Веганство и вегетаријанство кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 22 јуни 2018.

  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Не бидејќи ќе му објаснам уште од мали нозе дека тоа не е здраво и не е добро. Наркоманите велат дека и хероинот сида лечи колку е добар па дали тоа значи дека треба да одиме кон таа насока? Воопшто не.
     
    Последна измена од модератор: 12 април 2020
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    А на наркоманите демек никој како деца коа биле не им велеле дека тоа е лошо, па ете ги, пак се дрогираат.
    Симни се на земја.
    Ќе порасне сам ќе сфати што сака да јаде. Нема сигурно фактор да си му во изборот на храна.
    13 год не јадев месо, бременост истерав така.
     
    На Amellie13, Cherry333, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Ова споредбиве со дрога ги користеше и во тема за мастурбацијата. Демек и наркоманот мисли дека дрогата е океј ама не е, па исто и со тој што мастурбира:rofl:.

    Ај научете разлика, сериозно.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.388
    Допаѓања:
    183.474
    Пол:
    Женски
    Ама не оди тоа така. Еве родителиве месојади објаснуваат на децава вегани дека тоа не е здраво, ама овие сепак одлучуваат да бидат вегани :) Не мора ни да биде полнолетно детето за да одлучи како ќе се храни, доволно е во школо да тргне и да си купува појачан тост во најблиската сендвичара. Или да протестира на мајка му кога ќе направи компир манџа со мелено, и да не касне ни залак од манџата.
     
    Последна измена од модератор: 12 април 2020
    На theowndemon, ElenaOfRivendell, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Лешеви нема да јаде верувај. Мене моите не ме воспитале така ама јас сум сфатил сам дека тоа не е добро. Човекот не е месојад. Човек се претвара во она што гледа, така да ако дома нема месо ако му објаснам дека тоа не е добро нема да јаде. А вие како сакате, вакцинација и ревакцинација, дома месо пуно да, ганџа обавезно пошто лек е нели и само мастурбација. За демонизиран човек се е нормално.
    Месо се јаде во услови каде нема што друго и тоа не секакво. Се јаде од животни кои јадат трева, а не од животни кои јадат се и сешто па дури и својот измет како свињата и кокошката.
    Зависност се создава и од дрога и од мастурбација и од месо и друга нездрава ''храна'', нема никаква разлика.
     
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Има такви секако ама ретки се и секако не грешат што тоа го прават. Го имав истиот проблем, еее како скокаа цело семејство месо не сум сакал да јадам, немало прав маШ да бидам.
    Земете еве од друга перспектива ако мислите дека јас не сум во право. Човекот не е месојад и тоа е факт, како прво немаме заби како месојад, немаме ензими кои варат месо како што тоа го имаат месојадите.
     
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Јас ребрата многу ги сакав и јадев. После тоа кога ќе спремев месо и ќе го погледнев Ози ми идеше слика пред очи дека него го јадам и ќе повратев не можев едноставно да продолжам и тоа беше крајот.
     
    Последна измена од модератор: 12 април 2020
    На buba4e89, NarCis@, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Дечки
    Дискусијата е ОК се до момент кога се оф топик и има навреди.
    Ве молам...

    Дел од комуникацијата е избришана и редактирана поради горни причини.
     
    На theowndemon, buba4e89, Spidy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    @Vitaly, сам си ја побиваш теоријата. Како што ти кажуваш дека си станал вегетаријанец, со месојадни родители, така и твоето дете може ќе јаде месо, со вегетаријанец како родител.
    Жал ми е што не си свесен дека врз вакви работи не можеш да имаш контрола.
     
    На theowndemon, Amellie13, Cherry333 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.388
    Допаѓања:
    183.474
    Пол:
    Женски
    Иако немам миленик, сум имала периоди кога ми се гадело месото. Кај мене проблемот е што сум љубител на вкусови воопшто, без разлика дали се работи за свински увијач или макробиотски сендвич со сејтан, во двата можам да се удавам од јадење. Свесна сум за сѐ, али истовремено и неспремна за да се откажам тотално од месото. Можеби некогаш :)
     
