1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Веганство и вегетаријанство кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 22 јуни 2018.

  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Има разлика од месо до месо, ако јадеш сланини и ребра секој ден нормално дека ќе ти се запушат артериите. А башка не знам некој што буквално секој ден јаде месишта.
    @Nigredo Odor Затоа горе спомнав сиротињи..
     
    На Amellie13 и Tan4ence им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Леш е леш, од што и да е. Тоа е мртво животно, нема ништо добро ако тоа се јаде.
     
  3. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Мирољуб ти си?
     
    На LiliBoz и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Секако дека и диви животни во природа се разболуваат, пренесуваат болести, умираат природно од нив. Да ги видиме во живо сигурно ретко кој има прилика, уште помалку да ги дијагностицираме. Не си белки сериозен со тезава...
    И дај те молам, прво среди си ја емпатијата и толеранцијата кон многу категории луѓе, па потоа премини на животните...
     
    На Autumn_, Cherry333, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Мирољуб? :?:
     
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Знаеш дека и растенијата се разболуваат?
     
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Знам дека се разболуваат. Дедоми со пепел ги прскаше само и потоа се беше ок. Денес нормално пошто глумиме Бог и ги модифицираме растенијата не ми е чудо што се разболуваат. Ако немаш одгледувано досега ти препорачувам старо семе да најдеш од што и да било и верувај нема да се разболи доколку е одгледано во здрава средина и онака како што треба.
     
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    И здрави растенија.
    Има куп габи што паразитски растат на растенија кои ако ги конзумираш можеш и труење да добиеш.
    А за ГМО ако немаш познавање, ќути си, те молам.
     
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Тоа е реткост, ај да не зборуваме за реткости. Ако е така да не јадеме ли да гладуваме бидејќи можно е габа да имало на растението. А што со ГМО? Што знаеш барем кажи да знаеме и ние. Здраво не е сигурно се друго не е битно бидејќи не е здраво за јадење. Како и да е подобро ГМО а не месо. И да ќутам не ми кажувај, овде сум за дискутија како и сите, ако чувствувам дека треба да пишам нешто нема да молчам бидејќи ти велиш така.
     
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Ако добро те разбирам правиш равенство помеѓу двете страни во поглед на злоупотреба на животните. Едните зошто пијат млеко, другите зошто ги јадат животните. Тргаш од логиката кога веќе ја малтретираш кравата да пиеш млеко зошто и да не ја изедеш. Има логика во муабетот. Токму од таа логика трга и цело човечанство, зошто да не јадам месо кога овие хипициве глумат и не се доследни до крај. Благодарение на тоа човечкиот мозок кој функционира на системот боље е ништо да не правам отколку нешто да правам си живеат без никаква дамка на совест. Ако не они комшиите ќе ги изедат, резултат изедени. Парафризирано во политички џаргон што ќе идам да гласам кога сите не крадат. Логика?

    Да ја свртам малку оваа теорија од друг аспект. Јас, ти и оној не ги јадеме ги искористуваме само за млеко. Бројот ни се зголемува нивните финансии опаѓаат почнуваат да се борат за клиенти со најсовремни опреми и методи. Кравата што треба да се заколи не постои нема потреба од неа. Илјадници грла не се родиле да бидат измачувами. Можеби се родиле и живееле на Алпите цел ден пасејќи трева наместо во штала метро на метро. Сме успеале да ја подобриме ситуација или не?

    Хуман третман има и кај заловени кучиња што има хумано во мал простор од лим каде дневно ти ставаат храна и вода и можеби некоја рака да те погали и шансата да некој те посвои останува. За разлика од улица каде во секој момент ќе ти се деси нешто лошо.
    Тоа не е хумано, но е чекор напред од дното.

    Она кое ти го пропагираш е едноставно кренете раце и онака не може да им се помогне, јадете ги. Ако досега се кревале така раце на се ќе сме останале на плоштад запалени како вештерки. Муабетот ми е секој чекор во похумано утре на животните мора да се гледа како чекор. Не може да постои равенство помеѓу овие две работи.

    Јас така гледам на работите поправи ме ако грешам.

    Инаку јајца купуваме од колега кој ги чува на планина слободни во заграден простор. И да, некогаш ги гали. И им зборува. И им ги краде јајцата. Му доаѓа како присилна стерилизација, она што е исто хуман метод за намалување на улични животни. Некогаш ми донира за уличните во Македонија. Не е лош маркетингот кој го има. Не е ни масовен производител. Колку за нив и да не им останува. Кокошките не се поврзани со јајцата тоа не го доживуваат како земање на дете. Имаат емпатија кон човекот и точно знаат кој им е газда.
     
