин на исхрана. Така сме создадени, не сме месојади, така да како и себеси така и децата ќе ги водам кон вегетаријанство и веганство. Лешеви нема да бидат достапни во мој фрижидер.
Затоа си ми драга увек искачаш со одличен предлог за читање Гледаш се приближуваме чекор по чекор до фаза каде може да разговараме. Секој да даде свој допринес би било одлично за сите. Во твојот случај ти не сакаш да прекинеш да бидеш конзумент на месна индустрија и свесно им даваш пари да продолжат со својот бизнис така? Не оти не можеш медицински е докажано дека без месо се живее уште пред 20 години туку оти не сакаш. Во овој период од твојата свесност одбиваш да размислуваш на темата подлабоко и едноставно велиш не можам и точка. Колку повеќе ќе се развива свесноста и човештвото толку повеќе ти ќе размислуваш на темата. Еволуција нели. Ако не ти тогаш твоите деца сигурно. Јас не велам дека вие сте сурови личности идете колете со раце животни па како праисториски луѓе ги јадете пред пештера туку велам дека свесно одбивате да дадете поголем придонес кон природата и животните. @sofi2107 теоријата на хранење по крвна група е побиена оддамна и докажаа дека имала за цел само да си ја продаде книгата при тоа своите размислувања ги поставил како факти. Имаше милион дискусии порано на темава еве прочитај и сама како заврши се тоа: https://www.drcarney.com/blog/entry/researchers-conclude-blood-type-diet-is-nonsense Само тоа за другото тука негде сме.
Син ти полни 17 год и сфаќа дека у седмица има најдобар хамбургер на светот. Ќе треба да се крие од тебе? Очигледно да. И после ќе се чудите...
Ве молам не го користете зборот "наметнување", затоа што сите родители "наметнуваме", и храна, и религија, начин на воспитување, итн. Месото нели е наметнување? Секој се води според своите убедувања, па тоа другото што не го одобрува, за него е наметнување. Туку, друго сакам да кажам. Правете разлика помеѓу добар и лош родител, а не ги ставајте веганите и вегетаријанците во лошата група. Поентата ми е дека ако родителот му "наметне" одреден начин на исхрана на детето, неважно која, и ако види дека детето има здравствени проблеми ради истата, ќе заборави на своите принципи и идеали, и ќе смени сѐ од корен. А лошиот ќе се води по своите убедувања на сметка на здравјето на детето. Моја познаничка е вегетаријанка и нејзиното дете исто така од раѓање го расте, без месо. Детето е во одлична здравствена состојба. И самата кажува дека ако види дека на детето не му одговара тој начин на исхрана, веднаш ќе воведе месо. Може ли некој за неа да каже дека е неодговорна мајка? Јас не би. Патем, јас сум голем љубител на месо, и дома сите го јадеме. Ама, не можам со сигурност да кажам дека тоа е единствениот и правилен начин на исхрана. Всушност, не е дека не можам без месо, туку дека не сакам. Сум била еден период вегетаријанец во средношколски денови, и немав никакви здравствени проблеми. На месо се вратив само ради прекрасната миризба на ќебапчињата Ај сега да се испратам.