    На Lolipop23, theowndemon, FreeMind и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Е ова. Ептен почитувам кога некој каже свесен сум ама не сум спремен или едноставно не сакам. Околу мене најблиски јадат месо па ниту им викам нешто, ниту се потресувам и ќе им купам јас лично од продавница ако ми порачаат. Ми пречи само кога некој се потсмева или пробува да ме разубеди. Факт е дека можеш да си здрав без месо има примери милион.
    Некој погоре ме праша зошто пијам млеко кога е наменето за телето. Наменето е знам. И секогаш го имам тоа на ум. И гледам никогаш да не го фрлам млекото, гледам да користам толку колку што ми е потребно и гледам никогаш да не се расипе за да не морам да го фрлам, на некој начин ми е како почит кон телето за кое било наменето тоа млеко, па нејќам да го фрлам. Јасно ми е скрос и етичка дилема е само во моментов не мислам дека веганството е оправдано за мене од здравствен аспект. Јас сум видела како крава плаче со солзи кога оди на колење и не можам да каснам телешко од тогаш. Значи го потценувате психолошкиот момент кој може да е многу силен.
     
    На theowndemon, fana, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Јадеш месо. Одобруваш кланица на животни. Обожаваш да гледаш такви сценарија.
    Тоа е непочит.
     
    На Maro87 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    118.836
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека малку е безврска да му кажувам на некој што да јаде. Ќе си јаде тоа што си сака да си јаде и тоа е тоа. Ако некој не сака месо - нека не јаде. Не треба мене да ми положи сметка зошто не јаде месо. Може му е жал за животни, може му е тешко на стомакот од месо има икс причини. Јас си јадам месо, ќерка ми исто јаде месо, целата фамилија јадеме. Кој како си сака - така.
     
    На Lolipop23, ElenaOfRivendell, Chantal и 5 други им се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.388
    Допаѓања:
    183.474
    Пол:
    Женски
    Јас секако сум за свет каде никој не треба да се експлоатира или умре, за јас да јадам. Но, исто мислам дека треба многу да се работи на тоа храната која би била замена за месото и производите од животинско потекло, да биде достапна за сите. Достапна во секој маркет и достапна во цени. Тоа е една од причините која мене лично ме одбива да станам вегетаријанец или веган.
     
    На Chantal и Mantub им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Знам. Или па уште органски ако сакаш да се исхрануваш. Уште поскапо и понедостапно. Кога почнеш да копаш од кај ида храната сфаќаш дека е синџир на проблеми. И дека не е одржлив овој начин. И дека трошиме ресурси побрзо одколку што можеме да ги обновиме. Лешниците во чоколада се посадени на плантажи кај што нема ништо друго освен лешници. А тоа е скрос неприродно пошо нигде на планетава нема место кај што расте само едно растение на огромна површина. Ај друга тема е скрос, само зборот ми е има луѓе што и заради природа се вегетаријанци. А од друга страна и растителна храна да купуваш да се заинтересираш какви штети се прават, од пестициди до транспорт. Најодржливо е секој да се храни од своја бавча. Ама невозможно. Еднаш имав апликација на тел и го скенирав секој бар код на секој производ што го купувам и ми кажуваше какви контроверзии има таа компанија. Што да ви кажам, во депресија запаѓав. Од тестирање на животни, до експлоатација на деца за збирање какао. Затоа реков овие дискусии крај немаат. Нема некој што не греши. Едноставно така светот функционира.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.388
    Допаѓања:
    183.474
    Пол:
    Женски
    Баш, маѓичен круг од кој не можеш да излезеш.
     
    На FreeMind и Mantub им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Тоа иде во два правци. Цената на месото во развиените земји е висока, доста висока. Дел од парите на продажбата идат во поддршка на здруженијата за животни. Процесот на исфрлање на месото е започнат оддамна само исто како и се се чека вистински човек и лоби на вистинско место за да се тоа се сопре.
    Јајца овде има од кокошки во затворен простор и кокошки на отворен простор слободно пуштени. Имаш веќе избор што ќе финансираш, имаш крави Австрија и Швајцарија кои се чуваат на алпите и живеат подобро од 90% од населението во Мкд. Сакам да кажам јас од мојата позиција овде имам избор каде ќе ги дадам парите и кој бизнис ќе го финансирам да опстане. Тоа ќе дојде и доле секако кога ќе му дојде време на обичниот човек да размислува нешто повеќе од секојдневни проблеми.
    Затоа се дели на развиен и неразвиен свет. И нема тука лутење или потценување едноставно е овде луѓето идат во природа да шетаат и џогираат, да дишат со природата и животните. А не да прават скари со скршени гранки и месо. Различен поглед кон нештата и различни интереси.