    На dayla и Milaаа991 им се допаѓа ова.
  11. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Мирољуб Петровиќ, шарлатанот што пропагира договорени бракови, нејадење свинско и обезглавување за сите „наркомани“. Или си тој или си дел од истата секта, трето нема.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    @FreeMind јас ја започнав целата оваа дискусија поради тоа што некако вегетаријанството се претстави како да не е дел од целиот процес на експлоатирање на животните. И не осудувам кој како се храни, само сакам да ги расчистиме фактите.

    Ако одиме со политички аналогии, ти ова што го кажуваш е, може крадеме ама барем направивме нешто. Има логика вака?

    Мене ми е во ред секој да проба да направи нешто. Но тука се делат луѓето на категорија „јас не јадам месо од етички причини ама за се друго од животинско потекло ја нисам одавде и не знам како доаѓа кај мене да трпеза“ и има друга категорија којашто ете се обидува стварно да го живее тој животен стил и да да придонесе со нешто кон подобро.

    Има и многу категории измеѓу овој дијапазон. И луѓе што живеат во заблуда и осудуваат луѓе што не го живеат тој стил и ги сметаат за помалку еволуирани од нив.

    Од аспект на она што го кажа за искористувањето на млекото и како тоа хипотетички може да влијае за цела оваа индустрија да пропадне, можам да кажам само дека не е тоа толку едноставно. Првенствено затоа што многу од тие што се откажале од месо, компензираат дел од протеините со зголемена конзумација на млеко. Понатаму, глобални мега пазари како Кина коишто до пред неколку декади воопшто не конзумираа млеко и млечни производи заради тоа што не им дозволуваше стандардот, сега веќе се во екстремен економски подем па таму е отворен еден многу голем пазар за млеко кој нема да се стиши во скоро време, туку само се очекува да се зголемува. И нереално е да се замисли дека навистина ќе се искорени употребата на млеко и млечни производи само поради тоа што хипотетички нема да се јаде месо. Може само цената на млечните производи да порасне за да компензира. А кравите повторно ќе одат во кланица на крај и во најмала рака ќе бидат храна за домашни миленици.

    И се додека ги користиме животните за наши потреби, секогаш ќе влијаеме на нивната благосостојба, макар ги чувале и на Алпите. Им земаме од нивното, ги оплодуваме ние како сакаме и кога сакаме. Кравата нема да дава млеко ако нема теле, а ако не се оплоди кога ние сакаме, се руши цела рентабилност на производството. Ако користиме раси коишто порано природно се чувале по планините, тогаш за нас нема да остане млеко, затоа што младите ќе го исцицаат цело. Така било порано, ама порано секоја фамилија си имала свое, па по малку земала за своето семејство.

    И не е точно дека кокошката не се врзува за јајцата. Напротив, кокошката си ги несе јајцата и си чека да се испилат. Но, верувала или не еден од страните ефекти на долгогодишната генетска селекција на живината е токму губење на мајчинскиот инстинкт. И тука пак ние сме заслужни. И таа кокошка што ја чуваат на село има современ генетски материјал, каде човекот умешал прсти за негов бенефит. Можеби затоа многу работи веќе ни се нормализирани.

    И не зборуваме мислам дека сите треба да си имаат човек на село за набавки? Барем јас не зборував за тоа. Затоа што тоа е невозможно и во најмала рака пола од нас треба да се вратат на село и сами да си одгледуваат. Јас зборував за комерцијални компании која работи под категорија free range, со засилени мерки за благосостојба и ги чува животните на поинаков начин, но дека тоа не е целосно розево како што се претставува. Зборувам за тоа како мнозинството вегетаријанци конзумираат, а тоа не е ништо поинаку од тоа како омниворите ги конзумираат животинските производи. Зборувам дека не секогаш тоа што ќе го купиш од село е и санитарно исправно.

    И ништо јас не пропагирам, уште помалку кревање раце. Да, сме направиле некаква промена, ако тоа е нешто со коешто полесно ќе се носиме, но на крајот на денот тоа животно повторно постои за вас/нас и на некој начин се експлоатира. Мене лично ако ми е жал за животните не ми прави разлика дали постојат 10 или 100 животни за мои потреби. Ако силно се повикувам на етички побуди, за мене нема разлика.

    Зборувам дека нашите акции имаат реакција подалеку од она што можеме да го согледаме. Прост пример е тоа што храната патува глобално (било која), се сечат шуми за плантажи, се зголемува негативното влијанието на климатските промени, изумираат цели видови поради човечки потреби. И сето ова не е директно дел од темава, знам дека сум офф топик, но кога веќе почнавме со аналогии и сценарија, тогаш треба да се спомне сето ова.

