1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство и вегетаријанство кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 22 јуни 2018.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Човекот може да преживее и само на растителна исхрана. Остави ги дефинициите по страна кои важеле пред 50 години кога не сме имале наталитет во овој процент.

    Живееме во период кога месото и млечните продукти подлежат на индустриско - лабораториска обработка, и тоа полека не убива. Сите нас. Знаеш кој е најголем тригер за ракот според медицината после шеќерот? Месото.

    Знаеш зошто имаме имунитети како есенски лист? Ради колбасите, ќебапите и брзата храна кои во најмала рака ги јадеме "еднаш неделно".

    Говедското, свинското... Особено свинското кое е канта за отпадоци. Свињата јаде стакло, пластика и кеси.
     
    Последна измена: 12 април 2020
  2. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Од секоја храна можеш да се разболиш и да умреш ако не ја конзумираш правилно.
    Да не мислиш дека заразите и токсините се само во животински производи.

    Пред пар години имаше масовно труење со Ешерихија коли и тоа од органска фарма за краставици. Пред тоа од никулци од грав, исто имаше и труење со афлатоксини во житарици. Не само тука на Балканот, зборувам за Шпанија, Германија.
    Да не се лоцираше проблемот на време и да не се сопреше цел извоз ќе беше леле мајко.

    Но затоа постојат механизми и контроли за овие работи да не се случуваат или навремено да се фатат.
     
    На Amellie13, NarCis@, Cherry333 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам ама добро.
     
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ако на правилен начин им објасниш дека месото не е здраво да се јаде верувај дека нема да јадат. Тие секако ќе тргнат по друг пат ако ти како родител не им дадеш доволно внимание и ред други работи. Децата највеќе од родител треба да учат а не во школо. Од школо децата имаат најгадни навики како пушење цигари наркотици и ред други работи, воглавно тие работи децата во школо ги гледаат.
    Твое е да се потрудиш да ги однесеш на прав пат а ако некој сака да скрене од патот ќе скрене што и да направиш но за тоа треба ептен да е исклучок. Направи споредба со постари генерации и види како тие ги почитуваат своите родители а како ние. Проблемот е во лошиот систем на вредности кој ни е наметнат денес. Месото не само што го уништува нашиот организам туку месната индустрија е една од најголемите во светот. Масовно се сечат шуми за да се прават пасишта и слично. Ако на добар начин на дете му објасниш сето ова тоа нема да јаде месо. Детето треба да знае дека и животнот има душа и дека тоа не е храна. 99% гарантирам дека детето нема да јаде месо доколку види низ што се поминува тоа парче месо пред да дојде на трпеза.
    Никој не умрел од органска храна, тоа е ГМО, такви бактерии без причина не се појавиле.. Најголем дел од нас имаат барем некој квадрат дворно место во кој може да си засадат што било. Бидете среќни што на Балканот сеуште и овошјето и зеленчукот се добри дури и тие во маркетите. Живеам во Русија и можам да кажам дека како и овошјето така и зеленчукот се катастрофа, нема никаков ама воопшто никаков вкус а цените се напумпани до небеса.
     
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Ова го тврдиш затоа што знаеш или пошто така ти си мислиш?

    Краставиците беа од органско потекло, а се заразија од ѓубрење со несоодветно прегорено арско ѓубриво коешто како што знаете е измет и урина.

    За жал многу пати органското се смета за супер храна, ама се сведуваме на истото дека ако нема соодветни контроли дека џабе е сертификатот.

    И нема врска дали некоја храна е гмо или не, контаминација на продукт може да се случи од нива до трпеза.
    Афлатоксините што ги спомнав се вид на микотоксини кои најчесто се јавуваат при несоодветно складирање во влажни услови, на несоодветна температура и провев. И се многу опасни, отпорни на температури и на 140 степени, што значи и нема секогаш термички доволно да ги обработите при готвење. Тука нема никаква врска дали е органско или не.

    Ако ништо друго гмо производите се поотпорни од органските, затоа што така се дизајнирани, да бидат отпорни и полесни да одгледување. Не мора да ги сакаш, но тоа е факт.