    Јас немам проблем со луѓе кои јадат месо, јас имам проблем со луѓе кои покрај месото ми велат тревопасна си? Свиња е за колење хехе, кременадлички да ти ставам да не зажалиш? Џукели насекаде, наместо за луѓе вие за животни се замарате. И тука имаш конец. А од такви како тебе свесни нарцисе мој немам никаков проблем до сабајле би седела во Љуц и би смрдела на џигер.


    Детето е мое огледало. Како ќе ја воспитам така ќе гледа на Светот. Ако не и одговара мојот поглед ќе ја воспитам да ми рече мајко не идам јас по свои убедувања. Чисто се сомневам али можно е теоретски. Детето мора да ги почитува животните и природата бидејќи со нив живее. Налик муслиманите и свинско не дека ќе умрат од свиња али едноставно имаат бариера психолошка и за нив тоа значи Не. Налик индијците со кравата и кинезите со лилјаците и бубашвабите.
     
    На Chantal, sofi2107, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Читам јас многу, и буквално сѐ. Од крајна десница до крајна левица и си оставам сама да одлучам што ќе мислам и како ќе се однесувам, нешто што денешниот интернет и изложеноста на социјални медиуми не го дозволуваат.
    Писателката е дел од радикално движење за зачувување на животната средина, заедно со Дерик Џенсен (и тој има супер книги).
    Во врска со вегетаријанството. Имам другарка што после 30 години вегетаријанство на сила се врати на јадење на месо, и кучето нејзино јаде само свежо месо. Јас не сум некој љубител на месо, ама штом престанам да јадам - веднаш ми реагира организмот, прв пат во животот имам редовна менструација и прв пат имам исхрана која толку се концентрира на животински протеини.
    Немам ништо против вегетаријанството и веганството, ама има против вегетаријанството и веганство кои потекнуваат од неинформираност, затоа што пред се без разлика што одбереш да јадеш, многу е битно како се исхрануваш и што внесуваш во организмот. Намерно те означив во линкот до книгата затоа што знам дека ќе те интересира и ќе ја прочиташ без предрасуди кон нејзината содржина :)
    Плус гледам дека го разбираш тоа што го збориш, значи дефинитивно си истражила да знаеш што правиш :)
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    10.444
    @Mantub јас те прашав за млекото.

    Не зборувам на памет, стотици пати сум била по објекти за производство на животни и нивни производи, знам точно низ што поминува секое едно од нив.
    Затоа и кажав телето кога го одвојуваат од мајката за колење, истото го прават и за млеко производство и за сите други производи.

    Не ми е поентата да ти набивам вина, да те убедувам што да јадеш, што да не јадеш, но сакам да кажам дека етичкиот аспект тука е многу комплициран и не е црно бело. Како што и ти рече во последното мислење секој греши. Според мои лични убедувања, нема голема разлика помеѓу вегетаријанецот и омниворот од аспект на експлоатација на животните.
    Можеби еден од најголемите проблеми во светот е конзумеризмот, и претераното купување, фрлање храна, нарачување вишок по кафани, готвење дома ко да ќе нема утре и сл. Но тоа е веќе друга тема.

    Затоа секој треба да си јаде тоа што мисли дека треба, и никој не треба да се прави поголем светец од другиот врз основа на изборот на храна. Затоа што никој од нас не е толку возвишен. Што се однесува за исхрана на деца, мислам дека секој родител треба да оди на педијатар на којшто му верува и со него да се консултира за сите овие прашања. Постојат релевантни истражувања на сите овие теми, докторот треба да е во тек и да ве посоветува.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Преубаво од збор до збор особено болдираното. Кога ќе кажам дека не јадам месо не значи дека имаш право да ми објаснеш зошто треба да јадам. Или она познатото, Господ ги создал за да ги јадеме. Ако се за тоа создадени нема да рикаат на колење ама нема везе. Не ме убедувај не те убедувам. Најјако од се е што кога ќе кажеш дека не јадеш месо, обавезно се наоѓа некој кој мисли дека него прв му текнало да ти рече, а железо од каде, а ти со години го слушаш истото...
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.