    Затоа што светот има многу поголеми проблеми од тоа кој е веган а кој не, затоа што животот ни е димензиониран да ја експлоатира планетата и сите живи суштества на неа. И со секоја наша супституција колку и да е добронамерна, предизвикуваме другa теорија на хаос. Глобалните промени треба да ги гледаме од сите аспекти, затоа што и луѓе и животни секојдневно директно и индиректно се засегнати поради наши одлуки. И лицемерно е да се откажеме само од она што ни чини, ама од други удобства не.

    И да не ја шириме темава, стварно доста е. За поздрав е тоа што се трудиш ти и твоето семејство, без разлика колкава капка во морето си. Важно е дека живееш со филозофија дека сакаш да си подобар човек. За тебе значи едно, за друг „подобар човек“ има друга дефиниција.
    И немав ништо против тоа ти што го кажа, зборував за она што масовно се случува и како се гледа на работите и како некои работи без потреба се ставаат на пиедестал.
     
    На tambelina, NarCis@, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @Giovanna ретко ретко да прочитам ваков пост. Ми дојдоа сите емоции од гнев до очај и немоќ. За жал вистината е таа. Ние секогаш ќе ги искористуваме и угнетуваме сите живи битија за наши лични себични побуди.
    Надежта последна умира дотогаш ќе верувам во промени и позитивни чекори во забрана на месна индустрија. И секако ќе се борам против тоа како капка во морето убаво кажа. Баш капка тотален немоќ на се она што ни се случува. За жал.
     
    На NarCis@, LivingGlam и Giovanna им се допаѓа ова.
  14. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Се убаво кажано!! Како јас да сум пишала што мислам на темава.
     
    На drugarka, Amellie13, NovusOrdoSeclorum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Дали сакам да реактивирам темава? Да. :rofl: Ок лажам. Не. Едноставно сакам ад се демантирам самата пошто ја најдов темава и точно знам шо пишав.

    Памтам шо имам пишано на темата и зато нема да одам да читам, неќам да кринџам. Сметав дека дете не можи да преживее на plant based диета, али чим порасни и научи како треба - да си јади како мисли. После мнооооогу читање на темава, скроз сум сигурна дека детето ќе го растам на plant based исхрана. Безбедно. Здраво. Застрашувачките примери во темава шо сте ги пишеле се за несоодветна исхрана шо можи да се случи со било која исхрана уствари. :)
     
    На rainbowmama и Ketchup им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.176
    Чекај, уште имаш време да се премислиш;), животот е пред тебе:D
    Појма немам што има на темава, ама намалете со соја :!:, јадете ја по можност ич.
     
    На Celltica, DAngel, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Се сомневам. :D Тогаш со пола уста го велев и зато точно памтам шо став имав на темава. Ми беше закопано зрното веќе. :D Прилично сигурна сум дека овај став е циментиран.
     
  18. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    18.401
    Пол:
    Женски
    Значи вегетаријанците и веганите не јадат животни ама им ја јадат храната....:?:
    Се шалам :D

    Децата дури се мали треба да јадат разноврсна храна вклучувајќи и месо и млеко, јајца.. Кога ќе порасне само ќе си одлучи како ќе се храни понатака. Познавам пар кој се вегани ама на детето му даваат месо, јајца, млеко...
     
    На deskarada, tinka-mace, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Случајно ја видов темава барајќи нешто друго :) Не знам дали си бремена или планираш, ама ќе бидам тука ако ти се прави муабет :)

    Зелено светло за вегетаријанство добив од двајца врвни професори по медицина во бременоста, а подоцна и од педијатарката на малото. Битно е да се јаде паметно. А не да се надеваме дека е ОК да се живее на салати, смудис, и авокадо тост. :D
     
    На theowndemon и mode-kristina им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.092
    Пол:
    Женски
    Во месото, рибата и млечни производи има премногу витамини, протеини(со тоа и аминокиселини) и масни кислеини кои се неопходни за здрав развој на човекот.Ајде возрасен може суплементи да зема(што само по себе докажува дека нешто ѝ фали на исхраната) ама и детето ли би го лишиле заради ваш избор?

    Јас многу дилеми имав околу темава, лично за мене, сакав да бидам вегетаријанка или па веганка(од исклучително морални причини), ама ми се отворија очите дека не за џабе човек што е веган тук таму ќе има по некоја дефициенција, кога тогаш.Природата ни налага да сме омнивори и тоа е тоа.

    Е тоа што индустријата е максимално експлоатирачка и сурова е друга работа, и постои, не викам не.
     
    На Celltica, VDT2906, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.