    Мислам дека ептен забегавме од темата, ама храната што ја јадеме има многу приказни позади неа.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Немора да значи дека е органско ако има сертификат. Нема врска. Дали знаеш дела јаболко пред да дојде на продажба во макрет е прскано 10 пати минимум. За мене е органско она што јас ќе го одгледам или мој близок, комшија, роднина, негови познаници и така натаму. Кога сум 100% сигурен дека не е прскано и плодот е старо семе, тоа за мене е органско а не нешто кое е со сертификат. Порано храната била во раце на природата тоест Бог, денес од храната направија бизнис, така да тој сертификат нема значење за мене. Каква црна контаминација, бабами и дедоми во подрум чуваа јаболки и круши и што уште не, и никој не доби никаква бактерија. Бабами пред да умре се облече се среди се поздрави со сите и заспа буквално. Денес во маки умираат луѓето 90%. Храната е и лек и отров. Таа е клуч за нашето здравје.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Да знам, и не е 10, најчесто е 20. Јаболките најмногу се прскани од се што јадеме.

    Ти може не веруваш на сертификат, не би верувала и јас до крај кога знам дека се прават пропусти при контроли и ре-сертифицирање, но битно е да знаеш дека ако не се прска или ако се одгледува старо семе не значи дека производот не е загаден. Треба да се земат предвид подземни води, нивна загаденост, близина на автопати, индустриски објекти и слично. Затоа што преку воздухот, водата, дождот многу работи доаѓаат до почвата и растението се храни со нив.

    Затоа ако стварно сакате да внимавате на овие работи, се треба да се земе предвид. Затоа што некое јаболко што 5 пати е прскано со средство кое не е многу токсично, се почитува период на каренца (додека средството за заштита да се изгуби од производот), може да е поздраво од јаболко што не е прскано ама расте на пола километар од оџакот на Железара.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Јасно ми е и тоа ама јас кога би бирал сепак не би го избрал она од маркет.
    Засега не сум во можност сам да одгледувам бидејќи времено живеам во странство ама пред тоа знам дека немам купено ниту зеленчук ниту овошје од маркет бидејќи имаме доста дворно место така да си имам од се по нешто. Ова што сега го јадам е ѓубре, ама да се живее се мора.
    За тоа нема ни изговор дека некои немаат место кај да засадат. Многу од тие луѓе кои тоа го велат дома имаат зимзелени дрвца жива ограда или тревници наместо тоа што би им користело и како најлош случај имаат продадено и куќа и поле за да живеат во кафез во центар.
     
  9. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Јас имам двор, па пак немам место да насадам се што јадам од овошје и зеленчук, а камоли некој што живее во стан со еден ќош тераса.
    Не можат сите дома да садат. Башка што сето тоа си бара време и труд. Новиот начин на живот е ваков, на кој му се допаѓа арно, на кој не му се допаѓа секогаш може да си оди на помирно.

    Зборувавме тука за вегетаријанство и веганство кај деца, па забегавме до тука. Инаку широка и долга е темава. Затоа ако некој се грижи за сето ова, треба да си внимава. Попатно етиката секогаш ќе биде дискутабилна затоа и реков - не осудувам никој за своите избори, но исто како што вегетаријанците не треба да се исмејуваат дека пасат, така не треба и тие да се сметаат за многу поеволуирани од омниворите.

    Ако сакате да се бориме за конкретниот проблем, треба да ја намалиме генерално потрошувачката. Да не конзумираме и купуваме повеќе од што навистина ни треба, да купуваме локално за да се избегне транспорт, да ги штедиме сите ресурси во природата затоа што од таму почнува се. Аздисани сме сите.
     
    На Vitaly и Snow-Star им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    @Vitaly еве детето ти јаде месо. Ти му збориш, му збориш ама оно си сака и си јаде. Што ќе правиш? Од дома ќе го избркаш?
     
    На Amellie13 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Може секако, толку вегани има што се здрави и прави, никој не го негира тоа. Ама месото не е причина за болестите, кој ти гарантира дека овошјето и зеленчукот што го купуваш на пазар е по сите здравствени стандарди? Така е и со месото, тоа не се сведува само на паштета и колбаси, има и повисока класа. Остај ние што сме сиротиња и го јадеме ова ѓубрево.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ако не јадеш месо а им тупиш на сите што јадат си во его филм. Ако возиш точак а им тупиш на сите што одат со кола си во его филм. Ако рециклираш а им тупиш на другите си во его филм. И тако даље. Значи, ако јас не јадам месо и сум сигурна дека мојата одлука е исправна нема да им тупам околу. Пошо кога одам и напињам изгледам како некој што е исфрустриран, сака да јаде месо, ама сепак е влезен во филм дека треба да глуми светец пред други и затоа оди и напиња наоколу. Мене ич не ме нервира кога јаде некој месо. Јас не сум престанала да јадам пошо некој ми напињал, туку затоа што сум сакала. Љубезно посочување е едно. Набивање чувства на вина е друго. Пошо сите сме некаде на патот. Сите што јадете месо, friendly reminder, не досаѓајте за протеини, железа, витамини, господ ги создал и не знам што. Ви гарантирам, вегетаријанците сето тоа го знаат. И пак одлучиле да не јадат месо. Ви гарантирам дека веројатноста дека они се начитани повеќе од вас за месото е голема. Не ги интересира ничие мислење. Не сум сретнала вегетаријанец да праша месојад, и ти што мислиш за мојов избор на храна. Освен ако не сте прашани дирекно такво прашање, не давајте мислење. Зошто некој би се мешал за нечиј избор на храна особено па со навреди. Светот не можам да го променам, само себе си да се променам можам.
    И сите ќе се среќни.
     
    На fana, NarCis@, GirlRose и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Зеленчукот нема никогаш да биде нездрав колку месото. Направи и сам експеримент. 4 недели сирова/билна исхрана + 3 литри вода, наспроти џанк фуд или само месо цел месец. Крвна анализа пред и после, па дојди да праиме муабет gmo зеленчук vs. месо индустриски произведено.
     
    На fana и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Не хахаха, не е само да му збориш, кога дете ќе наполни 12-13 години тоа веќе почнува да разбира како треба што треба што е добро што не така да може да му се објасни на многу начини не само да му збориш и збориш.. Имам братучед кој има синче од 4 години. Се гади од месо одкако има видено низ што поминуваат тие животни пред да дојдат кај нас во фрижидер, не јаде шеќер и чоколади бидејќи му имаат покажано какви стануваат забите от такви работи. Детето треба да се учи на здрав живот а не да прави се што ќе посака и да аздисува. Како што кажав, мое е да ги изведам на прав пат, да им покажам што е добро а што не а кога сами ќе почнат да заработуваат и да оформуваат семејство ако до таму ја дотераат работата ако сакаат и канибали нека станат само што тоа не е возможно ако поминуваш време со детето и го научиш како и што треба.
     
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Ама ете може пак да јаде, никогаш не знаеш со некои деца. И што тогаш?
     
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Да јадам бифтек, туна, пилешко 2 недели ќе имам џам крвна слика исто ко со зеленчукот
     
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Како ќе јаде ако дома не се готви месо. Доколу на дете нема да му дадеш месо нема да јаде верувај, ако не гледа дома дека се јаде месо нема да бара. Покажиму низ што поминува животното пред да дојде на трпеза и ќе видиш дали ќе јаде.
    И чичкоми вака со овие зборови се лупаше во гради па му најдоа запушена артерија. Без месо не седнуваше на маса, сега наместо месо апчиња клука.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Долгорочно тешко со таа исхрана и буџет...
     
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Ќе отиде кај другарче, ќе го понудат да проба и од љубопитност ќе проба и ќе му се допадне, ете. Знаеш дека колку построго му забрануваш на дете некои работи, толку поверојатно е дека ќе ги испроба. И да, остави го да избира.
     
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Истото може да се случи и со дрога ако е така. Нема да проба верувај, имам муслимани другари еднаш не пробаа свинско а сто пати имало на маса пред нив. Исто и со секакво месо, ако израснат во семоејство каде што не се јаде месо и се научат дека тоа не е добро тие нема да пробаат. Исклучи има секако, има секакви луѓе. Нема да избира тоа не е бирање, природата е таква. Може да се бира професија, може да се бира каде да се патува и слично. Нема да растат во вакво општество моите деца ако ги имам секако. Кога само ќе основа семејство тоа е друго. Човек се претвора во тоа што гледа, затоа што подалеку.